1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Семејно насилство

Дискусија во 'Брак' започната од aneta.oh-36, 29 ноември 2009.

  1. MasMonero

    MasMonero Активен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2020
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Машки
    Со деца е комплицирано и треба да се вмешаат и социјални служби. Без деца:

    1. Пакување куфери и заминување во момент кога нема никој дома да ја спречи жртвата.

    2. Држење во тајност новата локација одреден период. Се препорачува да не се оди кај роднини затоа што насилниците прво таму одат да ја бараат жртвата.

    3. Ако се работи за опасен насилник се препорачува по можност да не се оди на работа одреден период. Или да се напушти старо работно место и да се најде ново.

    Насилникот ќе помине прво низ период на гнев и тука е битно жртвата да биде добро скриена и оддалечена. Потоа често следи период на помирување и насилникот се повлекува. Често насилникот ќе лаже дека се променил и дека работите ќе се сменат. Многу е важно жртвата да не потпадне под тие лаги и да не стапува во никаква комуникација. Промена на телефонски број и гасење социјални профили е корисно.

    Барање и добивање поддршка од институциите е неопходно. Не држете ништо во тајност. Потребна е поддршка и од блиски пријатели и роднини. Најчесто физичка заштита и финансии. Жртвата треба секогаш да носи пепер спреј со себе за секој случај и секогаш да пружи отпор во случај на напад.

    По одреден период поднесување развод е препорачано без барање поделба на имот затоа што тоа буди гнев кај насилниците. Нека си го чува. Животот и мирот се побитни.

    Во случај со жртва на физичко насилство многу е важно да се документираат сите ситуации и да се обезбедат докази. Фотографии, видео, аудио снимки, искази од деца и роднини, медицински извештај. Овие докази се користат за добивање старателство на децата и во случај покренување обвинение против насилникот и тужба. Насилникот мора да сноси последици за однесувањето инаку ќе продолжи да ја малтретира жртвата или некоја друга во иднина.
     
    Последна измена: 21 април 2021
    На Tanjamm и thelittle17 им се допаѓа ова.
  2. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Штом се 40 години во брак, немаат малолетни деца, за да се вмешаат социјални служби.
     
    На thelittle17, mode-kristina и WildMk им се допаѓа ова.
  3. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.092
    Пол:
    Женски
    Ја прочитав објавата на Фејсбук од Југослава Дуковска и премногу се вознемирив. Едно копиле ја дави неговата сопруга, а другите се како „не се замарам“. Извинете на изразот, ама таква амеба не можам да наречам човек, а не маж. Тоа уште повеќе ме вознемирува. Me вознемирува и индиферентноста на полицијата. Ова е статусот и таму е детално прикажано што се случувало.

    До сите што сметаат дека секое семејно насилство е со причина: Да не сте им во кожата на жртвите. Никогаш. Ова не му го посакувам ни на најголемиот непријател. Но доколку се најдете во таква ситуација, тогаш не барајте помош. Затоа што секое семејно насилство е со причина, нели? Ова кажува колку сте бесчувствителни и злобни луѓе. Не чудете се зошто не го почитуваат вашето мислење.

    Наместо да го прашувате тој што е сведок на тоа „Ако толку ти е жал, што не пријавиш?“, прво не бидете сигурни во тоа дека сведокот не пријавил. Дали пријавил или не, не ви должи објаснување. Има причини поради кои не пријавил, а тие се бројни. Затоа што се плаши дека уште повеќе ќе влоши ситуацијата. Затоа што е голема веројатноста дека жртвата ќе одрекува ако пријави. Всушност, жртвата не само што може да одрекува, туку и да го тужи тој што пријавил. Ова се најчестите, но и оправдани причини поради кои сведоците не пријавуваат.

    Жртвата многу често чека вистински да го пријави насилникот. Ја прашуваат зошто порано не пријавила, зошто чекала толку многу, а неретко ја исмејуваат. Кој ја исмејува? Токму оние кои треба да ја заштитат.

    На жените што се жртви на семејно насилство, им се вели „Трпи го, маж е, ќе удри, не го провоцирај. Мора да знаеш дека тој е глава на семејството. Ако го оставиш, кој ќе те сака после, а?“ Ова го кажуваат други жени.

    Со жртвите треба да бидеме сочувствителни. Да ги охрабриме да се спасат од тортурата. Да се бориме за правда. Да се погрижиме насилниците да ја добијат заслужената казна. Да помогнеме колку што можеме.

    Ако не можете или не сакате да помогнете, не одмагајте.

    Ако сте во врска или брак со насилник, веднаш прекинете. Подобро е да бидете сами, отколку во насилна врска или насилен брак.
     
