за зал го има во рециси секој 2 дом она сто не смее да се дозволи стравот да биде пресудната емоција кај жената и да не биде пријавено кај надлежните ..........моја подршка за сите девојки жени кои семејното насилство го осетиле на своја кожа
Јас лично длбоко од дното на моето срце го осудувам и презирам семејното насилство и не би сакала никогаш да се најдам во таква ситуација. Точно е дека секојднево има жени и деца кои се малтретирани, и тој факт ме ужаснува се прашувам како ли тие луѓе кои се осмелуваат да дигнат рака некому како би се почуствувале кога некој нив би им го направил истото. Никој не заслужува да биде третиран на овој начин, затоа што секој од нас има право да го ужива својот живот а не да биде нечиј роб или предмет на кој ќе се лечат фрустрации и комплекси.
значи марама само твојот пост го прочитав и морам да ти кажам дека ме расплака многу ми е жал за тебе,ретко нешто вакво може да ме извади од такт..... мој совет е само да ја пријавеш мајка ти во -семејно насилство,организации-за да се смири овој кошмар кој те прати. страшно е што така се однесува со тебе,ова може да направи трауми и последи ци на тебе за цел живот...стварно браво за тоа што си искрена тука и што си силна девојка која го поминала сето ова и сеуште издржуваш се..... ама ова мора да заврш,неможе вака.... јас сум тука ако ти е срам или нешто јас ќе дојдам со тебе и мора нешто да решиме, најжално е што некои луѓе плачат затоа што неможат да имаа деца,цел живот,а некои им го одземаат и загорчуваат животот на тие деца кои го имаат...
Семејно насилство во 21 век. Ајде, немате никаква обврска никого да трпите? Кој му го дава па него правото да уништува, да тормози? Девојки, жени. Не трпете насилство, не се плашете од последиците. Сигурно животот ќе ви биде многу подобар од сегашниот со насилство. Треба да се направи само првиот чекор, потоа се е полесно.
zdravo mnogu mi e tesko dali moze nekoj da mi dade sovet?ziveam so grupa na luge koi psihicki me maltretiraat iod edna vesela osoba stanav razocaruvanje a najloso od se e ko ubeduvaat mazot mi deka jas treba da sedam non stop doma zaradi malata.kako pak da se vratam vo normala da bidam onaa istata vesela devojka?mislam deka site se protiv mene.i jasno mi pokazuvaat deka me mrazat a js se trudev da bidam ok so site. imam dete so posebni potrebi i zaradi faktot deka sum rodila bolno dete ne vredam.na sekoj nacin me odbegnuvaat . znaete ne sekogas e loso nekoj da ve tepa.poloso e da psihicki ve unistuva. ve molam pisete mi pocnav da ja citam http://www.thesecret-officialwebsite.com i ja preporacuvam na sekoj.
Софче душо жал ми е за твојата состојба. Зошто не разговараш со твојот сопруг и убаво објасни му (штом тој самиот не знае) каква е твојата ситуација и како се чувствуваш ти. Кажи му што мислиш, што чуваш во тебе, дека не можеш да продолжиш така, дека треба да е со тебе и да те сфаќа и подржува, тој повеќе од било кој друг. Обиди се така, па пиши ни што се случува.....
probav da mu objasnam on mnogu me saka no zalosno e sto vlijaat i vrz nego .imam dete so posebni potrebi a oni se kako ne vnimavam na nego ne cistam itn...znaci mu zboruvaat protiv mene a znaete ako uporno vi govoram nestoi vie ke go prifatite toa.nemam uslovi da se podelam nitu da zaminam podkirija.koga otidov posleden pat za terapija vo ohrid sama majka mu uporno zenati tamu ne odi za vezbi odi za setanje i uzivanje t.e me pravese (kurva)a mazot mi me znae koja sum jas i dali sum takva i navodno mu vikala zosto da odi gubi vreme a efekti kaj deteto nema.pozdrav
На жената очигледно не ја боли за нејзиното внуче и за страдањата на нејзиниот син поврзани со неговото дете. Поинтересни и се чашит-муабети. А колку таа се спасила што никој неа не и префрла дали заради некој нејзин ген е вашето дете такво. Ме сфаќаш нели? Колку повеќе нопачење во едно семејство - се полоши и надолу одат работите. Во секоја смисла. Потруди се да влијаеш на маж ти да ги занемарува нејзините мислења. Најверојатно знае и сам дека животот на родителите како што сте вие е во далеку позанемарен план отколку на родителите на нормалните деца.
