Ми излезе видео на тик ток веројатно од некоја бивша девојка на овој психото каде што раскажува дека и нејзе истото и го правел и дека се влечат на суд. Коментарите се згрозив, ама веќе навикната на ретардирани психопати дека живеат во државава. Во очи ми паднаа коментарите на девојката што му е сегашна, што ја млати на лајвот. И го отворив профилот, си става слики со него. Зорица е.
А ја мислам дека на ваквите жени редно е да почнат да им се одземат децата и да не смеат трудни да остануваат, оти очигледно не се способни ни етички ни морално да ги имаат. Аман веќе со тие патетики жени по дифолт да се кутри и неспособни за живот, малоумни и ретардирани, све ние манипулирани а овие најобични клошари и голтари врховни манипулатори. Шо да ги жалам веќе коа грото свесно идат со мужи клошари , насилници, криминалци шо и маалското куче ги знае шо пациенти се, сите знаат дека ги тепале и предходните девојки и жени, али они јаките пички ќе ги мењале, сидаши криминални домаќини ќе ги праеле. Со алфа мафијаш акциите ти се креваат, многу глеање турски серии. Па овие сериски убијци и силовачи прцаат поише него обичен чоек, и редици се чека да се сожали на некоја да ја венча. И после ќе роди деца, али ќе остане со него оти го сака. А па да не праиме муабет колку оставаат по децата да се мава, само они раат да бидат. Ако некоја родила, не значи дека е мајка, а уште помалку добра. И тоа е тоа. Ако некоја трпи вакви срања свесно, одбива помош и влага свесно у нив, не е жртва, него глупача и не треба да се равни со ЖРТВИ. А вакви као овој да се ликвидираат на плоштад со куршум меѓу очи. Или мужјациве наши шо биле тука да не бранат и се јаки само на тастатура, прво нека престанат да општат со вакви, а не арен ми е мене , не знам дома шо праи, па нека почнат и да ги млатат, па и да ги ликвидираат шо да не, нели мужи се. А не на улица и да те нападне некој, попрво жена ќе те одбрани, а лигушиве мобилниот ќе извадат да снимаат, ма да најверојатно ни муж ни жена никој со прст нема да мрдне, според искуства.
Сериозно ги обвинуваш жените? Не си им во чевли да знаеш зошто се омажиле со ваков лик. Сигирно не бил таков пред брак. Ако згрешиле сега треба да бидат убиени? Немам сила да пишувам колку е погрешно твоево.
Не ги обвинувам сите жени, само тие што ги иам наведено. Ако за тебе сите жени се прости, наивни, глупи, лесно подводливи, жртви, добри, чедни, совршени, ондак не знам што да ти кажам. Отвори си ги очите. Да, скоро сите се исти пред брак, само на грото не им чини да видат прст пред нос. Ретки се социопати и психопати преку ноќ што се мењаат, и имаат жртви - грото се клошари што си нашле подобни жени со морални и етички вредности сходно нивните. За задњата твоја констатација, сори не паѓам на емоционални манипулации... Можда затоа и бегам од клошари, криминалци и силеџии, па и они од мене. Едит : И аман веќе со тоа не си им у кожа бла бла бла... Од кај знаете вие ја шо сум проживеала...Само оти ЖЕНА нема менталитет на жртва, размислила кај згрешила, и сватила дека била, или е глупа у даден момент, не значи дека не е ЖЕНА и дека нема право да коментира други глупи постапки кај ЖЕНИ , кои вие кои ги третирате само како жртви кои немаат сила и опција да сменат нешто што зависи у глобала само од нив, со што ги носите у сигурна смрт!
Море зениците видете му ги какви му се... Го видов сега од тука профилот кој и е, и го отворив. Човекот е цело време под дејство на дроги, и тоа не е кокаин (од кокаин се шират, не се стеснуваат). Не сфаќам женава со кој ум е со него уште.
Мене ми стои дека лудакот пишува од тој профил. Можно е да ја принудува и на дрога па ја уценува сега...не знаеме со сигурност што точно се случува со таа жена. Но едно е сигурно,типот не е за на слобода. Се снимил додека тепа жена,снимал како шмрка линии,мафта со ладни оружја,нож,пиштол,и ги тепал и дечињата на Зорица...поранешната девојка јавно изјавува дека и таа била тепана малтретирана и се на суд поради тоа. Типов не е за на слобода,крај!
