1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Семејно насилство

Дискусија во 'Брак' започната од aneta.oh-36, 29 ноември 2009.

  1. riba79

    riba79 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    5.134
    Пол:
    Женски
    nedelce,citam i ne mi se veruva :devil: taa zena da ti bese makea nemase taka da se odnesuva :envy: velis deka se e na tvoe ime :^) ako e taka togas izbrkaj od doma taa bezdusna zena,ili prodadi go toa sto go imas i kupi si svoe stance nekade kade sto ke imas mir a ne samo stresovi i terori...kupi si nesto svoe i ostavi nekoj denar plus dodeka da pocnes nesto da rabotis...mislam deka za celata ova situacija treba da se konsultiras so nekoj prijatel advokat,toj najdobro ke te nasoci sto treba da pravis...a tie pari sto gi zemas treba ti da gi zemas a ne taa azdaja..javi se vo min.za trud i socijala da vidis mozebi ti sleduva i tuga nega za treto lice(majka mi zema pa zatoa ti kazuvam deka e za treto lice i taa licno gi zema)...imas li nekoi drugi rodnini bratucedi od stranata na tatko ti koi bi mozele nekako da ti pomognat (za sovet,za rabota,za da najdes advokat)..ete tolku duso mi teknuva vo momentot a toa dekka ne treba da pies ne treba ni da pusis zdravjeto e najvazno..pozdrav i so :) sreka
     
    На nedelce му/ѝ се допаѓа ова.
  2. nedelce

    nedelce Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2011
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
    riba79 da bese spratot bog znae sto ok,ali ono gi nema osnovnite raboti kako wc tus i sl ,za banjanje gream voda,za vo wc imam polsko vece plus vo kratovo ubava kuka ti e do 15,000 evra a ova drzavata mi go preceni 4,000 evra aj kazi mi sto ke kupam za tie pari,za tie pari ne mozam da sredis ednosoben stan a ne da kupis nesto :( a ti vikas I DA OSTAVAM NESTO, mislis da imav stan od 50,000 evra ke se zalev... ne bih sekako posto nemam toa go pravam,a da ja izmava m NE MOZAM ja sama ne sum sposobna da se peram ne sum sposobna 15kg voda da odnesam do kupatiloto toa e tezina za mene,a ako ja izmavam sto ke napravam ???? samo uste tolku ke se zapustam i nisto drugo ,ne znam ne znam veke sto da pravam,nema kade da se obratam totalno izbezumena sum osven i jas kako ciganite da baram azil i da im kazam deka tuka ne se grizat za takvite kako mene i baram da me zastitat i da mi gi obezbedat osnovnite sredstva,sto mislite za toa devojki? mozebi e gresno mislenje ali nemam mnogu izbori :( mu pisuvav i na gruevski i na nasiot pratenik Vlatko Gorcev no ni toj ni toj odgovaraat aj dajte mi sovet no ne brzajte so odgovorot razmislite ;) navistina mi e preku glava za da mislam sto treba a sto ne treba da pijam,problemot e sto nemam nisto vredno so koe bi mozela da izlezam na kraj.Prvo na pamet mi padna da baram rabota,-ne uspeav da najdam,vtoro nesto pisuvav na premierot,bev kaj gradonacalnikot,mu pisav na vlatko gorce-nisto rezultat nemase i krajno veke pomisliv da otvoram blog vo koja ke ja raskazam mojata sostojba,prikazna da ostavam dokazi deka ne lazam, totalno se ,sliki so mene i kade ziveam,sliki od toa kade se banjam da vidat kupatilo od 19 vek a covek so hendikep kako zivee vo takva sostojba sto ne e sposoben za sebe da se grizi,sliki na pr,od bolnica naod i mislenja i sl.i da ostavam bankarski podatoci pa sekoj sovesen koj kolku moze da mi pomogne da se sredam finanski, dodeka se macam so ovaa vlada , i ja kazav taa ideja na edna drugarka ona mi kaza nedelce,na malku li luge im treba pomos i toa zdravstveni problemi pa kolku vreme treba da se zberat sredstvata a koj tebe ke te veruva deka navistina ti treba pomos,mnozinstvoto sto ke vide ke misli deka se zafrkavas za da dojdes do pari,ke se smee itd. pogresno e toa. i ednostavno izgubiv nadez za se posto navistina se trudam da se spasam od ovoj pekol,sea vo septemvri ke mi treba pari za zimoto a jas nemam od kaj ke najdam,ne znam kolku me veruvate no toa e bolnata vistina,majka mi nema denar da dade za taa rabota a jas ne mozam da mrznam ednostavno organizmot ne mi izdrzuva stud,imunitetot mi e slab,ne sum seuste primala 2ra vakcina a sum trebala ,ama posto rizicno bilo tuka da mi ja dadat trebalo da odam vo skopje ili kumanovo,no od nervoza sto edvaj iskaruvam cel mesec so tie pari sto gi zemam nema prostor da mislat na vakcini i dopolnitelni trosoci ,ne mu posakuvam nikoj moj vrsnik da ne go dozivee ova
     
