Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Се наближува времето за брак...

Дискусија во 'Брак' започната од moni24, 4 април 2011.

  1. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Работава е - досадно ми е. Што би правела? Ај да се - мажам?! :lol:

    Елена, не ми се лути но стварно на 25 години, муабети од стилот - па време ти е, па долго сте заедно, ајде што прави он? Не ли е сериозен во намерите со тебе? И слично, ми се толку клише и здодевни, веројатно поздодевни од монотонијата која тебе те убива :)

    Ама како што ти рече Ана, бракот таа монотонија нема да ја убие. Верувај. Да речеме дека бев во скоро иста ситуација како твојата, со тоа што не ме мачеше фактот што на 26 години, со 6годишна врска и со тоа што живеевме заедно, не помислувавме сериозно на опцијата - брак. Монотонијата ме уби и ред други проблеми кои испливаа на површина со заедничкото живеење. И раскинавме.
    Мажите бре тогаш почнуваат да живеат, фаќаат некоја втора младост ли што јас знам. Ретко кој да помислува на брак и на врзување.
    А и да помисли, тогаш само со принуда на девојката.

    И да, ме нервираат оние девојки кои велат - ах, јас да не го приморав на брак, ништо немаше да биде.
    Е браво за тебе! :^) Имам, две - три такви познанички во животот, и сега се нервираат што биле фраерки на времето и ги принудиле мажите на брак, затоа што откриле дека им е едноставно - тапа и ете едната е веќе пред развод.

    Живејте заедно, внеси свежина во врската, абре сеуште сте многу млади. Не се раководи према некои клише ситуации кои се негуваат со толкава љубов само на нашите простори. Прави се’ онака, за да ти е убаво. Ете, пробајте прво заеднички живот, излетчич ово оно :D Внеси шаренило во врската и може ќе ја биде.
    Ако тој не реагира на твоите желби за брак, веројатно не му се ни жени. Барем сега не.
    И немај муви во главчето дека тој нема сериозни намери. Да ги немаше, веројатно немаше ни да бидете 9 години во врска.

    Сега рачунам, од средно сте заедно? Уф, уф. Ај да не почнувам поарно со моите теории, зошто нема да ти се допаднат веројатно :)
    Обиди се да ја оживееш повторно врската и се ќе биде во ред а бракот самиот ќе си дојде по себе ;)
     
    На irenna, Bibko, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
  2. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.660
    Допаѓања:
    116.157
    Пол:
    Женски
    малку филозовски може да ти звучи ова што ќе ти го кажам, ама ти сакаш да се омажиш зашто мислиш дека ти е време, дека имаш мажени другарки, дека те притискаат од страна и сакаш само да се омажиш или сакаш да се омажиш стрикно за него??
     
  3. fs-fs-fs

    fs-fs-fs Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    809
    Допаѓања:
    800
    Пол:
    Женски
    Еве и јас да кажам збор, два околу темава...И јас имам долга врска и уште малку 24 години, мојот сакан 26 :D ...не мислам дека е време за брак, онака ајде одма да се мажам...но, кога ќе размислам подетално сваќам дека ако сега закажеме свадба тоа ќе биде до година, значи 25, уште една година да шетаме малку заеднички живот 26 , деца ова она 27 точно...за се време . според моите планови ова е она што го посакувам секогаш не оди по планот но, ако јас се прашувам ова се идеалните години за се. Мразам ако треба после толку долга врска да останам бремена и да ме земи е стварно некако ми е понижувачки ако сака дете баш со мене нека ме побара и готово :D
     
