1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Семејството ме уништува

Дискусија во 'Психологија' започната од anastasija18, 6 април 2017.

  1. anastasija18

    anastasija18 Активен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    206
    Пол:
    Женски
    Ги прочтитав сите совети неколку пати и верувајте многу ми значи вашата подршка. :hug:
    Во право сте потполно за се што сте напишале. Уште од најмала возраст не сонував за факултет и за добро платена работа, туку за живот на страна под кирија и какви такви примања кои ќе бидат доволни колку за мене. Само со мојата платта само не, ама ако најдам уште една или две цимерки ем ќе си ги делиме трошоците, ем нема да бидам осамена по цели денови во четири ѕида.
    Свесна сум колку лоши родители се и двајцата. Мајка ми можеби физички не ме малтретира ама психички ме убива затоа што целата вина за нејзините болести ја префрла на нас тоест на мене. Таа физички да ама како родител никогаш не била присутна тука за мене, да ме сослуша, да поразговараме, да ме поддржи, да ме заштити или нешто слично. Се вади на тоа дека таа пораснала 18 години, да ме порасна ама како? Ако вака мислела не требала ни да ме раѓа и онака се зеле со татко ми зошто останала бремена со мене.
    Јас со неа не можам да водам нормален разговор како мајка и ќерка, да ја прашам или да и кажам нешто зошто таа не ми дава да кажам ништо веднаш погрешно ме сфаќа. Татко ми исто, едно најнормално обично прашање тој почнува да хистеризира и да се дере, не дозволува да го прашам или да кажам нешто затоа одамна дигнав раци од нив. Ниту не чуствувам некоја љубов спрема нив, мои другарки се буквално зависни од родителите не можат да не помине ден а да не ручаат заедн со родителите или да излезат, да си разговараат додека кај мене тоа го нема. Милион пати ми е подобро кога сум на работа колку и да ми е тешко и стресно, одколку дома. На школо додека одев толку мразев сабота и недела кога ќе се соберевме сите дома, зошто тоа настануваше тотална лудница. Поради брат ми ги изгубив нервите уште на 18 години, не знам како јас ќе гледам деца утре кога не можам да поднесам никого повеќе. Тој е допуштен од моите родители од секогаш да си прави што сака, пари си добива, си шета, излегува кога сака, се враќа кога сака, пијан го довлечкаа еднаш во 3 саат не знаеше ни кој е, ни што е. Нормално дека не реагираат ни кога ме малтретира зошто тој е машко нему му личело се да прави и да шета до касно, и да се пијанчи. И затоа го допуштија да прави што сака, тој рипа и со нив да се тепа а не пак со мене.
    Од татко ми милион муабети имам слушнато дека јас домакинка немало да бидам никогаш, дека некој ќе ми ги кршел коските секој ден и тоа дури со насмевка ми го кажа, како радосен да ќе биде ако се случува тоа. Имав дечко за кој не знаеа ама претпоставуваа брат ми постојано им кажуваше и ме тераше да сум се омажела какво било тоа излегување секој ден. И дека откако ќе се омажам арно или лошо има да седам таму и да ќутам, ако мојот сопруг случајно испадне насилник или алхоколичар како него дека тој назад нема да ме прими никогаш. До некаде е можеби во право треба пред време да се гледа со кого и што се прави ама порано ме болеше тоа што немам никаква подршка од нив како родители. Дури и да ме малтретира некој тие треба како родители да ме заштитат и да покажат дека не сум сама, а не да ми се смеат во очи и да дава зелено светло дека слободно може и други да ме малтретираат. И јасно уште сега ми имаат дадено до знаење дека јас од оваа куќа и општо од нив нема да добијам ништо, се ќе останело на брат ми. Нас двајцата не делат, многу јасно. После сите циркузи и ситуации едноставно се оладив од нив, не ги сакам, сеедно ми е, знам дека можам без нив и недели, месеци, години и дека сеедно ми е дали се тука или не, јас секако немам родители. Кога гледаат дека сакам да си одам и дека сум сериозна да ја реализирам таа намера тогаш мајка ми плаче ќе умрела ако сум си одела, сеедно ми е веќе таа е една себична жена и не мисли на никого, најмалку на сопствените деца. Во право сте за се, кога таа не мислеше на мене кога требаше зошто јас да мислам на нејзе.
     
