1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Семејно насилство

Дискусија во 'Брак' започната од aneta.oh-36, 29 ноември 2009.

  1. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.994
    Допаѓања:
    14.391
    Пол:
    Женски
    Се е тоа убаво објаснето ама дали во пракса навистина институциите постапуваат соодветно? Знам неколку случаи каде во едно семејство жената повеќепати пријавува семејно насилство, си заминува од дома и кога мажот ќе го пуштат со опомена или со притвор се враќа и пак си тера по стари да не речам и полошо. Жената никаква заштита нема
     
  2. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    1.563
    Пол:
    Женски
    @Veselina23 дали си била да п
    Марчи не е баш така едноставно, кога е осуден макар и на условно и го повтори делото одма оди во затвор. Ако и потоа за исто дело се обвини сторителот верувам би добил поголема казна. Искрено голема улога играат мислењата од ЦСР и способноста на јавниот обвинител во соработка со инспекторот за семејно насилство да го претстават случајот најдобро што можат.
    И јас бев скептик ама во внатрешна контрола се жалев за проблем со издавање лична карта па веднаш имаше реакција од нив до мвр.

    Со сликите во телефон и колку да е човек правно неписмен му ги лепиш во фаца информациите на службеникот и бараш да постапи согласно закон, ако не постапуваат ги пријавуваш мвр во внатрешна контрола или ЦСР во завод за социјални дејности. Абе телевизија ќе викнам ! Значи закони има мора да се прават напори за да се спроведуваат. Преголема моќ им придаваме ние како корисници а реално не се толку моќни колку што ние сме исплашени да се бориме и да си ги бараме правата, дури и кога затајуваат одредени лица во тие институции.
     
    На marchi-cool и Mikha4 им се допаѓа ова.
  3. Lo_Ra_

    Lo_Ra_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2020
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    70
    Пол:
    Женски
    Што би направиле доколку после еден месец брак ве удри?
     
  4. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    1.563
    Пол:
    Женски
    Одиш во полиција и поднесуваш пријава и инсистираш на копија од записник!
    Дали и кога ќе поднесеш бракоразводна постапка е отом-потом.
     
    На Осе, cresa-jagoda и Mikha4 им се допаѓа ова.
  5. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    1.563
    Пол:
    Женски
    @Snowmen чекор по чекор
     
    На Snowmen му/ѝ се допаѓа ова.
  6. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Би поднела пријава и би се развела, без разлика после колку време од свадбата се случило тоа. Со насилник не се живее!
     
    На Aschenputtel, Осе, tambelina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Си земаш адвокат и со него случајот го пријавуваш во станица, после адвокатот поднесува тужба за развод и насилникот очи да не ти види.
     
  8. kalinaka

    kalinaka Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    610
    Допаѓања:
    2.042
    Пол:
    Женски
    Screenshot_20221206_225240_Facebook.jpg
    Може на некого ќе му биде од корист. Не можам да ставам линк, ама побарајте на фб UNDP MK
     
    На Осе му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.050
    Допаѓања:
    48.974
    Пол:
    Женски
    C26E7F47-1EE6-4B8D-B86B-E6583CA1B092.jpeg
    коментарите под постот:
    6B666DB3-945E-447A-844A-5FF910D6601E.jpeg
    B95861A8-25E6-49F7-95C8-285686682C9C.jpeg

    Со вакви говеда, далеку ќе догураме.
    Безмозочни амеби, со трошка емпатија и мозок у нив. Лошото е шо ваквите мрсули, воспитуваат деца, шо кузнае какви ќе искочат утреден.

    едит: и од вакви рошли скапани како оваа
    478DA3F1-7E21-4865-B6BB-CA5E2F4326C8.jpeg
    ај овде шо тресат глупости, бар анонимни сме.
    Ама вака не знам како не им е срам да зборат, со име и презиме да ги чита цела нација. Па овие да ги видам на улица, од петици ќе им го соберам и на чело ќе им го залепам.
    Од тоа шо паметниот се срами, будалата се фали, така ли беше?
     
