1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Семејно насилство

Дискусија во 'Брак' започната од aneta.oh-36, 29 ноември 2009.

  1. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.816
    Допаѓања:
    39.439
    Во ред е.
    Млади се, ке излегуваат. И стари излегуваат. И тој сигурно излегува. И тој има право на девојка, човек е.
    Наративот кој го цитирав од другата членка беше: здрава храна- бла- бла: мајката! Чистење , хигиена: пак мајката.
    Има мајки си плаќаат за чистење и никому ништо. Може бабата готви или дедото . Не мора несоодветна мајка да е онаа што не чисти. Несоодветна е ако го злоставува детето. Нехигиена не е за браво воопшто, но чистењето не е поврзано со женски пол автоматски.
    Ако таткото има девојка, тие истите кои сега ја напаѓаат неа, нема да го плукаат него.
     
    На MeowMeow, An-na, mode-kristina и 5 други им се допаѓа ова.
  2. WhiteAngell

    WhiteAngell Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2012
    Пораки:
    734
    Допаѓања:
    2.315
    Пол:
    Женски
    Не коментирам за тоа кој има-нема дечко/девојка, за шетање, чистење, готвење, само кажав дека кафичот е затворен бидејќи ти го спомна
     
    На BloodElf, buba4e89 и Dentina им се допаѓа ова.
  3. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.088
    Пол:
    Женски
    Абе ти лично виде како ја тепа?

    Ај те молам не ми извртувај зборови.
     
    На Mnik му/ѝ се допаѓа ова.
  4. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.254
    Допаѓања:
    163.159
    Пол:
    Женски
    Пред недела зборавме во црна хроника за пијаница шо чукна дете. Со пријатели в кола. Кои ги остави дома после инцидентот. И тие не пријавија, а тој замина во бегство. :) Оти тие не го пријавија ко пријателов им беше ВИНОВЕН? И тоа, тие беа директни сведоци, нешто шо е многу тешко да си кога во прашање е семејно насилство.
     
    На Gosh, MeowMeow, VDT2906 и 16 други им се допаѓа ова.
  5. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.088
    Пол:
    Женски
    Јас пак ќе речам да не суди пред време. Прво нема ни доказ сликиве не се ни веродостојни, второ исказите и се неповрзани, сликање за инстаграм бла бла.
    Трето кармин на вратот, алергија на очите.

    Нема да коментирам повеќе, ќе чекам да се изјасни и другата страна што најверојатно се брани со молк. Ако е виновен ќе одговара. Друго, сите што зборат против неа сите оделе во исто школо, оваа со Броз учела. Горе-долу генерација што значи се познавале. Никој апла не збори само за да оцрни некого, можеби ја кажуваат вистината,можеби не.

    И јас сега можам да се удрам и да кажам дека маж ми ме шамарал, сите ќе ми поверуваат ама лекарски извештај ќе си каже дали сум се удрила или ме шамарал мм.

    Од мене молк дур не се расчисти случајот.
     
    На Mnik, BloodElf и Cosmi им се допаѓа ова.
  6. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.563
    Допаѓања:
    38.645
    Пол:
    Женски
    Кој дел ти го извртев...?
    Ти вратив точно на она што ти го напиша.
     
  7. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.254
    Допаѓања:
    163.159
    Пол:
    Женски
    И јас то го мислам. Ама тука многу лесно се окривува само една страна оти "другарите ќе кажат ако е виновен". But honey, they won't. Не велам дека та не е крива, можи ќе испадни дека е. Ама моментално како водат борба за нејзиниот "недомаќинлук" и полошо, дали удреното е "доволно" удрено, е многу дехуманизирачки.
     