останав без текст марама, секоја чест на храброста и издржливоста (познавам многу луге кои се пораснати или без татко, или без мајка, ама верувај ниту една личност не познавам која е храбра што си ти) тоа што мајка ти ти прави (начинот на однесување) е типично психичка тортура(секоја чест како издржуваш) ако можам на било кој начин да ти помогнам слободно кажи ми
Јас уште од мала имам проблеми со моите..Но пред некој ден неможев да издржам и ги пријавив ана џабе е се кога татко ми ги има сите пријатели во полиција.Бев и во социјални грижи ја викнаа мајка ми на разговор.Сега нема некое физичко насилство,сеа појке тераат на психичко..мајка ми ме вика курва,ненорнална, и што уште не.Раскинав со дечко ми,ме скара со сите другарки...немам никој појке знам дека животот иде понатаму,амасеа кога ми е најпотребно другарството,таа ме скара со сите..им се закануваше дека ако не се тргнат од мене ке ги пријавела во полиција за кражба.Незнам што мајка ке беше..си викам подобро да отидам во дом за малолетници отколку тука да седам пекол е..неможам да издржам повеке.
Марама прво да ти кажам ти се восхитувам на храброста и на трпеливоста. И после се што ти направила ти секогаш си и простувала и секогаш сакаш да и угодиш да ја направиш горда и задоволна од тебе. Но ниедна мајка свесно не би ја навредувала така својата ќерка. Извини сега,но на што има рак? Ако е на мозокот разговарај со психијатар или психолог распрашај се дали може некако да и се помогне пробај да ја наговориш да оди да се посоветува. Ако не ти оди разговарај одвој време разговарај со психолог нека те посоветува како правилно и мудро да постапиш, јас од се срце ти посакувам се најдобро. И Анхепи прво да ти кажам дека ми е жал,второ не разбирам и мајка ти и татко ти двајцата се малтретираат психички? Мислам освен мајка ти и татко ти ли прави проблеми? Ако е така не ти препорачувам да одиш во дом за малолетници јас не знам како е,но според филмови во Америка е ужасно,а не пак во нашата држава што конечно власта направи нешто корисно односно закон против семејно насилство. Имаш 17 години(ако возраста ти е точна) еве уште една година и ќе бидеш слободна. Јас да бев на твое место би штедела пари за факултет. Прашај некои од роднините(некои блиски кои знаат за ситуацијата и секогаш се спремни да ти помогнат) прашај ги дали можеш да престојуваш кај нив, не можеш вака ќе си го упропастиш животот. Поточно тие ќе ти го упропастат животот, ти посакувам се најдобро и се надевам дека од Анхепи никот ќе ти се смени во Хепи.
Незнам дали некој од роднините би сакале,не ми се верува..единствено баба ми ама стара е несакам да ја вознеирувам..жал ми е за неа..ке видиме идам на разговори со социолог..незнам што ке бидне..Се надевам на све најдобро дека ке заврши сево ова
Страшно ме погодува оваа тема, секогаш јасно и гласно го искажувам ставот дека една личност - било маж или жена - не треба да дозволи некој друг тоа да му го прави. Сум била сведок и на семејно насилство во кругот на семејството, верувајте, во секој момент можам да си ја вратам сликата што е за мене лично премногу шокантна. Форумот е анонимен, а јас не можам да се искажам и да ги најдам потребните зборови. Доживеав и насилство од страна на еден поранешен дечко, и таа слика ми се враќа во главата секој момент. Понекогаш се чувствувам јас дека сум виновна поради тоа, и ми иде некој таков силен гнев, што да е пред мене еден од тие двајца мажи кои најмногу ме повредиле, јас мислам дека сум способна да ги убијам со голи раци Страшно, во каква личност може да те претвори гневот ?! Прилично сум весела како личност, опкружена сум со многу пријатели, се смеам и правам шеги, но потајно во мене помислувам - дали е тоа само една фасада, лажна како убава тапета зад која се крие ѕид од камења... Можеби сето ова ме направи да созреам побрзо, да бидам со пошироки сфаќања. Но, тоа е трага од минатото, белег кој за жал секогаш ќе остане со мене. Помислувам и на тоа да посетувам психолог, но ми е многу тешко да се отворам целосно. Не сакам да разговарам со домашните од проста причина што тоа било и поминало, но ете... Јас уште не можам да го заборавам.
