Извештај од лекар нема?Да потврди дека модринките се добиени од тепање.Мене едната слика ли личи како со кармин нацртана.(третата кај вратот голема црвена линија).
Морам да се замешам, дечкото не е овој, овој му е брат близнак на тој од приказната. Ги познавам лично и двајцата (близнациве), но не би да коментирам ништо околу случајов... Мислам дека треба да се избише сликата бидејќи не е тој-тој од приказната и нема потреба да се провлекува негова слика на форумов.
Не туку дека она веќе има досие во полиција и била добро позната. Штом се јавуваат луѓе што ја знаат приказнава значи има нешто. Ај еден да беше, овде се повеќе лица што го кажуваат спротивното.
Во текстот се спомнува забрана за пристап што ме тера да мислам дека пријавила. Јас сфаќам дека години трпи насилство, еднаш вратила немајќи друг избор, па тој ја пријавил и сега не можат да се докажат кој прв почна. Затоа треба да пријавувате, барем да има доказ.
Пишува "не ми дозволуваат да го пријавам" Изгледа ко да била во полиција ама не е отпочната постапка оти имал врски. Не знам...
Јас ја следам на Инстаграм, точно е дека девојчето си искача по дискотеки често, и дека се облекува провокативно, ама, едно големо ама, ништо не е причина да јаде ќотек, и ништо не вика дека она не е добра мајка ако искача по дискотеки.. Млада е, сигурно детето не го остава туку така, има кој да и го чува па затоа и си искача си живее младешки живот.. Затоа јас би сакала да имам дете кога ќе ми помине меракот од шетање, дискотеки, дружби, пијанчење, за да имам време да му се посветам на детето кога ќе станам мајка ама тоа не значи дека тоа што некој направил избор порано да стане мајка дека треба да биде осудуван како оваа (немајка) што искача по дискотеки до 4 сабајле.. Млада е, и се искача, тоа е нормално..
Јас ове го ,,најдов” А и има слики со бебе иако првата е во дури 2018 А другиот Димче што ми искочи на фејсбук не ми личи дека има врска со нејзе @RainBow избриши ми го ако не мислењето од погоре со скринот Да не дојде до забуна
Зоки има пишано Димче, а овој што го постираше ти е Диме ( близнаци се ) Диме е женет и има 2 поголемки дечиња, а овие од приказнава имаат бебе од 5-6 месеци
Не сакам да навлегувам многу бидејќи не ни знам многу. Знам дека таа е пријавена за насилство и за тоа дека не дава таткото да го види детето. Болката и е што таа е пријавена, а таа нема ниту една пријава направено иако кажува дека пријавувала т.е. не и дозволувале демек да пријави бидејќи татково имал врски...
Па модрициве сами не се добиле А најјаки ми се вакви мочли неписмени у коментар.. на КОЈ ќе ебеш ти мајка Оваа Емили дома не се свртела од искачање со кој стигне
Самиот момент дека млади личности кажуваат дека била неморална, не готвела и чистела дома, искачала по дискотеки, се облекувала провокативно, и поради тоа заслужила ќотек ми е језив.. Ај баби од 60 години, ама деца од 20 години со ваков мајндсет..
Сами не се добиле сигурно, но прашањето е дали се од сопругот ? Како што забележа и некој друг сликите се од различни периоди, модриците по нозете можат да бидат од било што, јас сум пример за тоа затоа што сум цела модрици по нозеве од мавање по спална. Не сакав да пишувам за да не испадне дека го бранам дечково дека го познавам, ама јас ја знам баш таа другата приказна што ја кажа зоки, а и други луѓе по коментари на постот. Прикажано ми е и видео каде што она не дозволува татково да се приближи до количката кај што е бебето и цело време го бутка и оттргнува како и слика каде што тој е со траги по вратот. Не коментирам повеќе затоа што не сакам да навлегувам во дискусии на ваква тема
Мене ми е чудно што нема никаков извештај од доктор, реално ако сака да биде веродостојно ова што се збори. А за модриците, да во право си, иста сум. Еднаш детево во спиење ме акна на вилицава одоздола, две недели бев модра, не ми текнуваше од што. По нозе цела сум модрици нонстоп, толку сум трапава уште од дете и си остана и како возрасна. Несакам да зборам дека можда измислува, ама некако не ми е целосна приказнава, ништо чудно и од двете страни да има насилство.