1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сериски убијци

Дискусија во 'Психологија' започната од irrelevant, 27 февруари 2019.

  1. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    Ричард Рамирез, Son of Sam, Џефри Дамер, Наташа Корнет. За Наташа се зачитав интересирајќи се за жени убијци, бидејќи е релативно млада, можат да се најдат интервјуа со неа.
    Ричард Рамирез да го гледаш без да знаеш дека е убиец, звучи како некој што би го слушала на podcasts, кажува работи со кои генерално би се сложила. Son of Sam ми е многу иритантен, и тој е еден од оние кои се имаат пронајдено во религија откако завршиле во затвор. Дамер ми е нешто слично на Рамирес, со бонус канибализам.
    Најдолги фасцинации сум поминала со овие 4, од интервјуа, до книги и анализи.

    За Тед Банди знаев по нешто, документарецот на Нетфликс ме дообучи :rofl:

    Понекогаш се опседнувам со рандом убиец, имав исто долг интерес за Rachel Shoaf и Shelia Eddy, не се сериски, ама ми се доста интересен случај за истражување. Исто така, Jennifer Pan. Генерално поинтересни ми се жени.

    Многу ми е интересно што дел од посимпатичните, похаризматични сериски убијци (а голем дел од нив се доста харизматични), имаат фанови, некои успеваат и да се оженат во затвор, како Чарлс Менсон пред некоја година.
     
    На Scott Weiland, Animali и angela.kostova им се допаѓа ова.
  2. Stark

    Stark Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    4.735
    Допаѓања:
    15.225
    Пол:
    Машки

    Кога спомна канибалство, прочитај нешто повеќе за Алберт Фиш, од Америка е и потекнува од семејство кои имало неколку членови во потесното и пошироката фамилија психички болни. Типот заведувал, убивал и јадел деца. Обвинет и фатен бил за три, но тој тврдел дека убил повеќе од 10, меѓу кои и објаснувал како ги завел некои и на кој начин ги убивал и јадел.
     
    На Animali, Alisa22, Snowflake97 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    имаше на емисијата код епизода за овој случај,на јутуб ја има побарај. Многу контраверзни работи излегоа на виделина
     
  4. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Да де, и сега кога се активираше "трговијата со органи" прочитав на ФБ исто, некој се потсети дека само го наместиле човекот, а жените за трговија со органи биле убивани. :D
    Многу сакате теории на заговор.
     
    На Animali му/ѝ се допаѓа ова.
  5. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    8.326
    1. Жил де Раи
    Роден 1404 год и документиран како еден од најпрвите сериски убијци.
    Се проценува дека убил помеѓу 80 и 200 деца, иако неофицијалните бројки велат дека таа бројка е можно да достигне и до 600, но тешко е да се утврди, бидејќи телата на децата откако биле убивани биле горени. Жил бирал жртви на возраст од 6 до 18 години, со руса коса и сини очи, најчесто момчиња и пред да ги убие сурово ги мачел и силувал. Тој уживал да се капе во нивната крв, па дури ги терал своите слуги кои му биле соучесници да ги сечат децата по вените, додека крвта прскала по него.

    Според сведочењето на слугите, по секое убиство Раи паѓал во агонија, каејќи се за она што го сторил, но тоа не го спречувало повторно да убие.

    2. Ричард Трентон Чејс
    Чејс кој е роден во 1950 година во Америка, бил познат како „Вампирот од Сакраменто“ бидејќи откако ги убивал своите жртви им ја пиел крвта и им ги јадел органите. Чејс ваквите постапки подоцна ќе ги објасни со неговиот страв дека нацистите сакаат да му ја затрујат крвта и да ја претворат во прашок преку отров кој му го подметнале во лавабото во тоалетот.