жално е стварно и јас имам многу проблеми како вас,само разликата е во тоа што вие имате барем некој кој ке ве подржи и имате рамо за плачење јас тоа го немам. Јас сум девојка со посебни потреби имам епилепсија и еднострана парализа на десната страна ногата ми е во одлична состојба но раката ми е многу во лосо состојба со терапии се подобрува но за краток период пак се врака во истата позиција,средно имам завршено во специјално училиште п.о.у св.климент охридски ,ново село,струмица. осум години бев оделена од своите родители си доагав дома само летото 3 месеци и зимото,ништо повеќе,мајка ми е родена 1955 а татко ми 1920та,разликата знам дека е многу голема имам дедо помлад е од татко ми, но тоа е што е,откако знам за себе мајка ми отсекогаш беше агресивна и лоша секогаш не малтетираше мене и татко ми.Кога бев во школо бев смирена без нервоза,без стресови сосема слободна се чуствував таму го чуствував бескрајниот мир кој дома никогаш го немав а додека јас уживав во мирот татко ми секој ден беше под стресови и малтетирање,нонстоп го тепала и го мавала од дома спиел многупати кај сестра ми,го советувале да ја измава но тој не сакал велел јас сум стар што можам да сторам имам керка помала и јас не можам да ја чувам не сум способен,ова ми го кажуваше сестра ми од татко ми но од друга мајка (кате) викал да бев сам ке ја измавав и ке заминев во дом бидејки знаеше дека никој нема од неговите деца да му рече тате јас ке те чувам сите се изроди,тој ми се јавуваше во неделата еднаш да праша како сум што сум,мене воспитачката само што ке ми кажеше неделче на телефон те бараат срцето ми заблакуваше и од радост и од тага,зашто го многу сакав и многу ми недостигаше тој човек беше еден и единствен кој ме внавистина сакаше искрено,секако имаше една маана а тоа што беше доста скржав,тој кога ми се јавуваше секогаш ја криеше вистината од мене за да не се нервирам но сестра ми понекогаш се јавуваше и ми ја кажуваше вистината и всушност се знаев што се случува ако тој се обидуваше тоа да го скрие од мене,додека сестра ми ми ги кажуваше случувањата јас себе се обвинував за се,си велев о боже зошто толку неправдини кон татко ми што толку ти згрешивме за да патиме вака,многу пати паѓав во депресија плачев премногу сакав да ме пуштат да си одам станував на моменти депресивна кога се потсетував на тоа што сестра ми ми кажуваше,како го малтетирала,како го мавала од дома со стап и при викање полиција не ја уапсиле затоа што полицијата ја знаеше каква е дека не е добра со паметот,го колнена него,сестра ми кате,брат ми кој седе на втор кат сета моја фамилија од страна на татко ми,јадела гомна како демек снаа ми спиела со татко ми тие деца што ги има брат ми демек се на татко ми па он ги издржувал нив ,дома пари не донасал она трпела итн. а јас знам дека татко ми ја трошеше целата плата тука за нас,секое зимо се колаше по 2 свињи по 160 кг, и пак незадоволна беше,секој ден иста приказна.За моја среќа не бев тука иначе кој знае што ке се случило со мене,еден ден кога си дојдов летото отидовме сите тројца на лозје имавме ливада преголема со викендица и мајка ми и татко ми се спречкаа без везе таму,мајка ми одеднаш избувна демек татко ми ебел една комшика која имаше одма до нас лозје и таа почна да се дере да урла како луда и сакашец да го тепа му намавнуваше со рака и јас ја бутав да се тргне од татко ми а бев толку многу исплашена сто рацете ми се тресеа бев 4то одделение тогаш,и оваа зошто сум ја бутала ми се нафрли мене и дереше се као нешто -ти ли на мене помочуло рака ке дигаш кој ти переше мочките и гомната кога беше у пелени и мене ме удри 3-4 пати добро како да ме направи модра пошто луге има стварно тешка рака а и силна жена е реално,и татко ми и викаше -остави го детето на мира оно не ти е криво ништо удри ме мене не нума,а истовремено и он плачеше, бута ја трга ја што ти знам и оваа кога зема имаше сечени стапови од џанки сливи па по него удри мавај овој татко ми додека да земе и он стап да се одбране оваа го беше утепала а јас плачам на цел глас он стар човек а оваа голема кобила може на место тука да го остави,знаете ли кој стрес го добивав за мојот одмор,таа мајка ли е гавол ли е,бев страшно уплашена никогаш немаше ден а да немаше тепање и расправање тоа беше добро утро добар ден,кога бев мала секогаш кога ме тепаше си велев кога ке пораснам ке ти вратам,го пишувам постот и минатото одеднаш почнав да го гледам пред себе,солзите сами течат.