Се верив, но не знам дали да се омажам

Дискусија во 'Брак' започната од solder, 24 септември 2014.

  1. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.689
    Допаѓања:
    87.403
    Пол:
    Женски
    nesigurnost

    Кога не си спремна и сигурна зошто воопшто прифаќаш ? Најпрво треба да се средат мислите чуствата па потоа да се оди на некои такви сериозни работи.
    А и не ми е јасно зошто толку да се брза за свадба боже мој денес веридба за месец време свадба,па здравје има време за се :)
    Мислам дека пола година е мал временски период за да се запознаете еден со друг добро но и немора да значи ,познавам луѓе кои стапиле во брак и по месец време врска и супер им е.

    Јас може и досадна сум но но пак ќе кажам мој личен пример,затоа што и мене дечко ми ме запроси пред месец ипол и да ти кажам сеуште сме во тајност затоа што јас така сакам.
    Не дека не сум сигурна не дека не го сакам и не се сакаме но додека не се запознаат моите со неговите несакам да се дознава.Кога кажа на неговите дека ми дал прстен веднаш почнаа да планираат веридба па дури и свадба ,што како.Уште првата ден се изнајснив пред неговите родители а потоа и пред моите.Дека не ми се брза дека сакам да се средам и да размислам а не право свадба и веридба да планирам.
    Кажавме и се договоривме ќе постапуваме така како што ќе ни одговара на нас двајцата а кога ќе бидеме спремни тогаш ќе договараме церемонии и списоци за гости.За некого оваа можеби е чудно но за мене е океј. За некој ден неговите родители ќе се запознаат со моите па ќе ја дознаат веста и блиските роднини и пријатели (едвај чекам)

    Затоа сакав да ти кажам дека несмееш да криеш ништо од него доколку мислиш дека нешто треба да кажеш слободно кажи,ти кажаа и девојките погоре дека бракот не е играчка и дека е сериозна работа.
    Доколку има нешто подобро да се спречи на време отколку да се нервираш цел живот.
    Мој совет ти е да си останете верени некој период да се навикнете на таквиот живот па со тек на време да почнете да ја планирате и свадбата и немора да ви се мешаат ниту родителите поставете ги вие двајцата границите а ако ви е потребна помош тогаш повикајте ги нив :)
    Јас ти посакувам многу среќа и се надевам дека ќе одлучиш правилно :*
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. solder

    solder Нов член

    Се зачлени на:
    24 септември 2014
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    nesigurnost

    Фала ти викторија, конечно некој да се стаи у моја кожа, времето ќе покаже се
     
  3. Sedmica

    Sedmica Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2013
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    149
    nesigurnost

    Читам и се чудам,брак е бе девојко,значи треба целиот живот да го поминеш со еден човек,со еден маж кој ти го бираш,се е твоја одлука во животот,ти како ке одлучиш така ке биде,ако ти не си сигурна дека сакаш да стапиш во брак,рано ти било,тука гледаш ти да си направиш тебе да ти е убаво,сеа јас како машко мн убаво знам ако му кажеш дека ке го повредиш,ама по убаво сега него ли за 1-2 год недај боже развод,што бараш тогаш со тој човек?од љубов не се живее,утре кога ке ве загризаат проблеми од сите страни,што ке правиш?ке си мислиш на бившиот така?значи девојко,земи среди си се,тумачи прво најбитното,што сакаш да правиш во животот,викаш убаво се чуствувам,ама од друга страна си мислам на бившиот,значи ти не си ставила точка на него,а прифаќаш со друга особа брак,па сеа не сакаш брак.мн работи имаш сплеткано во главичката,среди си се самата со себе,па послем почни со другите околу тебе.Не ме сваќај погрешно ова е за твое добро.Ти посакувам све најубаво,да си се средиш,да си се земеш со тој што ти сакаш,и осеќаш дека тој е човекот за тебе :)
     
    На ivka-slivka и Lovely93 им се допаѓа ова.
  4. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.969
    Допаѓања:
    21.157
    nesigurnost

    Очигледно дека не знаеш што сакаш,и многу си контрадикторна.Го сакам,не го сакам,се радувам за свадбата,не се радувам...Јас сум убедена дека не сакаш воопшто да се мажиш,ама си прифатила за да не го расипеш изненадувањето на вереникот.Знаеш колку е сурово,незрело и глупаво тоа од твоја страна.Или му кажи дека ти треба време,дека сакаш да не брзате со свадбата,не мора да откриваш причини,или прекинете.Ти и самата знаеш како стојат работите,ама изгледа сега не сакаш да си го погазиш дадениот збор за да не го повредиш.Изборот останува на тебе,ама треба да мислиш на брак за цел живот,а не на 1-2 години.
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.337
    nesigurnost

    Вака ќе го решиш проблемот -

    Една вечер ќе спиеш со ,,идниот ти маж,, а друга вечер со бившиот и тој што подобро те работи за него ќе се мажиш. А да нема плачки и глупости откачи ги и дваицата и најди си трет, оној што ќе биде прав и вистински за тебе.
    Сувишно е да коментирам понатаму.
     
