Се. Кога одиш да се вакцинираш, пред нив имаат компјутер кој на лице место те заведува во системот, ти даваат хартиен лист кој на него си стои твојот матичен број, името, презимето и кој служи како потврда за спроведена прва доза на имунизација. Со тоа тераш и немаш гајле каде и да влезеш. Но нема да важи веќе тоа од 1ви ноември вероватно, ако заострат мерките и ќе треба потврда за спроведени две дози на имунизација.
Здраво Сакам да прашам каде може да го извадам сертификатот за прележан ковид? На вакцинација мк сеуште не е прикачен сертификатот иако помина повеќе од месец дена, сите ја префрлаат топката од една на друга институција...Благодарам
Колку време треба да пројде после вакцинација за да апликацијата CommonPass генерира QR код? Ми вели треба да почекам но колку се чека после примена втора доза?
На профил на vakcinacija со две примени дози имаш плаво копче “Генерирај сертификат” го стиснеш, страната се освежува и потоа само го симнеш на десктоп. Овој е од министерство за здравство. Подолу потоа имаш уште една опција за друг сертификат “ЕУ Дигитален Сертификат” исто и тој има опција за генерирање. И посебно копче за генерирање документ кој содржи соодветен QR код ако сакаш да ја користиш апликацијата CommonPass. П.С. Се извинувам не те прочитав убаво ти спомна за сертификат за прележан, за тоа не знам.
Здраво! Сакам да прашам во врска со ЕУ сертификатот. На mk-wallet апликацијата не ми го прифаќа tan кодот што е наведен на мојот сертификат. Помош?
Овој ЕУ сертификат за прележан важи ли кај нас пр. за во молови, угостителски објекти, институции или само за во странство? Пошто редари ми кажуваат дека важи ама ми е страв да ми репнат казна.
Сеа бидејќи сертификатот за прележаност ќе важи 6 месеци дали тоа не опфаќа на пример и нас што сме прележале во ноември ?
Мислам дека не е поминато уште на Влада, не сум сигурен. Ако знае некој нека пише. Секако ќе проверам, па ако е одлучено ќе споделам детали
Дали во грција може да се влегува во затворени објекти со ЕУ пасс за прележаност? Читам искуства дека нашите бар кодови не ги препознавал нивниот систем, не знам колку е точно.