  3. hunny-bunny

    hunny-bunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2011
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    80
    Ako не не ти е проблем да ми кажеш каде поточно во Кратово живееш?
     
  4. Borbena

    Borbena Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Ве молам доколку можете да ми помогнете со некој совет се ноаѓам во многу тешка ситуација, Веќе подолг период 7 години идржувам и психички и физички малтетирања од својот сопруг на почетокот се ветуваше нема веќе се колнеѓе дека згрешил ме молеше и се така си проаѓаше времето и јас мислев дека со тек на време ќе помине но стануваше се полошо и полошо. Моменетално е во мн лоша ситуација веќе неможам да издржам и незнам што да правам, згора на тоа имам мн напорен живот и работам и студирам имам и 6 години ќерка, Да не е малку животов што сега го живеам е се последица на неговото однесување јас бев првенец на генерација и не се запишав на факултет поради него и затоа сега пробувам да го вратам животот и работите што ги сакам да ги исполнам, мн е тешко поради него целиот живот ми е уништен. Инаку сега имам 26 год. Се би било полесно кога би си отишла но јас сум такав неможам да им правам проблеми и на моите. Ве молам помогнете ми не,ожам да си одам но неиздржливо е секојдневно сум под трауми и сресови а тука е и детето кое гледа се , незнам што да правам.
     
  5. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Треба да решиш дали сакаш да продолжиш да го живееш тој живот со тој човек или сакаш надвор, трето нема. Третото можеби би било евентуално да одите заедно на некакво советување, т.е тој да оди а ти заедно со него. Да им кажеш на своите родители и заедно со нив да смислиш што понатаму. Верувам дека и тие самите имаат приметено дека некои работи меѓу вас не функционираат како што треба. Одлуката во ваква ситуација секогаш е твоја или си внатре или си надвор, бидејќи никој не може да ти помогне ако не решиши ти што сакаш понатаму.
     
  6. Borbena

    Borbena Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    тоа е јасно сакам да си одам но неможам се си мислам дека може ќе се среди некако, Но не се трпи. Се прашувам како можеше ова да ми се случи мене кога сум толку претпазлива, Кога зборуваме и тој си ја увидува грешката и вели така е но избрзувал ама неможе така, мислам дека сум веќе и јас мн западната од толку стресови, Незнам
     
  7. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Вината треба да разбереш дека не е твоја. Не можеш ти во никој случај да си виновна заради тоа што некој човек се менува и заради тоа што некој човек од нигде-никаде решил да те малтретира. Ти испратив една порака во инбох, погледни ја.
     
