Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Се наближува времето за брак...

Дискусија во 'Брак' започната од moni24, 4 април 2011.

  1. Nanna83

    Nanna83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    4
    Јас навистина размислував да го оставам. Но прво сакам да знае зошто го оставам. Секоја кавга што ја имаме завршува како јас да сум крива за се и како јас да имам швалер па затоа сега му наоѓам замерки. За брак размислував, дека ако бидеме едно семејство, заедница дека ќе почне да се грижи и ќе се смени. Но кога ќе размислам, он сега не се грижи а не пак кога најнормално ќе имаме фамилија.
     
  2. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.408
    Пол:
    Женски
    Нема да почне ни тогаш.
    Многу девојки мислат дека бракот е решение за некои проблеми. Всушност е поголем проблем.

    Размисли си убаво и биди искрена спрема сама себе. Остави го он што мисли и како испаѓа кога се карате.
    Искреност за себе и како ти мислиш за работите. Ти си битна, не тој.
     
    На Nanna83 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    Точно, и во најидеалните врски, во брак заедно со обврските почнуваат и проблемите, а не па вака.
    На тоа уво немој да лежиш. Подобро нема да биде, само уште повеќе тој ќе си земе права над тебе.
    А тоа што си му дозволила волку и ти си крива. Да те навредува со мизерни патетични муабети.
    Кревај главата. Враќај гордоста и низ врата од таму.
    И да моли и да плаче, и да ветува. Јок! Не се враќај.
    Ќе те моли само затоа што ќе знае дека нема друга да го трпи, а не од што те сака. Со човек што го сакаш не се однесува така.
    И да, да си заминеш и да оставиш последната кирија и сметки тој да ги плати.
    Безкичмењак еден.
    Нашол финти човекот, ќе ги користи на некој кој прави се за него.
    Кога ќе се иселиш, и ќе ти олесне, откако ќе видиш колку е убаво да си среќен, ослободен од притисок, да ни пишеш тука.
     
  4. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    Овој ми личи на човек мама меси тато носи.Напомена во еден пост додека НЕГОВИТЕ му пракале пари ок бил,а сега кога заработува недава :^) Да ти кажам искрено,без да се навредиш многу на незрел ми личи типов и мрза.
    Ќе ти кажам еден пример,на мајка ми пријателка.Ваков беше и нејзиниот маж,на 30 години незнаеше работа што е,мрза невидена,а неговите беа немој сине да работиш ние ќе ви даваме пари.
    Секоја работа што му ја најде ЖЕНА МУ не беше доволно добра за него,или многу се работело или рано се станувало и 300 глупости.Таа работеше и ги издржуваше двајцата.
    Е кога се роди ќеркичката нејзе и пукна филм,и отиде до тој степен кога тој најде работа според струка и тоа,и нормално 100 маани пак најде,таа му рече ако ја остави и оваа работа,таа него ќе го остави па што сака нека прави.
    Ете го работи сега,а пола од работите сеуште она му ги завршува.
    Она е мажот во куќата.Да ти кажам искрено оваков живоот не е воопшто лесен,се да биде на твој грб и утре освен за своето дете за уште едно големо дете ќе се грижиш.И плу што е ова 27 год.маж едно две ќе се налутел :o бог да чува плачко.
    Многу совети ти дале девојките и во право се,јас само ќе ти кажам седно еднаш за секогаш расчисти со озбилен муабет,ако се дурли нека се дурли абе по него оди и збори.Стави го пред свршен чин сака тој иднина со тебе или ајде пријатно!
    Не велам дека е лесно,ама и твоево веќе преку глава ти дошло,осет да се немало.
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  5. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    319
    душо не те заслужува овој тип тебе воопшто,он треба да размислува за брак он треба да се труди да ти го прави животот убав,а и да бидам искрена ти треба да му раскинеш,али коа ке му раскинеш не знам со ке праи он тогаш,он ке стигне дно дна,никад нема да најде вака да се лешинари,па уште и со напраи со парите извини вака ама дебил тежок,мани му клоците и напред за подобар и посрекен живот,а не да переш веш на некој кој со прст не мрда да те усреки
     
  6. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.408
    Пол:
    Женски
    Сите девојки ти дадоа прекрасни совети.
    Сепак, најтешкото ти останува на тебе.
    Што и да одлучиш, не е лесно.
    Имаш поддршка тука, а ваљда и од поблиските ќе имаш.

    И да не известиш што ќе биде.

    :*
     
  7. Nanna83

    Nanna83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    4
    Од поблиските малце потешко да имам подршка. Они го сакаат него за зет и точка. Може и затоа уште трпам во оваа врска.. Абе заебанции од сите страни, само еве мајка ми нека е еден ден во моја кожа па да видам како ќе се чуствува. И дали тато ако беше ваква мрза ќе се омажеше со него...
    Јас чекам до Нова Година, па после ќе е муабетот... Му дадов ултиматум дека треба да се смени или поарно нека си оди во родниот крај. Како што гледам Нова година е за некоја недела он абер си нема....