    На buba4e89 и nextredstyle им се допаѓа ова.
  8. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.051
    Допаѓања:
    87.264
    Пол:
    Женски
    Детското право на родител и грижа е поголемо од правото на искачање на мајката која е единствен родител,бидејки не го дава на таткото.
    Муабетите за "немајка" произлегуваат од одговорностите како родител кон детето.
    Можеби и е неодговорна и немајка,кога имаш дете , имаш приоритет.
    Ако во 05 сабајле е искочена мајката , а има бебе за кое е одговорна ,а таткото нема пристап,кој го гледа тоа бебе?
    Баба ,тетка,вујко?Кој?
    Тие не му се родители ниту старатели на тоа бебе.
    Ако не ги исполнува одговорностите кон бебето,тука институциите треба да работат и да го одземат бебето.
     
    На BlackNight, zuto, VDT2906 и 14 други им се допаѓа ова.
  9. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    Значи ако јас искочам и мајка ми ми ја чува ќерката јас сум не мајка?
     
  10. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.051
    Допаѓања:
    87.264
    Пол:
    Женски
    Кој дел не ти е јасен од напишаното?
     
    На BlackNight, evangelina.ina, Mnik и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    Тој дел што не можам да сватам како некој може да изнапише толку многу глупости во еден пост.
    Само затоа што некоја личност станала мајка не значи дека треба да се затвори дома и да не мрдне. Па и да се баба, вујна, стрина не гледам ништо лошо во тоа еднаш два пати во неделата некој да причува дете да се искочи. Жал ми е што некој те убедил во спротивното
     
    На Celltica му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.051
    Допаѓања:
    87.264
    Пол:
    Женски
    Да?|(
    Кој рече треба да се затвори и да не искочи?
    Ниту е лошо да се искочи повремено,а и треба за да не биде мајката затворена дома.
    Но сосема е друго да бегаш од одговорности кон детето па секоја вечер бараш други да ти го чуваат детето ,а ти да лумпуваш до сабајле ко да немаш дете.
    Детето има право на грижа ,крај!
    Немаш право да му ускратуваш заради свои кејфови и тинејџерски каприци.
     
    На BlackNight, zuto, VDT2906 и 11 други им се допаѓа ова.
  13. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    Ама чекај бре косми.
    Кој тврди дека искачале секоја вечер?.
    Ние овде може само да нагаѓаме.
    Од една страна на мажот не треба да му се суди дур не се расчисти случајот од друга страна на мајкава детето треба да и се земе због негрижа односно искачање.
    Како што тие што го напаѓаат мажот не треба да судат пред време така и вие со напаѓање на жената.
    Секоја приказна има 3 страни.
    Неговата, нејзината и вистината која е обично на средина негде помаѓу првите две.
    Јас имам другарка која што има дете, разведена е и секој викенд искача па не сметам дека е нешто лошо тоа, има кој да и го чува детето, си го гледа си го пази секој ден нека искача зошто да не.
     
  14. BloodElf

    BloodElf Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    724
    Пол:
    Женски
    Не знам, се надевам.
    Никаде не реков дека таткото е родител на годината. Ниту го познавам, ниту го бранам.
    Не сум на ничија страна.
    Мизогинија е да сакам невино дете да расте во здрава средина?
    Не знам по што заклучи дека имам различни стандарди за таткото.
    И и таткото да ѝ забранува на мајката да го гледа детето, а притоа да го остава на рандом луѓе за да си шета и да го запоставува исто ќе искоментирав.

     
    На BlackNight му/ѝ се допаѓа ова.
  15. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.426
    Допаѓања:
    12.083
    Пол:
    Женски
    По сликиве на Инста, гледам дека мајкава си го носи бебето со неа и во кафичи, и во ресторани, го шета во парк, слики става со него постојано, видеа, баш се гледа дека убаво си се грижи за детето.. Ама става и слики од дискотека, од клубови, ноќе, што најверојатно некој друг и го чува детето, па она си шета, ама јас па не гледам во тоа проблем, подобро е да си ја живее младоста и покрај тоа што е мајка него да седи 24/7 дома и после да лечи комплекси врз детето.. И како се најдовте сите душебрижници, таа била немајка затоа што искачала во дискотека, и детето и го чувале мајка и и татко и, а вие сте мајки на годината затоа што ќе го истепате детето за една саксија со цвеќе што ви бутнало, или па затоа што се извалкало 5 минути пред да одите негде..
     
