1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Семејно насилство

Дискусија во 'Брак' започната од aneta.oh-36, 29 ноември 2009.

  1. WhiteAngell

    WhiteAngell Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2012
    Пораки:
    734
    Допаѓања:
    2.315
    Пол:
    Женски
    Не знам што да кажам.
    Последно дечково со адвокати и отишол дека не му дава да си го види детето плус со лекарско во полиција и жал не жал ќе оди до крај...
    3 месеци не му давала да го види бебето ни 5 мин, кога и да отишол да го види бебето таа го пријавувала ама за насилство никогаш не бил пријавен...

    И претходно му има сцени правено, го пријавувала дека и го украл бебето
     
    На buba4e89 и Cosmi им се допаѓа ова.
  2. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Несакам да звучам грубо, ама ко неизживеаност и несериозност ми гледа ова. Она млада, ко неизживеана, ми делува ко избрзана одлука, го сакам, направиле дете, незнам, ама тешко тоа дете. И двајцата, па мајку му се гледа бе со кого се стапува во брак, не само венчај се и ајде терај. Не оправдувам насилство, никако, ама многу незрело, читајќи ги коментарите, што не излезе он јавно, да се изјасни, да ја каже неговата страна, а не пушта луѓе да пишуваат коментари, мене барем така ми делува.
    Стално сум на страна на жртвата, ама ако оваа вистина не е жртва, срам да и е, ја читаат жени што којзнае што поминуваат во животот, едноставно фрла сенка врз жртвите на семејно насилство.
     
    На Oneo, buba4e89, Cosmi и 4 други им се допаѓа ова.
  3. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    1.563
    Пол:
    Женски
    Прашањето е кој е тој толку моќен?
    Јас се разведував од психопат со ,,милиони вагони” и мене ме правеа луда…Така да според моето искуство не би брзала со заклучоци.А и тие што го бранат голема е веројатноста да не ја знаат таа негова страна. Многу луѓе не се свесни што е психопат, и колку се манипулативни и вклопени во општеството…

    За коментарите под објавата на фб можам само да кажам- Господе фрли цигла и молим те биди прецизен!Ми се гади од човечкиот род :puke:
     
    На Gosh, zuto, st-el и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.563
    Допаѓања:
    38.645
    Пол:
    Женски
    И јас да имам маж насилник ако се решам да направам нешто прво не би му дала да го види детето. Значи за безбедност на тоа дете се работи.
    Зошто немала лекарски извештај...па не сите жртви веднаш трчаат да пријават....се работи ем за срам, ем недоверба во институциите, ем за несигурност. Е сега можеби собирала слики за да го пријави и да го направи сето тоа вака јавно, не знам.
    Доволно им е тешко на жртвите на насилство, не мора да се доведуваат случаи под знак прашалник само врз база на рекла казала муабети....плус, колку и да познавате некого НИКОГАШ не можете да бидете сигурни што прави позади затворени врати.


    Едит: во врска со обвинувањата кон нејзе, ова го има пишано во самиот пост -
    Поради тоа што молев дочекав нападите во самоодбрана да ме направат насилник и не соодветен родител.
     
    Последна измена: 28 декември 2022
    На nevermet18, mode-kristina, Oneo и 6 други им се допаѓа ова.
  5. WhiteAngell

    WhiteAngell Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2012
    Пораки:
    734
    Допаѓања:
    2.315
    Пол:
    Женски
    Дечкото воопшто не е моќен како што кажува таа.
    Цитирам 1: "Ова го пишувам со надеж дека постов ќе биде посилен од НЕГОВИТЕ ПАРИ и врски во полиција". Ниту е некој парајлија, ниту некоја јака фаца, а уште помалку некој моќен !
    Цитирам 2: "Дали е соодветен родител човекот што крева рака на бремена жена, мајката на неговото дете?"
    Таа остана бремена и се земаа, свадба правеа 1 месец пред да се породи, до тогаш не ни живееа заедно мислам. Зошто ако уште кога била бремена тој има кренато рака на неа таа стапи во брак со него ? Зошто тогаш не пријавила и не го направила ова сега што го направи ?

