Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Семејството како фактор во врската

Дискусија во 'Врски' започната од dankee, 22 јули 2020.

  1. LoLa96

    LoLa96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2020
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    182
    Пол:
    Женски
    Ama ne e takov nasiot slucaj, se mesa samo majka mu so pricina deka saka da odat site pari na isto mesto za sto gi gledala taa za da si zaminat od doma so brat mu? I sega nikoj ne prevzema nisto ni brat mu si zenata i deteto ni mojot
     
  2. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.124
    Допаѓања:
    20.279
    Пол:
    Женски
    Општо дискутирав на темата, не за нејзиниот конкретен случај. Некогаш претеруваат, ама некогаш се во право. Треба да сме паметни да ја препознаеме ситуацијата. :) . Кај неа веќе однесувањето на мајка и е отидено во екстрема.
     
    На LoLa96 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.777
    Допаѓања:
    17.749
    Пол:
    Женски
    Никогаш нема да ги разберам тиее родители со реченицата, "ние тебе те гледавме сега ти треба нас." Моите дома се многу среќни што брат ми си крева пари настрана од плата за еден ден, да можел на жената да и овозможи дома, мајка ми вели дека она ке му го купи ако треба, зошто е задоволна што самиот е свесен за потребата да имаш свој дом и сака да е самостален.
    Искрено, вака дека јас парите од мојата плата на свекрвата ке и ги давам, мало сутра. Штом има таму снаа и зет и дете, па уште вие двајца и здравхе боже вашите деца, тоа ке биде гунгула. Само нервози и никаков хармоничен живот. Се гледа дека жената сака да држи се под команда. Кажи му искрено дека сакаш да живееш настрана, ако не се согласува со тоа, се знае што следи.
     
    На LoLa96 и noteforself им се допаѓа ова.
  4. dankee

    dankee Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    772
    Јас искрено сметам дека редно е да се одселите, ако врската ви е до тој степен стабилна, ова ми личи ма типичен пример на mama‘s boy.Би ти рекла прво да пробаш да и стапиш на срце на жената макар што тешко со таквите особи но вреди да пробаш. Мажите се премногу преврзани со фамилијата и тешко им е да одат контра нивниот збор. Јас да би била како што реков би пробала да се зближам со нејзе и би почнала да и зборам колку сум призврзана и колку би сакала иднина со тој човек, се би направила индирекно со нејзе постепено за да ја добијам таа на моја страна да би била, комплименти кон неа, би и помагала и постепено би и се пожаливавала за работи . Друг избор и немаш со овој човек и би дала време уште пола година но ако веќе сте надминале пример 27 години и тој уште сака со мајка да остане бегај девојко поради тоа што како проблем ќе го имаш цел живот.
     
    На LoLa96 и Carolin. им се допаѓа ова.
  5. LoLa96

    LoLa96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2020
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    182
    Пол:
    Женски
    Браво за твојата мајка и три пати ура за сите жени мајки на синови со такво размислување, а за мојава ... не сакам поради тоа да прекинам ваква љубов.
     
    На Carolin. му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.777
    Допаѓања:
    17.749
    Пол:
    Женски
    Ако вие двајца не најдете компромис, не знам како ке успееш. Ако он е мамино синче, а не маж што треба куќа да гледа и не може да и се спротистави на мама, тоаш тешко тебе.
     
  7. LovelyGirl3

    LovelyGirl3 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2013
    Пораки:
    1.365
    Допаѓања:
    10.477
    Пол:
    Женски
    За жал пречесто девојките имаат ваков проблем со дечковците, реално никој не треба да си ги запостави родителите зошто никој родител не го заслужува тоа, напротив треба да им помага бидејќи стареат и не можат се сами, но тоа не значи нужно дека треба да се живее под ист покрив.

    Жената е во многу лоша позиција зошто не припаѓа кај нејзините родители, треба да се мажи, не припаѓа кај свекрвата и свекорот, зошто ни тоа не е нејзин дом, на свекрвата е и ако не си создадат нешто заедничко со сопругот тогаш жената цел живот никаде не припаѓа.

    Мора да разговарате на темава и да му поставиш ултиматум. Верувај можеби не сакаш да го изгубиш, но цел живот ќе ти пројде во нервози и на начин на кој што не сакаш да го живееш. Залагај се за себе и објасни му дека услов за да бидете заедно е да живеете одвоено од родителите, а и не знам зошто не би се грижел за родителите ако живеете посебно. Може да си најдете стан/изградите куќа во близина на неговите родители, па така ви е win-win, бидејќи ем ќе живеете посебно од нив, ем ќе биде блиску до нив за да им помогне било што и да им треба.
     
    На Carolin. и noteforself им се допаѓа ова.
  8. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    10.929
    Пол:
    Женски
    Единстевен фактор во врската сме јас и тој. Мислење да послушам можам но на крајот ќе биде како што јас ќе кажам.
     
    На SummerGirl и Billy Idol им се допаѓа ова.
  9. KiwiFruit

    KiwiFruit Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2019
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Женски
    Можеби не е најсоодветна темата за тука да пишувам, но препознавам некоја корелација... Во брак сум многу кратко. Не живеам со свекор и свекрва. Во еден наврат седејќи на маса од девојка на братучед на мм бев исмевана и јас и мајка ми. А соучесник на тоа беше и стрината... Неможејќи да издржам заминав со сопругот под изговор дека не сум добра... Немав друг избор освен да ја тргнам таа од пријател бидејќи прави раздор и кавги очигледно... Она што најмногу ме боли, не е тоа што нејзиниот иден свекор ме тргна од социјалните мрежи, туку тоа што мојот мм ме напаѓа и секогаш е против мене.. Тие се навредени, а ние исмевани океј е...
    Јас во лице ништо не им реков, само се повлеков...
    Периодов во брак ми е пекол, апсолутен пекол, нервози, кавги... Најмногу жал ми е за бебето во мене, кое нема поддршка од мм...
    Размислувам за оддвојување бидејќи не сме регистрирани.. Вашњ мислење во однос на ситуацијава... Ве гушкам:*
     
  10. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.701
    Пол:
    Женски
    Иди си со време.
    Разговарај дека не се осеќаш убаво кога те напаѓа пред други.
    Али иди си со време.
    Пошо он ако на почеток не се промени нема никогаш.
     
    На KiwiFruit му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.313
    Пол:
    Машки
    Незнам како можел да дозволи твојот мм да те исмејува некој,па макар и роднина.Факт е дека во голем дел од Семејставата има недоразбирање и од едната и од другата страна,никаде не е сјајно,но како Машко и како твој Сопруг морал тука да те заштити,сепак ти не си му некоја од улица најдена па ајде удри по тебе.Згора на све му носиш Дете на Светов,што е огромна работа,и направил голема грешка што веднаш не реагирал и ја прекинал кавагата и да си заминете,мораш да седнеш со него да направиш отворен муабет,и да видиш на што сте,вака работава не е на арно,како да не те сака и почитува Сопругот според ова што го кажуваш.
     
    На edna_malecka, noteforself и KiwiFruit им се допаѓа ова.