Кај мене во зграда има една (слободно ќе ја наречам) ЛУДАЧА што си го малтретира детето. Значи се работи за бебе дали има и годинка...последен пат маж ми и сестра ми ја виделе како му мава шамари додека било во количка. Срце ми се скрши, не спиев таа вечер. Лудачата е разведена, позната е на сите у и во полиција е пријавувана...конкретно за случкава маж ми и сестра ми изреагирале, оваа почнала да им се дере и ги сликала (пази) . Жената си има дијагноза, кутрото дете со таква "мајка" . Му реков на маж ми пак да ја пријавиме му вика џабе и да и го земат детето мислиш подобро ќе го третираат во дом. Е тоа е нашата прекрасна земја
Нема ли татко, баба, дедо? Јас секако би пријавила. Се работи за мало дете, не знаете дали ќе му биде подобро, ама сега знаете дека секако е малтретирано.
kaj nas ima eden skroz e zabegan i tezok alkoholicar..3 deca ima mazeni veke no koga bea pomali kolku pati na ulica bea gi maltretirase i niv i zena mu ..durii kukata si zapali zaedno so nego pa so plasticna hirurgija duri i go podmladija go lecele vo negorci li neznam bas od alkoholizam..zena mu edno vreme i go ostavi i pak se vrati kaj nego .. sakam da kazam ponekogas i zenite sami si se krivi ..stom mozes da si ides zosto se vrakas kaj takva budale ???
Знаете колку пати сум пријавила и во полиција и во социјално и во министерство зс труд и социјала за малтретирање на детенцевод страна на татко и алкохоличар? И по невладини организации за жртви на насилство, и никој не превзеде ништо. На крај детето заврши силувано.
Да се јавите во Меѓаши да ве посоветуваат како да постапите? Фини се, брзо ќе ви одговорат. Најверојатно ќе ве препратат до социјално, меѓутоа не знам дали би изреагирале соодветно, со оглед на тоа колку се ажурни и "засегнати".
Не знам зошто ама кога ќе излезе случајот на вести и социјални мрежи дека никој не реагира од институцииве тогаш се фрлаат во акција демек работат нешто. Како што ти кажаа снимај ја и со снимката во полиција или јавно од вестиве нека ја објават(они секако тоа чекаат) и ако не можат да превземат ништо нека ти издадат во писмена форма дека не се надлежни за тоа, сепак гревота за детето барем се надевам во дом дека не ги тепаат и малтретираат децата.
Законот е веќе изгласан и прогласен со Указ на ден 27.01.2021 година - (Сл.Весник бр.24/2021). Овој закон влегол во сила осмиот ден од денот на објавувањето во Службен весник, а започна да се применува по три месеци од денот на влегувањето во сила.
Мајка ми беше жртва на семејно насилство , не пријавуваше и не си одеше од причина што татко ми беше финансиски стабилен и никогаш немаше да и припадниме неа, како и што се случи на крај . Не ги судете жените , се што гледате не значи дека е баш така, можеби има позадина што не ја знаете.
Да ама тоа не е зелено светло сите зависни жени да трпат. ако мајкати не се снашла некои други ке се снајдат. Во тој случај насилството е оправдано оти немало каде не, треба да се боре за насилство и жена со плата 50 илјади и жена домаќинка, насилство е насилтво.
Ништо не го оправдува насилството. Прашањето е: Кои се можностите на жртвата? И за тоа, сите како општество сносиме одговорност.
Од каде знаеш дека жената што зема 50 000 нема кредит, нема дупли трошоци, не плаќа рати и слично.. мислам дека поголем проблем е насилникот. Што ако го викнат на разговор па макар и што ако оди некој месец во затвор кога ќе заврши тоа полошо ќе биде за жртвата . Насилство не е само физичко верувај ми психичкото е полошо и трае цел живот. Сега брзо прочитав статија во струга и извале на мајката лажни документи дека не е психички стабилна само да и ги земат децата. Мислев дека само во шпански серии го има ова а не во соседството.
И немој да земаш за право да коментираш кој како се "снашол". Те молам ќути. И ти и сите како тебе ќутите. Не си имала таков проблем и дај боже никој да го нема. Свиркај си. Само тој што има мака сфаќа колку е безпомошен посебно ако сака да се наслони на институциите . Само да ти кажам нешто иако неќам да зборувам за ова : мајка ми се "снајде" кога со брат ми дечиња ја молевме да си оди. Ние ја молевме. И секако разводот заврши така што припаднавме на нашиот татко. И само мајка ми знае колку и беше изгорена душата. Еве јас имам деца не сакам ни да замислам. И мајка ми меѓу другото е кралица. Толку.
Проблемот го има, но ќутење не е одговор. Треба да се работи на резолуции, а не да се советува трпење на насилство во никој случај. Жртвите мора да бараат излез, а општеството мора да работи на нивен излез и подршка. Буквално ги подржуваш насилниците, иако и ти си непосредно жртва на насилство.
Да така е. Јас не кажувам да се молчи напротив. Муабетот ми беше една од причините која би била зошто жената е сеуште дома. Ме боли кога се осудивани дека не пријавуваат дека така сакаат или неќат да се снајдат. Мислам... аман. Навистина тој што не бил не знае како е.