    На maculencence, donna.17 и tessie им се допаѓа ова.
  6. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    nesigurnost

    Ова е феномен кој не можам да го сфатам а се почесто се случува помегу младите.

    Која е причината за брак после 2 - 3 - 5 - 7 месеци врска? Се работи за брак, за сериозна работа а не за нешто друго... Брак...
    Како може некој брзо да се обврза за тоа а малку си ги знаат карактерите, малку се познаваат мегу себе.
    Еднаш една жена ми кажа: Маж ми е, спие до мене и пак не можам да му верувам многу.
    Овие појави по кратка врска завршуваат на крај со развод за жал. Зошто се брзаат? Која е причината?
    Страв им е да не останат стари моми и ергени? Страв им е да не им побегне возот?

    И сега девојката била несигурна затоа што можеби се уште нема расчистени чувства и односи со бившиот.
    А можеби и е моментално, страв паника.. дали ќе се покаже како добра сопруга и жена.

    Најдобро е да зборуваш со партнерот, што побрзо тоа подобро. Биди искрена и отворена. Ако се лути сега затоа што си искрена што би се случило утре кога ќе бидете во брак по првата расправија?
     
  7. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    nesigurnost

    Се согласувам делумно со сите, ама ќе искоментирам за постот на JustFun. Значи еве конкретно за мене ќе си кажам... јас сум таа среќа што партнерот од почеток беше искрен и фер кон мене и не ми дал ниеден повод да се сомневам во него, ниту пак не постои ни една најмала ситница што ја сокрил од мене. Но јас после пола година врска не би сметала дека го знам доволно тој човек за да знам дека сакам да делам се со него и да се будам до него до крајот на животот. Можеби беше фактор што бев многу млада, а можеби исто би размислувала и сега да го запознаев. Муабетот ми е колку и да беше најискрен кон мене и најфер и се сакавме и се тоа, јас после година ипол од прилика да речам бев сигурна дека го знам комплетно и дека сум спремна да минам и низ добро и лошо со него и дека тоа е човекот кој го сакам покрај мене до крајот на животот. Значи она што сакам да го кажам е дека и јас не го сфаќам стапувањето во брак после неколкумесечна врска. Сфаќам дека има парови што одма знаат дека се сродните души, многу се засакуваат, се чувствуваат како створени еден за друг. Но ни во тој случај не знам дали се познаваат доволно. Пресметајте, во пола година може да не поминал ниеден заеднички одмор, а сите добро знаеме колку заедничкиот одмор не учи на тоа каков живот би делеле со тој човек. И не е само заедничкиот одмор, слави, роденден, свадби, нови години... јас сакам да знам и како се однесува тој човек и на весели настани и во нервозни ситуации. Не сакам утре да се изненадам на слава ако се начука или во нервоза ако му ја бапне на некој. Мислам дека сум јасна. Значи за мене годините не се пресудни. Ќе се омажев и на 18 после двегодишна врска ако испаднеше така бидејќи и тогаш знаев дека е тој тој, ама и 25 да имам после неколкумесечна и не сум баш сигурна.

    Така да не те осудувам што не знаеш што сакаш, но те осудувам што на твои 24 си неодлучна како тинејџерка и кога имаш проблеми се криеш во сеќавањата на бившиот. И конечен мој совет, како знаеш и умееш успори ги работите. Начинот сама одбери си го, да не ти е утре друг некој виновен. И да, брак не се прифаќа од љубезност, бракот не е нудење чоколатце.
     