Мнг се вознемирив кога го гледав видеово каде ја млати. Жена се претстави како Зорица, и вчера се јави на Црвена линија на Телма. До неа мајката на тепачот и сугерира што да каже. Неа никогаш ја немал такнато, а за видеото појма немала што е како е. Она не работела тој леб и носел дома. Мислам дека и треба помош да ги отвори очите.
Жената е апсолутно заслепена жртва на насилство. Во моите многу млади години, првиот дечко што го имав беше болно љубоморен, не сакаше да ме пушти на факултет, не ми даваше ни со машки братучеди да разговарам, ниту да излезам до продавница. Ми имаше еднаш скршено заб, еднаш бев модра на надусницата. И бев заслепена по него, детиште глупаво непрокопсано, ми се закануваше дека кој и да фатам во иднина ќе го убиел, ќе зборел дека сум ороспија. А мене пази он прв и единствен дечко, прв бакнеж. И така еден ден после година малтретирање се доверив на една постара братучетка моја. Таа раскина со него за мене, лом го стори и ме однесе во Црна Гора 15 дена бевме лето беше за да ме подзаборави. Сега ми е избледено и смешно веќе, немам сериозни трауми бидејќи беше многу одамна. Ама секогаш кога ќе видам ваков случај ми се враќа сеќавањето и се потресувам. Мило ми е што моите никогаш не дознаа бидејќи дефинитивно ќе го лежеа. Ова ми е првпат освен на психолог да го пишам ова вака јавно. Во главно, жртвите остануваат затоа што стравот од заминување е поголем од стравот од останување. На жртвите често им се закануваат физички повреди доколку се обидат да заминат. А ниедна врска не почнува насилно. Повеќето насилници имаат циклус на насилство. Почнува со “меден месец, па потоа настанува напнатост и на крај инцидентите. Многу вакви насилници навидум се каат после тоа и ветуваат дека ќе се променат и повторно ја започнуваат фазата на меден месец. И така циклусот се врти во круг, а жртвите заробени во него.
@Gosh Те разбирам, до некаде, ама не е толку црно-бело како што мислиш. Затоа е битно да се ставиш во кожа или да имаш блиско искуство за да видиш колку е зачаран кругот. Како што се спомна погоре. Некои трпат трауми и во следната врска што ќе ја отпочнат ако се откачат од ваков ликов. Не престанува да ремети. Карактери има секакви, браво за тебе што имаш радар па препознаваш и се пазиш. Некои немаат, некои се не зрели, мали, немаат стабилна фамилија или состојба. Институции или законите се тука да ги штитат послабите и немоќните, за појаките знаеме дека можат сами. Законот треба да е во полза на обесправениот.
Се согласувам со тебе, ниедна врска не почнува со насилство, тоа доаѓа понатаму во врската или бракот. И за жал многу често почнува да се повторува и повторува. Жртвите се плашат да ја направат промената и да излезат од таквата врска, најчесто им треба поддршка од некој друг, или ако се финансиски зависни и со деца, се е покомплицирано. Жалам за тоа низ што си минала, среќа што си ја прекинала врската.
Добро толку копилиња како овој не можете да ги приметите на почеток со однесување? Па при сама појава од суратот се гледа дали некој е напнат и насилен. Овој плус ми делува и ко константно дрогиран.
Што ќе ја бараш, погледни само што пишува и отвори ѝ го профилов. Има риплај на коментаров нејзин, ама и ти не ми стоиш со сите според објавите твои на профилот.
Баш ја проверив оваа Верче, ама стварно не ми стои и она салам. Ама бар се спасила од него, греота за оваа другава...
Најверојатно се надеваат “дека ќе се смени” или дека “они ќе го сменат”. Човек што е насилен се гледа од старт а жена што трпи насилство очигледно има некаква траума што претрпела од порано. Не познавам човек со висока емоционална интелигенција што трпи насилство дури и викање.. Мене ова не ми е нормално