Неодамна имав некој мал проблем и матичниот лекар ми препиша да купам едни капсули кои содржат ензим серапептаза, не сакам да го пишувам комерцијалното име на капсулите, но слично е со ова. Ми препиша само 5 капсули, и ги платив сто и нешто денари, цената е скапа, со оглед на тоа што не одат на товар на Фондот и се сметаат за суплементи, додатоци, како витамините. Изненадена бев што во тие 5 минути додека бев во аптеката, дојдоа уште двајца пациенти кои исто така купија исти капсули. Ме заинтересира зошто толкава побарувачка и дали навистина вредат за парите. Според тоа што го најдов како информација овие ензими не се целосно докажани дека навистина имаат некој силен ефект како што ги препорачуваат, и дури и тие податоци кои зборуваат за позитивниот ефект кажуваат дека тој е минимален. Дури и јапонската компанија која ги произведува во Јапонија, пред неколку години ги повлекла од продажа. http://en.wikipedia.org/wiki/Serratiopeptidase http://examine.com/supplements/Serrapeptase/ Тука ги пишува и студиите за кои се зборува и ете во табелата има податок дека дури и дејството кое е докажано е минорно. Моите капсули ги испив по едно на ден како што ми рекоа, ама не видов подобрување. Затоа се прашувам дали имате употребувано вакви капсули и дали сте виделе подобрување? Дали можеби познавате некој кој ги употребува? Не ми е за стоте денари, ама се работи за принцип. Многу сум осетлива на вакви работи и очигледно е дека фирмата која ги увезува има воспоставено контакт со лекари кои потоа го препишуваат овој лек иако нема доказ дека навистина има силно дејство, а истовремено е скап. Исто ова ќе придонесе да размислам за промена на матичниот лекар. Не сакам лекар кој ми препишува и препорачува лекови кои не се докажани и не знае со сигурност дека навистина ќе ми помогнат.
мене ми ги препорачаа за оток и воспаление и болка во зглобови. гледам голема разлика во цените. на пр. пребарував на интернет да видам што всушност е ова. и излезе дека некоја аптека деметра во куманово ги продава за 580 денари, а по другиве аптеки се 760-780 денари. само треба за испорака до скопје да платам ако го купам онлине, и исто ќе ми дојде изгледа.
Знам кои се , Health Aid , као од свилена буба биле, докториве ги препипуваат ,тоа им е дел од работата ... Јас лично немам осетено ама никаков ефект. Како б6 да пијам. Свилена буба,жими се!
Воскреснувам стари теми. Сакав да кажам дека пред некое време најдов капсули Серапептаза од Др. Витон дома и зошто цело време сум настината, ептен често ме боли грло, носот ми е затнат/ми тече читнав за што се и почнав да ги пијам. По некој ден веќе немав никаква болка, се осеќав поенергично и одреден период откако ги испив се немав разболено. Пишува дека се добри и за кожата, за спречување/лекување на акни, можно и за лузни од акни, изедначување на тенот но не се сеќавам да забележав нешто такво. Како и да е, би ги купила пак.
Најдобро да си отидеш на лекар за тоа да ти го види грлото, и да си направиш крвна да видиш дали се работи за вирус или бактерија. Не зимај на своја рака серапептаза, бар дур не утврдиш точно што ти е, зошто ќе си лупнеш 600-700 денари а може не е ни за тоа и да немаш никаков ефект.