  4. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Нашиот народ вика „Се мажела мома да не седи дома“ :)
    Мислам дека „наближување“ на времето за брак треба да биде само кога се јавува емотивна потреба да се биде со некој засекогаш, да делите живот токму со „тој“, а не затоа што е време според комшиите, родителите и сл. па ни затоа што врската е долга. Долга врска не значи автоматски и добар брак.
    Јас не ги сакам работите кои се „подразбираат“ и се раководам од емоциите, не од она што би требало според некои норми. Не викам дека така не сум донела погрешни одлуки, ама имав долга врска (ама баш долга :) ) и не се омажив за тој човек. Не затоа што не чинеше, далеку од тоа, прекрасна личност, туку затоа што кога тој спомна брак мене не ми се слушаше, па се запрашав што не е во ред со врската... Затоа што кога некој ќе каже „не сум спремен/на за брак“ всушност вели „не сум спремен/на за брак-со тебе“. Мислам дека поттик да ја раскинам врската беше и околината која не можеше да се доначуди зошто двајца кои се толку долго заедно, двајцата работат и имаат каде да живеат, уште не се во брак. Толку се чудеа што и мене ми стана чудно :^) .
    И не мислам дека човек треба да е во трка со годините, демек, толку и толку години, сега треба ова или она... За мене тоа е непотребен притисок заради кој човек може да донесе многу погрешни одлуки.
     
    На De-lovely, Theodora и Annath им се допаѓа ова.
  5. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.633
    Допаѓања:
    3.742
    Хехехехе уште сум си млада јас за брак.. Но, морам да ви кажам дека навистина размислувам за тоа, веднаш по завршувањето на факултетот секако!.. Имам врска со човек кој го почитувам и го сакам.. Прекрасно ни е заедно.. Иако живее далеку од мене, Солун, си веруваме еден на друг и знам дека можеме да успееме :D
     
  6. Responsible

    Responsible Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    434
    Пол:
    Женски
    Се наближува времето за брак...

    неее сакааааам да се мажааааааам и .

    потоЧно несакам да мијам, перам, пеглам па не дај боже да готвам.

    вака ми е супер ;)
     
  7. femina11

    femina11 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    227
    Ги читам мислењата и морав и јас да пишам.Одам веќе 6 и пол години со дечкото,јас имам 24 години,а тој 27.Еве сега во последно време почнува да ми спомнува за веридба.Јас сум таква личност што кога ке ми се спомне за брак или веридба веднаш ми се крева косата.Не поради тоа што јас не го сакам него,туку порадиу тоа што дома ми е супер,знам дека после тоа ке ме чекаат многу обврски,мешања и од двете страни сосема друг живот,многу различен од овој досега.Исто така немам сигирна работа,а најголема цел во овој период ми е тоа.Знам дека доколку би се вериле,ние нема одма да се земеме туку би сакала барем една година да бидеме верени па да се одлучиме за свадба.некако се ми е осмешано во главата и не знам што да направам
     
  8. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    626
    Допаѓања:
    286
    Пол:
    Женски
    а дали си размислила за сите убави работи што идат со веруванјето....заеднички живот , да се будиш со него секој ден да делиш се, ......ако и покрај тоа не си спремна за брак немој да се мажиш, бракот не е еиграчка
     
  9. cuciTo

    cuciTo Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    13
    па вака барам мислење од вас :

    значи одиме 2 и пол години, се е супер, многу си се сакаме
    дома не знаат и мене и него, секој ден се гледаме, скоро цел ден сме заедно
    па од септември планираме да одиме во скопје, заедно во стан :$
    јас на факс, он да работи
    така ќе ни одат пари за кирија, сметки но и овде нема голема плата 9 000 па си ја трошиме цела
    а сакаме да заштедиме нешто :|
    барем кога ќе бидеме заедно нема да плаќаме за такси секој ден :P
    нејќеме да бидеме раздвоени 4 години, па затоа си го зимам за цимер :)

    но тоа ќе ни биде како брак, само без правење свадба
    знам дека уште ми е рано 18 имам ама ...
    стварно тој е прекрасен во секоја смисла :inlove:

    што мислете вие за ова ? :wasntme:
     