    Реков нема да коментирам за да не испадне дека го бранам човеков ама стварно тоа што јас го знам е сосема спротивно од ова таа што тврди.
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.088
    Пол:
    Женски
  7. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    Малце ми е примитивен коментарот.
    Се воздржав едвај да не и вратам.
    Ако толку и е гајле што не зачистила она или само на тастатура да се црни некого?
    Дали она има дечко еден ден после развод или после 1 година тоа си е нејзина ствар не ја прави ни подобар ни полош човек.
    Да се разбереме не викам дека човеков ја истепал не викам ни дека не ја истепал меѓутоа ако и се ова аргументите на една жена во 21 век мислам дека сме пропаднати како нација.
     
    На tambelina, mode-kristina, SigmaMan и 2 други им се допаѓа ова.
  8. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.088
    Пол:
    Женски
    Не ни биле разведени туку се вратила кај нејзините и одма фатила дечко.
     
    На WhiteAngell му/ѝ се допаѓа ова.
  9. WhiteAngell

    WhiteAngell Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2012
    Пораки:
    734
    Допаѓања:
    2.315
    Пол:
    Женски
    Уште не се разведени, во постапка се колку што знам.
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    ОК ама секако НЕ се заедно
     
  11. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.269
    Допаѓања:
    163.339
    Пол:
    Женски
    Во случај девојкава да е жртва, дефинитивно си го прат своето пријателите на бившиот нејзин.

    Не готвела, не чистела, се забавувала, дечко си фатила итн. И ептен меѓу ред спомнато насилство. Некои дури оправдуваат дека за ова требало да е тепана. А уствари, то е ефектот шо веројатно сакат да го добијат.

    И пошто сме на балканот поќе то упалва него било шо друго.

    Насилство? - можи лажи лол, ама дали слушна дека само во диско оди лмао? (facepalm) Да бев неговите пријатели, и тој да беше жртва на насилство, с а м о то ќе имав да го кажам, со слики, со скриншоти од текстој итн. Немаше да пишам "а инаку недомаќинка е лол".
     
    На MeowMeow, mode-kristina, Oneo и 9 други им се допаѓа ова.
  12. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    Па тоа и ми е чудното што неговиве лаат само не е така не е така а никаков доказ за тоа дали е така или не е.
    Еве и да не е ако аргументот е ама она искача и не чисти.... (facepalm)
     
    На mode-kristina му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.563
    Допаѓања:
    38.645
    Пол:
    Женски
    Ова што ти го болдирав е чист виктим блејминг. Не е битно колку касно пријавила жртвата, насилство е насилство! Плус, во мојот коментар кој што ми го цитираш ги напишав одговорите на овие прашања.
    Не е никаков аргумент дека лаже само затоа што не пријавила веднаш.
    И најбитно - зошто браните луѓе само затоа што сте ги познавале? Од каде тоа сте сигурни кој каков е?
     
    Последна измена: 29 декември 2022
    На zuto, tambelina, mode-kristina и 4 други им се допаѓа ова.
  14. WhiteAngell

    WhiteAngell Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2012
    Пораки:
    734
    Допаѓања:
    2.315
    Пол:
    Женски
    Те цитирав поради последната реченица.
    Што молела ? Кого молела ? Ако мисли на полицијата, таа воопшто нема пријавено насилство. Таа го има пријавувано за глупости, пишав и претходно, но за насилство никогаш. Таа во постот има пишано дека не и дозволуваат да го пријави, како бе може да не и дозволуваат ? Кој тоа не и дозволува ? Ако ти отидеш прв пат во полиција да пријавиш насилство никој таму не те знае која си што си па да не ти дозволат да пријавиш како што кажува она поради тоа што имал јаки врски. Кога ќе им чукнеш на врата сигурно они нема да речат еј чекај оваа е на овој жена му нема да и дозволиме да пријави...
     
