насилството е еден вид најтешка форма на страв што се случува во некои семејства.кој и како се снаоѓа во такви ситуации тешко е да се знае.бидејќи ние се наоѓаме во такво општество што тешко дека ќе може да се снаоѓаме.Kако најлесно да се соочиме со овој проблем без да се остави последици ,врз фамилијата доколку насилството се случува таму.би сакала да прочитам и други мислења.Kако некој успеал да се ослободи од такви малтретирања.Iма ли некој искуство на оваа тема.иако знаеме центарот за такви грижи колку може да помогне или одмогне.поздрав.
nasilstvo vo familijata Немам личен пример ниту пак на поширокото семејство, но што сум слушнала онака од кафе муабети дека пријавуваат во полиција и таа го зема случајот во свои раце. Искрено незнам дали функционираат тие центри за згрижување кај нас ама знам дека има психолози од болница кои работат на такви теми. Сигурно се случува, и тоа кај нискоинтелегентните и не едуцираните семејства или семејства што се зафатени со некој порок како што е алкохол, дрога... Насилниците ги осудувам а на малтретираните Господ нека им е напомош да излезат од таква ситуација зашто и тие заслужуваат здраво семејство.
Секој би рекол дека на место на жртвата не би го трпел тоа. Но секогаш е полесно од страна кога гледаѓ. Јас мислам дека жртвите се толку исплашени, немоќни (психички и често финансиски) па на некој начин се принудени да живеат таков живот. Исто така во Македонија сеуште ништо не се презема иако жртвата ќе пријави. Долго време се влечка по судови а тоа чини пари и на крајот можеби и ништо не добива.
Има шелтер центар за жртви од семејно насилство, доколку се пријави се нуди како опција дали сакаат да бидат сместени. Можат да бидат сместени до 1 година, и секако има случаи каде што се преминува таа граница. Имаат целосна поддршка од социолог, педагог(доколку има дете-жртва), психолог, социјален работник и адвокат во текот на целиот процес.
Еве каде може да се обратите за помош! Тие понатаму ке ве упатат! Центар за социјална работа Берово (033) 470 641 Битола (047) 231-651;203-425; Виница(033) 361-305; 360-305 Гевгелија ( 034)211-955; 213-797 Гостивар ( 042) 217-645; 213-431 Дебар ( 046 ) 833-323; 831-400 Делчево ( 033) 411-736; 410-300 Кавадарци (043) 414-456 Кичево (045) 220-661; 225-326 Кочани (033) 274-139; 274-141 Кр. Паланка (031) 372-245; 375-200 Крушево (04 477-739 Куманово (031) 438-160; 438-170; Неготино(043) 361-488; 363-788 Охрид(046) 260-708; 260-707 Прилеп(04 424-595; 421-702 Пробиштип(032) 483-127 Радовиш(032) 431-065; 635-601 Ресен (047) 452-552; 451-419; Свети Николе ( 032) 443-305; 444-456 Скопје (02) 3297-700; 3297-703 Струга(046) 786-976; 783-401 Струмица (034) 344-077; 325-401; Тетово (044) 331-575; 339-060 Велес(043) 231-355 Штип (032) 391-779; 385-031 info: http://www.semejnonasilstvo.org.mk/Root ... lt_mak.asp
