1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Семејството како фактор во врската

Дискусија во 'Врски' започната од dankee, 22 јули 2020.

  1. dankee

    dankee Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    772
    Неможев да најдам ваква тема, ако има клуч.
    Што мислите колку семејството влијае на една врска. По поминување на одреден период од врската многу пареви се разделуваат или остануваат во врска само поради тоа што спротивниот пол би не/прифатен од страна на членовите од семејството.Сакам ваши мислења и искуства.
     
    На edna_malecka и Tanjamm им се допаѓа ова.
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.067
    Допаѓања:
    11.215
    Многу влијае според мене. Знам двојки кои се разделиле баш поради такви разлики. Тоа не било единствен фактор, но сепак влијаело. За жал кај нас, се живее во заедница, па така се наметнува мислење од родител на дете, за жал.
     
    На LoLa96 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. dankee

    dankee Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    772
    Да поради тоа и ја отворив темата, бидејќи така се растуруваат многу луѓе кои се сакаат или завршуваат во брак без љубов и на крај резултира со развод или константо неверство, а уште полошо ако и дете е вклучено. Колку сме близу ние до 21век и слобода во тој поглед.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.067
    Допаѓања:
    11.215
    Живееме во заедници, па затоа тоа го трпиме, тоест сме принудени да го трпиме. Еден тип кој многу го сакав во младоста, мојата мајка не го сакаше и кога и да го спомнев, таа го нарекуваше мрзливец, иако не го знаеше и две реченици не разменила со него. Зошто така? Мој избор. Не треба да се меша.

    Кај роднините исто. Родител форсира врска која пука на крај или растура врска кај што има надеж.
     
    На ku4ence, H.VAGA и edna_malecka им се допаѓа ова.
  5. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.579
    Допаѓања:
    171.540
    Пол:
    Женски
    Се мешаат затоа што сами дозволуваме..

    И никој не може да ме убеди во спротивното.

    И татко ми на времето живееше со реченицата - Под мој покрив мои правила..тоа важеше и за дечковци и за се.
    Па ете долго време не бев под негов покрив.. па бев.. и сега не сум..
    Не може никој да ми се меша во врска. А ако финансиски зависите од родителите тогаш не сте зрели за ништо повеќе од обичен провод со некого..
     
    На Maca***, Peperutce1115, ku4ence и 20 други им се допаѓа ова.
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.067
    Допаѓања:
    11.215
    Тоа што некој има своја плата (знаеме каква во македонски услови, најчесто мизерна), а мораш да делиш покрив и сметки со свекор, свекрва, наметнуваат правила и тоа носи последици. Исто е и со мајка, татко. За жал мал е бројот на луѓе кои се целосно самостојни во Македонија. Ако чекаме да си купиме свој дом, тоа може нема никогаш да се случи со ваква заработка, или ќе купиме на 40 години, доцна е за да го средиме љубовниот живот без стеги. Ако не се моите, ќе бидат неговите пример и пак исти ѓавол. А свои станови не можеме да имаме и двајцата нели? Ако имаме веќе мора да сме во тие мал број среќлии. Не оправдувам мешање.
     
    На ku4ence, H.VAGA, Seli20 и 5 други им се допаѓа ова.
  7. dankee

    dankee Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    772
    Се согласувам комплетно, но мислам дека 80% од популацијата и да се одвои семјеството повторно може да биде проблем.Ако не од твојата страна од страна на другиот.Јас лично сум немала проблем но знам многу ситуации каде што некои ке започнат и нова врска,а мајката и таткото постојано гледат да бидат во контакт со бившиот/та и прават многу други детски ситуации .
     
    На edna_malecka и Tanjamm им се допаѓа ова.
  8. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Семејството влијае на врската онолку колку што човекот е созреан. Созреан човек нема ни две секунди да се мисли дали да продолжи со партнер со кој му е убаво само заради семејството. Човек што нема скинато папочни врвци, не само за партнер, за се во животот ќе му влијае семејството. И нема вртења одоколу за оваа раблта. Сите објаснувања се утешувања, ама уствари реалноста е дека се работи за зрелост на човекот и ништо друго.
     
    На Peperutce1115, TashSefton, JoanaS и 11 други им се допаѓа ова.
  9. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Ти ако не сакаш не мора да има проблем. Проблем има само ако ти дозволиш.
     
