Мојот дечко не сака да разговара на тема БРАК а бе не ти треба таа работа по одете уште малку коа ке размислиш па зошто за гаќите да му ги переш
Мојот дечко не сака да разговара на тема БРАК А зошто барем не се верите? А со место за живеење како стоите? 9 години не се малку, колку години е он? Работите и двајцата или?
Мојот дечко не сака да разговара на тема БРАК И двајцата сме по 25, он работи, јас лани дипломирав и немам стално работно место.... Хехе... секако ќе му ги перам...дали по месец, година или две, сеедно...
Мојот дечко не сака да разговара на тема БРАК А демек ако се венчате интересно ќе ви стане? Внеси свежина во врската, менувај ги рутините, ако во врската ти е монотоно и досадно не се жалиш и не бараш брак туку превземаш иницијатива на испробување нови нешта. Не сте престарени имате по 25години, што според мене не е крајно врееме за мажачка. Шетајте, експериментирајте додека сте вака без обврски, не брзај никаде, не дозволувај да те оптеретува едно парче хартија
Мојот дечко не сака да разговара на тема БРАК Додека не најдам работа не помислувам на ништо од горенаведеното - ниту заедничко живеење, ниту веридба, брак па најмалку. Велат дека во животот не излегува ништо според планираното, епа јас планирам барем да си најдам работа ако ништо друго. Не може се' да биде идеално, ама сигурно на 25, без работа и покрив над главата нема да очекувам понуда за брак и магично решавање на сите проблеми. Ви се чудам и восхитувам на храброста и лудоста воедно, како без ништо обезбедено сакате да влетате во нешто така сериозно како брак. Ние се сакаме, ако има љубов, сите детаљи ќе се средат along the way. Жими мајка, нема. Познавам многу девојки кои избрзале и погрешиле. Тебе веројатно ти се влегува во брачните води поради 9 годишната врска. Не знам. Пак ќе повторам, ми изгледа чукнато само едниот да работи, а другата половина да чека брачна понуда, без никакви други планови за иднината.
Мојот дечко не сака да разговара на тема БРАК Мене ми изгледа дека се тревожи поради тоа што тој воопшто не спомнува за брак, како да не му се сериозни намерите, а веќе поминале девет години. И во право е. Пробај онака на шега, со убаво, буцкај го малку, па малку посериозно после и види какви резултати ќе има. Финансиите скоро секогаш ќе бидат проблем, ако тоа ве спречува на крај краева нема ни да се земете.
Мојот дечко не сака да разговара на тема БРАК A зборуваш одоколу за брак. На пример каква невеста сакаш да си? Каква свадба посакуваш? И сте спомнале некогаш за деца? Онака значи информативно сакате неќете машко женско бла бла. Ако и ова го игнорира е тогаш лошо е. И јас сум во долга врска, со таа разлика што јас ич не ги бројам годините, дури кога ќе ме праша некој колку години идете викам многу не ми е битно дал се 4 дал се 8, не ми се мене годините причина за брак. Јас лично не се чуствувам ич спремна за брак, а тука некаде сме јас и ти во годиште и одам доста долго и јас, само што ние си правиме онакви муабети еее еден ден деца ќе имаме, па каква свадба па бла бла, сето тоа низ шега, сериозно да земеме да правиме муабет за брак значи дека сме пред прагот а тоа не го посакуваме и двајцата. Те сваќам овие негови одбегнувања за темата брак те погодуваат зашто мислиш дека е незаинтересиран, а и има мажи што никогаш не се заинтересирани за тоа, а очигледно ти го посакуваш и повеќе отколку што треба. Немате исти гледишта за ова, а ако е сериозна врската разговарај. Очигледно и досадно ти е многу, сигурна си дека со брак ќе ти е поинтересно? Да не ти станало тебе монотоно и не сакаш да си признаеш? Да не љубовта преминала само во навика и страв ти е да признаеш дека 9 години ти поминале а ништо сериозно нема во тоа? Брзаш за темата брак само за да не дојде до крај на врската?
Мојот дечко не сака да разговара на тема БРАК не рков дека немам други планови за иднината, и не реков дека немам работа, реков немам постојано раб. место а мислев на професијата, имам работа, имам и покрив над главата ( не е замок, ама е нормално место за живеенје на двајца млади), а како што кажав има и он...тое е цел проблем, што проблем нема...