Имам еден ОГРОМЕН проблем Моите родители се разведени веќе неколку години. Мајка ми си отиде од оваа куќа, но не престана да не малтретира психички. Се јавува, ни се заканува, ни прави тортури. Дојде дома и не сакаше да си оди. Татко ми викна полиција и бидејќи куќата е на име на баба ми и јас и сестра ми заради се што ни се случи застанавме во одбрана на татко ми. Мајка ми со полициска придружба беше приморана да ја напушти куќата. После сето тоа таа пак ни се јавува, ни прави тортури, се заканува.. Чуваме безброј нејзини пораки. Прави филмови дека е сменета и дека сакала да се врати па повторно ни прети и се така се врти во круг. Се случува во рок од 3 мин. да смени став и расположение. И простив безброј пати, ја изневери мојата доверба. Додека бевме сите заедно се плашевме од неа. Цело време беше не расположена, викаше, знаеше да почне да крши. Оф леле да не ви објаснувам на долго и широко. Веќе не е со нас, а како да е сеуште присутна. Не ни дава мир. И беа дадени безброј шанси но таа секогаш ја изневеруваше нашата доверба. Кога ќе ја седневме мирно и кога ќе и кажевме дека и е потребна помош сите не правеше луди. Негираше дека проблемот е до неа. Ако не и го свртевме грбот ќе полудевме и ние. Таа остана сама и сега не ни дава спокој. Никој не сака да и прости затоа што таа не прифаќа дека е болна, само не уништува и разочарува. Јас се плашам да бидам повторно повредена а веќе и срцето мое не ми сака да и простам. Сопствената мајка ми стана ноќна мора Да знаете само колку боли тоа. Се борам против самата себе што веќе немам чувства кон неа. Нејзиното малтретирање продолжува, не извести дека и покрај тоа што полицијата ја избрка таа пак ќе дошла Се вознемирив, срцето силно ми лупа, плачам и незнам што да сторам. Ќе ја голтнам кнедлата што со години ми стои во грло и ќе ја пријавам за семејсно насилство. И покрај тоа што моите родители се разведени сепак е ова семејно насилство нели? Таа ми е мајка за жал
Не гледам друг излез... Не знам како да постапам, што да сторам. Јас трпам за себе, но највеќе ми е жал за татко ми и сестра ми. Тешко е ова луѓе, рацете ми се тресат, нервите ми попуштаат имам само 24 години а психата ми е уништена. Не знам што треба да направам??? Какви алтернативи имам? Молам за некаква помош, некаков совет!
.... Полошо од тоа да ја изгубиш мајката или да стане твој непријател нема!Не можам ни да замислам како ти е и на твоите дома... Битер грл, не знам каква утеха или какви зборови да кажам, излишно е...Само ќе ти кажам дека ова еден ден ќе престане и од тогаш веќе ти и татко ти и сестрата ќе почувствувате само огромна слобода и мир...Да, за жал од мајка ти. На неа и треба помош психијатриска, не знам дали воопшто и ја имала...Ама тоа е.Инаку јас мислам дека и таа не сака ама во тие моменти ни сама не е свесна колку ве повредува, а дека најмногу себе се повредува.Жалосно е што нашите институции не функционираат, меѓутоа треба да побарате помош...Колку тие ќе се потрудат да и помогнат тоа е знак прашалник Ќе издржиш, мораш...млада си и животот е пред тебе.Чувај си ги најблиските и потруди се никогаш да не завладее лоша сила помеѓу вас.
незнам дали чувте за тоа како мајката ја продавала керката за пари(и била макро)инаку девојчето било со пречки во развојот како може тоа да се случи? вреди ли таа жена да се нарече себе си мајка? како не се нашол некој за да ја пријави кај надлежните?
