Женско сум, на сопругот му беа изречени мерките за да не ме вознемирува мене, а детето го гледа под надзор
Што се однесува до семејното насилство мој совет до вас младите е внимавајте со кого влегувате во врска, брак а посебно со кого правите деца, затоа што цената потоа ја плаќаат децата. Немојте да бидете лековерни дека ќе се промени или ме сака па затоа е љубоморен ми брани ова ми брани она, некад ќе ми удри шамар ама ништо страшно. Ништо нема да се промени подоцна, туку се ќе станува полошо откако ќе дојдат децата и кога ќе сфатат дека нема каде да одите, па ќе ве уценува со децата дека ќе ви ги земе, па вие останувате со него заради децата.... Ако вие направите погрешен избор ниту една институција не може да ве заштити посебно не може да им го врати мирот и спокојот на децата. Знаете ли како се чувствуваат тие дека кои се растегнати помегу двајцата родители? Одвратно, тоа остава трајни последици кои ќе влијаат и на нивниот подоцнежен развој. А, да не зборувам за вашиот живот, некој иден брак и тоа што мора бившиот постојано да го гледате, па да пагате во искушение да се смирите, оти тогаш тој ќе биде од арен, поарен, а нас жените како што не дал господ лековерни.... Не толерирајте љубомора и насилств, не се залажувајте дека ќе се смени, и не, не е судбина, туку е ваш погрешен избор. Ако не можете да бидаре детето какво ќе се роди, ама можете да бирате кој ќе му биде родител и во каква средина ќе живее.
Пред детето да се роди беше од арен поарен со години. Откако е родена почна со љубомора и често алкохол и марихуана, многу мешање од неговите во однос на детето-зошто да оди кај моите, како да се гледа, каде треба да одиме за празници и слично... со години беше тоа, а во последните почна и со навреди и закани, за да лани прв пат ме удри... Од тогаш почнав полека да се селам кај моите да пренесувам мои ствари, но се случи една вечер да дојде пијан и изнервиран и пред детето ме претепа прв пат...повикав полиција, во следниот период следеше изрекување мерки, кривични пресуди и уредување контакти под надзор... Од прв пат како ме удри лани до прв пат кога ме претепа и повикав полиција имаше разлика од месец и пол...значи во мојот случај реагирав брзо и го напуштив брзо по првите физички напади... А 6 години во врска и две во брак пред да се роди детето беше мед и млеко... зборот ми е кога влегуваме во врска, во брак, не можеме да знаеме дека некогаш тој човек ќе стане насилен... И сега што треба? Да се помириме со лошиот избор и да речеме ние сме си криви? Секому може да му дојде над глава... знам дека намерата ви е да укажете дека треба да сме внимателни при изборот, но работите не се црно-бели, а на жртвите (иако не сакам тој збор да го употребам-повеќе сме борци) најмалку им треба да слушаат вакви реторики. Ако знаете ве молам споделете и предложете механизми, начини и поддршка за нашата борба, зошто верувајте многу жени живеат со слична судбина, насилството зема замав, а кај многу на почетокот на врската и бракот и долги години потоа немало насилство...
Сакам да се надоврзам дека на другарка сопругот буквално преку ноќ, си го смени понашањето кон неа и нејзините родители кога им се роди детето. Дали тогаш мажите добиваат сила и си мислат дека ете жената им родила дете и сега можам што сакам да и правам она ќе седи и ќе трпи...
Зашто е родител и има право, освен ако е насилен и према детето... Детето не смее да се лишува од контакт со било кој од родителите, освен ако се покаже дека се тотално неспособни за извршување на родителство, тогаш може и да се одземе, но тоа е во екстремни случаи... Ако има некој искуство нека ми пише како по завршување на мерките се уредуваат контактите кои дури траат мерките се под надзор.
Претепување на мајката на детето е и те како екстремен случај исто како и закани за убиство кон тебе.Ама ти си знаеш голема си.
За жал членката само го констатира законот и праксата, иначе сум со твоето мислење, дека треба да се ограничи контактот на детето кога таткото е насилен спрема мајката. Доказ за тоа се Катја и Ивана.
Одговорив на прашањето на членката само, не дека јас сакам да е така. Во ЦСР ти викаат било што да се случило меѓу вас ти немаш право да му попречуваш да остварува контакт со детето. Во спротивно ќе те оценат тебе како конфликтен родител кој му попречува на другиот да остварува контакти, без разлика каков и да е другиот. И оди најди НЗС како да се остваруваат тие контакти, а да си го заштитиш и детето и да се заштитиш и себе. За употреба на алкохол и супстанци ти викаат-битно да не е пијан и дрогиран дури е со детето, а потоа што сака нека прави Кога ќе се роди детето почнуваат многу да се мешаат и старите. Знаат да буцкаат, да се споредуваат со родителите на другата страна, создаваат натпревар меѓу семејствата преку детето, наместо да гледаат да помогнат...а мажот под влијание и ако нема свое ЈАС лесно потклекнува на овие влијанија. Дополнително, ако веќе има проблем со алкохол и супстанци, во овој случај тоа уште толку се интензивира...и едно со друго, со трето поврзано води само кон лошо..
Верувам дека е така. Ја посочив другарка ми и нејзиниот сопруг зошто бев сведок дека убаво се однесуваше со неа и имаа и убава врска и брак. Но, сето тоа траеше додека им се роди детето. Според тоа, верувам дека сето ова што го посочи имало влијание и кај нив, за тој по раѓањето на детето да се смени скроз.
Џој, џабе, Цср кажуваат дека тој е родител, безразлика на се имаЛ право да ги гледа децата, само што ете со придружба, бидејќи не се сигурни во него. Иначе за жал, има право кај нас да ги гледа децата и најголем насилник и пропалица да е. Не знам каков закон е овој и по која основа е.