Тоа е се така ама да бидеме реални. Ако е тој полицаец и има роднини полицајци, да го пријават само ќе се доизнервира тој и тешко нив после. А ако имаат пари и имаат каде да одат, така е најдобро.
Не сум воопшто блиска со мајка ми. Како прво таа зема минимална плата и не е така лесно да си заминиме од дома.Имам и помало братче.Школарина,едно друго,трошоци се тоа.
Непријателот на твојот непријател треба да ти е пријател прво Второ, и ради тоа ќе трпите? пишта овде, ваљда со цел да добиеш совет, ти дадовме не прифаќаш, у темана проституција исто. Епа шо очекуваш?Да ти кажам седи дома ќути му, уште еднаш нека те излупа?
Многу сакав да одам да студирам Скопје и таму да се омажам и да останам засекогаш.Но ми паѓа жал за брат ми и мајка ми.
Абе сите колективно, заслужува сам да остане, бел ден да не види, не знаеш као се напнав, па мајка ми тек да ја чепне некој ау, не татко шо сака нека е, дете нека ми е има да го стопам до земја
Gladaj nekoja solucija i begaj a ke vidis i drugite ke se trgnat smeni telefon da ne moze da te najde lesno nego ke mu bide tesko a baska i ima vnatresna kontrola i tamu mozes da prijavis i slobodno kazi deka se plasis deka ke bide poloso koga ke doznae
(РАЗГОВОР) ЉУПКА ТРАЈАНОВСКА: Секоја жена е потенцијална жртва на насилство поради нееднаквата распределба на моќ во општеството https://espreso.mk/vi-preporachuvam...sx57ONCDXH0o_5zsjirKjCRfpk8YNi-rqdPH0KsF_0C0A
Национална Мрежа Против Насилство врз Жените и Семејно Насилство денеска официјално го отвори Женскиот центар за поддршка Скопје. Сите жени кои преживуваат насилство и имаат потреба и помош од психолог, социјална работничка, правна и кариерна советничка може да се обратат на 075/244 - 154 за да се изборат против насилството во нивниот дом.
Aко се напнуваш и ја напнуваш девојкава нема ништо да се смени. Јасно и е на неа и на сите ние што сме биле дел од семејно насилство јасно ни е како требало, ама по помалите места тоа така не функционира. Нажалост! Татко ми, бог да го прости сега ми недостига и покрај се, не малтретираше психички, а кон крај веќе и физички мајка ми, пријавен еднаш и од полиција ни рекоа дека ако не потегнеме тужба или ако не ја завршиме работата до крај ќе не казнат и нас и него, за нарушување на ред и мир. Сите знаеа дека е алкохоличар, сите до еден во градот од кај што сум, ама ништо не се смени. Јас 2м пред да се разболе последно му се налутив и му реков дека ќе го утепам, следно на погреб ќе му отидам, ама се разболе и кога го видов како го напушта животот попуштив. Ај да речеш беше прост чоек, неук, ама ете ко татково наслиник и паметен и еманципиран и школуван со 2 факултети од кои едниот баш за социјална политика-алкохолизам во дисфункционално семејство, матичар по професија, музичар во слободно време и сите го обожаваа, ама дома...
One in four women experience domestic abuse before 50 – study https://www.theguardian.com/society...men-experience-domestic-abuse-before-50-study
Драги мои морам некаде да си ја кажам маката. Со маж ми сме веќе 3 години во брак и имаме дете од година и пол. Инаку живееме во странство. За дететето се грижам само јас пошто нели маж ми оди на работа па се е уморен. Колку и да ми беше мачно не ми помагаше. Дури ми смета кога се жалам. Е пред некој месец рече да ја викне мајка му да ми помогне. Ја викнавме и плативме карта и таа дојде. Значи жената буквално 3 недели се одлежа, нити ми ппмогна околу дома нити околу детето. Заради тоа почнавме да се расправаме со маж ми каде што еден пат ме бутна а друг пат буквално мр влечеше и ме кубеше. Имам модринка на раката и ми скина прамен од косата. После тоа ми вика дека ја сум крива шо сум му зборила така за мајка му. Да сум во Македонија веднаш би го оставила, ама не сакам дете родено во странствобда фо вратам во Македонија. Здравје од септември ке тргнам на работа а во фебруари ке треба да ми се продолжи визата. Тогаш дефинитивно ќе го оставам. Дајте ми подршка да изджам до тогаш..
Не мислам дека треба да издржуваш до тогаш. Зошто да се враќаш во Македонија, кои ти се опциите таму?
Прво, пријави у полиција и извади лекарско, ако си во ЕУ, нема да пројде лесно батето.Ќе го изгорат.Со парите од оштетата, ако ја добиеш за извадениот прамен и модрицата, барај стан одма.Или ако е твој спакувај му ги работите дур дава изјава. Клошар еден скапан. Кај нишо не помага, кај мајка му не помага, уше се сили.Клапсур на крај краева, дојди си, не е овде пеколот.Бар помалце е пеколно него со насилник веруј ми. Ја нема да те тешам да издржиш, не сум таква.На прв ќутек, раздвојување и точка.
Јас сум тука со виза преку него, во фебруари ќе ми ја продолжат за 5 годуни. Инаку сега сум на породилно, од септември детето тргнува во градинка јас на работа. За да се осамостојам ми требаат пари..
Од на работа не земаш плата дури си на породилно? Тоа, плус алиментација негова, плус да се распрашаш какви детски додатоци има во државата кај што си или некакви бенефити за сингл мајки. Немој да остануваш до септември ♡
Ти се ризикува да чекаш до февруари? Да се обратиш во социјални служби, или некоја НВО што се занимава со жртви на насилство, па да ти кажат кои ти се опциите?