1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Се разделивме без никаква причина

Дискусија во 'Разделби' започната од srnasrna, 1 февруари 2011.

  1. srnasrna

    srnasrna Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Најбизарно е кога нема да добиеш одговор, ниту пак било каква причина за разделба што ми се деси мене...Имав дечко што ме обожаваше, се гледавме 2 години...на крај престана да се јавува, не ми враќаше на моите пораки и не ми дигаше телефон!!! Ми кажа само дека и нему не му е лесно...иди па разбри го!!!
    Поминаа 2 години од како се разделивме, а мене се уште ме мачи тоа...Може ли некој да ми каже од што бегаат мажите, ако им е убаво во врската со девојката?
     
  2. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    без одговор

    2 години поминале и ти сеуште се заморуваш зошто не си добила одговор? ако требало да добиеш, ќе си го добиела, а дечкото незнаел за што да ти раскине па затоа се однесувал така ;) Не се заморувај веќе со тоа, животот иде напред. За жал на многу прашања неможеме да најдеме одговор, но тоа е тоа. :)
     
  3. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    без одговор

    Најверојатно,не му било толку убаво со девојката колку што мислела таа! Зборот ми е девојката мислела дека му е убаво,а нему излгеда не ми било толку сјајно штом побегнал! |(
    Решение не може да се изнајде, освен животото продолжува понатаму без него и со искуство плус! Друго за утеха не може да се каже!!!
     
  4. srnasrna

    srnasrna Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Па тој и збореше на девојката дека е најубавото нешто што му се случило во животот, дека неможе да живее без неа...
     
  5. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    2.745
    Ужасна работа ти е тоа...ми се случи еднаш,пред 5 години, бев во врска со еден дечко и тукутака од нигде никаде,престана да се јавува,да ми врака на пораките и една вечер само се појави да ми каже дека е готово,ни зашто,ни како,ни тоа ми се свиѓа,ни тоа не ми се свиѓа...знам како ти е и знам колку боли...со години после тоа неможев да престанам да мислам на тоа и да си го вракам филмот у глава,буквално цела врска во детали,за да видам кај е грешката...за жал само изгубив време,неможев да најдам никаква грешка и стиснав зуби, телефоните ги пикав во фиока секоја вечер пред спиење (да не паднам во искушение,да не му се јавам) и продолжив далје...кога се помина и кога ги прифатив работите сфатив уствари дека причината е многу едноставна-он уствари бил проклето многу себичен и воопшто не му било гајле како јас ке се чувствувам и дека заслужувам барем објаснување,а позади тоа се крие дека не сум му била толку битна како што сум мислела,ако сум му била немало да ми раскине... и пред 2 недели го сретнав после 5 години,али овојпат бев сосема друга личност-заљубена-во друга личност :inlove: ,срекна-од овде до небото и назад :D и вистински насмеана :rofl: ...верувај ми дека неможеше да ме погледне во очи...мораш да продолжиш понатаму,главата горе,насмевка и се ке биде ок....секој човек на планетава има по 100.000 сродни души,еден помалце-ти остануваат уште 99.999,ке се најде некој подобар од него верувај ми ;)
     
    На problems94, Bibko и ana-banana им се допаѓа ова.
  6. NotInLove88

    NotInLove88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    77
    КОга некој бега без да му се чуе и трага и глас тоае само чин на кукавичлок ,а најмалку пак на љубов...Не вреди да се измачуваш за некој кој без причина му ја здувнал ,секогаш за се постои прашањет зошто но некогаш е потребно да се запрашаш дали вреди што се измачуваш со тоа,а одговорот е очигледен....
     
  7. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    Види душо не се измачувај ради тој кретен! Сигурна сум дека тој не ја ценел твојата љубов, и немал сериозен пристап кон вашата врска! 100% се работи за едно неизживеано и себично створение! Јас мислам дека после 2 години, треба под итно да си ги средиш приоритетите, да заборавиш на минатото, и да продолжиш да чекориш кон иднината! Некои луѓе не се вредни за сеќавање!
     
  8. artemis

    artemis Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски
    И мене ми се случило тоа одамна. Одеднаш го снема, нигде никаде. Ниту јас го побаарав, ама многу е тешка таа ситуација. Со месеци се измачував сп милиони прашалници. После многу месеци се сретнавме. Заклучок што го извадив? Никогаш не жалете за таков маж. Тој е сибчњак од најлош вид и кукавица. Таквите поткелкнуваат пред првата пречкаа во животот. За такви не се ни жали ни оплакува. Тоа не е маж. Кратко и јасно.
     