инаку бев жртва на психичко насилство-од страна на момчето и имаше и психичко насилство(штипење, удари по тело) но никогаш не ми има удрено шлаканица, но превземав мерки и заврши тоа а и психичко насилство од страна на татко ми-под дејство на алкохол, и мајка ми има доживеано спонтани абортуси од тоа, а и брат ми сосема се повлече во себе од тоа многу пати ја имам молено да се разведе, но таа не сака бидејки ке мора да дојде до делба на станот во кој живееме, и не сака по никоја цена, но од срам да не предизвикам скандал не го имам заклучено од внатре па да не може да влезе, но во план ми е
Верувај дека нема полошо од тоа сопствената мајка да ти стане најголемиот непријател. Порано беше себична, нервозна и имаше испади на лудило но во по блага форма па ја толериравме. Никогаш не сме имале бог знае колку пари за да живееме во раскош, секогаш сме биле едно просечно семејство дури имаше периоди кога бевме во мали финансиски кризи. Таа ги гледаше нејзините пријателки кои имаа автомобили, пари за козметички третмани, фризерски салони, кафиња и сл. а ние требаше да се лишиме од некои работи и да си ги испружиме нозете толку колку што ни е долга чергата. Со сестра ми во училиште ништо не јадевме, гладувавме цел ден за да заштедиме пари преку викенд да имаме да излеземе. Сето ова никогаш не сме им го префрлиле на нашите родители. Додека мајка ми сакаше дури и да не го продолжиме образованието само за да биде моќна колку нејзините пријателки. До толку себична. Татко ми пак е цел живот нечиј роб, работи ден и ноќ. За кого? Имало случаеви јас и сестра ми да седиме дома а мајка ми да излегува на кафе со пријателките. Ако нешто не и е по кеф само викаше и урлаше. Себичноста нејзина ја прели чашата. Отиде до недоглед мислејки дека ние сме роботи без чувства и можеме се да поднесеме. Татко ми ми е слабост, не заслужува ваков живот До ден денеска не сака и не може да си најде пријателка вели дека чувствува како да ја изневерува мајка ми и покрај тоа што се разведени подолго време Мене ми е тешко бидејќи сите обврски со кои се соочуваат вашите мајки и јас ги носам на својот грб. Никој не ме познава па си ја отворив душата а сум човек кој не разговара за своите чувства, тиска во себе, се смее а страда. Сето ова направи пребрзо да пораснам. Се плашам за татко ми мноооогу, во лоши години е, а е во постојан стрес. Мајка ми никогаш физички не не малтретирала ама затоа пак психата ни ја умртви. Последнава година интензивно не бара. Прво пробува со добро, кога ќе наиде на ѕид од наша страна почнува да се заканува како ќе се врати дома и се ќе ни земела. Тоа не може да се случи но ете си прави некакви филмови. Не знам што да кажам. Од една страна таа жена ми го скрати живот, ме уништи, ми го загрози детството, ме направи плашлива, повлечена и затворена личност а од другата страна пак мајка ми е. Понекогаш се згрозувам од помислата дека можеби не ја сакам. Не сакам ништо да и се случи сакам да е жива и здрава но да не остави на мира. Ах кога ќе се сетам на кафињата заеднички, на тоа колку и верував и и се доверував за се и сешто и одеднаш сето тоа отиде во неповрат. Верувајте, сакав дури да работам само за нејзиното здравје. Да ги плаќам сите посети на психијатар и сите потребни лекарства. Таа на тоа вика јас не сум луда. Пробав дури и да и објаснам дека навистина не е луда, само има друг проблем. Не сака да чуе. Крајниот исход од сите такви муабети е секогаш лош. И сега ситуацијата е таква да ние уште мора да ја трпиме. И немаме памет веќе. Татко ми неколку пати отиде во полиција да им каже што ни се случува ја имаме нивната заштита, ама што ако кога ова уште трае? Има забрана да доаѓа и таа пак се заканува дека полицајците ништо не и можат. Нај интересно е што плукна на куќава кога си замина, никој не ја избрка самата си го сакаше тоа. Отиде кај нејзините родители, тие пак кога дознаа што всушност се случило кренаа раце од неа и како на ќерка и понудија само една соба. Јас сум скоро сигурна дека таму условите и се тешки и мизерни. Ама таа си ја одбра својата слобода наместо семејството. Сега сака се назад. Не заради тоа што не сака нас, туку заради условите и комфорот што ние ги имаме, а таа таму не. И пак е се ова во кратки црти колку и да ми изгледа постов долг. И од време на време добивам храброст да ја пријавам и да се ослободам а од друга страна нешто ме јаде и не ми дава. До кога вака не знам. Добро е што ние тројца многу добро функционираме, сложни сме, знаеме да си направиме позитивна атмосфера дома дури и на моменти да заборавиме на се лошо па и финансиски се опоравивме бидејќи јас ги завршив студиите а сестра ми е при крај. Сета оваа хармонија преоѓа во стрес, нервоза и сл. кога мајка ми ќе се замеша. Се надевам дека еден ден сето ова ќе престане.. Искрено се надевам..
