Во врска 10 години, но се уште не ме побарал за жена Сите 4 години ти плаќаш? И кирија и сметки? Немој да ме разбереш погрешно, но мене ми се чини дека нема дечково намера за такво нешто, не дека се плаши од брак, или машките се такви, според мене тоа не држи вода, туку баш му е убаво вака. Еден куп привилегии, обврски скоро никакви. Бракот само би донел промени, но на негова штета. Дете исто. Би требало и тој да се грижи и да плаќа. Ти го познаваш најдобро, но мене не ми изгледа најсјајна работата. Не сте мали воопшто, со оглед на тоа што го кажуваш, примања, долга врска и се останато, логично е да следи брак, јес да машко, па као може и покасно да основа фамилија, само што обично тоа се прави доколку немаш најдено соодветен партнер, (нормално не може 26, 27, 30 години и ајде по секоја цена, со било кој мажачка/женачка) , или ако се финансиите проблем, што не е случај со вас. Да не излезе како што пиша грл, да посака ергенски живот понатака, подобро разговарај искрено, ако сака нека се изјасни, а не да изненадува кога веќе ти си имаш планови и го гледаш животот со него. Јас би земала да разговарам, сериозно, и не со муабети има време, па ова, па да почекаме, туку јасно и гласно. -Човек правиме нешто од животов, ќе почнеме да создаваме после 10 години влечкање, или јок!? -И до кога мисли така, и што уствари чека нека објасни. А ти од одговорите на овие прашања ќе можеш да видиш што и како му е намерата, нормално доколку сакаш реално да согледаш. Јас сум малце да го притиснеш. Спремен, не спремен, што ако никогаш не биде спремен? Нека се изјасни, па ти ќе одлучиш дали можеш и сакаш или не, така да живееш понатака. Не секој ден да го гњавиш, туку седнуваш на здрав муабет. Не дозволувај завиени и неопределени одговори. На јасно прашање, јасен одговор барај. Не е животот играчка, времето, годините си врват, без оглед колку ние се занесуваме и нејќеме да прифатиме.
Во врска 10 години, но се уште не ме побарал за жена Да не се плаши дека коа ќе се земете он ќе треба да плаќа? Абе ај, се плашел... Па нели се посилна страна. Се` се решава само и само со искрен муабет. Така да ќе го седнеш и фино лепо ќе ти објасни зашто? Е од ваков муабет стварно се плашат, ама не може он да те уназадува тебе.
Во врска 10 години, но се уште не ме побарал за жена Сите викате сериозен муабет, ама гарантирам дека он пак муабетот ќе го сврти во своја полза. Нема да и даде конкретен одговор, да не ќе и рече не, не планирам да се земеме. А да се сложи нема исто така зашто очигледно не сака. Затоа и и реков дека или ќе си чека или ќе го остави. Девојкава уште не враќа, ама ако навистина само ти плаќаш сметки и се, а него око не му трепка да рече чекај јас, тогаш ич не треба да си со него. Мислам дека добро ме разбираш, без многу да објаснувам.
Во врска 10 години, но се уште не ме побарал за жена Абе тој секако муабетот ќе го сврти во своја полза. Ама со малце упорност ќе почне да збори. Девојката вика дека има уште 3 - 4 години за деца, а после тоа може да не може да има дете. Мене тоа ми е доволно сериозен муабет. Башка 10 години се заедно, сигурно не е глупаво да му го каже тоа, не е врска од 10 дена па за овој да испаничи. Малце нека порасне.
Во врска 10 години, но се уште не ме побарал за жена Абре 3 години искрено разговарам за таа тема. Значи сум ја превртила на секој можен начин. Единствен одговор од него е само молчење, зборчето Незнам и Ќе биде. Ај тоа што не плаќа не плаќа, ама не сака ни да се грижи за местото каде живееме да ни биде убаво. Значи јас станав и мајстор и амал за селење, а за домаќинка (садови, готвење, чистење ..) да не правам муабет. Тотална незаинтересираност од негова страна. За да го „притиснам“ на некаков начин, а да не биде со бебе, да почуствува малце семеен живот, земав кученце за чување. Додека не си дојдам јас од работа нит јадење нит пиење кутрото добива. Тој работи од дома па постојано е со кучето, но очигледно само за себе се грижи..
