Како тоа секое семејно насилство е со причина? Мене не ми е јасно, па има секакви психопати без да ги погледнеш ќе те претепаат ете така од чиста мира.
тоа е само мое мислење. тука јас не гледам причина да се однесува насилнички. јас колку што се сеќавам немам напишано СИ ГО ИСТЕПАВ ДЕТЕТО. а дали ти имаш прочитано колку членови овде имаат напишано дела го удриле детето па и дете од 1 година? Мислам нереално е мене да ми се нафрлате. еве ќе се надоврзам. Мајка ми мене ме тепаше и таа е тепана и од нејзиниот татко и од татко ми. И мене кога и да појдеме кај неа ми вика удри го бе нека не буцка тука. Јас не гледам причина за удирање и не удирам ама нејзе еве 30 години никако не можам да ја сватам.
Епа ти кажа дека секое насилство, секој ќотек е со причина? Не кажа никој друг, затоа ме интересираше. Или не си свесна дека постојат луѓе што можат да те мавнат зошто не им е нешто по ќејф? Ти тука ги обвини жртвите, ете затоа ти се нафрлија сите.
Да, имам прочитано. Ама многу од тие бараат помош со цел да не им се повтори тоа за разлика од тебе што мислиш дека правилно постапуваш. И другите што размислуваат како тебе на таа тема ги критикуваме, а не само тебе. Да почнам да ти ги цитирам мислењата во кои поддржуваш тепање? Само тебе сме ти се нафрлале. Неверојатни ликови! Имаме и зошто да ти се „нафрламе“. Поддржуваш насилство! Со причина се случувало! Ма немој! Ако насилникот бил психички малтретиран од жртвата, можел да се тргне од неа, а не да се изживува. Никој никого не провоцира за да биде тепан. Кажав и повторно ќе кажам. Браво за твојот начин на размислување. Поминаа повеќе од два месеци од 2021 година, ама размислувањето од 15 век си останува... ПС: Сфати, а не свати и реченицата се започнува со голема буква.
За сите членови кои си ги тепаат дечињата важи. Од сабајле низ нет ми се врти една реченица: "Децата не нè слушаат, туку децата нè имитираат". Децата го артикулираат кон другите деца тоа што го научиле дома од своите идоли (родителите, какви се такви се, за децата се богови). Апропо тоа, на сите ни е во прилог да не ги учиме децата на насилно и агресивно однесување. Не сфаќаш, никогаш нема доволно голема причина за да применуваш насилство, не само кон деца, туку и кон возрасни.
Кај луѓето кои биле физички малтретирани од своите родители, шансите им се повисоки да бидат исто како нив, односно да си ги тепаат своите деца. А често жртвите ја бараат вината во себе и затоа подоцна доаѓаат до такво мислење дека "имало причина да биде истепан/а", што за жал е погрешно. @marchi-cool жал ми е што си пораснала со физичко насилство, но потруди се да не се одразува тоа и на твоите деца. Сигурна сум дека не сакаш да имаат детство како твоето.
Најмногу се вршат тортури на жени домаќинки кои решиле животот да го поминат дома, на почетокот тоа се изгледа бајно сјајно, ама покасно животот ке ви стане пекол, ке немате комуникација со луѓе, ке немате социјален живот, финансиски нема да бидете обезбедени, ни па навикнати на 50 години да почнете со работа некаде, за мене овие жени се приглупи кои се одлучуваат домаќинки да бидат а имаат завршено факултет или знаат јазици. За некој психо може провокација да е и трепкање со очи, така да овоа мислење ти е дно дна и тоа за една цивилизирана жена која реално коментира на секоја тема..
Не ми се верува што читам , само ќе кажам жал ми е за твоите деца ако ги воспиташ како што те воспитале тебе , тешко нив . Никогаш ама баш никогаш нема оправдување за насилство . Имам пример од комшиите каде што мажот постојано се пијани и ја тепа жена си и мислам дека тоа се случува од како памтам за нив они се накај 60 или 65 години , мене ми е многу жал за жената таква е мирна тивка којзнае како и е . Никогаш нема оправдување за насилство , тој случајот со девојката од Штип само видеото што го гледав колку ме вознемири а не сакам ни да помислам она како се чувствува.
Не постои оправдана причина за семејно насилство. Доклку се случи, никако не е виновна жртвата. Пријавувајте доколку ви се случи, не се плашите.Институциите во државата се координираат и работат во корист на жртвата. Ќе и се понуди сместување во шелтер центар, полицијата ќе интервенира, се помага со наоѓање на работа, згрижување на деца... Пак ќе речам, пријавувајте!
па што не пријавиш насилство и вознемирување ако толку ти е жал? психото си е психо има луѓе што не се психо па се случува да извршат или да претрпат насилство.
Марчи оваа тема ја разглабавме пред неколку месеци и ти уште не научи ништо. Ти бар си била малтретирана треба да знаеш како не треба со сопствените деца.
Sto ako se prijavi? Ke go zatvorat....i pak ke si dojde doma neli i uste poloso, moze da dojde i do ubistvo-toa e psihicki poremeten covek, se moze da se ocekuva. Koja e najsigurna opcija za psihicko nasilstvo na bracen par 40 godini zaedno i ogromna tortura nad zenata. Ima li pomos tuka?????
Да... Да се обрати веднаш во социјалното и после во МВР Лично таа. Жртвата ако не пријави, никој-ништо не може да помогне.
Секогаш има помош и излез и решение ама битно е таа да сака и да реши да стави крај. Ќе пријави во полиција, има куќи кај што може социјалното да ја смести, ама мора таа сама да реши дека сака крај, ама тоа малку потешко после 40 години со насилник, за жал..