Мене ми е сумљиво шо сите коментираат ,,не е он” ,,и она него го тепа” блабла А никој не става докази. Еве она сликала тоа шо има. Они шо не дадат контра аргумент? на ,,не е он” може дете од 3 години да верува. Јас од аспект на нормална здраворазумна особа сметам дека не би лажела за вакво нешо, прво пошо може да ја тужи за клеветење. Второ постот веќе стана вирален, ваљда неќе пред сите да испадне будала и лажов, тек тогаш ќе ѝ го земат детето Ама пример верувам дека не може да го пријави бидејќи и овде читаме по темите како жени идат и пријавуваат и полиција а они ништо не превземаат.
Пишуваат дека таа веќе е кривично гонета за семејно насилство. Само тој не објавил слики на фејс. Господ знае ,греота детето.
Нели би била у затвор или без детето ако е веќе тоа вистина? Тоа си размислив прво. Гарант нема да е на слобода или да ѝ го дадат детето ако го тепа и малтретира.
Значи ако една мајка става слики дека шета со детето, тоа е доказ дека убаво се грижи за него? По една слика се гледа тоа? Инста, фб и незнам што, не се реалност, туку е тоа што сакаме другите да го видат. Општо ова, зошто реално врска нема ова што го пиша. И да, и мајкиве што ги спомнуваш што тепаат деца исто ставаат слики ко неа по профили, ама ти незнаеш дали го истепала детето пред да излезат или не.
Кога ќе видам дека некој е жртва на семејно насилство се вадам од кожа, извира бес од мене, но секоја приказна има две страни. Малку ми е сомнително што ја нападнаа на фб луѓе што ја познаваат, а се свесни дека можат да бидат тужени за клевета, доколку тоа што го пишале не е вистина. Некогаш и жените знаат да бидат психо немојте да мислите дека само мажите се виновни. Како што кажав не знаеме баш што е вистината, можиме да нагодуваме се додека јавно не се изјасни и другата страна
Абе тој сопругот нејзин зошто не излези и не кажи дека не е вистина, зошто преку други мора да дознаваме вака? Маж ли е или што е? А и ова ако е манипулаторка тешка.... Тешко на детето со вакви родители.
https://text.mk/историја-на-една-љубов-и-едно-семејно-н/# Некако се помалку ми се верува дека измислува, што знам дали некој волку детаљи може да измисли....
Боже, боже... Дали готвела, дали чистела, колку често излегувала, дали имала дечко, се аргументи во 21 век за тоа колку мајката се грижи за детето?! Сериозни ли сте!!! Ама навистина?!!! И баш ме интересира кој во ЦСР ќе се осмели овие „аргументи„ да ги вреднува против мајката? Ама кога се работи за таткото, е тогаш тој може и да шета и да не чисти и да не готви!!! Пошто пази, машко е!!!! Бљак, бљак, бљак.... Ми се гади од ваквите умови!!! Уште ова... @JuLleE те прочитав нешто збориш за провоцирано насилство? Какво е тоа провоцирано насилство просветли ме, те молам? Дали е оправдано ако го провоцирала, или? Пошо, јас колку што знам, секој насилник е провоциран, нели?
Постојат тешки манипулатори што нема шанси да кажеш дека овој е таков. И јас бев во таква ситуација за жал. За цел свет се правеше као да е најдобар али дома.... Имав и другарка и другар што беа заедно и се венчаа и накрај се разведоа за неполна година и со дете. Типот ми беше толку мирен мислев на мравка нема овој да згази али ете крвнички ја истепал на мојата пријателка и оваа фала богу одма си заминала со детето. А расправијата беше дека тој бил издрогиран и не сакал да помогне со детето ( навистина било така бидејќи и тој ми призна) , и накрај она со модрици по глава а тој викаше дека не ја ни удрил "толку силно" туку дека таа самата си го направила тоа. Не можеш да знаеш што му се крие на човека во душата. А на жена неможе туку така да и текне да остави маж и фамилија имајќи дете. Затоа јас сум на страната на девојката, бидејќи знам како е да пријавуваш и никој ништо да не прави а и милион дупки има во тие записници што ги праат полицајците
Чекај малку. Нема да заземам страна во приказната. Не знаеме тој каков е како татко и таа како мајка. Ама до кога по дифолт ако децата се кај таткото значи дека бабата ги гледа. До кога со мислењето дека само мајката му мисли најдобро на детето и дека мајката е таа што повеќе ги сака децата.