  10. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Уфффффф....темата ме потсеќа на старите баби кои на секое видување замараат со истото - ,,Па ајде веќе време ти е, што чекате, па кога деца ќе чувате бла бла бла,, а во себе потајно си мислат ,, види ја оваа сигурно нешто не штима па фраерот не сака да ја земе,, |(
    Да бе да, јас незнам кога ми е време за брак, бабите знаат најдобро.
    Туку ај да се вратам на темава. Незнам дали само мене ми се случува ова ама јас стварно не сум подготвена за брак. Не сакам сеуште да се мажам и точка. Имам 26 години и 9 годишна врска ама не ми паѓа на памет брак додека не се средат некои работи, дечко ми да најде некоја постојана работа и сл. Ма кого лажам бре и се да ми е наредено и средено пак не би се мажела сега за сега. Навистина незнам дали само кај мене се случува ова, ама не сум подготвена најискрено. Дечко ми понекогаш ќе го сврти муабетот на темата брак, ама му ставив до знаење што мислам моментално за таа тема. Па добро и не сме престареле бре, што се 26 години?
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  11. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Ај ова ако те теши ( :tmi: ): имам 31 година, 5 години сум во врска, а ме фаќа уплав од брак. И тоа како поминува време, се повеќе и повеќе се плашам. Ама не можам да објаснам од што точно се плашам, која е причината....веројатно нема ни да дознаам, пред да се омажам (ако се омажам некогаш :D ).
    Така да........нема врска кај мене тоа „ај ова или она да се среди“........не бе, не, се (добро де, скоро се) е средено и кај мене и кај него. Тоа секогаш ми служело како добар изговор, ама пред себе, не и пред другите. НО......... :!: :sweat:
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  12. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    се наближува, и нормално е ако не се чувствува женската спремна, па дури и уплашена, сепак е тоа гооолем чекор и голема промена во нашиот живот... :)
     
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.637
    Допаѓања:
    202.036
    Пол:
    Женски
    Нормално е секој да чувствува страв пред големите промени во животот, па и бракот е голема промена. Но тој страв не треба да не' кочи, оти промените се она што го прави животот интересен.

    Пред да го запознам мажот ми, имав уплав од брак. Ама навистина голем уплав. Освен тоа, не мислев дека ќе се најде некој што ќе сака да помине цел живот со мене, ниту пак дека ќе најдам некој со кој јас ќе сакам да го поминам животот и да му родам деца. Кога го запознав мажот ми имав дечко кој беше многу сериозен во поглед на нашата врска, па можеби, ако останевме уште малку време заедно, и ќе ме побараше. Ама јас знам дека ќе избегав, најбрзо што можам. Сега, после две години, сфаќам дека така сум се чувствувала затоа што едноставно тој не бил човек за мене, не бил оној со кој би сакала да го поминам животот. А за мажот ми не се двоумев, едноставно бракот беше нешто логично. Тогаш не чувствував страв, едноставно бев спремна на следен чекор.

    Секој има различни причини поради кои се плаши од бракот. Кај некого тоа е стравот од врзување (доживотно), кај некого тоа е погрешен избор на партнер (дали е некој вистинскиот подсвесно знаете - верувајте ми), кај трети тоа е финансиската стабилност, кај четврти желбата за независност и слобода, кај петти нешто сосема друго. Значи, многу зависи од човекот. Преиспитајте се што навистина ви го предизвикува тој уплав и расчистете со тоа. Ова не ви го велам за побрзо да се омажите, сепак тоа е ваше право, само ви кажувам како јас гледам на работите.

    Да не се лажеме, бракот носи промени. Не се тие кој знае колкави, но ги има, а посебно има промени кога ќе дојдат децата. Важно е да знаете да се носите со тие промени и да ги прифатите не како нешто неизбежно и трагично, туку нешто нормално, да се прилагодите на ситуацијата и секако, да го извлечете најдоброто од тоа. За брак не е доволна само љубовта, потребно е да бидете не само љубовници, туку и најдобри пријатели, да знаете дека покрај себе имате човек кому можете да му кажете се' без притоа да ве осудува и исмејува, човек кој ќе ги поддржува и разбира вашите одлуки и размислувања, некој што ќе ви каже каде сте згрешиле и што ќе биде горд со вашите успеси. Логично е дека нема секогаш да тече мед и млеко, ама со љубов, разбирање, доверба и компромис, се решава секој проблем ;)