    На Mami3, ku4ence, Abeja и 11 други им се допаѓа ова.
  2. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.805
    Допаѓања:
    25.079
    Пол:
    Женски
    Леле мила , не знаеш колку ме потресе твојава ситуација . Не сум многу постара од тебе , 2 години сме разлика ама каква е бре таа мајка што ти префрла за нејзини болести и дијагнози ? На твое место , би си заминала и ич око не би ми трепнало . На заминување ќе им речам ладнокрвно : уживајте сега кој себичен , кој алкохоличар . Бидете ми поздравени и имајте хепи лајф . Брат ти во најмала рака може како келнер да работи било во кафиќ било во кафана или ресторан , има куп работа за машки ( од автомеханичари , ѕидари , молери , келнери .. ) додека заврши со школо , нека се стисне малку .
    Па ти не си ниту од дрво ниту од камен . Тие пред се треба да имаат малку човечност во себе . На крај краева нивна крв носиш . Сигурно не те донел штркот кај нив . Бегај спаси си ја душата додека имаш сеуште ум и разум . Јас не знам како и до сега си трпела . На твое место јас во најмала рака би ги пријавила во полиција за семејно насилство . Убаво те советуваа погоре , посети си и ти стручно лице , чисто да си поразговараш и да се посоветуваш со него . Тој ќе ти даде насока по која треба да се движиш во животот . Сеансите траат 20 минути ( барем овде е така ) , не губиш многу време , а добиваш многу , си олеснуваш на душата и плус ќе си го средиш животот за во иднина да живееш нормално и стабилно како сите други .
     
  3. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.138
    Допаѓања:
    14.422
    Пол:
    Женски
    Ја прочитав темава и навистина ме потресе. @anastasija18 мила сели се што побрзо.Те уништиле во најчувствителните години.Не му ја мисли многу што ќе речат комшиите или твоите.Блиску сум со твоите години и знам колку е овој период чувствителен.Во прво време ќе ти биде потешко и финансиски и емоционално.Но,побарај помош од стручно лице.Пробај од ново да се изградиш себе си.Сфати дека ти си нешто посебно што постои и никој не може да биде ист со тебе.Цени се повеќе како личност.
    Барај цимерки што побргу и почни го животот одново.
    Немој да подлегнуваш на манипулации и на закани.Едноставно имаш право на среќен и спокоен живот.Понатаму работи,штеди и запиши се на факултет на она што го сакаш.
    И да,нема машко или женско,пред законот сите сме исти.Кога ќе успееш да застанеш на свои нозе,пробај да му помогнеш и на брат ти.Колку и да не заслужува,сепак тој е млад и не станал она што е по негова вина.
    Само биди храбра и истрајна.
    Од мене имаш максимална поддршка.Кога сакаш контактирајме и во лп.
    :hug:
     
    На anastasija18 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.388
    Допаѓања:
    171.341
    Baba ti i vujko ti zapoznaeni se so celosnata situacija?
    Imas porazgovarano so niv za tvoeto iseluvanje od doma?
    Da te zemat kaj niv da se stabiliziras malku,ednostavno da imas grb od niv?
     
    На *Amethyst*, Aleksandar1212, slim123 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. anastasija18

    anastasija18 Активен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    206
    Пол:
    Женски
    Сигурно дека знаат. Сум размислувала и ан таа опција ама тие не се луѓе кои би ме подржале. Ќе дојдат тука, ќе му зборат на татко ми 15 минути тој ќе клима глава ќе си отидат тие пак истата песна. Тие да сакаа да не подржат уште на времето ко беше мајка ми тепана уште тогаш ќе дадеа подршка да се разведе и ние да растеме барем колку толку нормално, а не во луда куќа.
     
