Нанна83 јас би ти кажала само добро е што си се освестила на време. Тој дефинитивно не те заслужува тебе. Тука веќе нема љубов туку користољубие од негова страна и омраза и ладење од твоја страна. Вакви работи не се поправаат со рок до Нова Година. Ако тој во тие ваши 10 год не ти покажал и докажал зошто е со тебе (да ги исклучиме моментите туку онака во глобала земено анализирајќи ја целата врска) и не ја гледа иднината со тебе, тогаш зошто е со тебе?!? За добар секс, му одговара да трчкаш по него, да нема компромиси, решавање на проблеми... Без размислување остави го додека е време. Знам дека тешко се фрлаат во вода 10год врска ама џабе е кога нема иднина. Колку и да се лути и преговара твојата околина, сепак родителите ќе се најсреќни кога тебе ќе те видат среќна и ќе ја добиеш нивната подршка без разлика на исходот (и да си со него и да си без него). Премногу си мирна и научил да те гази ама буквално да брише под од тебе (можеби лошо звучи ама од ова што го прочитав така излегува) а таков не ти треба. Таквите да ги наречам готовани ги има насекаде. Доволно си зрела и знаеш што сакаш во животот и каква иднина да имаш (брак, семејство, деца) ама не со овој ,,погрешен човек,,. Решавај ги проблемите додека е време а не после кога ќе биде доцна а решението зависи од твојата одлука. Што и да решиш, знај дека си донела правилна одлука за себе.
ваков некој заслужува да си фатиш уште тројца други дечковци на страна!зашто тој со ова што го прави директно те турка и пушта во рацете на некој друг кој и те како мн повеќе ќе се грижи за тебе
како што повекето феминки знат дека ми се ближи свадбата еве ме сега и кај темите брак се врткам се нешто читам и читам... искрено би сакала да ве прашам тие што веке се мажени за некое советче.. како е на почеток брак? што е подобро и што би смениле вие? однос спрема неговите едно друго?? со саканиот? се тоа како оди,што ке ме советувате
Во врска сме веке 8 ма год. и веке се насетува периодот околу брак, се знаеме добро имаме живеено заедно ама не сме од ист град и тоа малку ме плаши не е дека не сакам мажачка ама нз живот во друга средина ... (и единствено зосто би го одолжила бракот е поради тоа иако знам дека не е решение ) ваше искуство ваше мислење да не речам утеха
Драга ако толку многу се сакате а верувам дека да,чим сте 8 години заедно мислам дека пречка не би требало да ти биде така ситница да не речам глупост. Никогаш во животот незнаеш каде ќе завршиш по некое време и дека нема да ти биде добро во друга средина. Баш напротив,биди храбра кога има љубов дрогото и не е проблем. Љубовта е најбитна, јас со маж ми би одела и на крај на светот да ме прашаат! Па затоа не му ја мисли многу и ти посакувам среќа!
Ајде и ја да си напишам два три реда, па да видам што ќе ме советувате... Во врска сме скоро 6 години. До сега сме поминале многу работи заедно, и навистина знам дека тој е вистинската личност за мене. Двајцата работиме, иако јас немам сигурна работа (тој има супер работа), имаме по 24 години, и работата е што тој ми предложи да живеам со него. И двајцата се имаме на некој начин договорено дека би се венчале кога и двајцата ќе бидеме доволно финасиски стабилни за да се издржуваме сами, по наша проценка, за едно 2 години од сега. На мене проблемот ми е што тој живее со мајка му и брат му, а јас не сакам живеам така. Прекрасна е жената навистина, има отворени сфаќања за се во животот, никогаш не ме дели за ништо од нејзините синови, но јас имам блокада во главата и одбивност од живеење со свекрва само заради тоа што сум гледала како функционирале мајка ми и баба ми (никако) и едноставно не можам да се согласам на таква заедница. Тој секогаш вели дека сака да живееме сами и заедно, и дека цел и на двајцата ни е да купиме стан, но дека и јас морам да имам повисока плата и стабилна работа за да се осудиме да земеме станбен кредит. (за што целосно се согласувам) И знам дека така ќе биде, но мене страв ми е дека кога би почнале вака да живееме, би останале така цел живот, или страв ми од фактот дека ќе треба да се врзам, и да се фокусирам на семејство, иако сакам во животот да направам многу други работи (кариера, патувања...), а мислам дека кога би почнала да живеам со него би се врзала за секогаш без можност да ги остварам другите цели... (колку себично вака се чувствувам.... ) Совет?