    На TashSefton, eliesaab и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  10. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    Најглупавата работа која родител може да ја направи за детето е да се умеша во врската и да прави се за да ги раздели. На мајка ми ниеден дечко на сестра ми не и се допаѓа(л) а богами ни со мене не беше баш поинаку. За првата врска криев страв ми беше да кажам не знам зошто. Никогаш мајка ми не била толку емотивно наклонета кон нас да не сослуша и да можеме да разговараме отворено на овие теми каде реално битен е разговор со родител. Ама по се родителот да е против врска на детето и да сака да ги раздели.... Немам зборови. Изборот е на детето,врската е меѓу нив. На крај партнерот/партнерката ќе живее со детето а не со мене (доколку дојде до брак)
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.582
    Допаѓања:
    155.752
    Пол:
    Женски
    Би сфатила родител да го сака најдоброто за своето дете па дури и да му дај најдобронамерен совет околу врската доколку гледа дека детето страда или ќе страда ради партнерот. Добронамерен совет не е оцрнување на партнерот и тензија и притисок да се преќини врската. Доколку дојди до второто детето или 1) слуша родителите, и нормално не го сметам ова за изводлива опција и 2) си тера по свое зошто знај од каде е изворот на неговата среќа. Ни при добронамерен совет не мора да се послуша, ама добро е да се увиди да не има нешто кое не го гледаме.

    Е сега ... кога се живее во иста куќа, во исто двор макар, нормално е дека ќе има поќе конфликти и зависно како партнерот ќе се постави во тие врски, зависи дали ќе му успее врската/ бракот или не. Кога си под иста куќа нормално е да имаш конфликти, ама и нормално е да се решаваат. Ако две семејства различно решаваат конфликти и сега ги ставиш под ист покрив - конфликтите нема да се решаваат толку лесно и треба да се најди заеднички јазик пред да почнат да се зацврстуваат негативни чувства. Ако се зацврстат негативни чувства е на еден начин прекасно. После не се караш зошто има конфликт. Се караш зошто имаш негативни чувства кон индивидуата. И тука е главниот проблем. И после партнерот ( чии родители прават проблем) најчесто „бира“ страна доколку родителите упорно вршат притисок и го условуваат.

    Доколку избраникот не е проблематичен, го сакате и ве прави среќен, нема зошто нечиј притисок да ве оттргни од него. Раскин нема вас да ве напрај среќен, туку вашите родители. Како нивни деца, вашата среќа треба да им е на прво место. Крај краева, ваш живот е. Не нивни.
     
    На Luminary, edna_malecka, nevermet18 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Frosty!

    Frosty! Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2018
    Пораки:
    1.111
    Допаѓања:
    3.635
    Пол:
    Женски
    Влијае и тоа како. И не значи дека ако потпадне некој/а на сугестии од домачи дека е слабак или несозреан итд. Едноставно нашиот начин на живот кој повеќето го имаме и немоќта да се осамостоиме од родителите доведува до распад на врски. Имено, фамилија притиска како извесниов лик не е добар за нивното дете, секој ден препукувања и не останува некогаш избор.

    Мене лично не ми се мешале моите никогаш освен што мајка ми во секоја врска ми повторуваше "отварај очи". Не си го ставав тоа на срце зошто сама знаев до каде со кого може да се оди.

    Од искуство со други, на другар неговите му правеа притисок да раскине со девојка затоа што била премногу ниска. Мизерни беа ептен, плачки, кавги, па и до лекови стигнаа, и на крај попушти тој и раскина. Фала богу што девојката никогаш не ја дозна вистинската причина.
     
    На Ygritte, marchi-cool, edna_malecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Многу влијае. И дека им дозволуваме им дозволуваме.
    Ретки се оние случаеви на родители што не се мешаат.
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Aqualina

    Aqualina Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2020
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    921
    Пол:
    Женски
    Семејството многу влијае врз се не само врските со партнерите. Мешањето на родителите не е секогаш злонамерно, често тие гледаат нешта кои ние самите под превезот на заљубеноста не ги приметуваме. Ама кога е ситуација буквално секој партнер да не чини е тогаш не е во ред нешто со компасот на родителите и колку порано се стават граници и се тргне кон осамостојување и разделување од такви родители толку подобро за сите.
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    5.942
    Допаѓања:
    50.025
    Пол:
    Женски
    Моите родители ниту на почетокот ниту сега ни се мешале во врската, нема ни зошто да ми се мешаат.
    Збор не се кажале таков е и таков не ти треба тој, кога е добар не можат ништо маана да најдат, а и јас самата си знам кој е добар за мене а кој не.
     
