Доволно е да оди во болница и да каже дека сака да извади лекарско поради напад од дечко, они се понатака завршуваат, викаат полиција, викаат се што треба. Само да не се уплаши и да дозволи да ја убедат дека е она крива, да не се скарале само и тн.
Ако го направат тоа, браво. Познавам случај кај што не го сторија тоа, па жртвата беше посоветувана да појде на сите места сама. За жал не секогаш и секаде се одговорни, најчесто немаат никаква одговорност и осет кон жртва. Видовме што се деси со Росица. Вака, ако е само во полиција, полицијата нема многу да направи. Но, кога ќе влезе обвинител во игра е друго.
Ја тепал на одмор, не сега.Верувам дека досега е физички заздравена, така да лекарско сега не игра ама баш никаква улога.Требала да го пријави тогаш.Сега едино ако ја сталка може да пријави.
Да, и јас така мислам дека е. Ама за пријава за физичкото малтретирање, може и сега да пријави, само што кај нас колку се замараат е прашање.
Ќе пријави, ама лекарско не може да извади.Ке биде нејзиниот збор против неговиот(без доказ).И веројатно ништо пак на крај.
Tреба бре да се пријавува зошто да се молчи?! Бил јак, може да е јак кај двајца, тројца, петорица, не може секаде да е јак. На крај краева има сигурно машки роднини, вреќа преку глава и ќофтање, да види он кого тепа. Немам ќерка, имам внука, на криво да ја погледне дечко ќе го млатам на мртво.
Јас бев со таков пред 13г. Мораш да кажеш на твоите, не можеш сама, верувај, со таков нема да излезеш на крај со арно. Најголема грешка ми беше што криев мислејќи ќе средам сама, да не ги нервирам и загрижувам моите, ама нема шанси. На крај сите дознаа што говедо беше, исто по другарки ме оговараше, пишуваше најлошо за мене на кој стигне, претходно ме оддалечи од сите, ме следеше на факултет. Не прифаќаше раскинување, морало да сум со него. Ненормални се таквите, бев 2 пати во полиција, после 1 пат пак ме следеше. Мораш да побараш помош, пак ќе кажам, родители, роднини. Не дај Боже, полошо да не направи, тој тогаш и со смрт ми се закануваше. Малце оф тема, ама го чекам денот кога ќе цркне. Стока.
Ама ти намерно се правиш луда?Не велам да не пријави.Туку лекарско(што ти ја советуваш) сега НЕ МОЖЕ да извади после неколку месеци.Прашај адвокат бе.Што ке каже сега во болница?Ме тепаа пред 4 месеци дајте ми наод и извештај дека бев повредена?
Ја не велам сега да пријави, збориме дека треба да се пријавува семејно насилство. Крај! Јас ја сфатив дека сега пак ја тепал и пишува за наназад некое време кога ја истепал, затоа и пишав. Ме мислиш до толку идиот да не знам како и кога се вади лекарско? Дај не ме зезај!
Можеби може да помогнат фотографии, ако се сликала за време на одморот каква била претепана и да ги прикаже со се пораки ако има каде и се заканува Фотографиите може да бидат силен доказ, и онака може да им се провери датумот кога се направени.
Какво лекарско каква полиција мислите ќе му напраат нешо? Уште толку ќе го мотивираат да ја уништи. Земи 100 евра плати двајца батковци и нема да те чепне више. Ѓубре со ѓубре иде
За никого ништо не мислам.Диксутирам врз основа на тоа е што е пишано. Девојката треба да разг и со психолог.Читајки ја добивам впечаток дека му простувала одново и одново.
Ова е страшно што читам, одма пријави го во полиција и директно во ОЈО дека се плашиш за животот, реагирај не оставај туку така, од ова што прочитав тоа е опасен човек, не работам кривично и не ми е позната таа материјата, само површно ја знам, инаку ќе ти помогнев (се' ќе беше од мене про боно), за да те заштитам правно, да си го пријавела во странство кога те нападнал физички верувам дека тој ќе беше сега таму во странскиот затвор...
Не се плаши слободно пријави го, кажи и на блиските што ти прави. Најди добар адвокат и ќе ти помогне. Немој да трпиш никакво насилство.
Е стварно не ве можам. Како ви работа паметот? Он те мава ти го бацуваш и простуваш? Те праи сина и виолетова и тоа ви е вас нормално? Какви мазохисти сте жениве апсолутно не ми е јасно!!
Советиве да каже на нејзините може да имаат корист само ако нејзините се саглам луѓе. Да се надеваме дека се стварно такви. Најбитно да не се откажува. Пријавувања, сведоци, слики, пораки, све што има да приложи. Ако треба и врски бркај. Болје ти да кршиш закон него некој друг тебе. У мочанава ни држава кога институции не те штитат, принуден си и вака.
@sweet_angel како што ти пишаа и погоре, прво кажување на твоите дома. Нема од што да се плашиш и да мислиш дека ги загрижуваш. Или па да се срамиш. Ти не си направила ништо погрешно. Дури да си направила нешто што му сметало - тепање не е решение. Нема ни на него од што да му се плашиш, тој е „силен“ се додека ти си исплашена. Тоа што е физички посилен не му дава за право да те тепа по било кој причина. Ако не му чиниш може да ја прекине врската. Добро е што ти си му раскинала. И немој да му одговараш на пораки или повици ако те бара. Нема што да комуницираш ти со него. Или пак пак немој да ти текнало да излезеш со него. Ако те следи или те замара, со твоите и право во полиција. Не ти требаат докази дека си била тепана. Никој не оди да пријавува насилство ако нема причина. Кај нас 2ца соседи се скараа нешто, дури не беше ни караница - едниот му отишол на другиот навечер нешто демек да се кара, се заканувал - овие другите пријавување во полиција и уште одма му дојдоа. Сега не смее ни да ги погледне. Така што си има полиција, има институции што се посилни од него. Не ти требаат докази и слики. Не треба да чекаш уште еднаш да те истепа за да го пријавиш.
Кажи дома на родителите и ако имаш брат или братучеди малце потешки на рака нека го посетат лиглево скапано.