Мислев дека тоа беше најлошиот кошмар во мојот живот,но не отпосле сватив дека тоа било само најлош кошмар во моето детство.Кога завршив 8мо си дојдов во мојот роден крај,летото помина како и секогаш што било,дојде септември татко ми сакаше да продолжам со средно училиште но повторно во специјално училиште и да седам во интернат во Штип Искра се вика специјалното средно училиште, тој беше инат но јас поголем,првпат во животот сама направив таков чекор да се противставам на татко ми,јас само му одговорив на тоа-тато или тука во редовното запиши ме да учам или не одам никаде па подобро ке седам дома него пак да седам во интернат нема шанса,цело детство го поминав во интернат повеке нема.и тој виде не виде ми дозволи да се запишам во редовното ,се запишав општа гимназија,од тука почна секојдневното слушање на расправиите и ми се често случуваше да отидам било каде само да се исплачам на раат и да не слушам се што се дешава дома,во школо запознав друштво кое ме научи да пијам и да пушам цигари ,почнав да излавам секојдневно во кафичи од школо директно во кафич,сите пиеја кафе и сок или вода јас пиев сечен коњак не дека сакав но кога ке се напиев полесно ми излаваше тешкотијата преку солзите,сред бел ден пијана се вракав дома а имав само 16 години татко ми се многу нервираше што ме гледаше таква а ја само ке клкнев пред него и ке му кажам-тате не можам да издржам тешко ми е саката сум не можам сама да се грижам за тебе а мајка ми не ја сакам тука,ја мразам во дното на душата,така често се дешаваше да биде а он само ми велеше и плакаше -керко немој не си го уништувај животот уште сега,не ме разочарувај мене знаеш дека тебе тато те највеке сака ти си моето истривче (демек најмала и најмила) :'( :'( :'( :'( сум му и ме гушкаше,после завршив прва година,почнав во втора при крајот на ноември си фатив дечко и потоа 8 март татко ми доби прв мозочен удар за една недела се беше оправил малку а јас умрев од плачење и грижа и се молев да остане жив,фала му на бога се оправи почна да станува од кревет ,татко ми имаше 13,000 евра во банка а мајка ми по пари уста толкава,и само што почна да се оправа оваа почна да го шета по судови по нотари за да и препише парите го малтетираше човекот додека јас бев во школо а он сеуште неоправен како што треба а времето беше баш жешко не како сеа во јуни е ладно,и за брзо време доби и 2 мозочен удар,ја се вракам од школо и гледам татко ми пак во кревет ни зборе ни ништо само офка и ја целата уплашена викам и на неа амори што му е нели добар беше нели почна да се оправува што му направи и изволтирана целата накај неа,и она ми објаснува и плаче татко ти добил втор мозочен удар така речеа докторите и дека овој пат не веруваат да се спасе,и ја викам како се деси што како,и она ми објаснува дека кога се возиле накај град со такси бил во банка па од тука кај нотарот и така натам навам го шетале не сакале да го послушат да ги препише парите на неа пошто зет ми работеше во банка и под негови наредби работеше банката,пошто како они ке земат дел утре кога татко ми ке умре и они сакаат дел од тие пари ако не се дојделе еднаш да го видат како е ,треба ли му нешто,туку само он ако отидеше и тоа е а живеат на 5 мин од нас,и татко ми се заморил и добие втор м.удар, јас како луда трчам по болница луге спасете го татко ми што ке правам без него јас освен него немам никој кој ме сака,они само ми викаат правиме се што е во наша можност правиме се за да се спаси али не е прв удар ова е втор еден по друг,ви кажав не смее да се заморува ,не смее да се вознемирува.