Јас сфатив дека секој си го плаќа својот дел за кирија и сметки, од своите примања. Штом не ви се споени финансиите, веројатно и храната си ја купувате одделно. Без навреда, ти не живееш со дечко, ти имаш цимер. Која е логиката да живеам со дечко ми, а да не раководиме заеднички со нашите финансии, да се испробаме за заеднички живот, во домаќинлук што се вика... Тоа е грешка број 1, веројатно тука момакот си земал малку повеќе за слобода. Всушност според мене, брачната заедница е измислена за да луѓето си помогнат едни на други и полесно да основаат дом и семејство. Друго е кога двајца градат нешто, а друго е кога си сам. Да беше така едноставно секој сам да си основа дом, немаше ни да постои брак и семејство. Искрено не знам што да кажам. Колку повеќе го напнуваш, толку повеќе ќе одолговлекува и ќе се извлекува. Ама дефинитивно не сум за тоа да ја баталиш ситуацијава. Демек, што биде нека биде, сум чекала толку, ќе чекам уште бе... Биди си искрена спрема себе прво, тебе ти се мажи, сакаш деца, сакаш семејство, сериозно обврзување... нему не. Ако е така, што да се каже... 10 години врска не се фрлање, ама веројатно не сакаш да поминеш уште 10 во пусти надежи. Разговарај сериозно и построго, не некаков си муабет нафрлен измеѓу - што ќе јадеме денес и каде ќе прошетаме. Посвети сериозно внимание на проблемов и ако треба и закани се. едит: Сега прочитав дека не плаќа ништо! Јас сум запрепастена. Искрено. И не знам како си го дозволила тоа. 4 години...
10 години во врска не се малце за тој така незаинтересирано да се понаса и самата си видела дека тој се грижи само за себе се чудам само како си издржала толку години со него...сепак мислам дека треба да направиш уште еднаш муабет да му кажеш дека не бива веке така дека ти си сериозна и сакаш дете семеен живот а тој да ти одговори што мисли да прави и никако не прифакјај незнам или имам време ако несака нека ти даде причини зошто несака.
Да не баксузирам, ама јас знам за еден пар што „одат“ скоро 20 години и уште немаат абер за земање, и тоа мислам токму од тоа избегнување конкретен муабет. Чекаат нешто, кој знае што, и тие не знаат. Да, типот нема свој стан, а ни таа, ама па досега и кредит за стан ќе исплателе да се решеле на време. А за овој како што го опишуваш, не знам зошто воопшто сакаш да се венчаш со него?! Не ми личи на материјал ни за сопруг, а ни за татко. ОК, сте биле заедно долго време, ама врска е врска, брак е нешто друго, а тек создавање семејство. И така се сама си плаќаш, ај ти убаво замоли го да си се исели некаде (вака ми личи дека убаво му доаѓа, како хотел со рум-сервис, ама бесплатен). А потоа, заборави го, дотерај се, насмеј се и излези уживај во животот малку, а кога патем ќе најдеш некој кого не треба да молиш за да бидете заедно ќе знаеш дека си го нашла вистинскиот. Не чекај да помине уште време, многу брзо поминува животот, млада си, ама послушај постара од тебе
Епа тогаш, јас тебе искрено ќе те прашам. Зашто воопшто сакаш да го притиснеш за брак? Само бројката од 10 години те врзува за него? Знам дека е тешко да се стави крај на нешто толку долго што траело. Ама запрашај си се сама, дали воопшто бракот со него е правилно решение. Ништо не ти сугерирам конкретно, освен сега ти сама со себе да бидеш искрена.
А сигурна си дека нема друга и дека те сака и сака живот со тебе? Мислам, ти нај убаво си го познаваш треба самата да ги знаеш причините за неговата незаинтересираност, ние може само да нагодуваме. Мене тој не ми изгледа сериозен и не знам како ти истрпе 4 години да му плаќаш кирија и да му изиграваш мајка(перење, готвење, пеглање...) . Десет години не се малку но ако не иде нешто не можеш со сила, не си го губи здравјето и младоста за некој што според мене не те заслужува.
Eпа Нана јас на твое место одамна ќе го оставев. Не знам како можеш да живееш и сакаш дете со толку неодговорен и себичен. Му плаќаш сметки, спремаш дома...како паразит да имаш дома, а не маж, извини ама така е. Мисли малку на себе и барај решение кое не го вклучува него. Ниедна од навиките нема да ја смени зашто е вака навикнат и му е баш убаво, исто како мамичка да му е дома, а он како да има 10 години. Не ми боде во очи толку тоа што неќе да се земете, колку тоа што е вака неодговорен-да оставиш девојка ти да плаќа се по дома и да ти е тешко едно куче да нахраниш Трагедија.