    На ku4ence, Aleksandar1212 и slim123 им се допаѓа ова.
  6. earth_girl

    earth_girl Нов член

    Се зачлени на:
    7 април 2017
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Ох душа убава.
    Бегај злато. Бегај колку можеш побрзо. Јас бев во слична ситуација уште многу мала. Само мојот татко не пиеше. Замисли човек на трезно да крева рака на својата жена пред своите деца, поради своите несигурности и машки ега или што ли јас знам.
    Исто се чувствувам како тебе, тоа што си го напишала во првиот пост. Уште од многу мала сакав да бегам, кај тетка ми, кај баба ми.. било каде секој ден се замислував како го пакувам куферот и ги оставам зад себе.
    Но, немав храброст.. и ја жалев мајка ми (како таа ќе се чувствува, можеби ќе ја заштитам јас ако останам и сл). Ништо од тоа!
    Не побегнав и тоа ми е најголемата грешка во мојот живот. Сега сум 7 години постара од тебе, затворена, изолирана од светот, со милион погрешни мисли за себе и светот, недоградена личност, уплашена.. буквално напикана во глувчја дупка. Да, тие сега се смирени, по "меки", нема тепачки, но траумата и последиците од тоа што беше секојдневно ме уништуваат, и се борам и борам.. со самата себе, но нема крај.

    Верувај ми! Бегај и не гледај назад! Нема ништо повредно од твоето психичко здравје. Ти и само ти си важна, и воопшто да не ти биде жал за никој од нив.

    Само те молам биди внимателна. Кога ќе им кажеш дека заминуваш дефинитивно, да не настане голема, да ти забранат и не дај боже да кренат рака на тебе.
    Подобро разговарај со баба ти или некој друг роднина што би те сфатил, да ти помогне и да биде таму присутен кога ќе си одиш од таа куќа.
     
    На ku4ence и AURUA им се допаѓа ова.
  7. Baby-bubu

    Baby-bubu Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    1.599
    Допаѓања:
    13.295
    Пол:
    Женски
    Девојко стварно ме потресе твојава ситуација. Мислам дека разговор со психолог ништо нема да придонесе, станува збор за нешто многу посериозно. Сметам дека под најитна постапка треба да се иселиш од кај твоите и да отидеш во некое гарсониерче колку да имаш мир некој период. Не им давај веќе информации што планираш и каде ќе се селиш ако си најдеш стан. Веројатно ќе гледаат со зборење од типот дека си неспособна и дека мајка ти ќе приумре ако си отидеш да те задржат, ама верувај дека ништо нема да им биде. И најбитното - не им давај ни денар. Ни на мајка ти, ни на татко ти уште помалце на брат ти!! Не го заслужиле. Стабилизирај се станбено, а потоа можеш самата да си отидеш на психолог и да почнеш да работиш на себе и на сето она што си го изгубила.
    Ти ја посакувам целата среќа на светов што побрзо да отидеш од таму и да си го најдеш мирот сама! Пиши ни што си направила! :hug:
     
    На ku4ence, *Amethyst*, kim.k и 3 други им се допаѓа ова.
  8. NeoX

    NeoX Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2017
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    572
    Пол:
    Машки
    Психијатар ?
    Не, нема да ти помогне во оваа ситуација, само ќе го прскаш говното со мирис но тоа пак си смрди.

    Тргни се на страна, макар најди си цимерки, колку за толку ќе имаш живот плус и они ќе те воведат во некои работи што не си ги видела самата.

    Брат ти на 15 пие ?
    Крајот му е блиску, ич не се замарај, ти самата се уништуваш останувајќи со нив.

    ПРЕСЕЛИ СЕ побргу, од таа фамилија нема добро да видиш колку и да се надеваш, сурова реалност.
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  9. I I

    I I Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2016
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    625
    Пол:
    Машки
    Секако во оваа ситуација ти е најдобро да се отселиш (подобро за своето психичко и емоционално здравје), но сепак за жал реалност е дека дури и со факултет не може човек во нашава ни државичка да најде работа која ќе е барем 18 000 (за да сам можеш да плаќаш кирија, и да ги задоволиш основните егзистенцијални потреби). И да, подобро е да си сам отколку со некои кои цел живот психички, емоционално те уништуваат. Јас, многу добро разбирам како е да си со некои кои цело време за нивните родителски грешки обвинуваат некои други, а никогаш тие самите.
     