    Последна измена: 30 април 2021
    На gjoker4e, eliesaab, GrimTheReaper и 10 други им се допаѓа ова.
  4. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.883
    Го прочитав постот и се напнав и јас. Постои и психолошко објаснување зошто голем дел од жртвите не сакаат да се разделат од насилникот и не го пријавуваат. А тоа не е секогаш финансиска зависност или имање бебе/дете со човекот. Ќе ставам слики на кои е кратко објаснето.
    97C8A264-2F5A-4EC0-A846-5C16BDB66B6C.jpeg
    9036956F-AC40-40E6-BE82-735DAB896F10.jpeg
    2F974EC7-BF61-4977-BAC8-5FF6B8EF0DBC.jpeg

    Жртвите до некаде ги разбирам и не ги осудувам. Треба време да се пријави и собере храброст кога човек е во тешка позиција и сам на себе. Но властите треба да бидат поинаку поставени. Кога некој ќе собере храброст да пријави треба поинаку да функционира, а не обичен записник, и да ја прашуваат жртвата зошто чекала, или да кажуваат полицајци дека нема да успее и дека сите ќе ја дознаат и потоа полошо ќе биде.

    Во средно имав блиска другарка која трпеше насилство од дечко. Имаше модрици на цело тело, и знам во лето носеше долги ракави, на лицето и вратот ставаше шминка за да не ја приметат на училиште и дома. ВРСКАТА ТРАЕШЕ 4 ипол години. Раскинаа пред неполна година. Девојчето прво не разговараше за тоа, велеше шливки се тие од љубов, потоа кога видовме цел стомак дека и е модар се загриживме и и рековме да разговара со мајка и. Ништо не презема. Освен што беше насилен не и дозволуваше ниту да се дружи и шета. Крајно токсичен тип. Еднаш таа собра храброст да каже на мајка и. Мајка и и забрани да се гледа со него и му се јави да му каже дека тој нема што веќе да прави со нејзината ќерка. Типчето плачеше како дете, се извинуваше и велеше дека нема да се повтори. Не знам дали се повторуваше, продолжија да се гледаат, и дома кај неа одеше и се изгледаше добро. Но зошто и како раскинаа пред неполна година, не знам бидејќи не се дружам веќе толку со тоа девојче.
     
    На nevermet18, mode-kristina и Angie1432 им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Честа појава е и очекувано е.
    Има и истражувања за ова.
    Колку повеќе сведоци има, толку помалку е шансата да пријави некој.
    Затоа што сите очекуваат дека некој друг ќе го направи тоа.
    А не треба да е така.

    Јас пријавувам.
    Баш при една пријава, полицаецот кој дојде да ми земе изјава зборуваше за тоа дека се обидуваат да ги подучат луѓето да пријавуваат оти немаат таква навика.

    ------------------------------

    Не чекајте на друг, јавете се вие на 192.
    Пет минути работа е, а за некој може да биде разлика меѓу живот и смрт.
     
    На friendy, mode-kristina, IRBBB и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Elena878

    Elena878 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2020
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    368
    Пол:
    Женски
    Колку пати имам звонето на 192- до душа не за насилство но сепак, ниеднаш ми немаат кренато, во себе си викам, дур кренат овие човек ќе го утепаат и закопаат... извинете за оф топик
     
    На Tanjamm, eliesaab и WildMk им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Се случило да звонам подолго, ама секогаш кревале.

    Во кој град си, ако не е проблем да кажеш?
     
  8. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Жените не се сакаат доволно затоа подлегнваат на такви амеби, полицијата дошла се нашол барем еден совесе да викне и таа рекла несакам да го пријавам, додека се самите доќивуваме како пониско суштество и од втор ред вака ке биде, зошто не рекла на полицијата дека и треба помош и да го тужи за обид за убиство? Зошто ќутела пред полицијата.. И јас искрено ен би виканала полиција кај жена која утрето ке му варе кафе пак и ке е како ништо да не се десило, одам според тоа човек самио ако не си помогне и потраже помош ни Господ нема да му помогне.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Elena878

    Elena878 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2020
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    368
    Пол:
    Женски
    Скопје :)
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.794
    Пол:
    Женски
    Мажот ја давел ако не прочита. Којзнае што друго се случува и притоа има мало бебе за кое се осеќа одговорна да го заштити. Со ваква полиција и јас не би одела на ваков начин туку ќе се обратам до здруженија и социјални служби, ќе најдам луѓе кои можат да ми помогнат, па ќе направам добар план како успешно да избегам. А девојчето којзнае во каква ситуација е, дали има поддршка од некој, колку страв има во нејзе.
    Секако дека се осеќа ниско, инаку зошто би била со него сеуште. Некогаш се однесувате како да не знаете што значи манипулација, страв, стрес, депресија. Девојката е со нарцисоиден психопат, не се решава ова со пријава во полиција и преку ноќ.
     