    На mode-kristina, Feminka22 и Mother of 2boys им се допаѓа ова.
  16. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    2.850
    Пол:
    Женски
    Зошто сама да си нанеси повреди или друг да и нанеси, од која причина? Нели кај мајката оди детето после разводот. Освен неа да ја направат ментална и неспособна да се грижи за детето за да и го земи. Јас мислам тој има поголеми мотиви за ова да го прај.има пријателчиња се гледа. Можи го има пријавено па се има магично исчезнато. Се надевам има сведоци може родителите дека е пријавен во полиција.
     
    На Окситоцин ❤️ и Feminka22 им се допаѓа ова.
  17. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.232
    Допаѓања:
    248.061
    Многу интересн случај. По дифолт сум на страна на жената оти знам колку е тешко кај нас да докажеш дека си жртва на семејно насилство. Нека не ве чуди што нема пријави, како само знаат да исчезнат. И лекарско пак. Колку лесно и со тоа се манипулира. Нема некои огромни модринки, тоа да. Ама има нешто.
    Мене ме буни тоа што никој не стана да ја одбрани, од оние кои ги познаваат.
    Можно е, да сака да го намести за да добие старателство. Вакви игри се да не кажам веќе видени во овие случаи. Доста жени и провоцираат за да бидат нападнати.
    Што се не има, така да може она и да глуми за да добие старателство.
    Но си има стручни лица и ако си ја работат работата како што треба, ќе знаат дали мажот ја тепал или не.

    Другото, што излегувала и не готвела, се типични муабети за наше општество.
    Во ред е мајка да излегува, патем и јас излегов на 20 дена од пораѓај, ноќе. Се случува неколку пати досега да излезам, навечер, или преку ден. Ама тоа не е постојано.
    Мајка си и имаш приоритети, особено пак, ако се разведуваш. Многу работи се зимаат во предвид кога се носи одлука за старателство. Штом ти сакаш да излегуваш често до рани утрински часови, тогаш остај го бебето кај другиот родител.
    Оти колку пак ќе си способен следното утро мамурна да станеш и дете да гледаш?
    Ова не е малограѓански муабет, ова е скроз нормално и се очекува да ти како родител да се грижеш за тоа дете, а не баба му или дедо му.
     
    На VDT2906, Chantal, danichap и 7 други им се допаѓа ова.
  18. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.127
    Допаѓања:
    20.950
    Пол:
    Женски
    А што мислите вие, дека ако детето оди кај таткото, он ќе го гледа и ќе му мени пелени? Како да не, туку ќе го тупне кај бабата (мајкаму) и ќе продолжи да си изиграва жртва и ерген. И немојте да викате не се сите такви бидејќи 99посто од нашиве мажи се такви. Тоа 1 посто не живее веќе во Македонија. Девојчето какво е такво е ќе си го гледа детето, она му е мајка и најдобро му мисли.
     
    На DoubleK, Gosh, MeowMeow и 7 други им се допаѓа ова.
  19. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Само тие двајца најдобро си знаат што точно се случувало меѓу нив во 4 очи, затоа што кој и да е друг колку и да ги познава, пак не може точно да знае кој каков е зад затворена врата.
     
    На BloodElf, WhiteAngell, nextredstyle и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.051
    Допаѓања:
    87.264
    Пол:
    Женски
    Затоа реков институциите односно цср нека се занимава дали ги исполнува обрските и одговорностите како родител и мајка.
    Затоа што е точно дека има неодговорни мајки или немајки кои пет пари за децата не даваат за да тераат кејфови.
    И не смееш да спомнеш дека се немајки.
    А се.
    Факат се.
    Знам дете кое беше оставено на баба од 85 год и лепче со кремче .
    За греота детето.
    Како тоа какво е,такво е(facepalm)
    Знаеш колку деца се оштетени поради тоа и нашата општествена неодговорност кон нив и замижување?
    Не сте свесни колку децата трпат поради какви такви родители.
     
    На BlackNight, Oneo, evangelina.ina и 3 други им се допаѓа ова.