  8. pepelashka.20

    pepelashka.20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2011
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    18
    Скоро никогаш не разговарам на темава но во моментов ми се вратиа некои лоши спомени кои сакам да ги споделам со вас. Имав само 15 год кога се соочив со еден суров човек. Да раскажам во кратки црти најпрво за нашиот однос. Бевме пријатели, се си кажувавме. Мислев дека е добар дечко кој што страдал многу во животот. Се сожалив и поверував во сите негови приказни. Се заљуби во мене а и јас имав чувства за него. Излегувавме заедно се почесто, се однесувавме како да сме во врска но не бевме, се имавме смувано само неколку пати.... Одеднаш се смени кон мене, почна да станува мн љубоморен, да ми забранува да излегувам од дома. Една вечер му кажав дека не сакам веќе да се гледаме. Тогаш ме бутна долу и ме удри. Скрши едно шише и си ги исече вените ;( бев мн збунета и исплашена го молев да престане. Станав и почнав да трчам но се сопнав и тој ме фати,ме крена и проба да ме баци. Откако се тргнав ме удри мн силно и се онесвестив. Ме однел дома во раце. Се сеќавам мајка му стоеше над мене со лимонада. Се тресев целата и не кажав што се случи. Од таа вечер ми се закануваше дека ако не бидеме заедно ќе се самоубие, дека ќе повреди член на моето семејство. Морав да трпам се и да молчам. Никој не знаеше за мојата тајна. Постојано ми префрлаше дека сум се облекувала провокативно а нема врска. Телефонот постојано ми беше под перница, морав да кренам во кое време и да ми врти. Скоро секоја вечер околу 3 ми се јавуваше и ме тераше да излезам надвор да види дека сум дома :( Не можев веќе да издржам морав да ставам крај и тоа и го направив. Но една вечер ми пријде со стакло во рака и на клоци ме однесе на едно место. Носев долга јакна и ме влечеше за капата по земјата. Немав воздух, не можев да викам. Ме навредуваше, ме удираше. Го молев да престане но тој уште посилно викаше. Мислев дека ќе ме убие, бев премногу исплашена, се тресев, немав глас да викам. Беше многу пијан и си ги исече вените. Јакната ми се направи со крв и ми се слоши, изгубив сила. Паднав долу а тој продолжи да вика. Во тој момент случајно поминувал 1 човек и го слушнал. Кога дојде го тргна од мене му викаше. Јас само плачев, го изгубив мобилниот таа вечер, ташната едвај ја најдов затоа што ми ја фрли додека ме влечеше...Дојдов дома, моите беа на гости. Ги исправ трагите од крв и легнав. Не можев да заспијам и другиот ден отидов на училиште. Едвај издржав на 2 часа и си дојдов дома. Легнав да спијам затоа што целата се тресев. По некое време ме разбуди мајка ми со плачење. Дознала од човекот што ме спаси. Собрав храброст и пријавив во полиција. Мојот живот се претвори во кошмар. Веќе не бев истата девојка. Тој е на слобода. Ме следеше цела година, се вработи во близина на моето училиште, се возеше во истиот автобус. Сменив 7 броеви за да не може да стапи во контакт со мене. Каде и да одев јас тој одеше по мене. Се претвори во моја сенка. Се фатив со дечко постар од мене 7 год затоа што покрај него се чувствував сигурна и заштитена. Откако се фатив со него, овој престана да ме замара и ми нема речено ништо. Сега имам 20 год. Уште не ја заборавив таа вечер ниту пак ќе ја заборавам. Се случува многу често да ја сонувам таа ноќ...сонувам како истиот човек ме брка и некогаш не можам да избегам.Често се случува да се исплашам од нешто, нешто што ме потсетува на таа ноќ и да не можам за спијам. Многу ретко се среќавам со него на улица. Не ми зборува ништо, само ме гледа. Но неговиот поглед е доволен за да останам без сон цела недела ;( ...сепак продолжив со животот. Постојам и се смеам но овој товар во душата е многу голем.
     
  9. Glare

    Glare Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    3
    Се изначитав на многу тажни истории, и премногу е жално што постојат толку лоши луѓе, просто неможам да се изначудам :x Пепелашка биди силна и истрајна и понатаму, и не дозволувај да ти се приближи и да те повреди повторно!
     
