Тогаш овде никој не смее за некој друг да напише. И таа од статусот погоре не смеала да напише дека жена барала помош и мажо ја малтретирал.
Ajdee....neznaev deka na forum se ogovara... Eve sega ke.znam! Poentata bese deka ima zeni sto ednostavno se pomiruvaat so toj zivot, a MOZE DA ZIVEE SAMOSTOJNO,moze da se spasi ama i pokraj prijavite taa e so nego seuste! Zosto i kako samo ona si znae. Zaklucokot e deka ne e sekogas do finansiite i toa nema kade da odi,ima ama ona ne saka,od nepoznati i za nikogo ne svatlivi pricini. Neznam sto izogovarav.....
Сфатливи се причините. Ги има истражувано психологијата. Само треба да ги прочиташ и да ги научиш. Ако сакаш де.. *Постирани се и на темава, ако ти е тешко да гуглаш.
Te molam bez drzenje na lekcii na tema psihologija.... I nema sto da me nasocuvas sto jas da mislam i svakam... mozes za sebe da si svakas i da si naogas temicki! Dovolno iskustva govorat sto i kade treba da se nosocime, a toa vo vakvi slucaevi se znae kade treba! E sega koj kolku saka i koj kolku moze za sebe e individualno,nikoj zà nikogo ne moze da kaze,sekoj si e zasebna prikaska...nekoj tazna,nekoj lazna, nekoj srekna!
Уште една статија за семејното насилство. Никој не го оправдува тоа што жената го убила сопругот. И таа се кае за тоа. Но очигледно не можела поинаку да се одбрани. Пред да го пријави во полиција, брутално ја тепал, што можела да умре. Ја тепал и ќерка му. Ама не, така треба, во спротивно разгалена ќе биде. Не е на одмет понекогаш да се удри детето. Имаме насилници токму поради оваа „фраза“. Токму поради мислењето дека ќотекот е најдобрата „воспитна“ мерка. Откако пријавила, ништо не се решило. Насилникот добил премногу блага казна. Може да се каже и никаква. Само два дена во притвор, а 30 дена забрана за приближување, а откако поминале тие, тој се обидел да ја убие. За жал, траума од ова имала и нејзината ќерка. Зборувајте ми дека секое семејно насилство е со причина. Причина ли е запршката за манџа? Тоа му е само изговор на насилникот за неговото (не)дело. Насилникот сака да ги излечи своите фрустрации на некој друг. И да си купи стравопочит. А за коментаров, можам да кажам дека ми е исто како да ја читам членкава што оправдуваше насилство. Како може ова некому да е смешно?
@mode-kristina Сакав и јас да пишам на темава. Колку само пропусти има во случајов? Да бил санкциониран правилно немало да дојде до убиство.
Која случајност? Не забележав, знаеш?? Се знае како оди ова во мк. Жената трпи семејно насилство, после долго време се охрабрува да пријави, пријавува и насилникот добива само опомена и се така во круг кој на крај завршува со убиство во самоодбрана.
Роднина од србија далечна роднина, баш како приказнава погоре... Трпела трпела, молела буквално во полиција да ја заштитат ќерка и и неа, ништо не превземале. Им рекла, еден ден ќе го убијам и така и било. Ништо не се превзема за семејно насилство, ништо. На улица кога ќе се степаат па ги приведуваат, а кога има семејно насилство милион процедури.
Што фајде има од пријавување на насилство кога ќе дојде полиција, ќе го собере мажот, ке полежи 24 часа во притвор и треба нешто да се плати за да излезе надвор.Дури еден полицаец има речено - нема што да им правиме, уште и трошок ни се во притвор кога се, треба да го храниш.Дава изјава дека ќе биде мирен и го пуштаат. Пак ке си дојде дома, пак стара песна. И шелтер центрар да ја прифати жената, мислам дека еден месец може да седи таму...ами после?? Треба нешто од корен да се смени во врска со ова. Треба да се најде начин да се заштити фамилијата од насилникот. Познаници цел живот патат од таткото/мажот. Ќе си дојде дома пијан, во 3 по полноќ ќе ги разбуди жената и трите деца и ќе им држи предавања. И да нема тепање, малку ли е тоа?! Децата пораснаа и избегаа од дома, жената остана. Нема каде да оди, уште си трпи. Слаба ни е социјалната заштита во земјава. Да има шелтер центри, ама да може да прифаќаат жени и деца на подолго време, еден месец не е ништо.Еден месец е таман да се смират од шокот што го доживеале.
Не е еден месец сместувањето во шелтер, три месеци е со можност за продолжување уште три, значи масксимум може да трае шест месеци.
Јас да сум премиер ке изгласам закон насилникот да се убие од страна на жртвата веке ако не може да се спасе со полиции. Значи до такви граници би отишла.
Да се убие , не би, тоа само како "узречица" ни е на сите, ама некоја жестока казна ДА. ..мрѓу другото убиството е најлесна казна.
Во напредните земји не се лежи затвор за убиство на насилникот, ако си жртва на семејно насилство Одбраната е battered wife syndrome и не го ни рачунаат како убиство. Ама ние не сме напредна земја...
Во кои земји не се лежи за убиство на насилникот? Куп жени лежат за убиство на своите партнери по долготрајни малтретирања. Секаде во светот!
Затоа треба да биде пријавуван насилникот, или да има сведоци или други докази за насилството. На суд се докажува одговорноста.
За убиство се лежи затвор. Па и да е во самоодбрана. Па и да ти ставил нож под грло, да ти ја удрил главата од ѕид, или да те горел со цигари. Многу е тешка темава. Е*ате судењето и казната затвор кога насилникот ќе ни ја упропасти психата. Тешко на оние кои трпат семејно насилство. Уште по тешко е тоа што скоро сите го кријат, кој од срам, кој од страв.