    На Aleksandar1212 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.124
    Допаѓања:
    43.679
    Пол:
    Женски
    и кај мене дома имало големи расправии ама се праев ко да не постојат моите во тие моменти.Казни ова она сеа ништо сфатија дека сум со магарешки инает.
     
    На Indiegurl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.089
    Пол:
    Женски
    Миличка, твоите родители можам слободно да ги наречам монструми. И брат ти исто така. Проблемот е премногу сериозен и како што кажа некој погоре, не може да помогне ниту психолог. И јас би те советувала да заминеш од таа куќа. Колку порано, толку подобро. И нема што да им соопштуваш дека сакаш да си одиш. Кога нема да се дома, спакувај ги куферите и патот под нозе.

    Татко ти можам слободно да го наречам монструм над монструмите. Те фрлил од креветот кога си била бебе зашто му ја немало ракијата?! Абе уште тогаш требаше да и’ текне на мајка ти да се разведе од него. Ама не,толку и’ сечеше. Или пак ако решиш да им кажеш дека ќе заминеш, а мајка ти ти вели дека ќе умрела без тебе, не ја слушај. Кажи и дека ако нејзе не и’ е жал за тебе, тогаш зошто тебе да ти биде жал за неа. И не им кажувај каде си. Да бев јас на твое место, на тие т.н. родители не би им дала ни денар.

    Брат ти што на 15 години пие на добар пат е да стане како татко му. Јас да му бев мајка или сестра на тој твој брат, немаше да го пуштам да мрдне од дома, освен до училиште и назад, а не неограничен излез да му дадам. Па уште му личело да те малтретира бидејќи бил машко. Ајде бе. Примитивци низаедни!

    Имам впечаток дека твоите родители ги лечат своите фрустрации поради недостаток на презерватив штом твоите се венчале заради тоа што мајка ти останала бремена со тебе.

    Не ми е јасно како може родител насмеано да кажува дека некој ќе ти ги кршел коските секој ден и дека едвај чекал некој друг да ти врши терор. Па ако твојот сопруг испадне насилник(пу,пу скраја да е), не мора да се враќаш кај нив. Побогу и за тоа има решение.
     
    На ku4ence му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Aleksandar1212

    Aleksandar1212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    7.679
    Пол:
    Машки
    Да не се само самата себе залажуваш најбитно е. Никој не знае што го чека утре. За да најдеш сопатник во животот, треба да искусиш и видиш многу работи. Да ја видиш и лошата и добрата страна на твоето семејство. Сепак некој ден ќе треба да им кажеш еве мамо, тато ова ќе ви биде зет. Би сакал ако има нешто добро во твоето семејство да го напишеш овде. Ем ќе ти олесни, ем полесно ќе си донесеш одлука. Среќно
     
    На Dust и kuc им се допаѓа ова.
  13. sj *O*

    sj *O* Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2016
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.921
    Пол:
    Женски
    тука добра страна не постои. чупчето растело покрај монструми, ко шо кажа членка погоре.
    во случајов не знам ни дали психолог ќе помогни, евентуално само да ти даде совети како полесно да се справиш со сиот стрес, друго не. иако си разумна и трезвена сепак си можела да го пријавиш татко ти во полиција за семејно насилство. а мајка ти да се грижела за тебе ќе те земела и ќе избегала со тебе уште кога татко ти те фрлил на кревет пошто немало ракиичка. така да сега и тебе не треба ич да ти е гајле за мајка ти. не давај ниту денар на твоите. избегај кога нема да се дома твоите и не кажвај никому. за почеток оди кај некој/а другар/ка или барај цимерки за да не бидиш сама а воедно и поисплатливо ќе биди во однос на кирија и останати трошоци. работа во ова држава тешко се наоѓа, ама за почеток можиш да почниш во некоја сендвичара или сл. најбитно е физичкото и психичкото здравје, бегај оттаму спаси се шо побргу. социјализирај се. ако си или бидиш во можност запиши се на факултет. ако имаш разумни и трезвени роднини во странство, контактирај ги то е уште подобра идеа. ако ништо друго барем ќе ти пратат пари доволно за почеток. ако ти треба совет или разговор слободно пиши ми. и кажи како иде работава. Среќно :hug::hug::hug::hug::hug::hug:
     
