Види, ако нема и ако си во можност пробај го на Olival, исто во dm го има. Јас купив од тој зошто немаше од Revox, поблаг е со пониска концентрација, а ќе ти трае шишенцето два месеци, ако не и повеќе.
Јас сум изгледа единствена на која Витамин Ц од Оливал и' е некако меххх... Два месеци сабајле/вечер ставам, не само што не забележав никаква промена, туку по стоење одреден период на лицето без измивање, некој таков чуден мирис се развива, едвај чекам да го измијам. А, од Ревокс серумите од прва употреба забележувам промени. И сега ме копкаат R2 и тој со пептиди од Olival, ама поради искуствово се мислам дали да лупнам пари и за нив.
Во дискуција со членка од форумов заклучивме дека имам поголем проблем. Фала и за времето,и за искуствата што ги има и труди да ми објасни. Ми го препорачаа овде серумот на Револушн за blemish pore со екстракт од канабил и магнолија цвет. Нешто ново е на пазарот,а сакав да го купам сетот за blemish pore and acne кој вклучуваше сацијална киселина и ниацинамид,но продавачката рече дека овој другиот со канабис бил поефикасен. Ќе пишам по некое време,ќе споделам мислење.
Види, тој серумот со Ц витамин колку што разбрав е послаб, ама како за почетник и во лето мене ми е таман варијанта, а резултати ќе има подоцна. За R2 читав дека е исто слаб и ништо посебно, па за да не ризикувам со такви состојки уште на старт нарачав од TO Granactive Retinoid, сепак со ретинолот треба постепено да се оди, а ова беше као најдобра и поевтина солуција. На Revox сега ги користам само Салицилната и Ниацинамидот, ама бара трпение и посветеност. Имам промени, минимални, но сѐ во свое време, после никаква грижа ова ми е одлично освежување. Olival се скапи и јас следен пат не би ги купила, Revox се фина опција без скапи додатоци.
Девојки дали сте задоволни од ниацинамидот на Ревох? Сакав да го пробам тој на Ординари ама никогаш го нема на залиха Дали некој ги пробал и двата за да ги спореди? Фала
Има доста коментари за тој серум тука https://forum.femina.mk/threads/revox-серуми-за-лице.31585/page-15#post-4999740
Jas pocnav da go koristam masloto od cia na Ordinary i eve vekje 2/3 nedeli go koristam licevo mi e kako pamuk..duri nemozam da poveruvam deka produktov sto e tolku evtin ti dava tolku dobar rezultat. Veze nemaat na Dr.Viton ti kazuvam od iskustvo ne frlaj za dzabe pari.Jas go koristev i vitamin C i Hijaluronskata kis,veze nema kako da napunile voda obicna vo sisinjata.Uzas Jas isto go koriwtam i losionot so 5%urea i toa e cudo go stavam na lice i sum pre preezadovolnaa.Liceto naredniot den ti e meko, maznoo meracii
здраво дали може некој да ми каже од каде може да се купат овие серуми од поквалитетните или поскапите незнам до сега не сум користела а веке треба да почнам, фала однапред
Што мислите за овој серум на Vichy? Глеам добри рецензии на нет, ама гледам и за Еstee Lauder, но некако не ми се фрлаат толку пари за него, пошо на крајот од денот за таа сума ботокс ќе ставам што не ја гледам поентата. Овој на Vichy не е толку скап и некако привлечно ми изгледа.
https://www.bellina.mk/c/84/true-al...To=1310&sort=created_at&page=2&limit=12&attr= Овие серуми дали го користел некој.. Се мислам меѓу Revox, The ordinary и овие
Дали некоја членка ги користи серумите со витамин Ц што се достапни на Bellina? Сакам да пробам бидејќи слушнав биле многу добри и исто не се разбирам баш има 3%, 5% и сл., која е разликата?
Не е рано, но почни со мал процент, не повисок од 1% и најдобро прво два пати неделно барем месец дена, па потоа може да се накачи на секој втор ден.
Јас , убав е и сум задоволна. Го користев сабајле на чисто лице, имам комбинирана кон масна кожа и не ми ја мастеше . Онака добар е за нега, но дека видов некои резултати во акни и друго не , за дневна нега сепак е добар и лесен .
Не ми треба за акни, само за хидратација. Моментално го користам тој со чиа ама ми е при крај и сакам да сменам. А на влажна кожа го нанесуваш?