  15. Munchmallow20

    Munchmallow20 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.294
    Допаѓања:
    19.950
    Пол:
    Женски
    Абе ко што реков поназад, може отишла во полиција, кажала што како ама пошто нели мора ти да кажеш против кого пријавуваш и он ако имал врски, да не е отпочната никаква постапка.
     
    На mode-kristina и Angie1432 им се допаѓа ова.
  16. BloodElf

    BloodElf Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    724
    Пол:
    Женски
    Свесни сте дека е преголема е веројатноста баш најгласните за виктим блејминг, моментално да го правите баш тоа?
    Мислам дека застанавте на страната на девојката само затоа што е женско, иако премногу од изнесеното нема смисла.
    По се ми изгледа дека го напаѓа за работите што таа ги прави.
    Пример пишува дека таткото сакал да ја оддели од детето за да и наштети, додека еве повеќе луѓе се изјаснаа дека таа е таа што не му дозволува да си го види сопственото дете и физички го напаѓа.
    Патем, кој не и дозволил да пријави? Се јавила во полиција? Мора да испратат некој и сигурно може да се најде кој бил испратен во ситуацијата и да се бара објаснување зошто не си ја извршил должноста.
    Зошто нема повеќе детали за ова?
    Пишува дека бара некој кој ќе и помогне, а подолу во коментарите дека нема да се објаснува. Доколку веќе бараш помош и си се одлучила да ја мешаш цела држава во приватноста, направи го тоа до крај и разјасни ја целата ситуацијата.

    Реалноста е дека не знаеме кој е жртвата и најмногу што можиме да направиме е да се надеваме дека детето има барем еден стабилен родител и дека ќе има доволно среќа да заврши кај него.
    Ниту една страна не ми е за бранење ни верување, затоа што не знаеме што всушност се случувало.
    Било кој од двајцата може да лажи, а можеби и двајцата си кажуваат своја "вистина".
    Who knows ..

    Ќе ме линчните за ова знам, но кога се работи за старателство и те како сметам дека е битно дали готвела, чистела, се забавувала. Мене не ми е во ред во никој случај мајката да не го остава таткото да си го види детето ни на пет минути, а притоа да го остава на трети лица да и го чуваат за да си оди по дискотеки.
    Здрава средина и здрава исхрана и те како се битни за здрав развој.
     
    На BlackNight, drugarka, princess02 и 8 други им се допаѓа ова.
  17. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.816
    Допаѓања:
    39.439
    А од каде знаеш дека таткото готви и чисти? Прави кашички? Усисава?
    И од каде он не се забавува кога има кафиќ или што и да е?
    Многу мизогинија.
     
    На MeowMeow, tambelina, mkdvesna и 3 други им се допаѓа ова.
  18. WhiteAngell

    WhiteAngell Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2012
    Пораки:
    734
    Допаѓања:
    2.315
    Пол:
    Женски
    Да се надоврзам, не сакав да зборувам на таа тема дали чистела, готвела, била или не домаќинка, ама уште пред таа да си замине кај нејзините правеше некои необјасниви работи. Од еднаш ќе и текне да излезе од дома во 22ч со 2 месечно бебе со такси без да каже каде оди, без да крева на телефон и да се врати во 1-2 часот по полноќ. СО 2 МЕСЕЧНО БЕБЕ !!
    Во ред ли е ова ??

    Кафичот е затворен веќе година дена може и повеќе, не се сеќавам точно кога го затворија

    Работава испаѓа дека татково пред неа отишол/се јавил во полиција за да ги извести дека ќе биде пријавен...
     
  19. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.563
    Допаѓања:
    38.645
    Пол:
    Женски
    Ако го занемарувала детето тоа е причина да се позанимаваат социјалните служби.
    А НЕ е причина да биде тепана од маж ѝ, ниту пак автоматски значи дека лаже.
    Два одделни проблеми се и едното не го исклучува другото.
     
    Последна измена: 29 декември 2022
    На tambelina, mode-kristina, Oneo и 7 други им се допаѓа ова.
  20. WhiteAngell

    WhiteAngell Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2012
    Пораки:
    734
    Допаѓања:
    2.315
    Пол:
    Женски
    Не е тепана од него !