сертификатот ми го пратија за 2 минути на мој термин потоа само го испринтав туку за каде важи за патуванје (кои земји) зборам за сертификат за прележан ковид ,ми рекоа важел 9 месеци ,не ми е битен за кафики инаку има поминато над 100 дена
Па мислам дека секој земја различно си пресметува, 6 месеци е мислам. Види на интернет на некоја официјална страна од министранство колку трае за конкретната држава каде што ќе одиш. сакав да прашав вашите сертификати се исти како ертификати од еу? Или различни се? Имаат код ваљда што го скенираат при влез така? Не сум прашала до сега.
Да има QR код. Сите имаат. Нашиот може да е малку различен ама го признаваат во ЕУ. Барем така кажаа тука. Јас имам Српски и тој е со QR код. Инаку кај нас за влез не секаде го скенираат кодот. Некаде само гледаат дали имаш сертификат и толку. Што не е баш најдобра опција ама ајде барем проверуваат по молови и слично.
Commonpass ја примаат ко кафичиве или било кај кај нас?Јас имам screenshot од вакцинација.мк така ми го даде сертификатот.Вака ме пуштаат со тој сегде, ама ако дојде полиција/инспекција, да не ми направат проблем?Мада може и тој да се скенира.
Имав искуство пред една недела со инспекцијата во придружба со неколку полициски службеници, доаѓаат и ја побаруваат личната карта за да го запишат матичниот број. Ниту го скенираа сертификатот, ниту го побараа. Веројатно поврзани со системот на здравство и преку матичниот број гледаат кој се во систем, дали прележан, дали вакциниран. Не треба да имаш никаков проблем штом си била позитивна, тие што се акредитирани да дадат резултат истиот го пријавуваат дека си позитивна и ти одредуваат термин за изолација, а полиција добива податок за тој што е позитивен да го проверат дома. Секаде е заведено.
Ау, ајде по кафичи само да го користи да сфатам, ама граници да помини тоа може кривична во затвор да оди.
Не знам. Претпоставка дека воочиле како се одвиваат работите со лажниве сертификати и одлучиле да проверуваат поедноставно само со матичен број дали сме заведени во системот во здравството. Секако не мора да значи дека е точно ова, туку само моја лична претпоставка. Споделувам тоа што се случуваше пред мои очи, верувам дека и тие си знаат што и зошто.
Каква можност и на кој начин ти сметаш дека вршат коректна евиденција? Би ме интересирал твојот светоглед. Јас дадов само претпоставка по тоа како искуство што го добив и видов од инспекцијата во придружба на полиција. Значи само земање на лична карта за да запишат матичен број, ниту побараа сертификат, ниту сакаа да го скенираат. Претпостави сама зошто е тоа така. Да не се лажеме, колку и оваа држава да не ја бива и да не функционира, кога станува збор за казни, ехее први се во таа работа, сепак не пијат нафта.
Па не знам јас секако разбрав дека ќе можело во систем да проверат, ама дури откако ќе зе воведе со две дози/сертификат влез ќе одел и здравствен и санитарен инспекторат, бидејќи тие ќе имаат увид во системот другиве пазарен и полиција немаат увид. Затоа ме чуди како полицијата проверува кога нема пристап, а инаку матичните можат да проверат во систем дали нивен пациент е вакциниран, па нем и полицијата да може сега. Амн бе за седење во кафич и пазарен и здравствен инспекторат ќе почне, па и полиција, како најголем криминал да се прави што се седи во кафич, а криминалот и криминалците не можат да ги фатат. Да праќаа по толку инспектори и полицајци во трговијата со дрога итн ќе цветавме.
Никаква можност немаат пазарен инспекторат и полиција да вршат увид во здравствен систем. Како што пиша @Amelia кога би имало некој од здравствен инспекторат, тогаш они би можеле.
А каде напишав јас нешто за пазарен инспекторат? Пишав само инспекција, наврати се и прочитај ги последните мои три мислења на темава.
Не знам. Може беа од здравствен инспекторат ама легитимацијата иде на тој начин, преку матичниот број, а и има логика зошто не проверуваат сертификати. Има луѓе кои вакцинирани се со една доза и немаат сертификат. Следствено на тоа, заведени се во систем со матичниот број на денот на вакцинирањето.