па ти и сега имаш поблем со него не па кога ке се мажиш за него ,цовекот си е саможивен и да не речам мрзлив,како со убо разбрав,он лешинари и се е на тебе добив впелаток како да е незаинтересиран за заеднички живот,ни како дечко ни како сопруг
Ау, девојко, јака ти душа бре што три години си задоволна со одговори од типот „незнам“ и „ке биде“... Крајно несериозно за оаа возраст делува типот. Ај ке сфатам да нема работа а сакате и се труди да живеете заедно, ама да работи и за ништо да не му чуе? Најискрено, не ми делува како тип со некаков план за во иднина. Муабет искрено не верувам дека ке помогне, штом толку време се влече со 3 збора, очигледно нема муда да прозбори или ни самиот не знае што сака. Со оглед на тоа што имате по 27, значи сте се „врзале“ околу 16-17 години, па може сега типчето жали што не „проживеал“ како некои други. А ако има такви другари кои за добар живот го сметаат само оној во кој ке се начукаш и ке завршиш во некое ќоше со непознати и често прават муабети на таа тема, може овој се чувствува запоставено, а таквиот муабет многу влијае. Може ке одрекува, ама длабоко во себе ке се преиспитува и може на некој начин ке му е криво. За жал постојат многу такви кои потпаѓаат под туѓото влијание и несвесно го наметнуваат врз својата среќа. Тој може е најсреќен со тебе, но доволно е нешто такво за малку да го разниша. (Зборувам за ако е од оние со полабилен карактер т.е. се грижи што мислат другите за неговиот живот.) Не знам што да ти кажам. Со муабет за брак, тешко. Ама барем направете муабет околу тие сметките, нека се погрижи за кученцето, нека се обиде да зготви нешто повремено, чисто колку да ви е поинтересно, а не само монотоност - тој да седи и работи пред компјутер а ти да му изиграваш мајка.
Нана јас ќе кажам дека ти си среќна девојка што имаш искуство во на некој начин вонбрачна заедница, увидуваш како функционирате 24 часа заедно. Заклучокот сама го гледаш, но не сакаш да си го признаеш. Дечкото очигледно не е вистинскиот маж на твојот живот. Ти сакаш дете, сакаш брак, вложуваш очигледно во врската, а тој смета дека дома има домаќинка и не мрднува со газот. Не сака едно кученце да нарани, а не дај боже еден ден да не го гледа детето. Да неможеш детето да му го оставиш на неколку часа на мажот. Па тоа е лудост. Седни и размисли и направи си список ете што те поврзува со него, а што те нервира. Може дури и да му го дадеш списокот. Да видиш како ќе реагира. И запрашај се ти него го љубиш сеуште? Или се е една навика. Многу е полесно да раскинеш, него да се разведеш. А ти ќе си среќничка ако на време ја донесеш вистинската одлука. Наместо да го молиш за брак јас би рекла обратно кажи што ти смета, па ако тоа не пали јас би се иселила на одреден период, би се спакувала. Имате минато, не е лесно 10 годишна врска да се заврши, ама некогаш е подобро тоа да е на време, него да влезете во брак со сила. И според мене нема тајминг за брак. Има спремни и неспремни млади луѓе за брак, без разлика на возраста, без разлика на должината на врската.