  9. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    Во мојот случај беше затоа што си имал друга за која јас не сум знаела, дознав многу покасно.Едноставно престана со јавување, со доаѓање кај мене во студентски, ама баш без никакво предупредување.Му се јавив јас, сепак си викам да не му се случи нешто бре на човекот. А тој само ладно ми рече , нема потреба веќе да се гледаме, нема зошто да доаѓам. Не одевме многу 6 месеци, ама па така кретенски да си замине. Ако си маж , кажи имам друга, а не така.
     
  10. artemis

    artemis Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски
    Всушност, секогаш постои друга, ама кукавицата нема храброст да погледне во очи па одлетува. Така што ако некого го снема, 90 посто има друга.
     
    На DEBELUSKA му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Некогаш е најдобро и да не ја знаеш причината,поминало веќе доста време,не губи си ти дел од твоето време на размислување за некој кој се гледа дека е недостоен за да му посветиш внимание дури и во мислите.Еве пр.другарка ми беше во иста ситуација,дечково преку ноќ од се‘ нај нај и вели од утре јас и ти веќе нема да сме заедно.Тој му беше другар на дечко ми,јас му запнав на дечко ми да ми ја открие причината.Тој си го пополнувал времето додека не му налета нешто подобро,на крај му здодеало и не мозел повеќе-ова беше одговорот.Јас не сум и признала на другарка ми дека знам,ми се чинеше дека е поболно да го знае ова,иако е вистина,отколку да се надева на нешто др.Едноставно премолчав за нејзино добро,кој би сакал да знае дека е резерва од старт,а главниот играч ќе дојде еден ден на сцена и стануваш минато?!Некои тајни е подобро да останат тајни,нивното откривање некогаш носи поголема штета.
     
  12. srnasrna

    srnasrna Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Знам дека е себично...Тогаш имав 32 год.не бев дете да не разберам, па макар да била и друга девојка во прашање...Ќе разберев и да ми каже не те сакам, па и јас самата знам дека е подобро да не бидам човек што не ме сака...Сите тие неодговорани прашања ми го направија животот пекол...Од кога замина ништо не ми иде од рака, немам ни си фатено дечко од тогаш...Едноставно неможам да поминувам повторно низ истите глупости...
    Фала ви што ми помагате... :*
     
  13. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    На некои прашања нема одговор ;) Ама, сигурно имало причина да си замине, а ти не треба да ја разбереш :) Затоа не се замарај сега, живеј го животот, други патишта носи :)
     
  14. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    2 години :o многу се тоа така одеднаш да го снема. Но слушај, се мував јас со еден дечко, бевме тргнале кон озбилно, и врска и сите тие адети натаму, и оп ми го снема. После цели 5месеци разбрав дека болен бил (ама не од грип, чир имал на желудникот) па се повлекол во себе, многу емоционално човече. Така да ако тој не те фаќа на радарот, распитај се по другари негови, ако имаш некој близок и доверлив. Можеби чисто онака не те оставил а и 2 години не се малце.
     
  15. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Мажите бегаат и се плашат од обврски. Понекогаш не ни знаат што сакаат во животот а и не се замараат во животот како нас жените да добијат одговор на секое ,, зошто,,.
    Сигурно имало некоја причина за да се прекине врската, ама во оваа ситуација тој е кукавица затоа што не застанал машки пред тебе и не ти ја кажал причината.
    Но, животот тече понатаму. Треба да гледаме кон иднината а да не се вртиме кон минатато. Ако на еден предизвик во животот крахираме што да очекуваме понатаму??? Секој предизвик треба да не прави посилни и поотпорни на проблемите во животот.
     
  16. nena-26

    nena-26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    12
    Значи истото ми се случи како тебе пред неколку години. Не се труди да ја дознаеш приЧината, тој нема да ти ја каже! После 1 година дојде редот тој да ме моли да се смириме, али јас веќе си имав продолжено со животот понатака, имав нов дечко. И тоа ме молеше дооолг период. Толку многу ми се исполни душата не знаеш. Затоа не се секирај, тркалото се врти. поздрав
     
    На MayDiamonds и kristinamacedonia им се допаѓа ова.
  17. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    913
    Навистина незнам зошто се навраќаш на минатото кога тоа било и поминало, си требала тоа да го дознаеш веднаш кога сте се разделиле, реално гледај во иднината бидејќи дефинитино е пред тебе, не се навраќај на минатото тоа е свршено минато. Ти посакувам се најубаво и од срце убава врска во која ќе се осеќаш сигурно и убаво.
     