  14. kim.k

    kim.k Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    14.464
    Пол:
    Женски
    И ако најдеш друго место на живеење не им кажувај каде е, не ми изгледаат стабилни можно е дома да те довлечкаат.
    Полнолетна си, си работиш. Бегај и ич да не му ја мислиш.
     
    На ku4ence, sj *O*, shz и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    45.616
    Пол:
    Женски
    Душе,не само што треба да заминеш од таа куќа,гледај подалеку да заминеш каде што не би можеле да те најдат
    Ако си во нивна близина проблемите нема да застанат
    Верувај
    Тоа што си свесна нека ти биде првиот чекор
    Не е лесно да се бориш сама во животот без подршка од најблиските
    Не се откажувај никогаш :!:
    Биди упорна и ке успееш
    Верувам дека еден ден ке бидеш прекрасна мајка и ке имаш маже кое ке те почитува и цени :inlove:
     
  16. Aleksandar1212

    Aleksandar1212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    7.679
    Пол:
    Машки
    Се во ред што сакате да ја советувате да замине, и јас така би одлучил. Но сепак сметам дека треба да ни ги каже и добрите страни на нејзиното семејство. Исто така како податок ми се врти во глава неколкуте дечковци, со кои не успеала да најде заеднички јазик. Сепак сметам дека доколку се исели треба да биде блиску до човек кој е повозрасен, и ќе ја советува. Да речеме нејзините баба и вујко, да биде во нивна близина за кога ќе се осети осамена или и треба некој близок. Колку и да е сурово семејството, животот надвор е посуров.
     
    На ku4ence, Dust, melnicanecot и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Em.Emily

    Em.Emily Активен член

    Се зачлени на:
    29 март 2017
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    87
    Пол:
    Женски
    Тоа го велам и јас. Потполно се согласувам со тебе.
     
    На glosipgirl, Aleksandar1212 и melnicanecot им се допаѓа ова.
  18. anastasija18

    anastasija18 Активен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    206
    Пол:
    Женски
    Видете ситуацијата не ми е ваква од вчера и ова да се иселам не го размислувам од вчера туку цел живот.
    Свесна сум дека дома ми е тешко ама некаде надвор може да ми биде и уште потешко. Свесна сум за тоа колку е суров овој свет и далеку од тоа дека ако се иселам автоматски ќе ми биде се сјајно и убаво.
    Прашувате за добри страни на моето семејство, искрено не знам за такви. Не сакам само да ги напаѓам и критикувам ете од лошото секогаш постои и полошо има деца што се истерувани, гладни, седат на ладно цела зима и милион други полоши ситуации од моите. Во фрижидерот можеби сме немале којзнае што, имало моменти кога имало и само маргарин и ништо друго ама сепак благодарна сум и за толку. Јас не барам многу од финансиски аспект, само сакам малку мир и спокој. Парите и богатстово се минлива работа и се џабе ако човек се соочува секојдневно со вакви проблеми и малтретирања. Можеби не се катастрофално најлошите родители ама сепак за мене се лоши родители и уште 100 години да живеам тоа мислење не би го снемила. За 18 години треба да ме познааваат доволно добро и да знаа дека од нив не сум барала никогаш ништо ниту ќе барам. Никогаш не сум била дете кое би ги зело последните 100 денари за да излезе на кафе или да запнувам мора ова да ми се купи, мора она, Ако ми дале нешто ок ако не па ок, сум си молчела. Кога требаше да ми дадат и да добијам тогаш не ми дадоа, зошто по толку години кога ќе се омажам и ќе имам свое семејство би барала од нив? Никогаш не сум размислувала на тој начин а им го имам јасно кажано и тоа дека не барам ништо од нив, ниту свадби да ми прават, ниту пари да ми даваат не сакам апсолутно ништо само малку мир и почитување зошто и јас имам душа не сум од камен, кога ќе дојдам од работа сакам да одморам а не да ги слушам нивните испади и да ми ја полнат главата со глупости. Подршка од родините знам дека нема да добијам. Баба ми и вујко ми се свесни и убаво запознанаени со нашата домашна ситуација, меѓу тоа и тие имаат некои глупави свакања дека се што се случува во семејството треба да се реши меѓу мажот и жената и дека не било убаво други од страна да се мешаат. Сум размислувала и на таа опција меѓу тоа знам дека подршка од најблиската фамилија или другарките нема да добијам, Треба да почнам од нула. Знам дека ќе ми биде тешко ама секој почеток е тежок.
     