Потполно се согласувам, посебно со болдираниот дел. Во тебе е останата само навиката, а за овој освен тие 10 години, друго ништо и не те врзува. Нема да се смени, биди сигурна. Со ваков човек во брак само работите ќе станат полоши. Веројатно не сакаш да се најдеш во брак, со дете, а уствари сама. Амал ко што викаш. Остави го, дефинитивно. Ќе најдеш некој кој ќе цени се што правиш, ќе сака се да делите, да ти олесни, да си среќна, и најбитно ќе сака без двоумење и одолговлекување да го помине животот со тебе. Тоа е вистински живот, да се осетиш сакана, дека некој се грижи и дава колку може, во секоја смисла за да бидеш среќна. А не вака, еден ден да се соочиш со фактот дека не си му ништо друго освен слугинка, тој ужива во неправењето ништо, и уште еден ден може да му текне дека надвор девојчиците скоцкани и наљицкани се поинтересни од онаа која се грижи за него цел живот, од онаа која ја гледа како домаќинка. Почни си го животот, веднаш. Не муабет, сега и он да те моли, ц, никако, фино лепо, чао пријатно. Не се менуваат лесно луѓето верувај. Нема да се смени никогаш. Биди си искрена со себе, разгледај што ти добиваш од него, што даваш, и колку и дали воопшто цени. Во овие одговори ќе си го најдеш решението, и патот до среќата. Животот е еден, не дозволувај да го ставиш во туѓи раце, друг да управува и да манипулира со тебе. 10 години, големо чудо, и 20 нека се, среќата те чека некаде, а ти сигурно ја заслужуваш
Секоја навика има и одвика не е крај на светот,доаѓаме во ситуации кога треба малце построго се или ништо... Не десет години и сто и десет да одите зар со таков би сакала иднина и деца и домаќинство ако беше така никој немаше да прави свадби трошоци секој ќе си живее сам. Според мене дечкото ти ги знае сите слаби страни знае како да манипулира што е нормално во сите тие години мислам повеќе од очигледно е ама нервира фактот што некои луѓе нити те држат ниту те пуштаат,па биди маж кажи неќам да се земеме и готово ама не му одговара си има тој се во животот,ниско е тоа што ти го прави во неговите очи ти немаш цена. Прочитав многу паметни совети и ако барем малку ѕирнеш во реалноста ќе сфатиш не е крај на светот не велам остави го туку покажи заби и дај му на знаење дека не е последен маж на светот дека ти вредиш и време ти е за семејство.џа или бу. да не испадне го тераш на сила ама направи малку рестрикции едино ако сакаш цел живот некому да му служиш,да не мислиш утре деца ќе ти гледа,таквите мажи се клише ги има на секој чекор,стегни забите и биди силна барем ќе знаеш на што си.со среќа
Да не се разбереме погрешно. Значи кога ќе ја потрошам мојата плата на средина на месец, а немам од кој да земам, земам од него.. Но некако глупо ми е да му барам секој ден пари за работа, дај ми 100-200 денари, па ќе праша зошто ти се, па кога ќе му кажам ја потрошив платата, ќе каже Е кај толку ја потроши, па ќе му кажам јас сама платив кирија и сметки и тогаш ќе почне будала да ме прави као демек Е како сама ја плати, и јас ти дадов пари И кога ќе му докажам дека не е така како што тврди он, ќе ми се налути ... Тој самиот треба да знае дека за кирија и сметки треба да се остават пари по пола кога ќе земеме плата. И ова се случува последните 4 месеци кога го променивме местото на живеење и кога он почна да работи. Додека му праќаа пари од дома неговите немавме таков проблем. Минатиот месец ме фати инат, додека не даде пари не плаќам си кажав. Газдите ме чекаа 20 дена, каснев со плаќање и на крај пак од мене дадов. Не е дека не сака пари да ми даде, но мислам дека не сака да се замара и не е заинтересиран за ништо, Треба да се плати кирија, па нека треба .. девојка ми ќе ја среди работата ... Баш така чувствувам и јас. Последниот муабет што го направив со него му кажав : Најискрено, сега ако ме побараш за жена јас би ти кажала Не. Но некако не ја постигнав целта со тоа, наместо да се запраша што е работата, зошто така реагирам он ми одговори Пак некој ти го перел мозокот, или ти мрде опавчето па си најде некој на страна ... И најнормално ми се налути и не ми правеше муабет...
Mи паѓа косата од вакви машки... Одржи му лекција, остави го малце. Може така ќе сфати што сака. Ни муабет, ни ништо, однесувај се како сама да живееш, и така тој веќе така се однесува.
А нему некој случајно да не му го полни мозокот па си ја ишка мувата, м? Може сурово ке ти звучи, ама ти не си му девојка. Ти си му спонзор и издржувач само. Бидејќи како што кажуваш, во се` друго си сама. Па сега размисли си и премотај си ги тие 10 години со што се` ти биле исполнети и биди реална спрема себе при донесување заклучоци и одлука. Зелен, зелен, презелен! Брак со овој искрено не ти треба. Може ке ти направи дете, детето ке порасне, ке се осамостои, но тој во тебе секогаш ке гледа мамичка и ке чека се` на готово од тебе.
Да не се разбереме погрешно? Кај плаќаш кирија и сметки, па коа ќе останеш без пари уште и се понижуваш да бараш од него, па да те распрашува кај трошиш и зошто. Ај биди си искрена сама кон себе, сакаш со ваков човек деца да имаш? Семејство да создаваш? Со ваков човек кој е незаинтересиран, неодговорен и се погоре што беше набројано. Ај одговори си на прашањава, ама искрено те молам.