1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

"Сенката" (нашата темна страна)

Дискусија во 'Психологија' започната од Briar Rose, 13 јануари 2018.

  1. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    Долго време размислував и проучував во врска со овој психолошки концепт од страна на Carl Gustav Jung, односно за "сенката" или појасно кажано, ја претставува нашата темната страна.

    Всушност, "сенката" може да се сретне и под повеќе поими како што се "Id" или "аспект / архетип во сенка" и се однесува на:

    1. несвесен аспект на личноста што свесното его не се идентификува сама по себе, или

    2. севкупноста на несвесноста, т.е. сето она што човекот не е целосно свесен.

    Бидејќи поединецот има тенденција да одбие да биде неук или да остане неук за најмалку посакуваните аспекти на неговата личност, "сенката" е во голема мера негативна.
    Сепак, и покрај ова, постојат и одредени позитивни аспекти кои, исто така, можат да останат скриени во "сенката" на поединецот (особено кај луѓе со ниска самодоверба, вознемиреност и лажни верувања).

    Поединецот за да се познава себеси, мора и да ја прифати својата темна страна.

    Carl Jung изјавил дека сенката е непозната темна страна на личноста.
    Според него, сенката, бидејќи е инстинктивна и ирационална, е склона кон психолошка проекција, во која перцепираната лична инфериорност е препознаена како согледуван морален дефицит кај некој друг.

    Jung пишува дека ако овие проекции останат скриени : "The projection-making factor (the Shadow archetype) then has a free hand and can realize its object—if it has one—or bring about some other situation characteristic of its power."

    Овие проекции изолираат и им наштетуваат на индивидуите преку дејствување како постојан дебел превез на илузија помеѓу егото и реалниот свет.

    Jung исто така, верувал дека : "in spite of its function as a reservoir for human darkness—or perhaps because of this—the shadow is the seat of creativity"; така за некои, тоа може да биде "the dark side of his being, his sinister shadow... represents the true spirit of life as against the arid scholar".

    [​IMG]


    Манифестирањето на нашата темна страна, односно сенката, може да се појави во соништа и визии во разни форми и обично се претставува како личност од ист пол како на сонувачот.
    Изгледот и улогата на сенката во голема мера зависат од животното искуство на поединецот, бидејќи голем дел од сенката се развива во умот на поединецот, наместо едноставно да се наследи во колективната несвесност.
    Интеракциите со сенката во соништата можат да фрлат светлина врз состојбата на умот на еден поединец.
    Разговорот со аспект на сенката може да укаже на тоа дека поединецот е загрижен со конфликтни желби или намери.
    Идентификацијата со една омразена фигура може да значи дека еден поединец има непризнаена разлика од ликот, разлика која може да укаже на отфрлање на осветлените квалитети на его-свеста.

    А кога станува збор за евентуалната средба со сенката, таа игра централна улога во процесот на индивидуализација.

    Според Jung, сенката понекогаш ги совладува постапките на поединецот; на пример, кога свесниот ум е шокиран, збунет или парализиран од неодлучноста.

    'A man who is possessed by his shadow is always standing in his own light and falling into his own traps ... living below his own level' : оттаму, во однос на приказната за Dr. Jekyll and Mr. Hyde, 'it must be Jekyll, the conscious personality, who integrates the shadow ... and not vice versa. Otherwise the conscious becomes the slave of the autonomous shadow'.

    Во поедноставни термини, сенката е причинителот за сите оние дејствија во кои сме постапиле лошо или злобно, дејствија кои при наш свесен ум не би ги направиле, односно не би постапиле на таков суров начин.
    Откако ќе направиме одредено дејствие или ќе кажеме некому нешто под влијание на сенката (нашата темна страна), често имаме чувство на вина веднаш по тоа.

    Како што овој концепт знае да биде доста чест, претпоставувам дека скоро секој направил нешто вакво или дозволил неговата темна страна ид неговиот карактер да излезе на површина во присуство на други лица.

    Што се однесува на соништата, како што Jung верува дека сенката се појавува во нашите соништа, претпоставувам дека ова би го означувало оној момент кога ние замислуваме или сонуваме некое лошо или злобно дејство направено од наша страна кое во реалноста не би го направиле.