Драга огорчена девојко, Многу внимателно ги прочитав твоите постови и целосно сочувствувам со тебе . Имено , јас го имам изгубено татко ми иако е жив и здрав ,преженет итд. Меѓутоа сепак сметам ,како некој кој стана мајка , дека губењето на мајката е многу поболно за едно дете . Жал ми е што константно живееш под стрес и траума. Очигледно дека на мајка ти и треба помош, но самата не сака да признае или се уште не е свесна за тоа. Незнам колку сме овде компетентни да ти кажуваме што да правиш , бидејќи си доволно возрасна (имаш 24 години -како што наведуваш) , но можам да ти ја раскажам ,на кратко , мојата приказна. И моите родители се разведени. Татко ми е преженет и неговата сопруга не дозволува тој да се гледа со мене. Долго време тоа ми сметаше. Се обидував на повеќе начини да исконтактирам со него и никако неможев да сватам ( а неможам ни ден денес) зошто не контактира со мене . Неможев да сватам дека ладнокрвно го прима фактот дека не е во контакт со мене. Како тоа татко да не си гледа ќерка ? Се дури го барав одговорот и сакав да ги променам работите , само се повредував себе си. Не се сите луѓе исти ,па и не размислуваме исто . Многу често сме приморани така да постапиме заради некоја причина. Во овој случај болеста кај мајка ти . Мој совет , како некој една деценија постар од тебе , би бил дека би требало да ги прифатиш работите како што се. Знам колку боли , јас тоа многу убаво го знам ,ама ти си зрела и интелегентна девојка ,насочи се кон сопствениот живот. Најди си партнер со кој ќе делиш убави и тешки моменти, создај свое семејство. Животот е единствено тежок и него треба да научиме да го „ излажеме“ со сопствената среќа. Секогаш ќе остане длабок кратер во душата , но сепак сите носиме по еден или неколку такви. Не треба така да биде , никој од нас како мало и невино дете тоа не го заслужува ,ама тоа се сценаријата на животот, не се скоро никогаш со среќен крај. Воздишките ги имаме секојдневно ,но сме успеале ако ги победиме со насмевки . Таква ни била судбината ,со ништо не сме ја заслужиле и поради тоа не треба да очајуваме, од нас зависат нашите избори ,па треба да внимаваме на нив. Изолирај ја жената која ти е биолошка мајка. Свати дека таа не е мајка се додека е оваа болна личност. Помири се (ако можеш ) дека ќе живееш без мајка, но не ја заборавај .Сепак какви и да се тоа ни се единствените родители. Ако треба блокирај ги сите нејзини пристапи до тебе ,а особено оние во душата. Многу среќа ти посакувам, да се оставриш и ти како мајка ,па тоа мало човече да ја добие твојата љубов онака како што треба, па неговата среќа која ќе биде твој избор ќе направи уште едно среќно суштество на овој свет со малку такви. Поздрав од срце.