    Почна да ме загрижува и тоа што љубовта почнува да си заминува веќе. Јас не се чуствувам дека го сакам како што го сакав пред некое време. Мајка ми вика Епа што си гледала 10 години, сега ти текна мани да наоѓаш .. Пред десет години бев тинејџер, а само пред 3 години почнав да работам и да станувам самостоен човек. Од кога почнав сама да се гледам, почна и да ми пречи што тој сеуште е во тинејџерските години.

    п.с Фала ви за убавите совети. Се согласувам со вас во целост, останува само да земам и да реагирам
     
    На daddys.princess му/ѝ се допаѓа ова.
  8. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    319
    за мислење не прашувај никој,согласност не мора да добиеш од никој за да го оставиш,твој е животот и доволно си возрасна за да си носиш свои одлуки,не се плаши дека нема да те подржуваат,сакаат не саккаат ке прифатат на крајот,ако го сакаат за зет они нека се омажат со него,може сум малку и строга ама вистина е така,ако се одлучисш ти никој не треба дозвола да ти даде за тоа
     
  9. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.408
    Пол:
    Женски
    Не се секирај, родителите секогаш го сакаат најдоброто за своето дете, ама понекогаш им е тешко да видат што е најдобро.
    Самостојна си, паметна колку што можам да забележам.
    Изградена личност.
    Не се плаши сама да преземеш нешто.
    На почетокот е тешко. Секој почеток е тежок.
    Ти си напредувала во развојот, тој не.
    Кога не оди и љубовта си оди, тоа е секогаш така.
    Знаеш и сама што треба да направиш, си го знаеш одговорот, само треба да си го признаеш тоа.
     
    На Nanna83 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Missbutterfly

    Missbutterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    19
    Тинкербел ти симнувам капа за постов :).Ваква е баш ситуацијата кај мене дома,мајка ми досега 100работни места му најде на господинот татко и не сака да оди а знаете зошто?.Не работел тој за мали пари... :swear:.А и тоа што една феминка напиша дека мажите не се менуваат во брак и тоа е вистина :).А башка досега во која фирма и да одеше татко ми секаде се караше со некој,се замеруваше и башка што направи мајка ми да шета со наведната глава се поради него :x .Толку од мене драги феминки,отворете си ги очите
     
    На tinkerbelll му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Пак ќе се вмешан јас. Ова болдираново објасни и го на мајка ти. Или па не објаснувај воопшто, има и таква алтернатива. Јас некаде на твои години раскинав врска од 11 години. А немав ниту еден од проблемиве што ти ги пишуваш, искрено, туку само мислев дека сме ја надраснале врската (но тоа е друг муабет ;) ) и на НИКОГО не објаснував. Нормално, шокирани имаше колку сакаш, демек, сите чекале на свадба да каниме, а ние сме раскинале. Ни на моите не им објаснував. „Зошто?- Така, не оди веќе“. И бидна како во поговорката, секое чудо за три дена. Види, ти си доволно самостојна да се издржуваш сама во друг град... Најди си помало станче за помалку пари, организирај се и ич не се врти назад. Никој од тие „загрижените граѓани“ нема фала да ти каже ако си го упропастиш животот со таков човек, туку и тогаш ќе им бидеш тема на муабет за на кафе. Затоа, ич не се секирај кој што ќе рече. Ќе видиш, ќе помине полесно од што мислиш. И ќе видиш што значи да дишеш слободно, без тежина од толкав маж да влечеш на грб. Ќе се препородиш.
     
    На Trendafilka, imelda, zhap4e и 3 други им се допаѓа ова.
  12. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    прочитав се да кажам и јас мое мислење:

    машките тешко се одлучуваат на сериозен чекор т.е. брак. тоа за нив е ко да си ги ставил во окови
    а како што гледам дека типов е паразит невиден, на кого не можеш да се потпреш на него(ни финансиски ни никако) , немој да размислуваш на брак со ваков тип оти ТИ ке настрадаш, и ке ги трпиш последиците, а вракање назад НЕМА, а тоа што твоите запнале за брак, не ги слушај, ти си знаеш најдобро(и мене така ми викаа за еден со кој бев 3 и пол години, а мене ми беше неубаво, и на глава ми се качија, ама бев силна и раскинав, па се помирија со тоа)

    знаеш како се вели: подобро да се спречи отколку да се лечи
    ја имаш мојата поддршка ако се решиш да го напуштиш :*
     
  13. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Па нормално, видел како е тешко да се трошат парите што макотрпно ги заработува, затоа не дава за кирија. Кога му давале од дома плаќал пола, а сега не. Тек пак што ќе биде во брак.
    Бегај додека можеш. Најискрено...
     