    На pepelashka.20 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. machorka

    machorka Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    58
    Навистина ме потресе твојата животна приказна,искрено солзи ми потекоа :( Си размислувала ли можеби да го раскажеш ова на некоја телевизија,или пак во некој весник?Знам, звучи малку глупаво,ама сигурно ќе се јават хумани луѓе кои ќе ти помогнат а и соодветните институции претпоставувам ќе се ангажираат.Поздрав и ти посакувам се најдобро
     
  11. nedelce

    nedelce Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2011
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
    machorka ne,ne sum razmisluvala za toa,ama i da razmisluvam kako prvo se sramam kako vtoro ne znam kade da se obratam,se cudam dali voopsto ke iscezne ovoj kosmar,sekojdnevni stresovi i napnatosti,koga bev vo majcin dom zaradi vezbi na rakata zapoznav edna zena koja se zbliziv so nea mnogu i me sovetuvase,falese deka sum ubava ne znam sto i tolku ja zasakav sto ne znam kako da vi opisam inace od skopje i posto me prasuvase zosto imam problemi so govorot i i raskazav ova sto vi go raskazav vam i mi veli primetuvam te deka koga se vozbuduvas poveke ti se primetuva deka d'tkas i koga raskazuvas nesto sto te rastresuva. i bev i pokazala i video snimki od telefonot kako me majka mi kolne,vo grob me praka,da sum umrela i sto uste ne,zenata se strese koga slusase,i me posovetuva da dadam izjava vo kanal 5 ,da sum pobarala eden novinar bese mi dala i broj tel.od nego, ama ne znam,ne mozam sama so tie raboti,sakam i tuka nekade da gi stavam videoklipovite da videte sekojdnevno sto dozivuvam ama ke bide skoro,bidejki snimkite mi se vo mojot kompjuter a ona mi go skrsi ekranot ,sakase da mi go skrsi kompjuterot bidejki sum ja snimala i telefon mi skrsi se i sea se sluzam so eden alcatel pred 5 godini sto bil vo upotreba mos i poveke
     
  12. hunny-bunny

    hunny-bunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2011
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    80
    Еве јас сум од Кратово и би сакала да ти помогнам некако. Ти поставив и прашање од каде точно си, мегутоа гледам ме игнорираш.И сама знаеш какво место е Кратово и дека со 5000 жители се се дознава.Јас искрено немам слушнато за нешто вакво.Ти имаше напишано дека си викаш Калинка Чукчуковска, јас ги знам повекето од таа фамилија Чукцукови(бидејки се 2 фамилии во кратово) и една од девојчињата ми беше школска во основно, мегутоа немам слуснато за Калинка. А ако името беше лажно тогаш - извини. Е сега вака, како прво сакам да се извинам на сите и несакам да почнат да ме критикуваат што вака скептично се поставувам на случајот, мегутоа колку и да се трудам да ти верувам сепак нешто ми вели дека малку подлажуваш.Велиш ја снимаш мајкати- ти знаеш таа кога ке те навреди и телефонот ти е спремен за снимање? , велиш ти го скршила екранот, како седиш на компјутер сега?
    Велиш дека живееш со 4000 ден... Знаеш како живеат лугето во кратово со примања од 4000 ден? Мизерно и жално... што подразбира немање пари за сметки и дури за леб.А ти со лап топ дома и со телефон? и тоа нов,пред да ти го скрши мајкати???? Колку што можам да сватам некаде и генерациски сме блиски па затоа ако се ова е вистина те молам прости ми, и ке ми биде многу мака што ти го имам пишано ова. И еве пак се нудам да ти помогнам, бидејки гледам ништо не криеш, се искрено и отворено си кажуваш и за мајка ти и брат ти и сестрати...нека не ти биде проблем да ми кажеш која си поточно. А ако се ова е точно јас ти ветувам дека ке се трудам да ти помогнам со работа ако ништо друго.
     
