Tи благодарам многу. Средив. Навистина е ова комплицирано за повозрасни луѓе. И јас еден куп лозинки, за се и сешто, па секакви најавувања. За постарите требаше да бидат толерантни, да покажат потврдат и чао пријатно пушти го.
Zdravo na site, bezuspesno e najavata na vakcinacija.mk , mi vika pogresna lozinka/broj a na ujp ne si znam isto lozinka. Dali seuste mOze dase simne toj sertifikat za prelezanost zosto citam po grupite deka maticnite gi davale? Mi treba epten itno za vo stranstvo a maticnata mi e na odmor. Koj moze da pomogne? Fala odnapred.
Преку e-uprava. Има посебен дел ковид (зелени) сертификат за странца. Се пополнува образец и стига на меил. Имаш во темата Вакцинација во Србија објаснето со чекори и слики.
Денес ја примив втората доза, и веднаш отидов кај матичната и си го подигнав сертификатот. За десетина минути завршив сѐ.
Дечки вака ми вади кога треба да го извадам (кодот) сертификатот? Утре патувам, не се снаоѓам баш со сертификативе? @Ahoy можеби ти знаеш да ми помогнеш?
Ако си ја примила втората доза повеќе од 50 дена после првата, не може да се издаде КомонПас, треба да си го носиш сертификатот во печатена форма или пдф.
Пуштаат со една доза во трговските City mall, Vero jumbo не го ни го ни последнуваат серификатот, а за во кафичи, ресторани може е построго не сум седнала и не знам.
Не, всушност така е и најправилно. CommonPass е главно за Канада и САД, не знам дали го признаваат низ Европа.
Женски ве молам за помош! Треба да патувам во Германија, вакцинирана сум со фајзер и имам сертификат. Проблемот е што сертификатот ми е со старото моминско презиме бидејќи така сум сеуште во фонд за здравство а документите и картата ми се со новото презиме. Хелп ве молам
Штом ја внесат втората доза во систем. Пола саат, саат, незнам точно.. Јас истиот ден од како примив втора доза ми беше внесено на вакцинација, и си го симнав и сертификатот.
Пробав јас вчера , ама ми излегува дека телефонскиот број што го внесувам не се совпаѓа . Ќе земам од кај матичниот сепак . Ви благодарам за информациите , во секој случај .