  14. femina11

    femina11 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    226
    Проблемот е доста тежок и не би те советувала што да правиш, најдобро е сама да се одлучиш. 10 години врска не е малку, ама пак подобро е 10 години залудно поминати отколку цел живот поминат во несогласувања и никаков живот. Мене она што ми падна во очи во случајот твој,тој воопшто нема доверба во тебе,штом ти спомнува таму швалери,а тоа е она што треба тебе да те загрижува и треба да се запрашаш дали да продолжиш со него.Па ти одиш 10 гидини со него,а тој такви муабети ти тера и мене ми изгледа дека не е искрен со тебе.Мене по твојот муабет ми изгледа дека тој тебе не те сака. Извини што ќе бидам искрена. Размисли за да немаш после лоши последици.
     
  15. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.097
    неееееееееееееееее :talk:
     
  16. ell

    ell Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    625
    Ништо не е изгубено. Секој поминат момент е искуство. Тешко е тоа што си имала некоја замисла и планови за животот со него. Лично мене тоа највеќе ме боли. Кога вложуваш толку многу во нешто а не добиваш ништо за возврат. Или пак само се надеваш и надеваш.
    Едноставно некогаш ни се разидуваат животните патишта и гледишта со луѓето. Без разлика дали ги знаеме цел живот, 5 или 10 години. Во овој случај е добро, што последиците нема да бидат така трагични.

    А, годините ама буквално не се мерило за ништо. Посебно во ова време. Звучи и како клише и не знам стварно што толку било поразлично порано за да сега повеќето млади се толку неодговорни (ама тоа е друга тема). Дечкото не е зрел за брак, а и нема да се смени тоа во скора иднина.
    Ај што не е спремен за брак (не сте престарени :) ), туку и не е одговорен, не е зрел и незаинтересиран. Се однесува како да живее сам или пак со цимер, а во најдобар случај слугинка, која уз пат и сметки му плаќа. Бар за една работа да го биваше :)

    За брак..искуство од блиска личност. Имаа долга врска 7-8 години (девојката 27-8, дечкото 29-30). Дечкото немаше абер од брак, и демек со ултиматум или бебе ќе го натераше на брак. „Се сложи„ направија свадба, сите среќни весели, се земале децава. Бебето се роди, а бракот траеше неколку месеци. Се се собра на куп и толку беше.

    Знам дека не е едноставно. Млада си уште. Па и да е човек над 35, зарем вреди да живее таков живот без ронка среќа?
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Уште од првиот товј пост ми стана јасно дека во вашиот однос ништо не е како што треба, но со секој твој нареден пост се запрепастував уште повеќе.
    Тој не само шти е незрел, неодговрен, мрзлив, туку и не те сака, воопшто.
    Знам дека ова што го напишав погоре е многу сурово, но тоа е вистината и ако седниш да размислиш подлабоко ќе сфатиш и сама, останува смао да си го признаеш тоа на самата себе и да превземиш мерки.
    Девојките погоре ти дадоа убави совети.
    Ќе почнам од почеток. Мислам дека кажа имате по 27 години, 10 години врска значи од 17 години сте заедно. Ти него во моментот му си премногу сигурна. Знае дека го трпиш за се и сешто, правиш се за него, просто кажано ти изиграваш слугинка низ дома, а тој си го лади (извинете на речник ама револтирана сум од вакви „мажи“ ), него тоа му одговара повеќе од што можиш да замислиш. Заминал во друг поголем град каде што успеал да најде работа, од таа работа сите средства си ги чува да не речам. Киријата му ја плаќа друг, јадењето и сметките исто така, друг го пери, го пегла, а плус си има сигурност дека има некоја што го сака и што кога да посака ќе биде тука за него. Епа драга моја покажи му дека не е така. Дека твојот свет не се врти само околу него. Напротив. Покажи му дека веќе не е толку битен колку што мисли дека е. И бегај од него дури можиш. Не ни помислувај на брак, а уште помалку на дете. Затоа што покрај таков маж тоа дете ќе страда, многу повеќе од тоа кутро кученце кое твојот сакан го остава без јадење. Тој не е способен. Нема ни да биде. Фактот што се лути кога му бараш пари на крајот од месецот зборува многу за него. Како има лице за такво нешто. Навистина треба да си без осет и срам, за воопшто да помислиш да му префрлуваш и да му се лутиш за било што на оној кој практично те издржува. Нема да смени, напротив ќе стани уште полош.
    Немој да помислуваш на тоа дека ти е доцна за дете како што спомна во првиот пост. Денес медицината е толку напред што можиш дете да родиш и на 45. На твоите објасни му дека не си среќна и дека ти е многу тешко. Се што напиша овде кажи му го и нив, малку построго и поодлучно, за да те сфатат сериозно и да сфатат во каква ситуација се наоѓаш. Верувам дека ќе застанат зад твојата одлука. Во најубавите години си. Замини си од кај него, претходно најди си некој стан помал кој ќе можиш сама да го плаќаш, ти и овај стан го плаќаш сама, така да не ти менува многу. Паметна си, способна си да се издржуваш самата без ничија помош. Излегувај. Поднови се со гардероба, фризура и сл и пушти се во нов живот и забава. Ќе видиш дека вистинскиот можеш да го најдиш секаде. И ќе го најдеш. Не се плаши од тоа. Се е подобро отколку дома да се расправаш со дете кое е уствари возрасен маж.
    И за крај морам да спомнам нешто што го прочитав во една книга која многу многу не ја ценев во почетокот, но како поминува времето сфаќам колку вистини имало во неа. Во книгата авторот вели дека тој маж кој ја сака вистински својата жена се труди да направи се за да му овозможи неа и на нивните деца се што ќе посакаат. Што не можи да се кажи за овој твојот.
    Можеби ова што ние го пишуваме е сурово, можеби грешиме, затоа што ние не го поазнаваме него, ти го поазнаваш најдобро. Размисли убаво. И без страв. Само напред. И пишувај ни.
     