    На BabyT*, VDT2906, Gosh и 16 други им се допаѓа ова.
  10. Istata od vcera

    Istata od vcera Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2020
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    127
    Ke zemes i ti ke go aknes malku megu vegite da zaigra mirko xd posle ili ke te postue od strav deka i ti mozes da my krenes raka poso ne si ovca od minatiot vek so samo ke trpi tuku si osoba so isti prava na krsenje pravila kako nego

    Ne e poentata na takvata psiha da ostavi tuku da ima zrtva za praznenje kompleksi poatojano i sekogas toa im e gnezdoto
     
    Последна измена од модератор: 9 декември 2022
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Серотин

    Серотин Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2022
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    2.392
    Пол:
    Женски
    @Veselina23 Жено што направи,добра си ?
     
    На tambelina му/ѝ се допаѓа ова.
  12. poi

    poi Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2019
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    2.397
    Пол:
    Женски
    Како дете што било сведок на семејно насилство и чија мајка одбрала да трпи и чути, ве молам да превземете нешто. Имам трауми кои доживотно ќе ги носам. Ве молам размислете на децата (или идните деца). Со години татко ми ја пцуеше и вреѓаше мајка ми, а таа се тресеше од него. Често и рака креваше, раскрварен нос, модринки по телото... Ми беше ускратено правото да учам тоа што го сакам и што уште не. Тој човек за мене не постои, мојот татко одамна е мртов иако дише. И сега на мој 20 години тој се труди да биде супер татко, мајка ми се труди да биде супер мајка ама тоа нема да ги излечи раните што ги имам. Пред година-две ја прашав мајка ми зошто не си заминала, таа ми одговори "а каде ќе одев?", вџашена бев пошто знам дека баба ми и дедо ми не би не оставиле така. Ми се гади од татко ми, ама ми се гади и од мајка ми што го дозволуваше тоа. Чутев со години се' додека не сфатив дека и сестра ми може да ги има истите трауми... Јас пораснав, способна сум и сама да се снајдам во животот. Џабе ми е сега што се родители и трчаат по мене, лелекаат со солзи и се' тоа.
    Не луѓе, ве молам не чутете. Ние, децата, имаме најголеми последици. Ако некој еднаш ви кренал рака, пак ќе крене. Ако еднаш рекол погаден збор, пак ќе рече. И не, не ми треба живот со пршути и бифтеци, доволно е и леб и сол да јадам, ама да сум среќна. Познавам жена што се изборила за своите деца и капа и' спуштам, повеќе заслужува со "мамо" да и' се обратам иако не ми е мајка. Ги израснала децата со корка леб и маргарин, во една собичка. Ама ене ги сега, имаат и мајка и татко барем.
    И уште ќе дојде некој ќе ме убедува дека тој татко бил, секој грешел и татко се' би дал за чедото. Ма да, сигурно. Моето со него заврши одамна. Сега само нека ми се гони од видик. А мајка ми нека ужива покрај него во иста постела слободно.

    Едит: Пишав реферат, а не напишав какви трауми имам. Имаше период кога не можев очи да затворам, бидејќи го гледав него кај што мава. Во главата го слушав неговиот одвратен глас, ужите ги стегав ама уште беше таму. Ку*ко, ку*во, идиотка, крава, свиња, пи*ка ти мајчина... Мене ме нарекувал копиле... Се обидов да си го одземам животот, неуспешно. Сега сум среќна што живеам и овој живот го должам само на една личност, а тоа не е мајка ми. Се тресев цела, имав панични напади... По рацете имам лузни од жилети, пиев хемикалии и пестициди само да не го слушам ѓубрето во мојата глава. Како мала си имав мое ќоше, бегав и се криев таму. Плачев со саати, си викам сега ќе ѕвони ѕвончето и ќе дојде мојата мајка да ме земи, ова не е мое семејство. Си викав нема ни да ја прашам зошто ме оставила, само нека ме земи.