почна кукава да мирише на мочки,гомна,тој не можеше да зборува само со очите ми одговараше да и не дишеше преку уста а кога дишеше како внатре во организмот вода да имаше така крчеше нешто,не јадеше не пиеше ништо недела ипол само инфузии примаше и инјекции и докторите ни рекоа да му ја топиме устата со вода или со течностбев страшно разочарана од се пошто докторите велеа тешко дека ке се спаси и дека за недела две ке умре на мама и го тоа кажале мене она кога ми го кажа ,не знам изгибив желба за се се разочарав од се и ке седнев до него и ке му зборував тато ако умреш ке дојдеш ли да ме земеш со тебе,што ке правам јас без тебе а он само со прст ке ми викаше не и ке ме гледаше тажно и солзи ке му навираа во очите,ова го пишувам и страшно плачам сеуште ми е тешко имав само една желба во мојот живот а тоа беше татко ми да биде жив но овојпат господ не ми ја исполни желбата а јас бев скршена како стакло само што единствено дечко ми ги собираше никој друг,единствено тој беше со мене во најтешките мигови во мојот живот,2 месеци по неговата смрт мама почна да зема пензија а мене денар не ми даваше,срека голема што една жена од струмица ми кажа дека ме следува посебен додаток па кога се запишав во средно отидов до социјалното и завршив работа,но требало не на мое име туку на старателот и посебниот додаток е на мамино име,во прва година поднесов барање и не бев ништо известена,летово кога завршив прва година пак отидов во социјалното да видам што е работа зошто ништо сеуште нема,они ми велат-не бе ги пуштивме 2 месеци по поднасањето на барање и јас велам не бе јас ништо не земам,они-а бе можеби мајка ти ги зема,викам-ако ги она зема ке ми е кажала а она ништо ми нема кажано,-и они ми викат пред 3 дена се пуштени ај отиди до поштата и види ако нема дојди и јас одам посебен додаток за калинка чукчуковска и велат има и си велам опааа колку е тогаш беше околу 3,100 денари,и одам дома и и кажувам и она упорно ме лаже не признава а во поштата убаво јасно и гласно кажуваат дека она ги зема,после ја набеди снаа ми демек таа ги земала,после па сестра ми едноставно сите по ред само она не е,и ја ништо знам дека е ненормална.И после по смртта на татко ми од тие 3,100 почнав да се издржувам за јадење,книги за во школо,облека за се самата да се снаогам срека татко ми ми заштедил па кога не ми стигаше вадев од банка за да се прихранам,да си купам нова облека итд првото зимо дојде без татко ми како ништо таа не сакаше дрва да купува не купував ни јас тоа зимо се греевме со гранки како во правремето,јас не можев да го идржам тој студ што таа го идржуваше па дечко ми ме викна кај него да седам да не мрзнам како куче тоа зимо бев кај него али сепак срам од неговите комшии ово оно помина,веке бев свесна дека сум сама дека го нема татко ми и дека веке немам потпора како што имав како кога тој кога беше жив секое следно зимо бев принудена јас да купувам дрва со тие 4000 евра кои ми ги остави татко ми за кога ке се омажам тој така ми кажуваше овие пари ти се за кога ке се омажиш.од неговата смрт па наваму сум подложена на секојдневни расправии со неа нонстоп ме нервира не ми дава раат да си го јадам лебот што си го купувам,а како прво таа нема дел од куката бидејки куката и лозјето се се водело на баба ми на татета мајка и таа немаше право на ништо само дел од парите што тој ги имаше во банка,и ем живее во мое ем пак си се праве таа газдариц,секогаш ме критикува за струјата а ако и јас плакам мал дел од неа,или ако не сакам да изгасам телевизорот почне да вика по мене и од штек изгасе ми телевизорот,секој ден иста песна,пред 10тина минути пак се разбуди демек во веце и се оди па почна да урла -гаси компјутерот да не го скршам а предходно ми го скрши мојот лаптоп пред 2 месеци сеа се служам со на дечко ми лаптопот,ми го скрши телефонот зш многу струја и трошело се ми поеба,завршив школо барам работа неможам да најдам,бев да се жалам кај сестра ми да ми помогне некако пошто има врски и ако сака може да ми помогне она ми вика неделка не ме задолжувај со такви обврски иди самата прашај за работа библиотекарот Моне отидел во пензија оди прашај го директорот на градска библиотека,кажи му да те има во предвид.