Девојки здраво Јас сум нова на форумов,имам потреба од повеќе мислења. Дечкото со кој идев 6ипол месеци ме побара за жена, се веривме, но сега се колебам, некако сум несигурна,имам 24 години и сметам дека можевме уште малку да почекаме, но не сакав да му расипам, ако го одбиев мислам ќе пропаднеше се...................
nesigurnost Веднаш разговарај со него и биди јасна и гласна. Не се работи за некое патување, туку за брак. Боље спречити, него лечити. Не си сакала да му расипеш, па во брак нема само тој да е, туку и ти.
nesigurnost не мора да брзате во брак веднаш.останете верени подолго време ,видете како ке се одвиваат работите и односот мегу вас.и секако мораш да разговарас со дечкото.
nesigurnost аууууууууу не можам да разговарам, многу е осетлив, одма ќе избега, само полошо ќе направам ако вака несигурна разговарам.Додека не се осигурам не можам да дозволам ни да примети дека нешто не е у ред
nesigurnost Не можеш на таква важна тема да разговараш со него, а сепак ќе сте се женеле? Импресионирана сум. Абе ајде, тој плачко, ти без карактер, живели младенци
nesigurnost Јас иако сум секогаш за отворен однос, ја советувам да не разговара со вереникот. Па на кој вљубен маж му е убаво да му кажеш дека не си сигурна дека сакаш да стапиш во брак со него? Такво нешто треба да остане само во твоите мисли, не шири ни муабети со блиските затоа што е глупаво ако сепак одлучиш да се омажиш. Убаво рече феминката погоре, останете верени подолго и тоа е тоа. Ако те притиска речи му дека сакаш малце и вака да си поуживате и да не е ништо на трчање, само толку... Според мене сепак некои работи треба да се задржат само во себе, и претерана искреност не е на арно. И на крајот на краиштата, може да се работи само за страв од промени или обврски, не дека не го сакаш. А кажувајќи му го тоа би го повредила многу. Сигурно не сакаш да го повредиш човекот кој го сакаш. Олабави, размисли прво дали навистина го сакаш и сакаш да го поминеш животот со него па ќе ти се разјаснат работите. Размислувај со ладна глава. Се надевам дека ќе ја донесеш вистинската одлука. Можеби па и тој не мислел одма да се земете.
nesigurnost Кажи му не си спремна. Ако сака да си оди откако му објасниш како се чувствуваш, пушти го. Што сакаш да се осигураш? Не сакаш да се врзиш ама не сакаш да ти избега. Очекуваш дека ќе трча по тебе и ти докажува љубов дури и кога го шутнеш? Тогаш ли ќе го сакаш исклучиво? Ти не знаеш што сакаш. Пушти го. Ослободи го. Земи си куче.
nesigurnost А како после во брак планирате да ги одржите односите кога уште од самиот почеток важните и осетливи прашања ги игнорирате? Само по себе ништо нема да се реши, само ќе се искомплицира.
nesigurnost не не сакам да трча по мене или не знам што да докажува, доволно се докажал до сега, само некако наеднаш се ми дојде и почнав да се паничам, домашниве почнаа да планираат список на гости , а ова како, а она како, свадбата прво ја планиравме за една година, па после ајде порано многу не му се чекало, и секој ден муабет се прави за свадба за стан за селење и ми доаѓа да си отидам негде никој да не видам, и убаво рече lovley93 малце се плашам од промените, а факт е дека ќе го повредам ако му кажам дека се мислам....
nesigurnost нема ништо лошо во тоа да му кажеш да почекате....а бе 6 месеци сте заедно...не се познавате доволно..живот ке делите а не кифла. со мм бевме заедно 6,5 години пред брак па откако стапивме во брак за некои нешта и ситуации ко првпат да сме се сретнале .....не брзајте!!!
nesigurnost ама ние се знаеме 5 години, секогаш бил коректен за се, ама врската е нешто сосема друго и мене ми се гледа најпаметно да одложам, што можам друго
nesigurnost како се знаете во дружба на улица ,во друштво....во право си врскаа е сосем различна од тоа а тек бракот....кога ке стапнете во реалноста опкрузени со триста проблеми треба и те како да се знаете и познавате.
nesigurnost не ми е целта да те заплашам.не е се така црно но не е ни розово.возрасни сте и треба со сериозност да пристапувате кон животни прашанја и одлуки.
nesigurnost имам уште еден проблем, имам еден бивши со кој одамна имам раскинато, ама после секоја неуспешна врска се навраќав на него, ама типот не да не е за мене, ептен е несериозен и никако не се уозбилува, одамна расчистив дека со него не можам да бидам, и сега со дечково се ни беше убаво се беше прекрасно, во овие месеци се беше супер, имавме и по некоја мала расправија,ама пак не помислив дека сакам да раскинам,но сегамалце притисок осетив од повеќе страни, сите само ме прашуваат кога свдба дрн дрн дрн, и ме закопка за него пак...
nesigurnost Тоа текстот измеѓу првата и последната реченица џоа на оправдување личи, да го улепшаш Их, ти стварно не си знаела што сакаш
nesigurnost ^ Епа ти дефинитивно си далеку од мажење мила моја. Кога сакаш некого вистински и сакаш да си покрај него, колку и да те плашат промените ќе леташ од радост и ќе ја дочекуваш со возбуда секоја промена, па макар малце и да те заплашува... А не па на друг да мислиш. Го променив мислењето, разговарај со дечкото, за доброто на двајцата. И родителите се греота, гледаш список на гости со мерак прават додека ти размислуваш за друг. Батали се со време.
nesigurnost ама јас сум радосна,многу сум радосна,не можам да го опишам чуството, морам малку мисливе да си ги средам, избрзана одлука донесов а сеа ми се чини касно да се повлечам, а ако се повлечам сигурна сум дека ќе се каам многу