    На marchi-cool и edna_malecka им се допаѓа ова.
  16. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.219
    Никогаш не сум дозволила да ми се меша некој во врската. Дури и да станува збор за најтесното семејство, немаат такво право.
    Кога станува збор за љубов се борам до крај, ако знам дека вреди, па можеби знаат дека дури и да пробаат да се замешаат, ќе биде залудно. Станува збор за мој живот, моја среќа, мој избор, и секој треба да си ги знае границите. И да згрешам, ќе згрешам јас, и ќе си ја научам лекцијата. Возрасни сме, сепак. Совет прифаќам, мешање и ограничување никако.
     
    На marchi-cool, poenta, edna_malecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Ladybug98

    Ladybug98 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2019
    Пораки:
    1.065
    Допаѓања:
    4.134
    Пол:
    Женски
    Верувам дека ниеден родител не посакува лошо на своето дете и сите совети се најдобронамерни ама секој треба да си ја знае границата. Влегуваме во врски на 15 години и се тоа е "нормално" во денешницава, па нормално е и да се родителите вмешани. Ниедна девојка не е свесна и доволно разумна на тие години, тргнувам од себе. Бев во којзнае каков филм лош и ми се допаѓаа bad boys(facepalm):D хит ми беше criminal од Бритни и си правев триста сцени во главата. Хахахах се смеам и се срамам од самата себе, ако не беше мајка ми да ме посоветува ќе завршев со некој таков, па среќа завршив со тоа.
    Подоцна влегов во врска за којашто немаше никој против ама исто родителите ме предупредија на некои работи однапред за кои тогаш негирав и се лутев мислејќи дека сакаат да раскинеме, се додека не ги осетив на своја кожа мислејќи дека ќе ги прифатам ама всушност испадна оти цело време сум ги собирала во себе и наеднаш пукна.
    Мешање од типот на ниска е, сиромашна е, необразована, дебела не сакам да го коментирам оти такви коментари и мешање можеш да очекуваш од прости луѓе. Крај краева, тоа е твој живот и твоја среќа. Сами си го бираме патот во животот и не треба да дозволиме некој да не преусмерува. Сепак насамо да подразмислиме за секој совет и коментар оти додека сме заљубени не гледаме ништо.
     
    На marchi-cool, edna_malecka и DojaCat им се допаѓа ова.
  18. dankee

    dankee Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    772
    Точно така, во ред е да се даде коментар ако човекот има порок, родителите се тука за да ги насочат децата, но има такви, еве по пример на една пријателка идеа со дечкото 8 години и кога рааскинаа нејзе оддома и велеа зошто го остави, смири се, што планираш старамома да останеш .. а верувам дека дотукале до 8 години поради притисоци, да кажеме 3-4 години имале океј односи,другите за што би рекле оддома и околината... многу сме заостанати во тие погледи.
     
    На Seli20, Ladybug98 и edna_malecka им се допаѓа ова.
  19. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.690
    Пол:
    Женски
    Знам една таква врска.
    Таа Албанка тој турчин.
    Неговите не ја сакаа му рекле или нејзе или ние. Он ја остави нејзе.
    А можеше да се бори да опстане таа врска.
    Кога двајцата не се борат за да успее нештото џабе ти е се..
     
    На Frosty! и dankee им се допаѓа ова.
  20. dankee

    dankee Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    772
    А верувам дека девојката била сасвим нормална, ама имало некои банали работи што им пречеле а тие ги гледале као кознае што .. и сакав да се надоврзам на твоето поради тоа што рече дека машкото ја оставил .Обично мажите се по поврзани со фамилијата. Ние девојките ако сакаме некој поборбени сме..
     
    На eliesaab, Ladybug98 и edna_malecka им се допаѓа ова.