Па не е некој огромен износ нека побара нов кредит да го рефинансира стариот ако останале уште 3500€ ратата ќе биде видно намалена.
Тука е ПРОБЛЕМОТ.... Доколку си сведок на СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО а не пријавиш или реагираш, ти по ЗАКОН си соучесник на тоа семеј.насилство. Од друга страна пак , поради ова НЕПИС*****Е ОД Ц.С.Р во Македонија, ако пријавиш, ке те обвинат за ЛАЖНО ПРИЈАВУВАЊЕ и може гадно да НАЕ*ЕШ.... А бе ова е : КАДИЈА ТЕ ТУЖИ , КАДИЈА ТИ СУДИ
Тоа е така зошто сме никаква држава, корумпирана од судство до немајкаде. Во други посериозни држави од нас, пример Италија, Унгарија, Полска, Русијс овие закони функционираат баш добро. Малку оф-топик: Има еден закон во Италија, при сообраќајка, доколку се најдеш на местото на сообраќајката, НЕ СМЕЕШ да му помогнеш на повредениот, туку треба веднаш да повикаш Брза помош. Брзата помош во Италија, низ градовите има своја посебна лента во сообраќајот, на која што само таа е дозволено да се движи. Доколку му помогнеш на повредениот и недај боже почине, ти си соучесник во убиство. И сега според овој пример, споредете ние каде сме...
Пријавив семејно насилство Го предупредив последниот пат дека ќе го направам тоа и го направив. Кривично го гонам . Дали се каам не знам , дали се плашам не знам . Само знам дека жена не е роб и жена треба да се чува како очи во глава , а не да се завршува со набиено рамо и потрес на мозок плус тешка депресија и акциозност со панични напади Се трудам добро да бидам. Бидејќи има видлива повреда казната е поголема . Изненадена сум од институциите одма постапија по пријава. Свесен е дека може и казна затвор да лежи. Тврди дека само еднаш ме удрил Спојлер Ова не се случува само со едно удирање
Немој да се каеш, ни да се плашиш, најправилна одлука имаш донесено. Тука сум ако треба нешто, слободно пиши ми.
силни гушки душо многу се надевам дека ќе си го добие заслуженото време во затвор камо сите да беа храбри ко тебе
Треба да сме сите храбри и да се пријавува . Да не биде трпи и кути , жена си и мораш да трпиш . Жената е таа што секогаш е крива , па било криза во брак или не знам што . Чим еднаш се случило пак ќе се случи . Се почнува со шамар , па се оди до крајност и не е тој жртва . Никој не е роден на овој свет да трпи психичко и физичко насилство и проблемите не се решаваат со кревање на рака врз жена . Затоа пријавете , полицијата после си постапува и државата ќе ве згрижи .
@bokace1 браво што си пријавила и не треба да се каеш за тоа. Гледам дека ти си храбра жена. Тоа што рекол дека само еднаш те удрил му е тактика за да не добие казна. Познавам такви како него. И само еднаш да те удри е насилство, а да не зборуваме ако те направи модра (а те направил).
До пред некое време се ова беше меех т.е закон има ама не се спроведува Сега немате појма колку е зајакнато стегнато назначија командири и отсеци во полицијата за семејно насилство тие луѓе едвај чекаат пријава па да работат не им е од корист да држат столче и да немаат предмети Само пријавете има да си лежат затвор до 5 години додека трепнете бокаче подршка за тебе
Браво @bokace1 !!! Нека читаат што повеќе луѓе, за да се охрабрат и да постапат како тебе. Само ти си знаеш низ што минуваш и верувам дека е тешко. Но, исто така верувам дека ова е најправилниот чекор од кој нема назад, туку само напред до целта, самостојна, горда, безгрижна жена. Заслужуваш спокоен живот и маж кој ќе те цени, наместо рака на тебе, да пружа само рака околу тебе со цел да те прегрне. А за ваквите мажи кукавици да си го добијат тоа што си го заслужиле. Биди силна и диши длабоко, радувај се на својот нов и безгрижен живот.
Има инспектори за семејно насилство кои на повик дојдоа во 2 часот по полноќ , правеа вештачење ме сликаа , записник и одма пријава пуштија. Инаку да се лежи затвор за семејно насилство поготово со видлива повреда. Имам извадено лекарско и плус психолошки тест. Благодарам за поддршката Многу значи во вакво време
Алелуја ако е така, па крајно време е некако да се мрдне од 19 ти век. А пошто ум со ѓум не се тура, мора вака да разберат- жена не е сопственост, насилство се казнува. @bokace1 единствена правилна одлука си донесла .
муабетот ми беше дека порано имало закон ама не се спроведува сеа? сеа едвај чекат пријава да му го изгорат дупот верувај знам нека пријавуваат само