    На Маца 1123 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. nedelce

    nedelce Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2011
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
    hunny,gledam deka bas i ne si informirana dobro ,toa e zatoa sto ne gi citas moite prethodni postovi zatoa,a toa sto kalinka se vikam kaj pisuva deka se taka vikam? taka se vika majka mi a ne jas,citaj poubavo nikot mi e nedelce,pa dokolku tie jasno toa ok,a za toa sto ne ti odgovoriv e zatoa sto mnogu mnogu ne sakam da se otkrivam pred kratovskiot narod ne deka go mrazam tuku mnozinstvoto od mojata generacija ne gi podnasam od pricini i zatoa NE ODGOVORIV :),nema potreba da podlazuvam a i dokolku mislis deka e taka ok toa si e tvoe pravo,sekoj ima pravo na svoe mislenje pa i ti,e sea ke ti odgovoram na prasanjata iskreno.
    Велиш ја снимаш мајкати- ти знаеш таа кога ке те навреди и телефонот ти е спремен за снимање?
    Како прво извинете заради кирилицата од навика пишувам на латиница.
    -Како прво јас наведов во претходните текстови дека тоа не е еден ден да ме навредува па да не успеам да ја снимам,кај нас расправијата е секојдневна некогаш поблага некогаш пожешка,многу пати доаѓало до полиција но секогаш само со предупредување поминуваше,ми бараа докази,ми бараа модрици,модрици имав на секое одење во полиција но не ја имав снимано,кога почнаа да ми зборат за докази бев приморена да ја снимам,и секогаш кога ја приметував дека ке почне да урла телефонот го спремав за снимање,и така направив неколку видеа,т,е не сум ја снимала пошто го криев телефонот да не го виде.
    велиш ти го скршила екранот, како седиш на компјутер сега?
    -Како што гледам ти само еден збор си прочитала и толку,јас убаво наведов дека компјутерот е на дечко ми и дека кога она ми го скрши он ми го даде да го користам но до кога тоа не можам да знам.
    Велиш дека живееш со 4000 ден... Знаеш како живеат лугето во кратово со примања од 4000 ден? Мизерно и жално... што подразбира немање пари за сметки и дури за леб.А ти со лап топ дома и со телефон? и тоа нов,пред да ти го скрши мајкати????
    На сите твои прашања одговорот го пишав ама нема кој да чита тоа е,ама кога прашуваш веке ке ти пишам пак.
    Татко ми кога беше жив ми остави книшка на мое име и додека ги имав тие пари што тој ми ги остави се беше ок,имаше и за јадење и за сметки и за се,јас земам 4000 ДА,но додека имав од тие 4000 не вадев од книшката но кога веке снемував си вадев за она што ми треба се разбира за домашни потреби,за облека за се,па ДА и телефон си купив и компјутер БАШ со тие пари.кога не би биле тие и имаш право ке живеев мизерно али баш мизерно но срека не ме оставил без ништо и покрај тоа колку скржав беше мислел за мојата иднина,само не испадна баш како што тој ја замислуваше туку баш спротивното.Јас ти кажав секој има право на мислење свое,а и мислам дека треба едно нешто во животот да знаеш дека никогаш за никого ништо не можеме да знаеме без разлика што кратово е мал град,да можеби имаш право дека се се знае но во негативна смисла кој каков е и со кого бил ,тука во кратово трачарењето е како забава на лугето,некого да потсмеваат или било што,но неможат да знаат кој какви проблеми има дома или со други зборови не можеш во човековите очи да прочиташ дали живее во мир или секој ден му е кошмар,а можеш да видеш со какви луге се дружи.во кратово општо и јас знам дека се се дознава но не знам дека можело да се дознае кој какви проблеми има/имал дома.
    За понудата искрено фала што се нудиш но не верувам дека би ми помогнала,иначе живеам на радин мост,и основно не сум учела во кратово така да нема шанса да сме школски и да две фамилии сме чукчукови.А тоа дали ке ти биде мака или не се исто е,затоа што човек кога ке ги каже зборовите веке џабе е е извини,понекогаш треба трипати да размислиме а еднаш да го кажеме пошто не секогаш се се знае,за помошта УШТЕ ЕДНАШ ГОЛЕМО ФАЛА но не верувам дека би можела да ми помогнеш бидејки имам проблем со едната рака така да не сум за физичка работа,знам дека во кратово тоа ке најде човек ако не друго.Се викам Неделка,ме знаеш? секако дека ме знаеш кратово не е америка па да не се знаеме,но без разлика што и да помислиш или да ми се потсмеваш се исто,јас имав потреба некои работи да откријам на луге што не ме знаат за да ми олесни,пошто денеска на било кого да му кажеш нешто се радува зашто си вели фала богу што не сум јас таа што го имам тоа,или што имам проблеми,но ако човек се потсмева на друг поради неговите маани верувај дека кога тогаш бог ке му врати со полошо,сите лоши работи кои ги прават родителите се одразуваат на најмилото т.е. на нивните деца,мајка ми била лоша на неа ништо не и е но мене ми е,јас ги плаќам нејзините грешки. :) позз
     
