1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Семејно насилство

Дискусија во 'Брак' започната од aneta.oh-36, 29 ноември 2009.

  1. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.113
    Допаѓања:
    20.894
    Пол:
    Женски
    Не викам дека не те мисли али не е тоа тоа. Посебно на нашиот балкан каде што сите сме растени дека мажот е за да шета а жената за дома.
    Татковците можат да мислат само на физичките потреби на детето но не и на психолошките
     
    Последна измена: 31 декември 2022
  2. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Саноконтрола е да не одиш да тепаш ПРВ затоа што нешто си се изнервирал.
    Самоодбрана е нешто што постои и во далеку поцивилизирани општества од нашево.
     
    На PoisonGirl, Munchmallow20, mode-kristina и 4 други им се допаѓа ова.
  3. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    1.563
    Пол:
    Женски
    После деталите во сторијата и мене се помалку ми е верно да глуми лудило девојката.
     
    На mode-kristina и BloodElf им се допаѓа ова.
  4. Dumbledore

    Dumbledore Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2022
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    907
    Пол:
    Женски
    Молам? Дали читам правилно?
    Кој прв има толкави метални јајца за да удри некого заслужува главата да му е расцепена на пет дела. Самоодбрана не е насилство.
    Кога ќе сте во положба да ве тепаат до смрт, ќе видиме дали ќе седите мирни ко вреќи или ќе се браните.
    Светот е таков, гнидски, гнасен, никаков. Одбраната во ваков свет е храброст и квалитет што секој треба да ја има (особено жените, или треба да не се одбрануваат?)
    Како женско, или личност што живее во општеството, принуден си да научиш начини на самоодбрана, поради болесници што само сакаат напаст и штета да прават. Треба да имаш способности и реквизити за самоодбрана + машки семејни членови што може повеќе да те заштитат кога ќе се стигне до (недајбоже) насилни и опасни ситуации. Јас имам среќа што ги имам и двете, и секако се молам дека нема никој да има муда да ми наштети физички, за да не морам да се одбранам, и физички и по легален пат.
     
    На hermosa, Maca Macka, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.544
    Допаѓања:
    34.808
    Пол:
    Женски
    Самоодбрана кога ти е загрозен животот е едно и во тој случај е оправдано во цивилизираните општества, меѓутоа тука зборуваме за друго. Особено е загрижувачки што е општо прифатено како нормално да вратиш ако те удрат и децата се учат на истото. Затоа и имаме насилство во толкави размери.
    Јас не велам дека при насилство треба да се ќути и трпи, решението е едноставно, ќе го оставиш насилникот.
     
    На Bezimenka90 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Dumbledore

    Dumbledore Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2022
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    907
    Пол:
    Женски
    Насилството е настанато меѓу најпрвите луѓе на планетата земја (односно, во најпрвите животни, ама тука конкретно зборуваме за разумни луѓе еволуирани од мајмун). Тоа е природен рефлекс на опстојување во биологијата. Децата апсолутно треба да учат како да вратат на некој што нив ги мава, или да седат, ни криви ни дужни, и да пораснат во ранливи и кротки личности што секој може да ги гази затоа што се свесни дека нема да вратат назад?
    Вакво наивно гледиште прави ништо освен штета ако некој го прифати.
    Оставањето во повеќето ситуации не е ни лесно. Лесно е само да се зборува.
     
    На Miss666, Maca Macka, Осе и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Aaa ок, сега ми е јасно дека толку насилство во свет има, не заради насилниците туку заради самоодбранувачите.
    Да го намалиме насилството со тоа што ќе ја намалиме самоодбраната.
    Јасно (y)
     
    На mode-kristina, zuto, Серотин и 6 други им се допаѓа ова.
  8. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.544
    Допаѓања:
    34.808
    Пол:
    Женски
    Браво за размислувањево (highfive)

    Ај плс, не ми го извртувај муабетот.
    Си стојам на ставот, а вие како сакате. Во прилог на моево размислување се цивилизираните општества каде децата не се учат дека треба да се бранат со тепање и нашево каде важат шеријатски закони од типот „око за око, заб за заб„

