1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Семејно насилство

Дискусија во 'Брак' започната од aneta.oh-36, 29 ноември 2009.

  1. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.015
    Допаѓања:
    41.321
    Пол:
    Женски
    А дали ти помислуваш на твоето дете да го гледа сето тоа?
    Знаеш каква траума е?
    Еве ќе ти кажам пример.
    Моја другарка јадеше ќотек од нејзиниот бивш маж додека беа во странство тогаш детето и беше бебе, едвај 7 8 месеци.
    Детето, инаку сега четири години има трауми поради сето тоа насилство, писка на секој звук, повишен тон, посилно затварање врата а се поради тоа што се случуваше поради семејното насилство.
    Сите ти мислат добро, сите те подржуваат, дури и јас иако не мислиш така, сите ти кажаа дека законот е на твоја страна.

    Немам деца, ама знам како јас би постапила.
    Првиот шамар, првото насилство, го оставам, толку.
    Добро се познавам самата себе и знам како ќе играм.
    Ниту виза ниту ништо нема да биде причина да трпам.

    Нит си глупа ниту тупа за да не се снајдеш.
    Обрати се кај адвокат, ќе те упати добро.
    Сигурно повеќе знаат од нас овде.
    Нема да бидеш оставена на цедило.

    Налет пари и виза ако мажот ме крши од ќотек.
     
    Последна измена: 25 февруари 2022
    На tambelina, cresa-jagoda, MissBreezy и 8 други им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Абе доста судите жртви на насилство.
    Шо ви е?

    Статистички, оние кои ги напуштаат насилниците, седум пати заминуваат, пред конечно да ги остават.
    Лесно е од страна да се кажва.
     
    На Indiegurl, Anturium, Ljubova и 6 други им се допаѓа ова.
  3. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.610
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
  4. Ance-to

    Ance-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    191
    Пол:
    Женски
    Ништо.. не спијам со него во соба не зборам со него... само е тука додека да се средам..
     
    На Cecko85 и Mantub им се допаѓа ова.
  5. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.610
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    Не те чепка инаку? Тоа ми е прашање најважно
     
  6. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.701
    Пол:
    Женски
    @Ance-to чим си у странција уше поубаво за тебе.
    Пријави го и ич да не ти чуе.
    Ќе го исушат од казни пишување.
     
    На Istata od vcera, tambelina, Cecko85 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Ance-to

    Ance-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    191
    Пол:
    Женски
    Не
    Не и ако се повторе такво нешто одма викам полиција.
     
    На tambelina, WildMk, Cecko85 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.047
    Допаѓања:
    48.967
    Пол:
    Женски
    Зашто даваш прилика жено за уште една шанса?? Зашто? не дај Боже, наредниот пат може да е бетер дури и кобно
    Не се заебувај сама те молам, вредиш поише од копиле кое знае да чупа жени за коса
     
    На cresa-jagoda, Indiegurl, lici1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Една жена е силувана и тепана од нејзиниот маж, средни години е пријавив во полиција немаат абер 2 недели, пропала државо.
     
    На tambelina, Cecko85 и WildMk им се допаѓа ова.
  10. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.047
    Допаѓања:
    48.967
    Пол:
    Женски
    многу лошо..душичка
    мизерија еј
     
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Ако не соруботува таа со полицијата, џабе ти ќе викниш.
     
  12. Angella7

    Angella7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2021
    Пораки:
    1.767
    Допаѓања:
    3.278
    Пол:
    Женски
    Точно. Пет пати пријавував за жена од маалово кај што се омажив и ништо. Барав луѓе, некако да и се помогне на женава. Многу језиво пишти, неколку пати ја имам видено џигер модра, криви со ногата, парталава целата.. За на крај да ми кажат дека им рекла на полицајциве дека комшиите лажеле, од љубомора збореле лошо за него, супер си бил маж и.
     
    На Feminka22, WildMk и Cecko85 им се допаѓа ова.
  13. ladydy13

    ladydy13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2019
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    445
    Пол:
    Женски
    Загревота кизнај како ја уценува... ама ако не сака да си помогни сама не можи никој да и помогни
     
    На Feminka22, WildMk, Mikha4 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Angella7

    Angella7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2021
    Пораки:
    1.767
    Допаѓања:
    3.278
    Пол:
    Женски
    Греота, не знам што друго да кажам.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Дали социјални служби, или некоја невладина, би и' (им) помогнале да се отвори и да побара помош?
    Има таква услуга некаде?
     
  16. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.305
    Пол:
    Женски
    Оф.. мислам дека секаде важи тоа "оди збори сам".
    Неможе ништо да се направи освен ако не почне сама да пее.
    Присилно џабе е. Толку и е мозокот заматен што нема да каже ништо.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Не присилно, туку да ангажираат психолог да раговара со жртвата.
     
  18. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.305
    Пол:
    Женски
    Да, ама ако она неќе?
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Многу ми е тешко да мислам/знам, дека за нешто нема решение... :(
     
    На Indiegurl му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ladydy13

    ladydy13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2019
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    445
    Пол:
    Женски
    Има жени што се помируваат со судбината ете.
    Еднаш се враќам дома касно накај 12 1, женава пред порта на глас го молеше мажот да ја прими дома со мало дете овај и караше се живо и диво (викаше дека брат и не ја примил назад!!!!). Многу грев ме фати и језиво беше за слушање. Ама ене ја уште е со него...
     
    На WildMk и Cecko85 им се допаѓа ова.