  14. nedelce

    nedelce Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2011
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
    inace ti kako se vikas ,kaj sedes
     
  15. hunny-bunny

    hunny-bunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2011
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    80
    Како прво морам да ти кажам дека премногу си арогантна.Немам намера да се објаснувам со тебе, очигледно ти имаш многу лошо мислење за Кратовчани па сите ги ставаш во ист кош.Треба да знаеш да се однесувас покултурно со лугето што се нудат да ти помогнат.Извини ама ти кажа дека си барала работа само во библиотеката.Еве по 3 пат се нудам да ти помогнам, не е само библиотеката, можам да ти помогнам за во некоја продавница, за во мобимак, за во трафиката, во некој од бутиците...... Началникот на полицијата ми е чичко, сигурна сум дека и со него ке можам да ти помогнам за тепањето и малтретирањето од мајка ти.Незнам што повеке. А ИНАЧЕ ја знаеш вероватно Верица... по твоето кажување или си ти таа или ти е братучедка.И ако стварно немаш потреба од помош те молам не ми се обракај повеке. Се најдобро.
    п.с. средно имаш завршено во кратово така да мора да се знаеме
     
    На Маца 1123 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. riba79

    riba79 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    5.134
    Пол:
    Женски
    Alal da ti e hunny bunny ova denes e retkost ti sto go nudis na ovaa devojka.... :) a ako taa e pametna treba da ja iskoristi ovaa moznost..ako nisto drugo zapoznajte se i razgovarajte vo cetiri oci..pozdrav
     
  17. hunny-bunny

    hunny-bunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2011
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    80
    абе јас и се понудив уште пред некој ден, ама денес се уклучувам на фемина и гледам таа резил ме направила ... Да не знаес како да реагирас на вакви постови... дали само да се тешиме од километри далеку, виртуелно или пак да се понудиш на некој да му помогнеш. Да ти е страв во денесно време да понудиш помош некому.
     
  18. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Треба да ја сватиш, тешко и е, можеби од таму произлегува и сета таа ароганција...инаку на неделце ова и е голема помош што ти и ја нудиш...и се надевам дека се ке помине добро!
     
  19. hunny-bunny

    hunny-bunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2011
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    80
    очигледно е дека ја свакам, бидејки и покрај тоа ПАК и се понудив да и помогнам.
     
  20. easyyyyy

    easyyyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    175
    Голема пофалба до твојата хуманост хани-бани,ретки се таквите како тебе :) :clap:
    Неделче се надевам дека се ке се среди.... :( Верувај во себе и не дозволувај нејзиното однесување да остави големи последици по твоето здравје....Не ги прочитав сите постови,го прочитав само последниот и многу ми е жал за тоа како се однесува мајка ти кон тебе :worried:
    Сепак среката ти се насмевнала, хани-бани ти нуди помош и мислам дека не треба тоа да не го прифаќаш,бидејки се гледа дека од срце ти е понудено....на крај краеви секогаш сами си ја одредуваме судбината :)