За жал, ако не му поднесе тужба жртвата, пак ќе го пуштат. На братучетка маж и ја сокрши од ќотек и неа и детето, ама она немаше пари за да го тужи, и пак го пуштија. Едит: објавиле дека жената немала да го гони кривично, и одма почнаа со простите коментари, нека ја утепа, нека ја сокрши итн итн.... Жената е сигурно преплашена и нема кај да оди, затоа и така постапува, се плаши да не се повтори тоа кога ќе го пуштат. Се додека државата не почне да ги штити жртвите и да им овозможи кров над глава, ништо не прајме.
Џабе бесплатната правна помош, кога насилникот го фаќаат, го држат во притвор неколку часа и го пуштаат дома да си чека покана од суд. Таа жена кај ќе оди, шо ќе прави? Кој ќе ја заштити додека он влезе затвор, АКО ВЛЕЗЕ..... пошо на повеќето условни им даваат.
Имало веќе една пријава против него за семејно насилство. Ако не ја повлече пријавата вторава жена,најверојатно лудаков завршува во затвор .
Значи јас се гледав со еден година дена он заљубен во мене ме запроси на нова година.Го одбив и после тоа се смени на полошо.Почна да се кара со мене да ми расипува пријателства.Па и шамар ми удри.После шамарот сакав ко Адидас да му платам на некој да го претепа
Иначе има и второ видео наводно како шмрка и се заканува на полиција со нож, така да ако не е по нејзина пријава секако може да остане во притвор и по тој основ.
Нема потреба од додатно насилство. Си требала веднаш да го пријавиш во полиција, без разлика дали ти бил дечко или сопруг.
Јавниот срам е пособро од ќотек. Од ќотекот ќе му помине, а од јавното изложување цел живот ќе го прогонува, се додека психички не се распарчи. Психичката болка е посилна од физичката. Физичката е моментална, а психичката може да трае и цел живот.
Не само тие од затвор, туку и тие што лежат во психијатриска болница, ги пуштаат онака, неизлечени психички. Па затоа и се случи пукањето во Прилеп. Наводно, според зборења, овие два случаи со овој од Радовиш и тој од Прилеп некако се поврзани. Овој од Радоциш спомнува некоја прељуба, а луѓе за истото зборат и за тој од Прилеп што ја упукал жената. Можеби не било во моментот (тие денови) прељубата, но се случила изгледа порано.
Ќе му помине ама моментално и те какви трауми може да му се створат од ќотек... за жал некои луѓе галје немаат и јавен срам нема да го доживеат како таков
Добро оти само нафрлаш работи што си ги измислуваш веројатно сам? За тој од Прилеп сета таа работа е затоа што на жена му се доделени децата и тој ја нападна таа во социјалната што беше надлежна за неговиот случај. Значи мали скоро минимални се шансите за прељуба затоа што жената веројатно и не можеше да го издржи човеков. Ама не си ти крив, јас сум крив што те цитирам и "бркам" по темиве.
Исто како тебе и ја се нервирам што неможам да издржам да не му вратам. Глупост до глупост само си измислува си пишува.Едно време мислев да го прашам дали некој му го хакнал профилот ама не вреди.
Се појави видео (на профилот на Трета опција) дека насилников бил во Демир Хисар на лекување. Добро, што прават во таа болница? Ги лечат да бидат уште понасилни? Врие народов деновиве. Девојчето Теодора во Тетово што го згазија, имаше видео од Телма од таткото и другата ќерка... Не ви препорачувам да го гледате. Хаос е во Македонија моментално.
и јас мислам дека на жената и е страв да поднесе пријава против мажот може и се заканувал ама на снимката убаво се познава дека не се преправа и дека плаче а овој волов се сити и ми се прави маж тука.