    На ku4ence, sj *O*, Bridget и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.213
    Допаѓања:
    30.935
    Пол:
    Женски
    Мој совет е дефинитивно да си заминеш од таа куќа, веќе си вработена и верувај дека со толкава сума можеш да си обезбедиш пристоен живот. Нема да имаш за луксузи и незнам што но барем ќе си имаш мир. Можеш да си најдеш и некоја добра цимерка која ќе ти биде и друштво воедно. Проблемите во твоето семејство се провлекуваат долги години и што и да кажеме, реалноста е дека твоите родители се такви какви што се и тешко дека некој ќе ги смени. Потребна им е стручна помош но јасно е дека ќе ја одбијат. Затоа најди си сместување, спакувај се и замини. Ако останеш во таква нездрава околина, секојдневно изложена на тортури, само ќе си го изгубиш здравјето.
     
    На sj *O*, Mari*, Aleksandar1212 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Каква зрелост, 20 години постари од тебе можат да ти позавидат на главата што ја носиш!

    37години имам, поминав многу низ животот, сега почнуваме се' на ново и во странство. Сретнав илјадници луѓе и нелуѓе, во стотици различни ситуации во животов, и можам едно да констатирам - Ти НЕМА ДА ИМАШ ПРОБЛЕМ во своето осамостојување, длабоко верувам во тоа!
    Тебе ти треба само првиот скок да го направиш, зошто тој е тој кој е секогаш најтежок...не во реалноста, ами во главата. Тешко е да се откачиш од родителите, тешко е да промениш нешто после 18 години секојдневно живеење, па макар било и најлошо, ама верувам во тебе и во твојата сила да се избориш сама за себе. Колку и да звучи грозно, сами доаѓаме и сами си одиме од овој свет, зграпчи си го животот и остави ја фамилијата позади себе. НЕ Е ГРЕВ АКО СЕ НАПРАВИ ТОА, не дозволувај да си играат со твојата психа, не е родител само тој што те родил!

    Јас да бев на твое место, ќе заминев во странство - на брод, неколку месеци во хотел, на плантажа, небитно, колку подалеку - толку подобро, ниту да ти дојдат, ниту да ги видиш. Само така ќе се смириш, ќе си го исчистиш мозокот, ќе ја согледаш ситуацијата од страна и ќе го искусиш мирот кој очигледно од раѓање го немаш. Сето тоа ќе ти даде мотив за што ќе треба да се бориш во твојот живот. Седењето во ист град, на неколку стотици метри од нив, не мислам дека ќе ти реши нешто. Да не речам дека само ќе те дозафркни, зошто очигледно брат ти, во најмала рака, ќе биде тој кој цело време ќе ти се појавува на врата и ќе те малтретира. МИР ЌЕ ИМАШ САМО ДАЛЕКУ ОД НИВ.

    Не сум во МК, ама ако ти треба БИЛО ШТО, за било каде (не знам во кој град си, небитно) те молам слободно да ми пишеш ПП, се' што можам ќе ти помогнам.
     
    На ku4ence, Waka-waka, Mishela и 11 други им се допаѓа ова.