    Убаво е пред бракот да живеете заедно некој период... така ќе видите како функционирате во заедница со сите обврски што ги носи таа ;)

    Edit: Заборавив да додадам - во брак секогаш мора да најдете време еден за друг - колку и да сте уморни, колку и да имате обврски на работа или дома, колку и да ви се спие - она време само за вас двајца е драгоцено и многу влијае на квалитетот на врската ;)
     
    На eliesaab, Moira, nitokris и 12 други им се допаѓа ова.
  14. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    Пред некој ден размислував зошто толку сите од постарите генерации напнуваат за брак, ама се најде една теткица да ми подобјасни, и да ви кажам право, теоријата малку и држи вода.
    :D

    Накратко, еве вака.
    Ми вика - ако планираш само да се мажиш, дали ќе го сториш тоа на 20, на 30, на 40 или никогаш, сеедно е. Мислам не е сеедно, ама ако не планираш да си основаш вистинско семејство, тогаш крши глава работава.
    Но, ако планираш да се реализираш во улогата на мајка, сметај дека биолошкиот часовник е поместен и колку повеќе чекаш и одолговлекуваш, толку ти се помали шансите да родиш.
    Да речеме дека си од тие (ова се однесуваше на мене инаку), што се туфкат и чекаат и пекмезат на темата брак и ќе се решиш накај 30-тата. И додај уште неколку години, 1-2 зависи значи да затрудниш. Ако сакаш де.
    И сметај дека ќе си мајка на 35 години. Или повеќе.
    Ништо ново, ништо страшно.

    На твои 53 години детето ќе го дочекаш матурант... а ако го следи твојот пример за женидба / мажачка, на 70 ќе му играш на свадба... ако ја дочекаш.

    :D

    Мене признавам од старт размислувањето ми беше крајно да не речам селско, ама кога човек ќе подразмисли, навистина за се' во животот си има некаков timeline.
    Затоа родителите и околината од постарата генерација напнуваат за брак, и донекаде се да ги сфатиш, се' во свое време.

    Нормално, ова не важи доколку не сте го нашле човекот на вашиот живот, како што рече Анат.
    :)
     
    На eliesaab, mimiiiii, srcekrsacka и 15 други им се допаѓа ова.
  15. Sun.shine

    Sun.shine Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    116
    Често знаеме да се зафркаваме со другарките дека штом до 22-23 не се омаживме, сега тешко кој ќе не прелаже... :wasntme: Како поминуваат годините така ни се менуваат приоритетите во животот, критериумите за мажи, стануваме посвесни, посебични и ги одложуваме бракот и обврките кои тој ги носи. Затоа се почесто има девојки кои зад себе имаат долгогодишни врски а сеуште се сами во своите 30ти.
    Јас за кратко време ќе ја официјализирам долгогодишната врска и не можам да кажам дека не чувствувам доза на несигурност и неизвесност... Тоа ќе биде ново искуство за мене и помалку се плашам дали ќе можам успешно да одговорам на сите барања и жртви кои ги носи бракот. Од друга страна пак, очекувам и мноооогу убави моменти и реализирање на сонот на секоја жена-да стане мајка :)
     
  16. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.021
    Допаѓања:
    123.883
    И мене ми се ближи ,ама немам ништо против :wasntme: Искрено,баш би сакала.26 имам и мислам дека ми е таман.Си ја најдов љубовта на мојот живот,двајцата живееме заедно,дипломиравме имаме работа.Баш би сакала да го делам мојот живот понатаму и мислам дека дојде моментот :P
    Малку сум исплашена,пошто знам дека многу работи ќе се сменат и ќе се соочам со многу предизвици.А за деца,не би сакала веднаш,после некоја годинка,за тоа не се осеќам ама ич спремна.
    И признавам дека теоријата на Трендафилка,и те како држи :wasntme:
     