    позз
     
    На Bezimenka90 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. BloodElf

    BloodElf Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    724
    Пол:
    Женски
    Некој да се однесува нерационално , налудничаво и те нападни, си игра играчки ќе помислиш?
    Ако не ти впери некој пиштол во глава значи ќе го оставиш да те истолчи убаво, така?
    Како ќе го оставиш насилникот, кога многу веројатно е да ти е физички неизводливо во моментот без и ти да вратиш или да се истуркаш?
    Патем во стресни ситуации ни сам не размислуваш, се исклучува мозокот и потсвесно реагираш, за какво учење зборуваш? Дали ќе се здрвиш, ќе гледаш да избегаш, или ќе удриш е сеедно, тоа не е одлука која си донесол свесно, туку автоматска потсвесна реакција за само-заштита!
    И патем и психичко насилство е насилство!
    Ти сериозно психопати кои свесно и плански си играат со нечие психичко здравје ќе ги прикажуваш како жртви тука? :puke:

    И да, во право си, за жал ЦСР слабо реагира на запоставување на најранливите, се гледа по тоа колку е нормализирано .. 21век ..:puke:
     
    На mode-kristina, Maca Macka, Angie1432 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. kalinaka

    kalinaka Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    610
    Допаѓања:
    2.042
    Пол:
    Женски
    Како не ја сфаќате @An-na што сака да каже. Не вели да не се браниш ако те нападне некој, туку првиот пат маж и кога и удрил шамар, си собира куферите и си заминува, а не и она му враќа со иста мера, па утре дента пак он и мава бокс она му враќа и така до недоглед си се тепаат.
    И јас моево дете го учам да не враќа кога го закачаат туку да си се тргне и да не се расправа и дружи со насилници, да каже на наставничка, да ми каже на мене.
    И детено од Хрватска што го убија им враќал на провокации па го начекаа сам и го убија од ќотек.
    Не знаш никогаш колку е луд тој другиот, не знаеш дали ќе ти извади пиштол, нож и толку да биде од тебе.
    Уште првиот момент кога ќе видиш дека си имаш работа со лудак тргај се зошто никогаш нема да се разбереш со таков човек.
     
    На Mother of 2boys, mode-kristina, Feminka22 и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Ти збориш за едно, Ана за сосема друго збори.
    Ти зборуваш дека не треба да враќаш на насилство, да не те доутепа.
    А таа вика насилство имало зошто се бранеле нападнатите, затоа имало толку насилство во свет, прекрасен виктим блејминг. :drunk:
    И апсолутно никој не зборуваше денес ако те удри, утре да му вратиш, или шеријатските закони на Ана, око за око, заб за заб.
    Ама баш никој.
    Тие работи се веќе одмазда, а јас зборував за самоодбрана, а не за одмазда.
    Нели бевте против превртување на муабети.
     
    На Munchmallow20, Angie1432, zuto и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.265
    Допаѓања:
    5.506
    Пол:
    Женски
    Самоодбрана е нешто што постои и во далеку поцивилизирани општества од нашево.[/QUOTE]

    Така е, во право си! И е уредено во кривично правна материја, како ,, нужна одбрана". Инаку прашањево е многу покомплексно отколку што изгледа. Може некој да те удри на начин што укажува на намера тешко да те повреди или да те убие и нормално дека како знаеш и умееш ќе возвратиш, бидејќи во спротивно нема да доживееш да кренеш и да се јавиш во полиција. Може да те шлапне и да си излезе и да тресне врата, па тогаш нема да тргнеш да го бркаш, но ќе се јавиш кај некој близок и ќе побараш помош, него ќе го пријавиш, ќе си ги земеш парталите или ќе се обезбедиш да не ти влезе повторно дома, ако домот е твој. А, има и друг вид првокации, жртвата со некои постапки и психолошки маниулации од насилникот се доведува до состојба на лудило, да реагира бесно и навидум непресметливо, за да биде окарактеризрана како ,, ненормална". Се има, за жал, Бог да чува, камо само сите вакви случаи да имаат праведна разврска во најдобар интерес за детето.
     
