Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Семејството ме уништува

Дискусија во 'Психологија' започната од anastasija18, 6 април 2017.

  1. ciudad_juarez

    ciudad_juarez Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2016
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    185
    Пол:
    Машки
    Сега уште поќе сфаќам колку сум бил среќен со родителите шо ги имав и колку сум несреќен шо ги немам од оваа година натака,многу ме повреди оваа тема.И мене сака да ме уништи фамилијата на татко ми и мајка ми со нивното понашање како да сум од улица ама не им се предавам.
    Жал ми е девојче зато шо си вредна но не си се родила во друга држава каде со нивните примања ќе ти беше многу полесно да се осамостоиш од твојот татко пијаница.То е,живееме во скапана држава со скапана влада шо не мисли на проблемите кој обичен човек можи да ги има и фрла минималец трошки.
     
    На nevermet18, adolfhitler и Tanjamm им се допаѓа ова.
  2. Aleksandar1212

    Aleksandar1212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    7.679
    Пол:
    Машки
    Арно си чекала и ти. Мора некој да те лажел нешто или родителите се малку повеќе ситуирани, па немало потреба да се мачиш да работиш за плата. Знаеш како викаат, не созреваме сите во исто време. Најмногу што ги погоди тие генерации како твојата е системот и сфаќањето. За жал сеуште можат да се видат млади луѓе жртви на стариот систем.Родителите секогаш мислат убаво за своите деца, не секогаш тоа мислење е исправно. Јас би ти кажал дека нема поубаво од фамилија, твои деца и маж. Биди онаму кадешто можеш да си оформиш фамилија. Парите се полесно прават во двојка. Како викаа старите, луѓето се како чевли, секогаш идат во пар.
     
    На adolfhitler, Tanjamm и zhap4e им се допаѓа ова.
  3. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Со маж и 2 деца дојдов тука, ако за мене мислеше:))))
     
  4. shooter.0801

    shooter.0801 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2017
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    347
    Пол:
    Женски
    И јас имав сличен проблем. Таткоми постојано идеше пијан и ја тепаше мајками, тоа многу лошо се одрази на мене.. Бев многу исмејувана поради тоа што бев дебела, не поминуваше ден а јас да не бидам исмејувана. Секогаш бев искористувана немилосрдно од тие што ги сметав за пријатели, поради се тоа јас се повлеков во себе, не бев многу отворена, не бев спремна за нови пријателства, имав дечко кој имаше татко кој постојано пиеше. Бев како во кафез, оценките ми беа катастрофа, не сакав да и се испулам на книгата, а не пак да учам.. Но почнав да читам психолошки книги, и полека почнав да си го градам мојот карактер, и се ми се подобри во животов, од единици на училиште станав девојка за пофалба со сите 5ки, раскинав со дечкото, таткоми се смири иако продолжи со психички малтретирања...
    Сакав да ти кажам дека не си сама, има и слични случаеви како твоите, но со оглед на тоа што твојот е пострашен би те советувала да се осамосталиш. Научи јазик, замини некаде, работи. Знам дека не е едноставно, но мора да бидеш храбра, најјтешките лекции им се даваат на оние најхрабрите :)
     
    На ku4ence, Tanjamm, Aleksandar1212 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Онака ја отворив темата од љубопитност и ова ме тотално расплака, како е сега после 3 години се надевам дека си среќна сама или со некој нов човек во животот? :D
     
    На CocoChannel, ku4ence и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  6. Domont123

    Domont123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2020
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    47
    Пол:
    Машки
    I jas iskreno se potresov so ovoj tekst iako slicno pominuvav niz zivotov dodeka ne presekov i ne se otseliv.
    Deka mi bese tesko bese epten,prvite godina dve edvaj gi progurav nekako.
    Pisi kako si sega,kade si ,podobrena li ti e situacijata ?
     
  7. IAmPresident

    IAmPresident Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2015
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    461
    Пол:
    Женски
    Имаш некаква можност да земеш бугарски пасош? Во странство сум можам да ти помогнам да дојдеш овде. Пиши ми лп.
    Сега видов дека мислењето е оддамна. Небитно девојче ако ја отвориш темата и сеуште бараш помош пиши ми
     
    На Ackkaa ^^° му/ѝ се допаѓа ова.