    Кога вие сте дозволиле вашата сенка, т.е. темна страна на излезе на површина пред други луѓе и дали се каете потоа за тоа што сте го рекле или сте го направиле?
     
    Последна измена од модератор: 13 јануари 2018
    На КикиМаус, crimson, blonde_supergirl и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.391
    Пол:
    Женски
    Да сум дозволила и не се каам.
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    Ако зборувам од мое лично искуство, би рекла дека "сенката" односно мојата темна страна е постојано присутна - сега таа да го манифестира мојот карактер за времето кога мојот ум е свесен, а не кога е несвесен.

    Така, скоро секогаш сум водена од неа - во поглед на дела и зборови, комбинирано со мојата апатија која не ми дозволува да чувствувам апсолутно никаква грижа на совест ...
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.111
    Пол:
    Женски
    Јас пак обратно од вас кога ќе направам нешто чувствувам грижа на совест.
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    @buba4e89 и тоа е во ред, сосема е нормално да се чувствува грижа на совест и каење откако на површина ќе излезе сенката, односно темната страна.

    Всушност, и повеќето луѓе кои сум ги запознала, по нивните ставови, говор на тело и лице, сум забележала дека поседуваат емпатија и сочуство.

    Можно е и да има присуство на борба помеѓу вистинското себе и сенката само поради тоа што сенката (која досега дејствувала и се појавувала во бесвениот ум) се обидува да навлезе во свесниот ум и преку него да се манифестира.
     
    На Lianna Anna и buba4e89 им се допаѓа ова.
  6. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.111
    Пол:
    Женски
    Да, но некои луѓе имаат и апатија и сочувство. Сочувство за некои посериозни работи, апатија за глупости.
     
    На Joi и blonde_supergirl им се допаѓа ова.
  7. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    @buba4e89

    Сочувството ги мотивира луѓето да им помогнат на физичките, менталните или емоционалните болки на друг и себе. Некои мислат дека е лесно за одреден човек да сочувствува со некој друг и тоа поради две причини:

    1. И самиот поминува низ истата тешкотија или проблем
    2. Замислува како нечиј проблем му се случува на нему.

    Апатијата, од друга страна, е недостаток на чувство, емоции, интереси и загриженост. Апатијата е состојба на рамнодушност или потиснување на емоции како загриженост, возбуда, мотивација или страст.

    Сметам дека секој може да почувствува апатија или кон повеќе или кон помалку аспекти во животот.

    Во однос на темата, логична е претпоставката дека сенката (нашата темна страна) да поседува карактеристика како апатија, рамнодушност, недостаток на грижа на совест и каење.

    А дали знаеш зошто е тоа така, односно зошто воопшто доаѓа до борба помеѓу нашето вистинско себе кое претставува нешто добро и сенката која претставува нешто лошо?

    Бидејќи за човекот како суштество кое развило свест и високо ниво на интелигенција, е невозможно секогаш да биде добар.

    Добрината е само екстремност на еден од широкиот спектар на човековото однесување, која во реалниот живот не е возможно да се манифестира.
     
    Последна измена: 17 јануари 2018
    На Lianna Anna му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.535
    Допаѓања:
    20.128
    Пол:
    Женски
    Ова е веројатно нешто како поттиснати особини на единката, оние кои се негативни и општествено неприфатени. И како такви, постојат во несвесниот дел на личноста, односно истава, во текот на развојот, преку систем на одобрувања, очекувања, забрани од страна на животната средина, ги поттиснува во несвесното, а се развива само дел од личноста. Но ова, е тука, внатре во нас и е паралелно со свесното. Значи, се работи за квалитети, најчесто негативни, за кои ние не сме ни свесни, а не соодветствуваат со свесното во нас, и затоа не можат да бидат интегрирани во егото.

    Природа. Од самиот развој на човекот, во неговата природа постои оваа дуалност, добро и зло. И порано, најчесто преовладувало злото. Недостиг на средства, разни ограничувања, непостоечка морална регулатива итн. Зборувам за природна состојба, од аспект на Хобс. А после, поради она што ти го објаснуваш во твоите првични мислења. Негативните карактеристики, апсолутно се во самите нас. Борба, како и рамнотежа на доброто и злото во нас, е сосема нормална ствар. Оние кои игнорираат дел од таквите особини, се игнорираат себе. И доброто и лошото сме ние. Оној, кој ја губи контролата на лошите осбини, ги доведува до степен на навика, така се губи себе и човекот станува жртва на овие особини. Целата поента е да се пронајде човекот себе, односно сопствениот идентитет. Да се изгради како личност и да знае да направи баланс меѓу овие две, бидејќи секој, ги поседува и двете.
     