Ана често се случува за да го наместат, го провоцираат. Или први удараат, за да вратат. Да бидеме реални, секој има точка на пукање. Овие совети често ги добиваат од адвокати. Или за да го пријави и фати. Што се не има.
Пак не ми е јасно? Како може некој да ме намести за да удрам некого? Како? Со сила рацете ми ги влече да го тепам или? Дури и да те удри некој, ако не си насилник нема да вратиш. Ете толку е просто. Особено па мажињава колку наоѓаат изговори, ехехеееее.... Затоа ми е чуден терминот провокација за да удрам некого. Тоа му доаѓа исто како на силуваната да и речеш, го провоцираш, па те силувал, пример... Или женичкиве кога ги бранат мажињава изневерувачи, го провоцирала таа швалерката... мислам!!! Ама еве, дури и да го „испровоцирала„ женава мажот да ја удри, тоа повеќе зборува за него каква личност е, лабилна, лесно избувлива, итн... а тоа воопшто не се пофални карактеристики.
Точно, тоа сакав да допишам, ако не е насилник нема да ја удри. Ама реално малку се тие мажи што нема да вратат. Или може и од друг да е тепана, а да го мести мажот. Не знам. Би сакала да прочитам на крај што ќе биде.
Апсолутно сум за заедничко родителство и старателство по развод. Честопати и на темиве се имам изјаснувано за истово, ама... Во случајов со девојкава како што гледам она има мало дете, помало од годинка, за таа возраст мајката е од суштинско значење и ни татко, ни некој друг може да го замени нејзиното место, така да, во првите две години, сум за тоа детето да биде поголем дел од времето кај мајката, со можност да го гледа таткото, нормално. Во ситуацијава, навистина не знам што е точно, ниту пак можам да кажам со сигурност од тоа што е презентирано во јавноста до сега. Жал ми е за детенцето искрено. Неизживеани родители ќе го користат како пинг понг топка во меѓусебните пресметки
Сето тоа е во ред. Се согласувам дека мајката треба да добие старателство, баш како и што е речиси секогаш. Не ми беше зборот таткото да ја замени мајката, туку прво ми забоде очи тоа што се тврди дека таткото тоа дете нема да го одгледува а ќе го остава кај бабата. Како така? Дури и да е така во 90% од случаите, дури и 99%, не може да се каже со сигурност за овој случај. Второ е тоа што кажа дека мајката каква, таква му мисли најдобро на детето. А и тоа како е важно каква е мајката, и не, не мора да значи дека секогаш му мисли најдобро. Пак ќе кажам, не мислам конкретно за овој случај.
А бе нема грешка Ана Безразлика кој е удрен прв има право да врати, безразлика дали е жена или маж, тоа се вика самоодбрана не насилник. Нема што да и е простено удирање само затоа што е жена, принцеза па плаче кога ќе и вратат, насилник е насилник, ако кренеш рака на некого има можност да го добиеш назад ударот. *Не зборувам конкретно за случајов, не сум на ничија страна, којзнае што се десило.
Види, јас многу убаво имам осетено и на своја кожа како е и сопствената мајка да не те сака и да не те гледа. Иако имав (сега веќе не) голема фамилија, мајка немав и исто како да бев сама, пошто никој неможе да мисли дали детето е гладно облечено дали му чини дали не му чини , повеќе од една мајка. Мајката ако не те мисли, друг ич на к*р нема да те ставе. Еве сите се разидоа по свој пат а јас сама останав, нема никој кој да ме праша дали сум гладна дали сум жедна. Додека имаш мајка имаш и дом и се.
Тоа ти така мислиш, јас не. Затоа и ни е вакво општеството, оти уште од мали децата се учат да враќаат на насилство со насилство. После се чудиме што ни се случува Пошо сме луѓе и сме цивилизирани суштества (ваљда) постои нешто како самоконтрола. Е сега, или имаш или немаш, тоВа е