    На mims-89, Daydream и hello-kitty.90 им се допаѓа ова.
  8. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.601
    Допаѓања:
    129.024
    Затоа мразам изненадувања од типот сакаш ли да се омажиш со мене и ти ставив кечап у макароните :)

    За брак се разговара, се размислува и се договара. Не: типот се опил, сакал да се жени и ајде ке прави изненадувања пред 200 души, оваа да не пукне срам, рекла да и сеа не знам што сакам.(не викам дека е така кај тебе)

    За брак треба:
    1. Да имаш секс со него и да те одбие неколкупати(оти ми е преку глава од жени кои се разочаруваат од сексот откако ке се омажат),а да си имала и секс со други мажи пред него
    2. Да живееш барем 1 година со него (да му собираш гаќи и чорапи од земја, да прди и ждрига и да рчи цела нок пред да отидеш на работа)
    3. Да имаш барем една огромна расправија (за вистински работи, не црц мрц 2 години, а дома на прва расправија да собираш заби)
    4. Да откачиш неколку момци кои те сакаат, а тебе да не ти чуе за тоа(да сфатиш дека не сакаш други мажи туку него)
    5. Да знаеш дека сакаш да си со него оти не сакаш да бидеш со никој друг, а не оти требало да се мажиш (муабети од типот - ајде стара момо, кога ке раѓаш)

    Те сфаќам дека сакаш брак и свадба и се тоа, дека си имала замисла, ама дека кога дошло да е реално, си сфаила дека не е така едноставно.
    Жал ми е, ама брак не е играчка. И послебно не за некој кој не знае да рече НЕ на семејство, сватови, роднини и да каже, свадбата покасно, сеа сакаме да уживаме.

    И посебно не со некој кој нема да сфати дека идната жена сака да каже НЕ и да направи свадба покасно.
     
    На mims-89, simply-red, Espadrila и 12 други им се допаѓа ова.
  9. charliee

    charliee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2012
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    716
    Пол:
    Женски
    Дел од коментарите ми немаат смисла,ама ќе речеш се кога го немаш доживеано на своја кожа-100 стапа на туѓ грб што се? ништо... :^)
    не потенцирам ничиј коментар да не се осети некој навреден,ја изчитав цела тема и затоа од искуство ќе кажам нешто
    и јас бев во две и пол годишна врска,спиев кај него,одев секој ден,ги знаев неговите,излегувавме заедно,се правеме заедно ама кога не вреди не вреди.
    еве сега сум мажена за човек со кој одев околу месец(месец поминавме само заедно-останатите шест месеци се контактиравме на интернет само,од различни држави бевме)еве да не се заречам сега живееме заедно и функционираме перфектно неможеме еден без друг,и да сум сонувала немало вака да ми испадне.
    да не одолговлекувам муабетот ми беше времето не е многу битно,битни се чувствата ако се осеќаш пријатно дека можеш да го поминеш животот со него значи си го одбрала вистинскиот.
    Сепак бракот не е играчка или прошетка низ парк па само со ладна глава да се каже ДА.
    Разговарај со него и кажи му како се осеќаш,не сте тинејџери па ќе побегне,треба да е зрел штом се одлучил на таков чекор-кажи му ти треба време све се случува многу брзо.
    И да за свадба вие си одлучувате а не како и на мене свекрвами и золвами ми планираат може јас не сакам сега свадба да правам,кога јас и маж ми ќе се одлучиме тогаш ќе се деси.
     
    На galapce му/ѝ се допаѓа ова.
  10. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Девојката која ја постави темава не знае што сака, како што реков претходно. После сама си се надоврза, како паметот и по бившиот и се врти при моментите на притисок од домашните. Не е дека го сака бившиот назад. Не е ни дека не го сака сегашниот дечко до неа. Не е спремна за чекор брак со овој или било кој.

    Пак, и јас како скршена грамофонска плоча. Кажи му на вереникот, мене ми треба повеќе време. Кој ги шиша другите во фамилија, нема они да ти се во кожа, туф ќе им расипеш план за костумчето кога да се сошие. Не сака да ти го даде тоа време вереникот? Не му давај потпис во матично. Ако сега не можете да си слободно побарате, дадете, договорите, утре нема ич. Утре тави и тенџериња кога летаат низ дома нема друг гајле да ви бере. Не се плаши ако е или брак или ништо. Ништо - ништо, ништо било во тој случај и ништо и ќе изгубиш ако е таква работа.

    Земи си кнтрола на твојот живот во твои раце, никој друг нема да дојде и да го живее на твое место, па што дозволуваш друг да ти планира како ќе го живееш?
     
    На SV1911 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. tanicka

    tanicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2014
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Ako te saka ke te razbere.posto brakot e seriozna rabota za cel zivot.xartijata ne vrsi uloga zatoa ke mu objasnis deka poarno e da pocekate.so sreka
    [mod-kirilica:1zr2nsd3][/mod-kirilica:1zr2nsd3]