И јас фино лепо отидов тоа беше сеа скоро пред 2 недели и отидов викам директоре вака вака и вака без работа сум а сама се издржувам парите кои татко ми ми ги остави веке ги нема останаа уште малку за што попрво да ги дадам дали за дрва да ги чувам дали за јадење и за лична хигиена,а 500 денари само давам за лекови Епиал за епилепсијата што ја имам,и он прво ми вика ,те разбирам знам како ти е ,сто имаш завршено ово оно и ја му кажувам,и он ми вика библиотекар не е само пиши број на книга во тетратката и толку,таму има и други работи кои треба да ги знаеш денеска се бараат со факултет ово оно почна,јас му велам директоре јас сакав да продолжам но немам пари,финансиски никој не ми помага со 4000 сврзувам едвај крај со крај он ми вика ако ни треба библиотекар ке те имам во предвид само не ти ветувам ,само ке треба да посетуваш курс по библиотекарство тоа се плака околу 10,000 денари,и јас му викам ок нема проблем на рати ке го исплатам,ке трпам но барем ке го решам мојот финансиски проблем,после тоа ми вика не знам дали ке може на рати не сум сигурен,викам е добро де ке земам в заем ке го платам одеднаш па после ке ги вракам парите,ПОСЛЕ ТОА ми вели ама не знам дали можеш ти да го посетуваш бидејки си невработена а таму одат оние кои веке се вработени,И ЈАС И НА ТОА МУ ОДГОВАРАМ,епа велам супер ке ме вработите па полесно ке ми биде нема да има потреба да се задолжувам за да го плаќам курсот туку ем ке си работам ем ке си одам на курс,И ОН НА КРАЈ МИ ВЕЛИ, ти кажав ке те имам во предвид ако ни треба,всушност ни треба ама од владата не ни одобруваат поднесов барање за дозвола да вработиме уште еден бидејки работи само една жена ама ме одбија,после барање и градоначалникот и него го одбија и сеа сме на чекање кога ке одобрат тогаш ке примаме не е ништо до нас,ја му викам не,јас само дојдов да знаете да ме имате во предвид,ме лажеше и ме лажеше мисли оваа е со посебни потреби па ке ја ебавам како сакам ама проблемот е што не му поверував,а претходно 2 пати бев до кај градоначалникот и му кажав се за моите проблеми,дека не ми стигаат овие едвај сврзувам крај со крај и дека подитно ми треба работа,велам со дрва како да се снабдам не можам тукутака да најдам работа бидејки не сум за физичка работа а тоа беше предизборите и ми вели оно место да се прима се мава,сакам да ти помогнам али не можам не е до мене,да беше до мене одма ке ти помогнам ама тоа зависи се од владата како од таму наредат така правиме,како ке ни свират така ке играме,баш така ми го кажа тоа.По интернет барав но ништо не можев да најдам ама баш ништо,се се бара факултет и англиски јазик баш тоа што не го поседувам јас и крај краева сакам да најдам работа и истовремено да се записам на ај ти академија вонредно,преку интернет да учам такашто и бесплатен курс по англиски ме следува,ама ај да се запишам кога сите ме прават неспособна и не сакаат да ми помогнат,не ми го кажуваат во лице еј ти си ненормална,ама зборовите кои ги употребуваат се наменети како за таква особа,му пишав на Груевски проблемот но и тој ме игнорира,не знам веке што да правам верувале или не изморена сум од се и криво ми е кога некој ке рече деца со посебни потреби се ретардирани,НЕ ЗНАЧИ да им надовестам Што да правам не знам кај да се обратам и нема,а мајка ми ја пријавував милион пати во полиција дека ме малтетира и само ја опоменуваа и толку и конечно со дечко ми еднаш отидов заедно во станица околу 7 навечер пак да ја пријавувам али овој патнавистина и поднесоа тужба,беше ме мавала по соба со нож за малку да ме прободе па одозгора на се пред да го зема ја заклучила вратата и клучот срека беше на врата па едвај отклучив и избегав кроз врата боса иначе кој знае што ке ми се случило можеби сеа немаше ова да ви го пишувам и после неколку месеци ни стигна покана од суд а јас ја снимав со телефонот како ме колне,како ме врега курва сум била со татко ми сум спала не знам уште што не ми кажуваше тоа и беше добро утро добар ден ви кажувам ме колне секогаш не бира дали ке се празници или не,да ме стават во сандук кај татко ми да ми разнасала за бог да просте,она ме родила она ке ме умрела... уште што ти не,луге и покрај сета болка што ми ја нанесува не можам да ја измавам,не ми дава совеста,како прво се прашувам каде ке оди никој нема да ја поднесе кој и да ја прима дома,како второ таа ме пере,вода ми носе да се избањам пошто јас не можам да дигнам 15кг врела вода со една рака,немаме бољер ништо ни пак перална,единствена опција ми е јас да излезам од тука иначе јас и она заедно дефинитивно не оди,но се прашувам КАДЕ? каде да одам да сум сосема здрава раката да не ми беше во лоша ситуација да излезам од тука па како знам и умеам а јас пола човек кај да одам,веке не ми се ни живее немам сили веке,кога си помислам како ке прокарам ова зимо без дрва ми иде да земам отровот и да ставам крај на сето ова и на сите овие маки....