  17. Nanna83

    Nanna83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    4
    Во врска 10 години, но се уште не ме побарал за жена

    Здраво девојки...
    Сакам да го слушнам вашето мислење на оваа тема. Со дечко ми сме во врска веќе 10 години од кои 4 години живееме заедно. Сме имале и успеси и падови (падови последните години), но сеуште нема направено муабет за брак. Јас секогаш искрено сум зборувала за таа тема со него, и сум му ги објаснила сите ситуации во кои може да се најдеме. Бидејќи не живееме во родното место туку под кирија во Скопје, една варијанта ако се земеме е да се вратиме дома, друга варијанта е да си најдеме поголемо станче за под кирија, трета варијанта е да вложиме во наш стан кој ќе го купиме во Скопје. Досега на сите предлози за брак или за „што понатаму“ сум добила одговор Има време! Но за мене нема време, бидејќи ако не останам бремена во наредните 3-4 години можно е никогаш и да немам деца. Он тоа го знае но сепак вели рано ти е за бебе (имаме по 27 години). Причината неможам ни да кажам дека е финансиски проблем бидејќи и двајцата работиме и сами се издржуваме, не бараме помош од домашните, дури некогаш и ние им помагаме. Сеуште немаме споени финансии, значи јас за мене тој за него, што мене не ми се допаѓа бидејќи на крај на месец сметките и киријата јас сама си ги плаќам од мојата плата.
    Ако може да одвоите малце време за да ми одговорите зошто се уште не сака брак и дали некогаш ќе посака, ве молам да пишете.
    Ви благодарам
     
  18. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Во врска 10 години, но се уште не ме побарал за жена

    Очекувани и нормални се твоите барања и очекувања од него.
    Сепак сакаш твојата иднина да ја направиш посигурна, а и не сакаш деца на постари години. :)

    Тоа што живеете заедно сепак е еден голем чекор за двајца партнери, а ете вие сте заедно под ист покрив веќе 4 години. ;)

    Тоа што сте имале подеми и падови е сосем нормално. Со тој што се сакаш треба да се сакаш и подржуваш и во добро и во лошо....

    Јас мислам дека вистински не е спремен за брак, како институција-брак, сепак некои машки иако имаат 27год., не значи дека се многу зрели и спремни.

    Немој да му вршиш голем притисок, но и тој треба да биде искрен со тебе, подетално да ти објасни, а не само: Има време! Да ти каже кои му се намерите во иднина, да имаш доверба во него, дека си со стабилен дечко, а не по 2 години да присака ергенски живот или нешто друго... ;)
     
  19. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    319
    Во врска 10 години, но се уште не ме побарал за жена

    тој е еден од тие типови кои се плашат од брак,тоа има време е безвременско,напраи си убаво муабет со него изјаснисе и кази дека ти баш тоа го сакаш,а дали тој ке сака да бидите во брак,па сигурно би сакал толку време заедно сте ,ззаедно живеете ,позз :*
     
  20. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Во врска 10 години, но се уште не ме побарал за жена

    Колку повеќе го притискаш, особено со муабет и за дете, толку покасно ќе те побара за жена.

    Дечкото очигледно од некои причини не сака сега да се земете, тебе ти останува или да го почекаш или да го оставиш. Муабети претпоставувам сте имала еден тон на темава, па не гледам што би сменил уште еден.
    Искрено и не знам зашто толку брзаш, па заедно живеете, не е дека е несериозен со тебе. И жени без проблем раѓаат и на 35 години, зашто тој муабет дека имаш уште 3-4 години :^) Со самото тоа што ти рекол дека си млада за бебе ти кажува дека и он е млад за тоа.Од една страна ти ја разбирам желбата, ама од друга, се ставам и на место на дечкото и не е фер некого да присилуваш на нешто за кое не е спремен.
    Не знам дали разбрав добро, ама ти ја плаќаш киријата и сметките, а тој не? Ако е така, не знам како си дозволила нешто такво толку време, уште сега ќе го седнеш и ќе кажеш дека тоа ќе биде пола-пола.