    На Briar Rose и blonde_supergirl им се допаѓа ова.
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.783
    Допаѓања:
    162.984
    Aко те интересира сенката на луѓето, проучувај меѓуфорумски релации каде едната страна необјасниво ја мрази другата страна која пак првава не ја перцепирала ни ко постоечка извесен односно добар дел од нејзиното постоење на форумов.
    Ама баш квалитетно ќе го проучиш феноменот без никакви шумови во процесот на проучување. Со се феноменот на проекции, со се морализирање, со се судење, со се летање на крилата од пеперутките, со се трудењето да се осветлат себе си со рефлектори, несвесни дека сето тоа е продукт нели на нивната тн сенка.

    Сенката е несвесен дел, за да дојдеш до неа ти треба години и години работа на себе за да можеш да идентификуваш што конкретно е. И во сето тоа ќе откриеш дека нејзините составни делови се обични нешта во комплициран взаемен однос предизвикан од одредени причини во конкретна точка во животот, односно акцијата помеѓу две статус квоа. Тешко ти е прашањето за темната страна.
    На крајот од денот сите сме едно цело и си дисфункционална личност доколку не ја прифаќаш една од двете страни, светлата и тн сенка од себе. Сите сме од се по малку. Кога некој драстично се труди да ја отфрли својата сенка има поголем проблем од оној кој живее во целост со својата сенка.
    Зошто и како ете, имаш ќејф за читање, ќе дојдеш до тоа.
    Но малку оваа теорија е застарена, има психолози кои целосно ја отфрлаат оваа теорија. Како и да е, ете да и учиниме на теоријава, кој не ги прифатил двата дела од себе и не ги избалансирал, тешко дека ќе преживее, сенката е одговорна да не заштити, кога светлиот дел од нас е спремен бескомпромисно да се препушти. Не зборуваме тука за патолошки состојби да се разбереме, да не се измешаат нештата.

    Како и да е... ти си човек полн со емоции кој сака да биде гушнат и забележан колку што те читам вечерва по сите теми. Се трудиш да ја сакаш својата сенка. Верувам дека си многу, многу млада, ќе дојде ден кога ќе посакаш да станеш едно цело. Верувам дека ќе ти биде полесно од оние кои сакаат само да ја доживуваат и преживуваат својата светла страна на нештата, малку потешко ги мава реалноста дека имаат дел од себе кој е фул оф шит и живееле во сопствената лага.
    Искочи малку од оклопот. Јас гледам дека ни си апат, ни мизантроп, ни па макијавелист. Многу опозитно од тоа. Ок е да сакаш да се заштитиш од светот и неговото лицемерие.
     
    На Briar Rose и Joi им се допаѓа ова.
  10. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.134
    Пол:
    Женски
    Дел е од нас, иако отфрлен, но тоа не го менува фактот дека постои (да, му верувам на чичко Јунг). Во црното бело, во белото црно, тоа е балансот на природата. Има контрасти, но целото е цело. Роуз, супер тема инаку. Психологија категоријата е супер разработена овде, покрива многу теми.
     
    Последна измена: 18 јануари 2018
    На Lianna Anna, Someonespecial и Briar Rose им се допаѓа ова.
  11. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    @blonde_supergirl мило ми е што ти се допаѓа темата :l:
    Доколку сакаш, можеш и поопширно да го искажеш своето мислење или искуство со сенката.

    Многумина се сведоци кога нивната темна страна излегува на површина, но исто така и имаат тенденција тоа да го игнорираат поради нивниот морал - внатрешниот суд за доброто и злото.
     