Девојко ти не си сама. Имаш брат и сестра. А според напишаното сестра ти се грижи за тебе и нема да и е сеедно ако нешто ти се случи тебе. Тоа е фамилијата твоја на која треба да се обратиш, од друга страна можеби дечкото би помогнал. Не е ни најмалку срамота да си седиш кај него ако те он сака таму, а комшиите нека зборат, кој ги слуша, важно да не страдаш и трпиш кај што си сега. Сестра ти и брат ти живеат во друга куќа, така? А кај ти живееш со мајка ти, куќата е на твое име? Излези од таму. Нека се шири она сама со никој штом е таква. Има начини душо. Макар кај сестра ти во едно мало собче, ама пак поарно ќе ти е, еве препиши и дел од куќата како знак благодарност, почит, договор...нели не и бараш милостина, еден ден и нејзините деца ќе имаат да делат. Друго финансиски. Тие 4000 што се што ги земаш? Дали се социјална помош, инвалидска пензија или туѓа нега? Оти ако не можеш ко што велиш да подигнеш водата или да се испереш, тогаш можеби те следува туѓа нега, па барај од државата. Макар да земаш само додека не се обезбедиш со некоја работа. ОК е дека не сакаш да ја бркаш мајка ти од дома. За разлика од неа ти си човек, и тоа не пола човек туку човек и пол. Излези од таму да не те тепа и малтретира жената физички и духовно. Излези и остави и отровот на неа.
da imam,ali na nikogo ne mu e griza za mene toa e problemot sto i da mozat da mi pomognat velat ne me obvrzuvaj so toa
неделче јака ти душа како ја поднесуваш мајка ти како што и сама знаеш дека во дрзавава се функционира со помош на врски и не си ти како што велиш половина човек, ти си ХЕРОЈ, и не се отказувај се ке се среди
da sestra mi e mazena no isto vo mojot grad odaleceni sme edna od druga 5 minuti odenje ali ako jas otidam kaj nea ok,a taa da dojde kaj nas ne,zs majka mi se ispokara so site taa mi e polusestra a toj polubrat od razlicna majka od isti tatko,a brat mi i jas ziveeme vo ista kuka samo toj sede na gorniot sprat jas na dolniot,ali ne znam kako da ti objasnam ne se ponasa kako brat poveke mi e kako stranec,ne samo brat mi ili sestra mi opsto site se takvi od taa familija (tatkova mi strana) ako se snajdes dobro ako ne nikoj nema da ti pomogne,na sestra mi i pobarav da mi pomogne da se razprasa za rabota ona nemkorski mi odgovori ne me obvrzuvaj so takvi raboti i jas imam problemi,baraj trazi mi veli,i sto sea da pravam jas,a inace da,so majka mi kade sto ziveeme toa e moe,na moe ime e,Tie 4000 den se poseben dodatok ke gi zemam do 26 godini a posle ke treba da odam na komisija pak i togas pravo da ti kazam ni 3000 nema da zemam a ne 4000,a ako sea so 4000den edvaj svrzuvam kraj so krak kako ke bide togas,bolje da ne ziveam do togas ,ako sea ne mozam da izdrzam sto togas... ova sto vikas za sestra mi da mi dade sobce,sestra mi i brat mi dodeka bese ziv tatko mi se mu vikaa nie ke ja cuvame ovo ono,posto i brat mi i sestra mi se generacija so majka mi,a koga umre tatko mi togas mi go zavrtea grbot,togas mi se srusi svetot vrz glava koga uvidov vsusnost kolku me sakaat a drzavata sto ke mi pomogne ,ona dava samo na tie sto prosat i sto nemat nisto na nivno ime a mene nisto ne bi mi pomognala zs imam sprat na moe ime,vsusnost nemam ni pola sprat zatoa sto koga se delese po pravilo me sleduvase pola sprat mene pola na brat mi ama site me ubeduvaa da mu go dadam edniot podrum 15m2 na brat mi i edno sobce od 8m2 se sozaliv i se sloziv toa da pripadne nemu posto mi bese zal on ima 2 sina a tie 2 sina ne ke mozat gore na sprat da sedam vo dve sobi i na kraj znaes sto mi napravija? i po pravilo i od dvorot trebalo da ima del jas ne se sloziv zs brat mi si ima dvor negov so poseben vlez i brat mi rece dobro