Ne se karame cesto ,no koga ke se karame i jas go uvredam,ama jas ne mu spomnuvam nikakvi bivsi negovi,toj mozda nema sto da vrati i togas gi spomnuva nekoj od pred 20g...Mu kazav ,ako se sluci toa uste ednas i gotovo ke e .Inaku nema fizicko nasilstvo godini se vo prasanje
А ти со што го вреѓаш? Што му кажуваш? Може намерно ти ги спомнува откако ќе го навредиш зошто знае дека ќе се изнервираш? Не зафаќам страни, ама ти ништо не пиша освен:"сопругот психички ме малтретира ми спомнува бивши?" Е сега едно е дали ти ги спомнува кога ќе дојде нервозен од работа и те малтретира намерно или ти ги спомнува откако ќе напрајте хаварија и ќе се извреѓате? Треба точно да опишеш ситуација за да може да ти помогнеме. Тука сите обожаваат да пишат: "разведи се одма"
Има и физичко и психичко насилство. Ако дошло до тоа да го напуштиш, значи ја преминало секоја граница паихичкото. Дали работиш?
Ama.koj rece deka smee psihicki da ja maltretira ama kolku dto procitav i clenkata nego go vrega ne samo toj. Oni ocigledno koga se karaat si kazuvaat sve i svasta. Ja sum zacudena od samiot fakt zosto nekoj bi spomnuval bivsi a po fascinantno mi e nekoj da go remeti toa tolku. Ama site razlicni sme valjda.
За кавга се потребни двајца, нема сега да мериме кој кого повеќе навредува. Можеби не сака да сподели детали. Таа праша како би постапиле во случај на психичко малтретирање. Секако ако е тоа навистина без логично објаснување и колку само да се повреди другиот, би гледала излез од ситуацијата. Ако веќе не се решава со разговор и ако проблемот продолжува, сигурно нема да седам во брак со некој кому му претставува задоволство изживувањето и играњето со моите нерви и чувства. @bibiiii Ова не е некое откровение, сигурно веќе си го знаеш, не треба да бараш зелено светло тука ако ти самата се чувствуваш дека повеќе не сакаш да си во тој брак. Не е воопшто за занемарување психичкото насилство. Но, не ти ја знаеме ситуацијата за да ти дадеме предлог решение каде би се засолнила. Единствено можеш да зајакнеш првин финансиски, најди си работа и напушти го ако така си одлучила, кога веќе не сакаш да се потпреш на твоите родители.
Насилството никако не е за оправдување,ама многу е битно и ти на кој начин го навредуваш.Замисли му се обраќаш вол еден волосан ќе ти текне ли еднаш да фрлиш ѓубре или мајка ти глупава ни се меша.И тоа е психичко насилство.Може и он си го мисли истото што и ти.И знае дека највеќе се нервираш кога ќе ти спомне бивши па си го користи како џокер.
Исто така, морам да го спомнам ова. Има една организација, го заборавив името но се наоѓа во зградата спроти амбар бутик во центар (не тој кај гтц) Имаат и психолог таму (неа не ја препорачувам) но даваат добри совети и можности, и жената која работи таму е многу љубезна.
Јас имам доживеано семејно насилство.Татко ми еднаш ми го свитка грбот при расправија и не можев да дишам.На мајка ми и ја скрши вилицата и и го пукна ушното тапанче,а пред некој ден слушнав како и удира шамари.Што е најлошо полицаец е и мисли дека никој ништо не му можи.Покасно кога пораснав гледајќи ги овие сцени си дозволувам сексуално насилство во креветот но да не бегам од темата засега.Камо среќа ова да беше трол како што повеќето сигурно ќе ми пишат дека е.
Можеби е време да превземете нешто со мајка ти. Има организации кои би ви помогнале, не знам колку значи но може да се обратиш и во внатрешната служба на МВР, макар и анонимно.
Е да бе, ќе го пријави во мвр, а тој полицаец. @Fancy_Nency 22 да се обратиш до Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, на фејсбук се.
Не само шо е полицаец туку цело семејство се скоро полицајци.Некако блам ми е да пријавам.Преѓе мајка ми и татко ми повторно се скараа а тој како и секогаш и се закани дека ќе и ја скрши вилицата.Тоа му е секојдневен говор.
Него треба да му е блам, они треба да нѐ штитат од таквите ко него. Тој татко ти многу мајчин бе. Земи пријави го.Ако е полицаец не значи дека Господ за муда го фатил. Моеш анонимно Ќе кажеш дека си од комшиите и си чула нешто, они и да видат дека е твој бројот може ќе им текне зашто така си кажала.Ич гајле да не ти е пријави го. Мене татко ми да ми ја свитка кичмата има срцето со голи раце да му го извадам, не па да ми фуфка. Каков идиот
И што ако е полицаец? Нормално дека криминалците се пријавуваат во полиција. Има оддели/единици за семејно насилство, има внатрешна контрола и таму може анонимно преку меил да се пријави. Се се може ако се сака. Може и директно во обвинителство да го пријави.
Рече дека не може да се пријави анонимно. Не е само дај совет, пријави и мислиш завршена работа. Треба да се биде малце реален до кај е државава. Ако е тој полицаец и скоро цела фамилија полицајци, мислиш со една пријава нешто ќе му се деси. Само може поголем гнев да си навлече.
Епа куферите со мајка ѝ и чао.Ама не е тоа решение, овој треба да скапе у затвор. Или другари нејзини да го измлатат. Знам еднаш шо си го има пријавено татко ѝ и не му текна после тоа да ги чепне.Другар ми бубрезите ќе му ги извадеше.