    На blonde_supergirl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.134
    Пол:
    Женски
    Па јас се снаоѓам сосем добро со нејзе, и некако балансирам. Инаку, само за едно делче не се сложувам со тебе - дека добрината не е можно да се манифестира. Имам гледано низ животов, партнери кои остануваат со некој иако е во инвалидска количка на пример. Или мајки со деца со Даунов синдром. Сметам дека тоа е благородна карактеристика и краси еден човек. Во склоп на муабетот, порано бев на периоди но секогаш сум претпочитала да пробам да се борам со неа. Сосема погрешен пристап, треба да се прифати како таква, како твојата темна близначка. Сега, не зборувам за екстремности на девијантно однесување кај луѓе кое некогаш знае да биде потиснато, а некогаш и свесно.
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.469
    Јунг и неговите психо филозофски небулози. :D

    Ти си сенката. Секогаш, цело време. Дури и во моментите на инстнктивно постапување.
    Истото важи и за егото. Секоја единка поседува его, па дури и оние Тибетански свештеници кои медитираат со часови и се хранат со прана.

    Несвесниот дел нема врска со нешто "мрачно" "мистериозно" или непознато како што е сенката.
    Во секој случај, интересен е овој концепт, но само од уметнички аспект.
     
    На Lianna Anna, Someonespecial, Joi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.134
    Пол:
    Женски
    Ова малку потсеќа на Џекил и Хајд.
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    Да, точно! Мислам дека можам да ја објаснам функцијата на сенката со тоа што ќе направам споредба со Dr. Jekyll and Mr. Hyde :D
     
    На blonde_supergirl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    Причината поради која е лошо да не се прифаќа сенката, односно нашата темна страна е бидејќи, на некој начин, сметам дека многумина се проценуваат себеси на многу површен начин, не сакајќи да ги прифатат негативните карактеристики за себе.

    Кога станува збор за доброто и злото, би рекла дека никој не може целосно да го сфати значењето на ,,доброто ,, и ,,злото,, треба да имаме строго определени дефиниции за нив, а тоа не е можно бидејќи самите луѓе ги опишуваат и двете појави како една единствена манифестација на однесување, а не како екстремности.

    Оригинално, постои спектар на човечки однесувања а ние ги нарекуваме екстремностите на овој спектар ,,добро,, и ,,зло,,

    Реалноста е дека не можеме да извлечеме дефиниции за она кое ќе го оправда лошото, а уште повеќе ќе го воздигнува злото и обратно (зависи која страна повеќе доминира).

    Луѓето кои себеси се сметаат за ,,добри,, а притоа направат дело кое е под влијание на сенката, често се обидуваат да го оправдаат тоа - претворајќи го лошото во добро.

    Да бидам искрена, луѓето се навистина комплициран вид, веројатно поради тоа што имаме поголема интелигенција од останатите видови на оваа планета и размислуваме на поинакво ниво и поради тоа размислуваме и на морален и на неморален начин, како што диктира нашата околина и нашата физиологија. Од околностите зависи дали едното или другото ќе доминира.

    Според мене, овде и лежи одговорот - околностите. Понекогаш човекот се биде поставен на околности каде неговата темна страна ќе биде приморана да излезе на површината.

    Но неговата реакција на тоа излегување на површината е уште поважно - тоа ќе биде еден од главните фактори, а воедно и показатели за тоа која страна на крајот ќе биде поприфатена од страната на поединецот.

    Ако претпоставиме дека некој човек е добар, тоа би значело дека истиот извршува дејства кои се про-човечки или про-социјални, како што се помагањето на другите и жртвување на себеси за нечие добро.
    Ама доколку истиот тој човек се најде во многу стресни ситуации, во тој момент излегува сенката и така човекот е подготвени да згазне преку некој друг или да направи нешто кое се смета за неморално, ако тоа му помогне да се извлече од таа ситуација или да преживее.
     
  17. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.169
    Допаѓања:
    175.419
    Пол:
    Женски
    Ги имам и ги прифаќам моите негативни страни. Ние не сме ни добри, ни лоши туку склоп на карактеристики кои не оформуваат себе како краен резултат. Ако не прифаќаме дел од себе, не се познаваме доволно.
     
    На Briar Rose и blonde_supergirl им се допаѓа ова.
  18. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    Како што @blonde_supergirl претходно изјасни во темава дека сенката, односно нашата темна страна ја потсетува на " The Strange Case of Dr Jekyll and Mr Hyde " оригинално напишана од страна на Robert Louis Stevenson, ова истовремено ме поттикна да размислам за тоа дали навистина сум ја разбрала нејзината содржина или цело време сум била во заблуда како и останатите луѓе кои ја прочитале книгата.