    На Inana123, eliesaab, mode-kristina и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Mami3

    Mami3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2020
    Пораки:
    1.669
    Допаѓања:
    2.812
    Пол:
    Женски
    Skoro se preselivme i lugeto od koi go kupivme stanot ziveat vo sosedniot stan a od drugsta strana imame drugi sosedi koi svativme deka imaat problemi so psihicko(a verojatno)i fizicko nasilstvo...
    Imeno dobro situirani, obrazovani, navidum mnogu kulturni i primerni luge no samo za licata od nadvor,od kako ke se zatvori vratata od vnatresnata strana... e druga pesna!
    Koga go slusam kako se dere gi zalam i decinjata i zenata, ednostavno ne svakam...doznav deka uste koga nemale decinja taka se odnesuval i site sosedi mislele deka ke se razvedat a tie dobile dve deca!
    Prijavuvale no ne se prevzemalo nisto...
    Navistina iskreno (znam deka i e strav i se toa)...no vinovna e sto ostanala so takov psihopat i 10tina god go trpi takviot nacin na zivot... uste pa i dve decinja ke nosi na sovest so toa sto gi izlozuva na takvi poremetuvanja!
    Ne e do finansiite vo nivniot slucaj,zenata si raboti i e situirana, ima i koj da i pomogne i site bi bile svedoci sto ziveat okolku niv tie godini..
    Eve vakviot tip na slucaevi ne mi e jasen, ima nacin znae i sama svesna,vozrasna, so super primanja,ubava... se sto moze da zamisli...i ima idiot so koj go deli zivot!
     
    На manako1 и tina2018 им се допаѓа ова.
  12. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.225
    Допаѓања:
    13.195
    Пол:
    Женски
    Сигурно си има причина жената. Не велам дека е валидна за да мора да го трпи цел живот, ама за неа е реална. Можда се плаши од него. Стравот е многу сериозна работа и е доволен да те држи со врзани раце. Бев во сличен случај, трпев психичко насилство, почнуваше да прејдува кон физичко, молчев и трпев само поради тоа што ми беше страв како би изреагирал ако го напуштам. Ми се закануваше дека ќе ме следат страшни работи, дека моите најблиски ќе патат, и сега ми се заканува дека ќе ми го земе детето, може и тој комшијата да игра со тие карти. И го напуштив, затоа што побарав помош, знаев дека имам поддршка, и искористив момент кога не можеше да ме повреди (среќа што не живеевме сами). И покрај тоа што сум спасена од негови раце, и ден денес се плашам за тоа што ќе се случува во иднина бидејќи носам негово дете.
     
    На eliesaab, tina2018, mode-kristina и 2 други им се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Ти место да оговараш, да земиш да пријавиш.
     
    На ALISA0000 и eliesaab им се допаѓа ова.
  14. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.574
    Допаѓања:
    39.513
    Пол:
    Женски
    И што ако пријаве?
     
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    И шо ако оговара на форум?
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  16. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.574
    Допаѓања:
    39.513
    Пол:
    Женски
    Не оговара. Кажува какви случки има.
    На мене ми се има случено ноќеска на улица после излавање другарка да ја тепа дечкото пред мене, а јас испаничив и сопрев едно такси за да ја одвлечкам да влезе во него, му викам на таксистот да излезе да ни помогне. Во тој момент се вртам назад гледам полицајци стојат до другарката и дечкото што ја тепаше, она им вика Не сме се карале, ништо не е, а на неа штиклата скршена од што ја влечеше овој. Кога видов што се случи си влегов во таксито без збор. Ако таа нејќе сама да си помогне, како јас ќе ѝ помогнам?
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Да бе 'кажува' за комшиите, па уште ваква била, онаква била жената.

    Сакаш ти некоја комшивка да пиши за тебе на форумов?

    Кој ви дава право да зборувате за приватност на другите?

    Ако не можите да помогнете, барем не одмагајте.
     
    На friendy му/ѝ се допаѓа ова.
  18. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.574
    Допаѓања:
    39.513
    Пол:
    Женски
    На кој начин одмага? Ја кажа ли жената оо име и презиме која е? На кој начин е загрозена нејзината приватност?
     
    На Inana123 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  19. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.574
    Допаѓања:
    39.513
    Пол:
    Женски
    Еве и јас не смеев да ја напишам случката со другарката
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    А бре не е нејзина работа.
    Не можеш ти да изнесуваш во јавност нечиј живот.
    Шо ако нема име и презиме.
    Оговарање е и нема никаков бенефит од истото.
    Не смејш.
    Ако сака другарка ти ќе си пише.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.