    Чејс вкупно убил шест луѓе, меѓу кои и една бремена жена и шестгодишно дете. Подоцна ќе биде фатен и уапсен откако ќе бидат откриени негови отпечатоци, а на 8. мај 1950 е прогласен за виновен за убиството на шесте луѓе и осуден на смртна казна. Но, тој нема да ја дочека смртната казна, бидејќи пред нејзиното извршување се самоубил во својата ќелија земајќи преголем број на антидепресиви кои му ги препишал затворскиот лекар.

    3. Џефри Дејмер
    Најголемиот дел од убиствата ги извршил во периодот од 1989 година до 1991.
    Во обвинението против него стои дека тој ги малтретирал жртвите, ги содомизирал, силувал и јадел делови од нивните тела. Кога полицијата влегла во неговиот дом, алармирана од една од жртвите која успеала да побегне имала што да види во неговиот дом. Во фрижидерот стоеле човечки глави, во плакарот имало направено олтар од човечки коски, а имало и тела потопени во киселина.

    Судот го осудил на затворска казна од 937 години, а тој на судењето изразил жалење и рекол дека посакува да бил мртов, желба која ќе му се оствари, откако еден од затворениците од затворот каде што лежел ќе го претепа до смрт.

    4. Алберт Фиш
    Алберт Фиш (роден 1870 година) бил познат како Бруклинскиот вампир и Врколакот од Вистерија. Особено бил горд на своите дела, кои вклучувале сексуално злоставување на 100 деца и неколку убиства, од кои три признал дека ги сторил, но бил осомничен за пет.

    Психијатрите кои му правеле проценка откако бил уапсен утврдиле дека бил педофил, мазохист и некрофил. Самиот тој на мајката на едно од децата кои ги убил и опишал во детали како го извршил убиството, велејќи дека го распарал детето, му ги сечел деловите од телото и ги јадел.

    5. Андреј Чикатило
    Касапот од Ростов, кој убивал во периодот од 1978 до 1990 година најчесто жени и деца, за на крајот да биде осуден на смртна казна за 52 убиства.

    Чикатило убиствата ги вршел најчесто во шума, намамувајќи ги децата ветувајќи им играчки и чоколадо, а жените најчесто биле проститутки.

    Причината за убиствата кај Чикатило била што тој можел сексуално да се возбуди само кога ги убивал своите жртви. Најчесто откако ќе привлечел некоја од жртвите, пробувал да има сексуален однос со нив, но бидејќи не можел да доживее ерекција се разбеснувал и ги убивал бодејќи ги со нож.

    Биле потребни повеќе од 20 години за властите да го уапсат Чикатило и да го изнесат на судење. Во тој период ваквите дела како силување на деца и убиства биле потиснувани од медиумите и етикетирани како злосторства кои се карактеристични само за хедонистичкото капиталистичко општество.

    На судењето Чикатило бил сместен во посебно изграден кафез поставен среде судница, за да го заштитат од роднините на жртвите кои барале да биде пуштен за тие лично да го убијат. Тој бил осуден на смртна казна со стрелање во 1994 година.



     
    На Animali, angela.kostova и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  6. Stark

    Stark Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    4.735
    Допаѓања:
    15.225
    Пол:
    Машки
    има интересен филм, германски, Antikorper или Antibodie, се работи за педофил, многу добро одглумено од негативецот и општо целиот филм и приказната. Изгледајте го, интересен е.
     
  7. PogbaPol

    PogbaPol Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    2.511
    Допаѓања:
    10.357
    Пол:
    Машки
     
    На CrazyGirl15 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Ержебет Батори, унгарска грофица, одговорна за убиствата на стотици млади девици, поради суеверие дека нивната крв ќе ѝ помогне да ја одржи својата младост. Започнала со девојки од нискиот сталеж, но дошла до идеја дека крвта на младите аристократки ќе и биде од поголема корист, па во 1609. отворила академија во својот замок за да ги намами. Наредната година е уапсена. Соѕидана била жива во нејзиниот дворец.
     
    На piksooki му/ѝ се допаѓа ова.
  9. SigmaMan

    SigmaMan Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2022
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    421
    Пол:
    Машки