https://www.facebook.com/share/p/1Eb1cYXK89/ Лудак се снимал дур ја тепа жената. Во објавата пишува дека е бремена,а во коментар некој напишал дека и претходната жена ја тепал,гасел цигари од неа... Пријавен во МВР,демек имал некој близок... И тој блискиот треба од внатрешна контрола да го проверат чим штити насилник. Морав да споделам. Бидејќи кај нас се решаваат проблемите само кога има притисок од јавноста. А и лудаков треба да подлежи на јавна осуда! Нека го видат сите каков насилен створ е.
Џубре смрдено скапано море. Толку се изнервирав што ми е срам да кажам дека јас и тој сме ист пол. Овој не е маж, џубре, гнида.
Пред малку го видов. Воопшто не ме изненадува и сум згрозена какви насилници се намножија. Дури имам чувство дека после короната, и тие асалните се испореметија.
Отсекогаш постоеле само сега повеќе се достапни на интернет и се надевам свесноста и казните ќе се зголемат или барем измени законо малку. Па добро бе да му ебам мајката стара, негово дете, па и бремена жена се мава ли онака. Се вознемирив...
Како овие болесници ко изродов имаат жени бре Треба да се прекрши од ќутек овој, да зажали шо се родил, уште снимал лајв Од кај искочија бе све поише вакви изроди, толкава мала земја сме, а толку гнасни изроди у неа.
Закони има,само во пракса не функционираат. Згрозена сум! Излезе и видео како шмрка линии со друг човек,па со ножот в раце упатува закани кон полицијата... Ваков лудак да имам во комшии би живеела во страв. Читам како немало мажи да го исчукале од ќотек. Абе има мажи ама на крај мажите ќе одговараат пред законот за овој лудак како за човек.
Бил пријавуван и од поранешната сопруга/партнерка...очигледно тоа што не е санкциониран му дало ветер во грбот да продолжи со насилство а и со други криминални дејства.
Сепак шо и да тврди , како и да го одбрани ќе си оди во затвор типов. Не знам зошто вака се однесува дали од страв или и таа психички не е стабилна. За ова да се вклучат службите и да работат со женава, она мора психички да се среди и да свати дека тепањето не е нормално. Тој ги тепал и децата и кога и да реагирале кај неа дека ги тепа велела така му треба за да не станат пијаници. Очигледно не е свртено шо е добро шо не, нека работат психолози со неа.
Овој треба во самица да се стави и со него крокодил. Да се плаши да стапне доле. Да седи во кревет на втор кат цело време. Да го осети стравот што го внел на сопругата што ја тепал.
Бил пријавуван веќе, сите го знаат , слики со оружје и пишеа дека имало во полиција некој шо го штити. Значи то е, немаме полиција, а кога ќе убие некој тогаш работат институциите.
Ако жената не поднесе пријава не може да го гонат по службена должност мислам. Тој закон не го изгласаа пратениците за жал , а треба и се надевам дека еднаш веќе ќе се изгласа. Затоа таквите нездрави насилници се на слобода. Со дијагноза никаков затвор нема да види.
По службена должност може да биде гонет САМО ако има тешки телесни повреди,се друго е по пријава на жртвата. За жал... Сакав Лисандра да ја цитирам. Затоа се крена толкава галама,поради предлогот од Левица да се направи промена Ана конкретниот закон д аможе да се гонат насилниците по службена должност,но ВМРО не го поддржале предлогот. Така прочитав,не дека сум некој следач на политика.
Лисандра,жртва со хематоми на лице под закани и страв не само што ја повлече пријавата,туку и беше обвинета за лажна клевета бидејќи изјави дека лажно го пријавила. А јас имав видео од случката кога ја тепаше. Понекогаш и не можеш да спасиш некој кој не сака да биде спасен. И за жал монструмот останува на слобода да сее страв.
За жал.. у право си Најверојатно е дека се под закани и притисок, пошто не можам да прифатам да остануваш со некого кој секојдневно те малтретира, уште и да го сакаш.. Само жртвите си знаат што трпат, честопати немаат никаква поддршка од никого, кој би им помогнал и би ги извлекол од хоророт. Тие ко да си го прифаќаат тоа како судбина, и се помируваат со тоа, така ми делува. Веќе не знаат ни што е нормално, и дека насилство ни под точка разно не смее да се толерира. Убаво рече и погоре, коа има закони ама тие само на хартија важат, и коа некој нејќе сам на себе да си помогне.. Ете ова се дешава.