1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

"Сенката" (нашата темна страна)

Дискусија во 'Психологија' започната од Briar Rose, 13 јануари 2018.

  1. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Тоа е точно, бидејќи не се работи за две различни личности, туку за една иста личност.
    Затоа луѓето го пронашле мртвото тело на "Hyde" во облеката на Jekyll.

    Jekyll едноставно не можел да ја прифати својата сенка пред да ја направи напивката и поради тоа ги поттиснувал своите насилни и злобни нагони - бидејќи се плашел од последиците, а тоа всушност бил неговиот најголем грев.

    И мислам дека целиот експеримент не бил несреќна последица, туку дека Hyde всушност бил очекуван и посакуван резултат од страна на Jekyll - така наместо верувањето на побожните луѓе дека Hyde претставува казна за Jekyll за тоа што тој си играл Бог, туку неговата награда.
     
    На blonde_supergirl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.131
    Пол:
    Женски
    Хајд е врвот на неговото научно достигнување и „личноста“ која можела да ги прави гревовите кој тој посакувал да ги прави - потајно. Се согласувам, да. И јас така ја сфатив.
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Искрено не знам ...
    И јас ја имам прочитано книгата на англиски, ама и така преферирам односно е многу полесно за мене.
     
    На blonde_supergirl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Но како што е неговото најголемо достигнување, истовремено е и неговата најголема грешка - бидејќи се што ние правиме мора да има некаква последица, како и фактот дека тој не успеал да направи баланс меѓу неговото вистинско себе и неговата сенка.

    А токму тој дисбаланс го сфаќам како последица од потиснувањето на неговите злобни и насилни нагони толку многу години, се до моментот кога едноставно решил да се препушти на неговата сенка во целосна смисла на зборот.
     
    На blonde_supergirl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.131
    Пол:
    Женски
    Како и да е, мислам, и да не постоеше Хајд, Џекил ќе се препуштеше кад-тад на неговата сенка, зошто колку повеќе ја потиснуваше, толку повеќе му го обземаше умот. Многу може да се заклучи од ова мислам.
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Точно, и јас се согласувам со тоа. Всушност, единствена причина поради која тој дотогаш не се препуштил на сенката е стравот од последиците, како и избегнувањето на истите.

    Затоа и го поставив прашањето: Дали сме добри бидејќи навистина сме добри во суштина или бидејќи ни е страв да не бидеме казнети?
     
    На blonde_supergirl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.131
    Пол:
    Женски
    Истото важи и за нашата лоша страна, зарем не? Како што кажав претходно, тоа беше мојот одговор, во првата реплика. Во црното бело, во белото црно, тој е тој баланс. Може некој нема да се сложи со мене, но ете, од изворите кои ги имам читано, во кој најголем удел има токму спомената книга, придонеле за ваквото мое мислење.
    Случајот на Џекиловата сенка е поинаков, и оди во екстремности. Убиец е неговата вистинска природа, зошто отсекогаш сакаше тоа да биде - само ја немаше храброста, како што и ти претходно спомна - бидејќи се плашеше од казна и последици. Не се заврши добро ни за неговата лоша, ниту пак за неговата добра страна, бидејќи едното без другото не може да постои, затоа што тоа е вкупната целина на неговото постоење.
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Ако тврдиш дека е така, во тој случај - да!
    Но тогаш како би гласело прашањето, кога истото би важело и за нашата темна страна ?
     
    На blonde_supergirl му/ѝ се допаѓа ова.
  9. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.131
    Пол:
    Женски
    Дали сме лоши зошто навистина сме лоши или зошто сакаме потајно притоа сакаме да бидеме казнети/мислиме дека никогаш нема да бидеме казнети, дека ни се може?
    Ова секако, би важело за екстремни случаи, не зборувам за мене или тебе или некој конкретно.
    Конкретно зборувам за книгата и тоа што подучува (можеби би требало тема да отвориме специјално за неа и некои постови да се префрлат).
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Мислам дека повеќе одговара делот: бидејќи сметаме дека никогаш нема да бидеме казнети.

    Анализата на Dr Jekyll and Mr Hyde несомнено е поврзана со концептот за сенката, односно нашата темна страна и според неа би можело полесно да се сфати значењето на темата.

    Инаку, не сум сигурна дали има отворено тема за оваа книга ...
     
    На blonde_supergirl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.131
    Пол:
    Женски
    Нема, висам нон-стоп во литература подфорумот :D
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  12. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.131
    Пол:
    Женски
    Убава книга а многу едноставна и кратка и од неа произлегуваат вакви убави дискусии за концептот на Јунг.
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.140
    Допаѓања:
    76.526
    Пол:
    Женски
    Сум се покајала и тоа како...
    Темната страна, или сенката, излегува на површина тогаш кога егото ќе биде повредено, односно кога човекот ќе почувствува незадоволство и желба за задоволување на своето јас (его). Многу добро го разбирам ова, затоа што често ми се случува па после тоа се каам. Тоа е момент кога незадоволството и чувствата преовладуваат над здравиот разум. Ова е без лоша намера, но се случува и со намера. Кога е со намера и свесно, тогаш е поради глад на егото и потребата за докажување и супериорност. Тоа мислам дека ретко кога предизвикува каење. Второво не е случај кај мене.
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.