  13. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.544
    Допаѓања:
    34.808
    Пол:
    Женски
    Ај, не се праи наудрена, оти многу добро знам дека знаеш за што зборам ;) Од што немаш аргументи ги извртуваш мислењата.
    Да, стојам на ставот дека сме држава со шеријатски закони каде децата од мали се учат дека треба да се бранат со насилство. Па така, има случаи кога ако на детето во градинка му земаат работи, подучено од дома ќе го истепа другарчето. И ова потоа се провлекува цел живот. Во нормални, цивилизирани општества, вакво нешто е недозволиво :fubar:
    Ете затоа имаме толку насилници, затоа што уште од мали се учат дека тоа е нормално, да се одбраниш де :^) па понатаму истите ќе си наоѓаат оправдувања за нивните дела и секогаш ќе има некој кој ги испровоцирал, нели?

    Што да ви кажам, живејте со ваквите размислувања, ваше си е :?:
     
  14. Munchmallow20

    Munchmallow20 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.278
    Допаѓања:
    19.837
    Пол:
    Женски
    Ама чекај, ако му земаат работи на детето, не е насилство.
    Ама ако другарчето прво го удри што му викаш? Стој мирен и нека те тепа?
    Ете детево твое се трга, другово уште го тепа и шо да прави?
    Барем со рака ќе замавнеш инстинктивно ако ништо друго, нели?
     
    На Осе, mode-kristina и tambelina им се допаѓа ова.
  15. Тина 36

    Тина 36 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2022
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    118
    Пол:
    Женски
    Драги жени, ќе споделам една анонимна анкета, која е потребна за да се направи новинарско истражување за тоа каде затајува системот - државата, во случаите со семејно насилство.
    Одзема неколку минути, а одговорите ќе ни значат многу.
    Кој може и сака нека ја пополни.

    https://licevlice.mk/semejnoto-nasi...blem-spodelete-stav-da-reagirame-da-menuvame/
     
  16. Zumbulche

    Zumbulche Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2021
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.569
    Пол:
    Женски
    Во групите беше спомнувана жена адвокат што ги помага жртвите на семејно насилство, може некоја да ме упати,потребно ми е за блиска особа.
     
  17. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.578
    Допаѓања:
    40.005
    Пол:
    Женски
    Адвокат Катернина Котеска Стисниовска
     
    На Zumbulche му/ѝ се допаѓа ова.
  18. emiprg

    emiprg Нов член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2023
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Сакам само да си ги напишам маките пред да ме тепа повторно.
    Бев во брак 14 години, едвај излегов од тој брак, не бев тепана.
    Отидов под кирија бидејќи ме избрка од домот семеен
    Во март годинава се запознав со колега од работа. На почетокот беше најдобар на цел свет, се караше многу со мајка му, ама не помислив дека и јас ќе дојдам на дневен ред
    Прво ми се натури да живее кај мене, потоа се преместивме под заеднички стан под кирија. Тогаш се усили и почна пеколот. Првиот шамар беше пред месец и пол, вториот ден после тоа. Иако му кажав дека не сакам да бидам веќе со него, нападно инсистираше и му дадов втора шанса. Шамарите продолжија од понеделникот до денес. На работа нон стоп ми пишува, звони нон стоп, ми забранува да зборам со одредени луѓе, ми нагласува кога сум се уклучила на Инстаграм, нон стоп ми кажува во разни контексти со кој сум била и додека се возиме накај рабоа
     
    На Irenasirena му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Olivija oli

    Olivija oli Активен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2023
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Женски
    Многу ми е жал за тебе,ама мислам дека треба да бараш џаре што е можно побргу дали е тоа од твои блиски мама тато бато кој и да е,или да го пријавиш во полиција ама ако можеш и некој доказ да имаш или направиш.
    Скриј го некафе телефонот и нека снима или купи од тие малите камери со усб и поставија скришно во дневна …
     
  20. Cinnamon Bun

    Cinnamon Bun Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2017
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    5.994
    Пол:
    Женски
    Многу ми е жал, но мораш да прекинеш со него под итно. Не знам колку е опасен како човек, па ме интересира дали се плашиш дека може да ти наштети ако раскинеш? Нема многу фајде од полицијата, ама најдобро би било да му дадат една забрана за приближување. Уште подобро ако имаш некој познат во полиција.
    Ако пак мислиш дека животот би ти бил загрозен и понатаму (имајки во предвид дека полицијата е мртва ладна), смени град, држава, едноставно исчезни еден период. Секако, ако немаш деца. Тогаш би било многу потешко да направиш ваков чекор.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.