    Со објаснувањето на самиот концепт што претставува сенката и зошто таа воопшто постои, дојдов до одреден заклучок дека Mr Hyde никогаш не постоел како една одделна и посебна личност туку дека тоа бил Dr Jekyll цело време.

    Исто така, Edward Hyde не претставува одделен карактер во истото тело како Henry Jekyll, односно "Hyde" е само Jekyll, кој успеал да го трансформира неговото тело во нешто непретпознатливо, однесувајќи се според одредени неспецифицирани нагони кои би изгледале несоодветно за негова возраст и социјален статус во Викторијански Лондон.

    Според ова, верувам дека претпоставката која не убедува дека Dr Jekyll го претставува доброто, додека Mr Hyde го претставува лошото е погрешна.

    Всушност, сега можам да сфатам колку дволичен и себичен бил Dr Jekyll - и покрај тоа што тој тврдел дека сака да ги отстрани злобните делови од неговата природа, односно карактер, тој знаел дека во реалноста не може да постојат двете екстремности на човековото однесување сами по себе (доброто и злото) и поради неговата репутација и углед тој секогаш морал да се претставува како добра личност додека неговата сенка упорно се обидувала да излезе на површината.

    Тој ја направил напивката која ќе му дозволи да ги изрази нагоните на неговата сенката, т.е. неговата темна страна без притоа да чувствува вина или неговите злобни нагони да имаат последици кои би го уништиле неговото угледно име во општеството.

    Ова е исто и во реалниот живот, особено за оние личности кои поседуваат емпатија и чувство на каење откако ќе ја манифестираат својата темна страна.

    Можеби и затоа тој го нарекува своето алтер его "Hyde" бидејќи истото означува криење, преправање - како наметка со која може да се покрие кога и да посака.

    Знаеме дека Dr Jekyll во книгата е опишан како почитуван професор, додека Mr Hyde е претставен како непривлечен, неталентиран човек од пониска класа во општеството. Исто така, според возраста, мислам дека Hyde е доста помлад од Jekyll - ова би можело да го докажува фактот дека на помладите им е дозволено да прават незрели работи, а со тоа му се дозволува на Jekyll да се извлече од неговите лоши дела поради возраста.

    Додека сите мислат дека Dr Jekyll прави лоши и неморални работи против своја волја, односно дека Mr Hyde го присилува на тоа, тоа исто така не е точно.

    Многу луѓе не можат да сфатат дека Dr Jekyll всушност сака да ги прави сите тие злобни работи.
    Тој сака да биде Mr Hyde бидејќи тој му ја дава слободата да ја манифестира својата сенка без да биде откриен, без да чувствува вина и без тие дела да имаат последици врз неговиот почитуван углед.

    Но тука лежи и самиот проблем - додека Dr Jekyll сака да ја манифестира својата темна страна без никакви последици, не разбира дека самиот негов двоен идентитен ќе стане неговиот најголем проблем.

    И сметам дека ова е многу важно и за во реалниот живот - не е возможно поради самата човекова природа да се манифестираат одделно добрата страна и лошата страна.

    Можеби според ова некој ќе заклучи дека Dr Jekyll цело време бил лош, но тоа сепак не е така.
    Dr Jekyll не е ни лош, ама не е ни добар - единствениот негов грев е тоа што сака да прави лоши дела а да нема никакви последици од тоа.

    А ова доведува до други прашања, како на пример: Дали сме добри бидејќи навистина сме добри во суштина или бидејќи ни е страв да не бидеме казнети?

    Злобните дела кои Mr Hyde ги извршил не се негови грешки, туку на Dr Jekyll.

    Ние не можеме да го обвинуваме Mr Hyde како личност која ги извршува гревовите на Dr Jekyll наместо него бидејќи Mr Hyde никогаш не постоел како одделна личност.

    Dr Jekyll е тој кој самиот ги извршил неговите гревови...
     
    На blonde_supergirl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.134
    Пол:
    Женски
    Така е, едниот без другиот не постои, умира едниот, умира и другиот.
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  20. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.134
    Пол:
    Женски
    Инаку, дали некој знае дали е преведена кај нас книгава? Само англиска верзија имам читано.
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.