Blagodaram Seuste se nemam odluceno za koj doktor ako moze da mi preporacate nekoj dobar sto poraga so epiduralna.
Јас водев бременост и ме пораѓаше др Афродита Стомнароска. Се породив со провокации, со епидурална. Преубав пораѓај имав. Во 8 отидов сабајлето, во 2 ипол попладне се породив. Многу сум задоволна од докторката и целиот тим.
Mene mi go preporacaa Efremov mislam se preziva ne me fakajte za zbor i za edna zena ama ne mi teknuva kako se vikashe zenata.
Еве да ти одговори една голема паничарка што се плашеше дека нема да издржи пораѓај. Цело време си мислев нема да издржам толку јаки болки, па срцето ќе ми откажело, па паники ќе ме фаќале. Епа ништо од тоа. За џабе сум си правела стресови наместо да уживам. Болките се јаки ама издржливи. Не се доживуваат исто како на пример кога те боли нешто од болест туку знаеш дека тоа е позитивно, дека тие болки се поблиску те носат до моментот кога ќе си го гушнеш бебето. Вежбај дишење, позитивни мисли и верувај во себе. Тоа е најприродната работа, женското тело е створено за тоа и да не знаеш ти телото само знае што треба да прави. Прочитај си убаво за епидурална има многу инфо по интернет. Јас се породив со епидурална и имам позитивно искуство, бев со болки неколку дена не можев да спијам и епидуралната ми помогна малку да одморам и да соберам сила. Немам никакви последици. Друго, брзо породување не секогаш значи лесно и обратно, долго породување не значи тешко. Моето беше подолго, ама не го доживеав како тешко. Битно се издржува и е само еден ден, после ќе си имаш бебе во раце. Со среќа и со лесно!
Мислам овде повеќе побрзо би ти одговориле https://forum.femina.mk/threads/Породување-во-приватна-болница.20163/page-485#post-6787030
Јас се породив кај неа, пиши ми се што те интересира ќе ти кажам да не испуштам нешто овде. Иначе предобра докторка.
Здраво ми се ближи терминот и сакам да прашам се одлучив за во ремедика за пораѓај кај Др Котларова, видов некаде пишуваше ако е пукнат воденјакот дека епидурална не пуштаат дали е тоа точно бидејки не сум од Скопје па ме интересира да не фрлам пари за џабе.
Јас отидов 4 цм отворена. Ми го пукна водењакот докторката и на 8 цм побарав епидурал и ми ставија. Прашај ја докторката ќе ти објасни се.
Не е точно, јас со првото отидов со веќе пукнат водењак на 4 прста отворена ми ставија епидурал без проблем. Докторката е злато вредна (а и цел останат персонал) така што во сигурни раце си. Со лесно
А дали ти бараш епидурал кажуваш кога да ти го стават или докторката знае, бидејки ми е страв ако рано побарам и се потроши што потоа?
Лани се пораѓав кај неа, сега и оваа година пак, отидов со пукнат водењак па ми ставија епидурална така да стават ако си потражеш.
Епидуралот не се троши. Спиналната анестезија има траење неколку часа додека епидурална може да тече повеќе време. Кај мене конкретно течеше повеќе од 12часа. Во текот на тие 12 часа мораа еднаш да ја сменат тубичката со анестезијата и да стават нова.
Здраво ми дојде крајот за порагај и сакам совет ако може Бев да ме прегледа докторката вагинално и не знаев дека треба да ми става прсти првпат ми беше и малче ми беше субе се бранев и ми рече размисли си дали си сигурна за природен порагај или царски, а сите ме советуваат за природен инаку со епидурал ќе одам. И сеа незнам што да правам ме виде изгледа коркач па ми рече така ај ве молам посоветувајте ме.
Доколку се е во ред со тебе и бебето секој доктор најпрво би почнал со природен пораѓај. Да, ќе имаш многу прегледи со рака, но тоа не е ништо страшно. Сите сме се плашеле, но во тој момент имаш храброст за се. Жената треба да има право на избор, но треба и да остави природата да си каже како треба да биде. Ако имаш други прашања слободно пиши ми во порака.