Мојот дечко не сака да разговара на тема БРАК А дали во тие 9год. бар некогаш сте правеле онака мубает колку да се знае? Обично тие работи се знаат,може не спомнува сега зашто мисли дека не е време.Најдобро седи и разговарај,но нека не биде тоа како да му вршиш притисок. Нормално е во долга врска и тоа прашање,како и да ти биде досадно.Внеси нешто ново,како што прочитав скоро си дипломирана и немаш некоја работа,без навреда може и тоа ти влијае што може имаш повеќе време од него и ти доаѓаат идеи.
Мојот дечко не сака да разговара на тема БРАК онака низ муабет ДА! И тоа дека имам повеќе време од него за размислување држи место...Ама па тоа дека нема време да се размислува на таа тема, ич не го поштувам... лично за мене немаме разговрано, па и за нашата свадба, замислувајќи ја...А за крајот на врската воопшто не ни размислувам, ама монотонијата ме отепа, последнава година дена откако дипломирав...
Мојот дечко не сака да разговара на тема БРАК Не дека се нема време да се размислува може во периодов не му се врти тоа во глава Сигурно и на тебе не ти е цело време во мислите брак,брак,брак и сл.
Мојот дечко не сака да разговара на тема БРАК По 25 години се што не сметам дека и е рано за брак за мене тоа е идеална возрас за брак, а и станува збор за релатвно долга врска што е најнорамлно да разговарате за брак само може да му е проблем стамбеното прашање, финансиите вие најдобро си ги знаете тие работи.
И јас да сум машко на возраст од 25 години не би сакала да стапувам во брак! Искрено, според мене е прерано за машко на таа возраст да се жени, а од друга страна пак за девојка на 25 години би рекла дека е најдобрата возраст за да стапи во брак! Затоа ситуацијата е малце комплицирана! Или можеби пак само така изгледа! Штознам , дај опушти се и пробај смирено да позборувате! Всушност ,,проблемот,, што го имаш освен со разговор нема друг начин како да се реши! Искажи го својот став и твоите потреби и потоа остави тој да се искаже! Сигурно нема да ти каже дека 9 години е со тебе а не размислува за брак! Само преку разговор ќе сватиш кои се причинити поради кој не сака сеуште брак! Во прашање е време кое не мислам дека ќе биде долго! Биди трпелива и со среќа!
Дали мислиш дека бракот ќе ја разбие таа монотонија? Ако ви е монотоно и досадно во врската, ни бракот нема да го промени тоа, посебно затоа што сте заедно веќе 9 години, без разлика дали живеете заедно или не. Нормално е дека твоето момче не помислува на брак на 25 години, впрочем, ретки се оние машки кои во денешно време рано стапуваат во брак. А и зошто да се брза? Без разлика дали имаш покрив над глава и пристојно платена работа, зошто да не си проживееш и да уживаш малку, па после бракот ќе си дојде како шлаг на тортата (море не шлаг, цреша на шлагот). Пробајте прво живејте заедно некое време (ако веќе не сте го направиле тоа), да видиш како ќе ви оди, дали можеш да живееш со него или не. И немој да го идеализираш бракот, тоа не е исто што и врска. И без притисоци, затоа што така може да избега од тебе. Ако не сака да зборува, не го терај, сам ќе ти спомне. На крајот на краиштата, ти побарај го, не чекај од него ако веќе толку сакаш да се мажиш. За да ја разбиеш монотонијата во врската не ти е потребен потпис на хартија. Само малку фантазија и добра волја. Ништо повеќе!
Па очигледно и се јавила потреба за брак, ако сакала да си пооди уште малку немала да пиши дека сака брак..После 9 год. врска нормално е дека ќе се појави монотонија но тоа не значи дека нешто не е во ред со врската или дека и во бракот ќе ти биде досадно...Со бракот доаѓаат многу нови работи, за мене лично беа позитивни и те разбирам што сакаш промена.Што е тоа што треба уште да го изживееш со некој што си минала 9 год. па зар не е се поминато и веќе видено? Природна работа е чекор напред-брак, дете, свој дом. Затоа кажи си отворено, не сте од вчера заедно па да се срамиш да не испадне како да молиш за брак. Кажи му директно и отворено...па пиши што било