Добив една лична порака од личност со само 10 мислења на форумов која ме подзамисли бидејќи делуваше по малку иронично. Се надевал дека не сум претерувала во однос на мајка ми. Да, јас сум мрдната па ќе си правам луди сценарија овде или пак ми треба нечие сожалување и внимание па на овој начин на сите вниманието ќе ви го насочам тука во темава! Бог да чува! Јас се срамам од сето ова и за прв пат го носам на виделина бидејќи никој не ме познава. Која е Битер грл? Една маска позади која се кријам јас. Живо суштество од крв и месо кое страда. Ова се тортури кои не се поднесуваат, болни и тешки работи. Од една страна имам 24 години и возрасна сум, ама од друга страна мене ми треба заштита и родителска љубов. Јас сакам мајка ми да биде ваква? НЕ! Сакав моето семејство да се распадне? НЕ! Јас не кревам раце од мајка ми, мајка ми е. Ама морам да мислам малку и на себе.. Тоа е нај болното што во исто време сакам да допрам а и да се заштитам од неа. Не е чудно мажот да ја малтретира жената чудно е ова спротивното? Револтирана сум бидејќи место да сум барала помош туку сум требала да барам од Бога! Верувам во Бога, но тој многу ретко ги слуша моите молитви за жал. Јас водам нормален живот, се дружам, излегувам си имам долга и прекрасна врска сите знаат дека моите родители се разведени поради не согласувања. Никој не ја знае правата вистина, зошто да се ставам себеси а и моето семејство во лоша положба? Зошто да бидам еден од малските трачеви? Зошто луѓето да ме сожалуваат и да ме гледаат чудно? Не сакам! Како наркоманите и алкохоличарите кога треба прво самите да си признаат дека имаат проблем така и мајка ми треба да си признае самата на себе а потоа да побара помош од нас. Чекам да дојде тој момент и никогаш нема да биде доцна за помош. Кога ја вмешуваме полицијата се згрозувам таа ми е мајка а во исто време и душман. Се е борба на чувства. Тешко е да се разбере. Мозоков ми врие, веќе не знам ни кој чекор да го направам а да биде помалку болен за сите нас. Не е ни таа за осудување, болна е. Најмалку па ние тројца кои сме нејзини жртви. Ако некој може да разбере нека разбере останатите подобро да не ми ставаат сол на раната. Благодарам!
Mnogu mi e ne ubo so ke ti go kazam ova, bidejki i samata se gadam od toj fakt i samata sum eden vid "buntovik" poradi faktot deka mnogu majki i roditeli po4nuvaat da se gadat da gi napagaat i maltretiraat decata bidejki ne se odnesuvaat spored nivna zamisla, ednostavno ne mozat da sfatat deka iako nie sme nivno delo, nie ne sme nivni robovi tuku samite sme si kreatori na svojot zivot. I samata za malku ke stanev zrtva na toa, nosepak ne izbuvnav odam tuku so tekot na godinite pocnav da si teram po moe, dodeka na domasnite se trudev da im prikazam slika za mene onakva kako sto sakaat.Sepak sum trpela mn ispadi na mnogu moi soucenicki koi vsusnost stanale robovi na planovite na nivnite roditeli, bogati de4kovci, odlicen uspeh so site petki, drugarki na nivo, dvizenje vo visoki krugovi... i sto se dobiva od toa, "bolest" histericni ispadi i za najmalo nesoglasuvanje so bilo koj vo nivnata okolina, kako edinstven na4in na istusuvanje na gnevot. I da tvojot slucaj e semejno nasilstvo i toa psihi4ko , sto e mnogu poloso od bilo kakvo fizi4ko nasilstvo spored mene. Sepak taa e bolna, od rak, so sto avtomatski ti si nejziniot idol i taa saka ti da bidis onkva kako sto taa sakala i te zamisluvala za vreme na tvoeto detstvo,i smeta deka ti si dolzna da bidis takva, bidejki toa e eden vid nejzina posledna zelba, kako edinstvena dobro zavrsena rabota vonejziniot zivot edno neznino dostignuvanje. sepak nema da bidi loso da odi kaj nekoj psihoterapevt. ama toa vo vakva situacija, tesko deka ke go postignis. taka da nema da bidi loso, da se posluzis so ona tivka voda breg roni. daj i pretsvata za tebe onakva kakva so saka, najdi si de4ko so e idealen spored nea.