Браво храбра жено. Поддршка. Се надевам ќе им бидеш пример и на останатите жртви на семејно насилство како да постапат.
Има закон и одма се постапува според него. Затоа секој кој трпи насилство да не се плаши да пријави , и да нема каде да оди , државата ќе ја земе под закрила и ќе ја заштити. Мене ми понудија прифатилиште одбив и отидов кај мојте. Полицијата е таа што врши надзор сега врз него се до отварање на случајот на суд каде му се става забрана за доближување. Уште одма по пријавата отидоа да видат каде живее . Полицијата прашува дали пријавата да биде само опомена или кривична пријава и по тоа се постапува.
@bokace1 баш ми е жал, не треба да се остане со таков човек, убаво што си го пријавила, ако имаш можност и оди си од него, живот со таква личност не ти треба. Со лесно, и да се избориш, после се.
Дали има организации што можат да згрижат самохрана мајка што си замина поради семејно насилство додека да застане на нозе ? Бебето и е 5 месеци и нема како да работи, не прима породилно само некоја соц помош минимална прима.. Може не е за овдека прашањево, преместете ме ако сум грешка.
Да се јави во шелтер центри? Не знам дали нудат долготрајна помош, но најдобро е да се јави. Треба и да го пријави за семејно насилство, да му дадат забрана.
A знае ли некој за поимот ,, СКРИЕНО ( ПРЕКУТНО ) СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО СО ,, АМИН '' НА ЈУ. МЦСР СКОПЈЕ ?????
Секое семејно насилство е со причина. Никој нема да изврши врз мене семејно насилство ако јас не исповоцирам некој до живец да ме истепа. И никој не ме истепал без причина. Од друга страна одамна сакам да пријавам семејно насилство на блиски луѓе ама не знам дали повеќе ми е жал да пријавам или ни е жал за насилството. Едниот од нив трпи физичко насилство бидејќи предизвикува психичко насилство врз другиот. Се надевам ме свативите
Не за првото не те сфативме.Другарка ми ја уби мажот и од тепање бидејќи си идеше дома мртов пијан,И ОНА НЕ ГО ПРОВОЦИРАШЕ за да ја утепа од ќотек туку од чиста мира и правеше се и сешто ..... едноставно тоа го исполнуваше.
Јас стварно не знам како имате вакво мислење, еве стварно ме интересира??? Ме интересира и да ми појасниш како јас го испровоцирав бившиот за да ме турне во ѕид? Со тоа што сум облекла хеланки? Со тоа што му реков што сакам ќе носам ? Еве ме интересира да ми појасниш, повели? Како бе не успевам да го испровоцирам маж ми сегашен? А знам да бидам лоша на уста кога сум лута? Како бе можам што било да облечам и фустан и хеланки и маичка и да ми рече дека сум му убава а не да ме мавне од ѕид? Како еден успеав да го испровоцирам а другите не во животов? А сум била пристојно и облечена и пристојно сум се однесувала? Повели кажи ми, еве чекам, страшно ме интересира
Со причина е? Свесна ли си дека има психопати, кои „тепаат“ ако девојката облекла нешто што „не му се допаѓа„ на дечкото? Членката над мене ете, кажа од лично искуство. Дали ти сметаш дека „хеланки“ се причина за ќотек? Абе ако сакам и гола ќе шетам, не смее да крене рака на мене. Ако не му се допаѓам, (јас, или „облеката“), ене му ја вратата, слободен е. Ќе ме тепал, „сум го провоцирала со хеланките“. Многу добра причина а? Навистина не ми е јасно како оправдувате вакви работи.
Гледај да не ти даде господ таков маж или можеби дечко,па ќе видиме дали ке размислуваш и пишуваш овдека вака или ќе бараш помош. И шо ако ме испровоцира мене мажот ми сакаш да кажеш ја треба да го сокршам од кјотек мислаам нема логика ова шо си го напишала.
Нели ти пишуваше дека мајка ти те малтретирала физички кога си била мала и заради тоа ви се нарушени односите? Што правеше ти за да ја испровоцираш? Да се едитирам. Доколку пријавиш семејно насилство кај блиските, по твојата логика ќе ја пријавиш жртвата што трпи физичко насилство пошо го провоцира или?
Ова да се прочита од жена, притоа и мајка е срамнo!! Од почит кон жени што побарале помош тука треба да ти срам и жал да напишеш таков одвратен став. Се надевам дека нема да си сведок никогаш на такво "оправданo" насилство.
^Да ја прочитате у темана за ќотек кај деца, ова нема да ве чуди ич. И децата ја провоцираат веројатно, кујзнае.
Јеп, мислам тепаниот да го пријавиш за семејно насилство пошо провоцира. Како не му е срам да диши и да провоцира, си го бара ќотекот.
Дали ти то оправдуваш насилство оти некоја страна "си го барала"? Дали насилството магично е океј ако има причина?