Што да те советувам.........обично кога се спомене заедничко живеење по мене треба да подразбира са седиш само со него,а тоа да речи ме би било да седиш под кирија,а не како во овај случај со мајка му и брат му........тоа веќе според мене доаѓа како заедница.А пак ако седиш под кирија имаш одвишок трошоци,а имате убава цел замислено и двајцата за купувањето на станот.А што се однесува до тоа дека ако почнеш во заедница и така ќе останеш не мора да значи,значи ако тој уште од сега размислува за свое или ваше станче значи дека и тој не сака да биде во заедница. И што се однесува на ова последново со кариерата и патувањето,пак мислам тоа дека е индивидуално затоа што ако ти си таков карактер значи дека нема многу да ти значи врзувањето за да напредуваш или не во кариерата или за да шеташ или не.Јас самата би ти кажала дека и тоа што имам дете не ми пречи ако сакам да појдам и да прошетам некаде(ова само вака го нафрлав како пример). Ама секако врзувањето на некој начин значи дека треба да бидеш подготвен и на тоа некогаш да направиш компромиси............ова е мое видување на работите,не знам колку ќе ти помогне или одмогне ама јас ти го пишав тоа што го мислам......па среќно!!!
И јас сум во слична ситуација како твојата,односно за брзо ќе се вериме и планираме да одам по некое време да живеам кај него,но заедно со неговите.И јас сакам да живееме одделно во наш сопствен стан-куќа,но моментално тоа не е возможно,па затоа се договоривме тоа да е подоцна.Ти уште од сега ако имаш одбивност кон живеењето во заедница како што кажа и самата тебе ти се страв и според напишаното сеуште не си подготвена на тоа.За да живееш заедно со некого треба пред се да правиш компромис,сега не си само ти,туку тука е и тој и неговото семејство.Не мислиш на еден,туку на двајца.Ти кога ќе се омажиш ќе си дел од неговото семејство,па ако те плаши тоа сега мораш да му го кажиш него ако веќе не си му кажала за да најдите заедничко решение околу тоа бидејќи сепак вие сте едно.Со текот на времето ти може да се опуштиш и да не ти биде повеќе страв и овие недоумици да исчезнат.Ако имаш некоја одбивност од живеењето со свекрва поради тоа што си видела како функционираат мајка ти и баба ти не значи дека и вие така ќе функционирате,дека ќе ти е исто и тебе и дека така ќе останите цел живот.Тука се е ствар на компромис,договор и разбирање меѓу двете страни.Мораш да се ајде да речам жртвуваш за да имаш некој фидбек од истото,односно да ви е убаво и на двајцата,а ако почнеш да живееш со него,ако влезите во брак не значи дека ти нема да напредуваш во животот и дека нема да имаш кариера и патувања.Зошто тие патувања не би биле со него ако веќе сакаш да имаш иднина со него.Пред се размисли самата што всушност сакаш за себе, семејство со него и исполнет живот каде што ќе напредуваш и во кариерата или пак само кариера и патувања?
^ ВО некои случаи да, ама не ретко од таквите предрасуди, многу девојки имаат изгубено прекрасни мажи...како на пример братучетка ми. Да се омажеше за човекот со кого почна врска на 23 години, денес ќе беше многу посреќна отколку со овој со кого е сега, откако го испочитува правилото „пред 30 години никако, само наивните тогаш се мажат“. Така што, секој со својата среќа. Дали е тој вистинскиот е нешто кое треба да се почувствува, а не да се мери со годините. Сега не зборам за екстремни случаи на млади невести.
Предрасуди ако се омажиш пред 30? Овде ако си над 23-24 те гледаат веќе стара мома и со осудувачки поглед и сакаат да те скрасат и не е дека наивните се мажат порано секој си знае кога е спремен и зрел .
^ E да де, за тоа и зборам за предрасуди од тој тип. И тоа и ти што го изнесе како пример е резултат на една од тие предрасуди, само обратно, предрасудите се кон оние повозрасните кои не стапиле во брак. Твојот пример е обично предрасуда кај постарите генерации, а во мојот пример, потипична е за младите модерни генерации. И едното и другото се предрасуди и немаат врска со тоа кога е вистинското време за брак. Индивидуална е таа работа. Кога си во вистинско време, на вистинско место, со вистински човек за тебе покрај себе и кога и двајцата ќе почувствувате дека е време за чекорот брак - ете тоа е вистинското време за брак...кај некого е на 20, кај некого на 40 години.
Нема правило за години! Јас за некој ден ќе наполнам 28, и се каам што не се омажив порано! Не заради околината, туку заради близината која толку години ми фалеше а сега ја имам. А тек после свадбата, мислам дека уште по блиски ќе бидеме! Ако воопшто е можно. Чекавме секакви глупости, ништо не дочекавме, кога се веривме се си дојде на место... Кога се чувствува спремен човек, тогаш!