(od nego lesno ke se otkacis, so fakultetot i drustvoto ne mozis bas da manipuliras taka)i kazi i deka ete barem edna rabota e kako taa sto saka, ako ne se soglasi, kazi i deka sepak ne mozi se da e po nejzino. obrati sekaj nekoi rodnini kaj nekoj na nejzina vozrast koj ke moi da i kazi kaj i mestoto ikako treba i ne treba da se odnesuva, sepak ti si pomlada ,smeta deka ne si dostojna dai solis pamet, bidejki ti si e dolznik. se dodeka taa gleda na tebe kako na dolznik celata situacija nema da se smeni. problemot ne vo tebe ili vo sestra ti tuku vo nea. Ne znam vo koj stadium e nejzinata bolest, ama koga taa se povikuva i se potkrepuvva na nea mozebi mozis i ti na i vratis so ista mera, deka ete taa e bolna, ne se znaj dali ke se izle4i, i deka treba da se priberi i, da ne bidi tolku sebi4na tuku da se potrudi da vnesi mir i , malku sreka vo domot za koj sto taa tolku se trudela da go sozdade ,a ne da go raspadni so nejzinoto odnesuvanje kon tebe, sto e mn normalno da predizvika ti da si zaminis od doma. deka ne e sreka samo da e po nejzino, tuku da se potrudi da bidi srekna so toa sto ke ve ostavi na mira da go pravite toa sto ve pravi srekni i taa da bidi srekna poradi toa. kakva e taa majka sto taka se odnesuva kon kerkite koi eden den ke gi nare4i neblagodarni a taa e samata vinovna za toa. melanholijata i gnevot na vasta majka se vasiot najgolem problem momentalno, potrudi se zaedno so sestra ti da i go objasnite ova na vasta majka da i kazite kolku ja sakate i kolku vi zna4i i deka taa treba poinaku da vozvratii da ve saka onakvi kakvi sto ste, bidejki i vie i pokraj site navredi ja sakate bidejki vi e majka. nema 4ovek koj ne bi go skrsile ovie zborovi ,posebno koga e mnogu bolen. se nadevam deka ako ne ti pomognav, barem ke ti dadam nekoja idea, za resenie na tvojot problem. pozz [mod-kirilica:3g38de15][/mod-kirilica:3g38de15]
Марама, еднаш читав во списание исповед во кој една жена, која имаше рак, зборуваше како таа откако се разболела, почнала многу лошо да се однесува кон целата околина, се и сметало, станала невозможна, ги навредувала сите во семејството, дури и кревала рака на нив. Многу ми е жал кога го прочитав твојот пост, но можеби болеста кај мајка ти предизвикува такво однесување кај неа, па не е лошо ти и сестра ти да се посоветувате со нејзиниот лекар, да појде и на психолог. Дај боже да ви се подобри атмосферата во семејството. Велат, се се трпи, само маката која е во домот, е најтешка.
Марама претпоставувам безброј пати си се обидела да разговараш со мајка ти, да и објасниш но нема фајде! Таква е и мајка ми.Тупам мозок дома секој божји ден, имам безброј прашалници во главата и ни еден одговор. Мајка ми иако на сите им викаше дека јас и сестра ми сме гордост нејзина ние не бевме. Таа лажеше дека сите ни се 5-ки во училиште, но нас не ни беа. Исто така ми ги зголемуваше и оценките на факултет Без врска. Од дечко ми беше тотално не задоволна, и да и него му се јави да му каже дека јас не сум за него, дека еден ден ќе се кае што ме сретнал јас сум била користољубиво створење. Претрпев се и уште трпам. Гневна сум на неа особено кога ќе започне некаков нов терор врз нас да прави. Потоа со ладна глава кога размислувам и барам оправдување, таа е болна. И така со години се случува нешто екстремно кое пред тоа цел живот тлеело. Јас имам татко, тоа е предноста кај мене но и двете имаме сестри. Незнам колку се сложуваш со сестра ти, колку си се доверувате една со друга и колку сте блиски. Во моментов треба да се држите една со друга. Да си бидете потпора. Верувај ми многу е битно да има човек поддршка од семејството. Тебе сестра ти треба да ти биде таа поддршка што ти несебично ќе ја добиваш и ќе те води низ животот додека не створиш еден ден свое семејство. Мајка ти има проблем, болеста што ја има дополнително ја прави нервозна. Таа не сака пораз, не сака неуспех но до толку одела што ги преминала сите граници. Скоро и да знам како точно се чувствуваш, но мислам дека можете со сестра ти да и помогнете. Кажете и дека добро би било да разговара со психијатар, заради ракот бидејќи не е лесна работа човек да се соочи со таква болест. Ете ако таа е со сестра ти по блиска, тогаш сестра ти нека ја разубеди. Ако успеете во тоа, психијатарот си знае како да пристапи до неа и да извлече од неа се што треба. Се е болест на психата и решението лежи само во психијатрите за кои мајка ми не сака да чуе. Ти посакувам се најдобро и искрено се надевам дека ќе успеете да ја натерате на еден ваков чекор кој верувам дека ќе вроди со плод. Како што сметам дека нешто длабоко во мајка ми не сака да ни го прави ова, така сметам и дека нешто длабоко во мајка ти се бори против она кое за жал доминира... лошото.
