@nextredstyle јас сум против насилство во било која форма, ама за одредени ситуации треба да има исклучоци. И најчесто тоа е решението, зашто таквите луѓе не разбираат поинаку освен да се возврати со иста мера. Толку.
Јас како шо кажав, имав план Б. Затоа шо луѓето шо го тепаа не беа од истиот град од кој беше и он. И мајка му пријави. Он се плашел да пријави, ама оваа отишла. Мене ме викнаа на разговор во другиот град кај шо бев ама на мене ми веруваа а не нему. Плус и немаа докази. Ми викаа абе знаеме дека он лаже, ама мора да те повикаме. Се нашаливме, се насмеавме и си отидов. Он сам си се намести пред тоа кога ми праеше проблеми и затоа не му веруваа.
Добро, а вие што сте имале мака, дали вашите насилни мажи како дечковци имаа некои испади кои вие сте ги занемариле на пример или добро глумеа? Какви беа пред брак?
Ќе си дадам за право да одговорам иако не се омажив, некако исчезна ама беше во план брак. Се најубаво додека не почна да ми работи мозокот и да се бунам за некои работи
Ова ќе кажев. Да, но. Има големо НО. Работата е тоа што не сме многу едуцирани за начинот на зборување и физичкиот јазик. Има многу работи кои лесно може да ги пропуштите и занемарите, а многу гласно кажуваат за човек. Каде гледа најчесто, како стои, какви гестикулации прави со рацете, тонот на гласот, каков му е вокабуларот, микрогестикулации на лицето. Од психолошки аспект, дури и начинот/темпото со кое човек ја става шолјата за кафе на маса може да ти каже колкаво е нивото на емпатија во него/дали воопшто ја има. Запазете. Не е се ај убаво се изразува сигурно е добар партнер кој сослушува. На почеток сите се такви, ама одма можеш да извлечеш од некого каков човек е, само добро да обзервираш и да си го слушаш своето тело, а не срцето. Користете мозок, не емоции.
никад.. колку ми е жал за девојчињата денес, и нашите мајки, баби, прабаби... Што живееме во патриахално општество направено за да се сервира машкото его и садистичност. Подобро сам цел живот одколку со демон.. бегајте.
Абе никогаш не вели никогаш. Шо знае едно дете без родители или со родители од кои е малтретирано цел живот? Мисли дека тоа е нормално а и плус нема кој да му укаже шо е добро шо е лошо. Човек кога е сам, мора прво да се изгори за да му се отворат очите. Јас сега на километар ги намирисувам таквите, ама кога бев помлада незнаев. Неискусна бев, наивна, мислев дека сите имаат добро срце и добри намери како јас шо имам. Акл за друг пат. Жртвата никогаш не е виновна.
Јас се разведоа по 4-иот ќотек не пријавив во полиција ниту било каде само бев сигурна дека неќам да бидам во брак со насилник среќа имав што бев мажена во друга држава така да заканите што ги добивав беа преку интернет со помалку шанса да се остварат додека се разведував неќеше ни да се разведе не доаѓаше ни на рочиштето патував неколку пати џабе додека судијката увиде со кого работа имам си свати добро па му прати комбе со полиција да мора да дојде и те како се појави на рочиштето и веднаш не разведе без проблем на мое барање него ниту го зема во предвид ниту приказните негови.
Едно ќе кажам сите девојчиња уште од рана возраст треба да имаат задолжително одење на самоодбрана т.е. боречка вештина. За да не дојде утре некој лингур да ја малтретира. Јас си почнувам од себе уште во средно еден почна да ми се пушта, но нормално јас си бев повлечена и гледав да не правам проблеми зошто знам што можам да направам. Но тој упорно се закачаше за на крај физички да проба да ме повлече накај него и морав да употребам сила. Од тогаш веќе не му текна само му кажав јас сум тренирана за да те убијам до смрт гледај да не дојде до тоа. Сега имам ќеркичка здравје да направи 5 години одма ја праќам на карате или некоја боречка вештина за да не биде марионета на некое неартикулисано моронче.
@Brpbrp да, тоа е во ред. Ама, не секогаш можеш да си спремна (во случајов ќерка ти или ти; па и било која девојка/жена) во секоја ситуација. Нејсе, муабетот ми е и дека план Б не секогаш мора да се има (ова конкретно дека наназад е пишувано и посочено од членки), зашто ако цел живот имаш план Б, Ц, значи дека живееш во страв.
Има премногу ненормални, треба тепање во станица. Еднаш ми се случи службено одам кај психолог во Центарот за социјални работи, ми ја требаше и чекам да се разбере со еден маж. Поплаки имало од жената, на децата денар не давал, овој силен, се дере на психологот. Кога му се закани дека ќе викне обезбедување да го исфрлат, си отиде сам со распафтани раце. Друг нејзин колега слушнал врева, мисли тепачка изби, па дојде да види што е. Имаше една ментална жена од Струга, се пушташе во живо со крвав нос откако ја тепал мажот, па не видов некоја институција да преземе мерки.
Не можеш да знаеш какви се некои мажи пред да се оженат. Ама во повеќето случаи што ги знам, агресивни се. Затоа упорно зборам... Еднаш ако те удри, бегај. Тој пак ќе те удри. Исто и за психичкото малтретирање. Пишував на форумов за еден случај каде девојката го трпеше агресивниот дечко. И покрај поддршката што ја имаше, не го остави. Се омажи за него и за кратко време животот и стана пекол. Ја кршел од ќотек, а она трпела. И тогаш имаше поддршка. Кога се освести? Кога животот и беше во опасност. Се разведе од него, а гадот не доби казна туку забрана за приближување. Ете колку работи нашата полиција.
@SummerGirl ама не мора да си во брак или врска за да си жртва на семејно насилство (гледам сега дека темата е и сместена во делот на брак). Често се случува и дома, во местото каде треба како индивидуа да се осетиш безбедно. И ова понатаму и те како влијае, маж ако те намириса дека си била незаштитена и си се борела сама има гаслајтинг да ти прави. Многу фактори влијаат зашто човек колку и да го знаеш, реално на крај триста г*мна излегуваат. Ова го знам и од мајка на блиска другарка, на крај вели дури и човек да почине има да се запрашаш со кого си ја делела постелата. Да не ја должам, човек и да отвара очи или не, некогаш е до пишаното. Човекот е расиплива материја и многу малку се непокварените луѓе.
Па ние Македонците нели како народ се претставуваме како чесни, гостопримливи, топли, мирни итн, а испаѓа дека е обратно. И точно е што кажа @eliesaab, ако мажот види дека жената дома не живеела во хармонично семејство, нема поддршка, нема пари, е тогаш ќе ја изеде. Цимерскиот однос што го практикуваат мажот и жената на запад е стопати пофер од ова македонско душовадење. Ма не да е пофер, бајка е за македонското изживување и уценување што пред народ се нарекува „брак“.
NE, za zall majka i e pocinata a tatko i e alkoholicar nema nisto da i pomogne osven da odi da se kara ili nasilnicki da postapi so nego
Случајно ми се појави видео на тикток со Мумин Вели, гостува кај Лазаров. Значи БОГ ДА ЧУВА од местенки... Го местела господичната. Ами, пушти му развод ако не те демонизира како што те демонизира шфрљачот и решен проблем. Има физичко насилство, психичко насилство и умоболно насилство. Е тоа третото е најзастапено.