neka go pisat kako sto treba posle dvorot ja ke ti go prepisam preku notar samo eden stepenik ke bide na moe ime zs da mozel da vleva i izxleva od toa sobceto 8m2 i se sloziv taka i cim se se sredi brat mi si kuti za dvorot,jas mu spomnav ednas dvapati i on kako sea ne mozam izmoren sum imam rabota ova ona kako da ne se zamara,vrte mi glava,i sea fakticki utre ne daj boze da se skarame moze komotno da mi rece ova e moe ti ne mozes od tuka da pominuvas,i jas od kaj ke izlevam na ulica? ke treba da letam za da iskocam na ulica.Imelda,sakam da izlezam da izbegam no kade? da bev zdrava mozebi do sea ke izbegav odamna mnogu odamna uste koga umre tatko mi,kaj decko mi ne mi se sea sede posto on sea od lani pocna so rabota vo gradezna firma vo skopje.PROTOTIP i nonstop e po tereni i ne bi mozela ni so negovite da sedam,negovite roditeli takodze ne me sakaat zs sum so rakata taka mu zborat demek kaj od tolku mnogu devojki ti ja fati bas nea,sto grozen li si sto ti fali,jadat gomna taka da... ne bi ni kaj nego,da imav eden stan vo skopje ili vo kumanovo mozebi ke mi bese podobro tamu bar imam drugarki tuka nisto,ovaa site moi drugarki sto gi zapoznav i sto se druzev gi nabeduvase deka mu bile zeni na tatko mi,tatko mi im daval pari za onaa rabota,pa demek go nabeduvale da se razvede od nea samo da zemel nekoja od moite drugarki... nema nekoj da e posten za nea site se ajduci,kurvi samo ona e postena,preeska od nevnimanie da izgase televizorot mrdna gi kabelite i stekot se odvoi od zidot sea struja moze da ne otepa,i sea vika demek ona ne bila mojte kabeli krivi bile,pregorel stekot od toa sto sum sedela na kompjuter,ne znam nema den da ne me trese,preeska bila kaj svekrvata na sestra mi ona sama e posto sestra mi i zet mi se na rabota do 4h i zborila demek jaS JA TEPAM,MALTETIRAM,MAVALA SAM JA OD KUKATA...i uste sto ne,demek sum ja vregala spala so drugi mazi a nema vrska,seto toa sto ona mi go pravi ode po narodot i me raskazuva demek ja toa i go pravam. Imelda ne znam kaj da odam iskreno,ni kaj da se obratam,mu pisav na Gruevski ama zaludno,totalno sum razocarana mislam deka vo ovaa zemja nema mesto za takvite kako mene realno teret mi e seto ova
ednostavo stanav premnogu nervozna,pocnav uste sea ponekogas koga epten se stresuvam da pijam diazepam,ne mozam da gi kontroliram ni solzite ni nervozata nisto,mi se cini uste malce ako posedam so nea... deka ke poludam citan na stranicata za smejno nasilstvo i se mnogu pronaogam tuka Психолошки последици на злоставувањето Насилството може да доведе до бројни психолошки последици. Следниве знаци исто така можат да укажат на злоставување: 1 .Напнатост, нервоза, чувство на слабост 2.Страв ( за себе, нејзиниот живот, животот на луѓето кои таа ги сака) 3.Чувство на срам 4. Чувство на вина 5.Запоставување на себеси 6.Губење на самопочит 7.Невротични реакции ( депресија, нервоза, напади на паника ) 8.Пореметување на спиењето ( несоница, кошмари) 9.Пореметување во исхраната ( анорексија, булимија, лоша исхранетост, дехидратација ) 10.Злоупотреба на алкохол и дроги 11.Проблеми со концентрација 12.Дезориентираност 13.Расеаност 14.Недостаток на толеранција и трпение 15. Агресивно однесување кон себе и кон другите 16. Обид за самоубиство 17.Сексуални проблеми ( сексуално однесување обележано со присилба, подолг период на немање желба за сексуални односи) 18.Пореметување на посттрауматски стрес 1,2,4,5,6,7,8,9,10,11,12,13,14,15,16,17 sekade se pronajdov samo sto nemam custvo na sram voopsto
неделче незнам дали смееш да пиеш седативи(кои предизвикуваат зависност) оти не сите лекови одговараат со лековите за епилепсија и заборави на алкохол и цигари