Марама, многу е тешко за родителите да сфатат дека нивните деца не се тоа што тие самите не успеале да бидат. Плус додади ја на тоа болеста која реално, многу ја подгодува психата, и имаш проблем. Знам дека не е за утеха, но не си единствена. Има решение, но решението мора да го побара лично мајка ти. Мора она да разбере дека ти имаш твој живот кој го водиш и верувај дека барем малку да и завртиш грб ке сфати дека ти и сестра ти сте и единственото нешто што го има и ке се обиде да те задржи по секоја цена (ете гледаш, кога си и кажала дека сакаш да си одиш те молела да остане). Инаку, откако починаа мајка ми и татко ми, јас живеам со баба ми. Таа, која никогаш не ја прифатила мајка ми за снаа (бидејки мајка ми била од друга населба во Скопјево, која е малку подалеку од центар ), и откако го изгубила синот и снаата, истото му го прави сега на брат ми за девојка му психички не малтретира, не ни готви, само седи по цели денови, чита весници, гледа серии, ако се задржиме малку повеке надвор ни збори како не сме седеле со неа... Ама јас некако се помирив со сето тоа, и не дека сум без чуствителна, ама искрено воопшто не ја перцепирам. Немам ни сила, ни желба да се нервирам за неа и си терам со мојот живот. Доколку имаш потреба да зборуваш со некого, пиши ми ЛП. Имам многу работи поминато (посебно со болеста) и можеби можам да ти помогнам
Не сакам конкретно да коментирам за ничија ситуација. Ги прочитав Кукличка и Марама и останатите животни приказни, и од мака ми се насолзија очите заради тоа какви тешки судбини има насекаде. Девојки, јас само сакам да ви го упатам моето најпонизно воодушевување за тоа како се справувате со секојдневните навистина тешки ситуации! И да ви кажам дека сте силни! И прекрасни што знаете да си понудите помош една на друга. Јас можам да ве ислушам и не се двоумете ако некогаш посакате и на мене да ми пишете, иако јас ваков конкретен проблем не сум имала, освен тоа што сум изгубила родител и морав да се соочам со психички многу тешки ситуации кога гледате дека родителот ви умира полека и дека болеста го соџвакува дел по дел. Нервозата е често пати неминовна Секое добро и уште еднаш, многу, многу храброст ви посакувам!
Само ќе кажам нешто...може ќе сум груба...ама на некои луѓе не треба да им се даде да бидат родители. Девојки секоја чест и навистина ви завидувам на тоа колку сте издржливи да го трпите тоа психичко малтретирање кое е најлошата тортура за секој човек,посебно за млад. Дај Боже еден ден да се разбудите ослободени од овие кошмари!
Се мислам искрено дали да раскажам... Инаку за ова, стварно е тортура, го искусувам. Не доживувам физички ( и никогаш ни има пробано тоа да го направи) ама психичка да. Чудно ми е како во некои моменти се е толку убаво, и за една секунда, станувам дел од пеколот. Тоа е неподносливо.