    Можам роман да напишам на темава. Извинете за рефератов, мене искрено ми олесна кај што го пишав ова. Се надевам дека некој ќе го прочита и нема да го дозволи истото да го доживува своето дете. Ве молам размислите на последиците и прозборете, не сте сами!
     
    Последна измена: 9 декември 2022
    На Ana2411, L.i.n.a.a, mal.ecka и 41 други им се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    :hug:
    Мило ми е што си свесна за се', си ја прифатила реалноста и се бориш со траумите :muscle:
    Само напред :muscle:
     
    На mal.ecka, Amelia, tambelina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.605
    Допаѓања:
    43.053
    Пол:
    Женски
    Во Битола, денес беше отворен Регионален советодавен центар за помош и поддршка на жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство, кој ќе им овозможи услуги на сите оние кои имаат потреба од истите, а гравитираат во Пелагонискиот регион.

    *можеби на некој ќе му значи информацијата.
     
    На mal.ecka, IRBBB, tambelina и 3 други им се допаѓа ова.
  15. New live

    New live Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2022
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    490
    Пол:
    Женски
    Храбро девојко само гази и не се врти. Ти посакувам се најубаво во животот :hug:
     
    На Amelia, Ouravanture и poi им се допаѓа ова.
  16. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.748
    Допаѓања:
    324.204
    Пол:
    Женски
    На темата…Другарка ми пред 2 недели во 5 наутро ми пиша порака дека маж и ја удрил.Во семејна расправија ,бидејки не сакал господинот да помогне да сменат постелнината на спалната(побарала помош она).Се скарале,ја фатил за коса и удрил на лице.Вчера после 2 недели од настанот другарка ми поднесе документи за развод.Секоја и чест.Не се чека да те удри втор пат,или петти пат.Туку се бега одма!!Да напоменам само дека и она има деца,не е вработена,татко и е починат.Значи подршка нема,ама има храброст.
     
    На mal.ecka, VDT2906, elenaklasik и 48 други им се допаѓа ова.
  17. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    31.200
    Пол:
    Женски
    Секоја чест за постапката на другарка ти. Оној кој е способен еднаш да крене рака, способен е и понатаму да продолжи. Нормален човек не крева рака на никого. Можеби таа и во други ситуации забележала со каков тип има работа па ова била капката која ја прелеала чашата. Ако јас се прашувам, за насилство би го сметала само и вербалното напаѓање кога се во прашање заедничките домашни обврски, никој не е слуга на брачниот партнер.
     
    На VDT2906, Mother of 2boys, Amelia и 13 други им се допаѓа ова.
  18. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.816
    Допаѓања:
    39.439
    Моќен пост од дете/девојка која искусила. Храбра си многу што пиша.
    Веројатно го имаш веќе слушнато ова , ама : разговарај со психолог за траумите. Не дека ќе ги избришат, туку да имаш алатки ако западнеж во криза, да не се трауматизираш дополнитрлно.
     
    На Amelia, tambelina, KateKane и 4 други им се допаѓа ова.
  19. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.560
    Допаѓања:
    34.887
    Пол:
    Женски
    Не се брише тоа, за жал. Цел живот ќе ги слушаш гласовите во глава и ќе ги гледаш сликите пред тебе ;( Ќе научиш да се носиш со тоа, кога / како, ама дека ќе заборавиш, не.
    Еве ме, 47 имам, ама се сеќавам како вчера да беше.
    Ретко зборам за ова, скоро ич, ама постов на девојчево ме растажи ептен.
     
    На VDT2906, tambelina, Oneo и 8 други им се допаѓа ова.
  20. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.816
    Допаѓања:
    39.439
    Ти верувам, ама верувам /или сакам да верувам дека разговор со професионалец е како разговор со сојузник. Обучен да те ислуша. И да те запре ако се себеизмачуваш.
     
    На tambelina, MarijaMi90 и poi им се допаѓа ова.