    На eliesaab, kate21, srcekrsacka и 5 други им се допаѓа ова.
  18. strawberry009

    strawberry009 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    6
    Манипулатор, се во своја полза ги врти работите! Искрено, таквите се најлоши! Тој не мисли за тебе, верувај!.......Ете девојките погоре убаво имаат објаснато...Се надевам дека ќе го оставиш! Не вреди!
     
  19. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    нана пред да кажам дека е мрзелив, неодговорен себичен итн имам желба да ти кажам дека според напишаново имам чуство како човеков да не те сака веќе, само е толку мрзелив што нема желба да ти го каже тоа и да се расправа со тебе.

    мене не ми е јасно како може партнерот со кој живееш ако те сака да те остави сама да работиш се, да не прашува за финансиите па уште и да ти вика дека тебе ти мрда опашот... мислам нејасно е . тоа е прво и основно што треба да го видиш со него.

    всушност секој човек и пар се различни но во сите има една заедничка работа: љубов, почитување и подршка а колку што видов ти не добиваш ништо од тоа.

    немој да ти бидe притисок тоа што 10 години сте во врска. како што кажа сама сте биле деца сега ако гледаш дека не бива барај си ја среќета и podobro нека те зборат во наредните 3 години одколку 30 да живееш во мизерија.

    еве јас не ти зборам на памет ти зборам од искуство, јас живеам со мојот вереник 2 години а заедно сме повеќе од 6 и од кога памтам тој секогаш спомнуваше земање деца итн значи нормално без притисок се во свое време но ми даваше на знаење дека има во план да градиме заедничи живот

    кога почнавме да живееме заедно јас ја имав секоја можна подршка посебно финансиска зошто тогаш почнав со мала плата и до ден денес нас финансиите ни се заеднички, на пример он ќе извади за ќирија јас ќе ја платам ратата за кола па заедно за факултет итн.

    дома помага со се. јас кога сум на работа или на некоја активност он ги мие садовите прави ручек, заедно чистиме итн. нормално не е се розево знаеме да се скараме па и да се степаме :lol: но он никогаш не се откажал од мене секогаш е спремен да разговара да се реши проблемот.,да ме одбрани пред сите и да направи некои работи кои ги мрази само затоа што јас сакам. јас искрено така и го замислував заедничкото живеење и сметам дека имаме квалитетн начин на живот и секој го заслужува тоа.

    поздрав и секое добро се надевам ќе одлучиш правилно
     
    На srcekrsacka и enca.69 им се допаѓа ова.
  20. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    :o Се зачудив каков епилог добија постовите.....
    Грешка е кога прашувате за некој проблем многу површно, а најбитните детели не ги споменувате. :!:

    Душо, по пишувањево те доживувам како многу паметна девојка, многу разбрана и верувам дека ќе донесеш правилна одлука, независна од влијанието на твоето семејство/околината/или тој лигушот (извини, ама прав лигуш е!). ;)

    Јас мислам дека сепак те сака. Те сака за да ја користи твојата добрина, затоа што ова што ти му го пружаш не може да го добие од никоја друга! Браткото ептен си ја нагодил. :tmi:

    Долго време го толерираш ова, а не верувам дека ќе се сменат работите на подобро (ај, што не се менаа досега?? :^) ), одлучи дали ќе ги запечатиш тие неколку години и ќе се надеваш на подобар живот, или цел живот ќе живееш со него во нервози... :x