    Прикачени фајлови:

    На kristinamacedonia му/ѝ се допаѓа ова.
  18. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.121
    Пол:
    Женски
    Те разбирам како ти е бидејќи и мојата најдобра другарка помина низ истото, како и ти. И таа се уште се измачува себе си со одговори за човек кого веќе со години, нити го гледа, нити го среќава, а пак и не продолжува со животот. Само еден и единствен до сега бил во нејзинот живот - токму тој, кој како и кај тебе од нигде никаде реши да замине без воопшто да и каже било што. Другарка ми го помина сите години на факултет сама. Не успеав да и помогнам да се помрдне од место, макар што околу неа имаше толку добри луѓе, вклучително и мои добри другари со кои знам дека ќе и беше можеби не совршено, но барем убаво, ќе подзаборавеше на сите работи што ги доживеа претходно. Но, таа остана во истата состојба. Дури и јас не можам се уште да си објаснам зашто реши дека е подобро да остане сама, отколку да ризикува и да проба да си ја најде среќата. Сега е на моја возраст, и можам за нејзино добро само да се надевам дека кога и да е ќе се свести и ќе излезе од сето тоа. Затоа и те разбирам зашто не продолжуваш и зашто си во таква состојба, бидејќи јас живеев со мојата другарка и многу добро знам, низ што се поминуваше секојдневно, го гледав тоа истото од утро до мрак, со години. Мораш самата себе си да си се убедиш дека е крајно време да продолжиш. Да пробаш, да ризикуваш, да избереш нешто посигурно за себе си и тоа да биде доволно силен човек кој што ќе може да издржи покрај тебе, бидејќи ни нему не би му било лесно, како што и тебе. Животот секако нема да ти стане подобар, доколку ја дознаеш вистината, нема да се чувствуваш подобро, нема да се ослободиш од таа празнина, што ја имаш во себе, бидејќи тебе празнината, како и на мојата другарка не ти е, бидејќи некој заминал без причина, а просто бидејќи некој заминал. И токму тоа те плаши да продолжиш понатаму, бидејќи ти си била среќна со тој човек и си мислела дека и тој е среќен покрај тебе, барем така се однесувал и сега нема како да некому веруваш. Обично врските се и такви за жал. Луѓето прават премногу непромислени работи, без да размислат на последиците кои им ги оставаат на оние кои ги напуштаат. Единствено ми е жал, што и ти како и мојата пријателка, до сега не си успеала да најдеш некој кој доволно ќе те привлече да заборавиш на тоа што било и да продолжиш.
    Знам само дека се додека самата не одлучиш дека е доволно, тоа нема да се случи. За свое добро продолжи си со животот. Почни нешто ново, бори се за себе си, бидејќи не заслужуваш, нити ти нити било кое живо суштество да се откаже и да остане сам, поради нечии непромислени потези. :*
     
  19. Philosopher

    Philosopher Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    9
    Темава ми отвори дискусија.
    Пред 5-6 месеци раскинав со еден дечко, шо не беше од мојот град, но се гледавме редовно. Oдевме пола година..Така еден ден без ништо да се деси(некој проблем) ми раскина, ОН НА МЕНЕ ЕЕЕЕЕЈ! :doh: и тоа на скајп. |( ми кажа само дека така би било подобро за нас двајцата и дека не сакал на мене да ми е тешко(шо сме толку далеку и неможеме мнг шесто да се гледаме). Ха ! :^) Можеби е засакал друга.. :?: Who knows?! и после сето тоа станавме пријатели. Сега кога се слушам со него пак гори во мене некоја надеж.
    Секогаш ми префрла како многу сум му мила и дека многу сака да комуницира со мене. :inlove:
    Што мислите, ме сака уште...или нешто слично, да сака пак да ме види, итн итн...? :?:
    Поздрав. :*
     
  20. bejbi.91

    bejbi.91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    27
    Сигурно имало причина чим сте се разделиле, да немало причина би биле сеуште заедно