1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Се разделивме и другарките се свртеа кон него

Дискусија во 'Разделби' започната од WarriorAngel, 16 март 2012.

  1. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.721
    Допаѓања:
    4.220
    Пол:
    Женски
    Значи вака, раскинавме пред околу една недела. Имам пет другарки од кои за две мислев дека се вистински. Веќе речиси и не ми зборуваат и нонстоп се со него, на кафе и на излегување. Цело време зборуваат за него...тој ова, тој она и тоа ме иритира. Знам дека не се вистински другарки ама зошто го прават тоа? Претпоставувам, знаат дека ме нервира. Сега одат и му кажуваат се што некогаш сум рекла за него, а кон мене се однесуваат како да им имам згрешено не знам што. Додека бевме заедно со него, тој велеше дека се курви и дволични, а сега демек многу се сакаат, сите се сестри и браќа. Веќе не ме викаат никаде, еве утре ќе се собираат сите и не ме викнаа. За нив тој стана бог. Додека јас бев со него тој беше љубоморен на нив, на сите, јас не излегував со нив никако бидејќи тој се лутеше. Можеби ми го прават тоа бидејќи заради него се одделив од нив? :| Ве молам за совет. На сестра ми и се има случено истото, па претпоставувам и на многу од вас. Имам само 16 години. Сакам да се забавувам и живеам. :*
     
  2. Dazzle

    Dazzle Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.030

    Дебилки.
    Можеби на некоја од нив и се допаѓа он?
    Знаеш....за таква работа, да се свртат сите против тебе доволно е само некоја да ги повлече конците.
    Сигурно ти е тешко ама пробај да се правиш дека не ти е гајле. Имаш некоја друга другарка? Другар? Пробај да се зближиш и ич не им се секирај.
    Викаш, знам дека не се вистински другарки ама зошто го прават тоа?! Ако знаеш, зошто дозволуваш такви луѓе да бидат во твојата блиска околина?
    А инаку, со вашите 16 години претпоставувам сега интересно им е да оговараат, па и затоа те двојат, најбитно е ти со крената глава да одиш, не им го давај тоа задоволство да видат дека си сама..
    Имаш само 16 години, пробај да се зближиш со некој.
    Не се секирај... за неколку години верувај ми дека ќе се смееш за тоа колку неверојатни, себични луѓе постојат.
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    Батали ги и бившиот и другарките. И самата кажуваш дека не се вистински другарки, па зошто да се дружиш со нив? Зошто ти се дволични суштества? А, и бившиот ти е незрело дете, за такви џабе е да се нервираш.
    Дружи се со тие кои ти одговара, и само напред. Не замарај се со некој кој не те заслужува како другарка. ;)
     
  4. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.721
    Допаѓања:
    4.220
    Пол:
    Женски
    Најлошо од се е што се уште пробувам да зборувам со нив, да се дружиме, да биде како порано, а тоа е затоа што немам други пријатели освен нив. Не знам каде би одела, со кој би се дружела, а не сакам само да седам дома и така да ги поминам најубавите години. :(
     
  5. RIRIFENTY

    RIRIFENTY Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2011
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    435
    Пол:
    Женски
    и мене ми се случило тоаа... прависе како да не ти се важни не ги гледај гледај само тебе да ти е добро и запамти кога тогаш тие ке ти се вратат ЗАПАМТИ!!!
     
  6. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Ти не треба да жалиш, едноставно крени ја главата високо и сврти нова страница. Си им го видела вистинското лице на другарките и сега знаеш на што си. И немој да жалиш што не те повикале. Јас да сум на твое место никогаш и не би отишла на собиранката, па ако треба и со кондир да ме молат. Зошто да си го подгазуваш достоинството и да се спушташ толку ниско? И да те повикаат, штом тие се магепсани од него, би те викнале за да си фаќаат сеир и да си прават забава на твоја сметка, за да после секое наредно кафепиење, плакнат уста со тебе и те прераскажуваат. Сврти им грб на сите, избриши ги нивните имиња и телефони и од главата и од именикот.
    Пријателите се бираат, не се наследуваат. А ти ќе си избереш ново друштво. Ако другарките што ти ги нарекуваш, сега на 16 години ти прават вакви сплетки, тогаш што би се случило на 20?
    А можеби и некоја од нив е вљубена во него, па сега се трудат на секој начин да му се доближат, а тој ги користи за да тебе те направи да се чувствуваш безвредно и да ти земе се, од чиста осветољубивост.
     
    На eli25 и Trendafilka им се допаѓа ова.
  7. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.721
    Допаѓања:
    4.220
    Пол:
    Женски
    Па како и да е, сакала не сакала, тешко или лесно, ќе живеам без нив,а еден ден кога и тој ќе ги откачи ќе се вратат сигурно. Ви благодарам девојки :) :)
     
  8. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Како што лесно се здружиле, така уште полесно ќе се раздружат, трпение-спасение. ;)

    Ти биди среќна што си се откачила навреме и од него и од нив, остави ги нека се забавуваат, се додека не почнат да си забиваат ножеви во грб.
    Во меѓувреме, нема да останеш сама.
    Излегувај, дружи се, најди си поасално друштво, а верувај ќе го најдеш. :)

    А зошто го направиле тоа?
    Па зошто се љубоморни и ова веројатно им е некаков изопачен начин на одмазда во нивните уште поизопачени умови.
    Како и да е, не заморувај се како и зошто, биднало и ќе помине.
    Ништо не трае вечно, не очајувај, за такви пак најмалку.
     
    На dandinja, eli25 и Gea им се допаѓа ова.
  9. peperutkaa

    peperutkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    618
    Пол:
    Женски
    Ебати другарките..... Ја знаеш таа песната ,,мома охриѓанка``? Е таа да им ја пуштиш на тв Едо поздрав до друшките и екс дечкото и слика од нив на цел екран да ставиш.

    Не се нервирај, убаво ти рекоа сите, дека како се здружиле така и ке престанат да се дружат, ти биди си благодарна што испаднале од твојот живот. Такви особи никому не му требаат.
     
  10. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.494
    Допаѓања:
    8.313
    Пол:
    Женски
    Драга,да сум на твое место би си го живеела животот ,па сигурно имаш некоја блиска другарка или братучедка,излегувај немој да се затвораш и да мислиш и на твоите другарици,и на оној твој бивши кој е подлизурко и идиот.
    Од завист ти прават така,жити се па да се видело и дечко да ти завидува :o ?
    Само напред ,млада си ,ехее јас да се вратам на 16 години знаеш ли како би уживала :D .
    И на мене ми случи најблиските другарки да ме предадат,и го продолжив животот без нив,тие се јадеа на секој мој успех,и до ден денеска намерно им правам муабет за да им ги тенчам живците :lol: .
    За таквите лек-само ИГНОР,слушај ме,ќе трчаат како кученца по тебе но ти тогаш нив забоди им нож во грб.
    И уште нешто,немој да им раскажуваш на ,,другарките,,за твојот бивши,батали го тој муабет прави се како да не се трогнало ништо ,они лицемерни и ти играј така,само ладнокрвно !
    Знам што ти зборувам,се е од искуство 8)
     
    На WarriorAngel и dandinja им се допаѓа ова.
  11. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    Не грижи се се ќе се среди, а тие еден ден ќе се покаат.И јас имав една ваква другарка која едно време беше улезена у филм и откако и го кажав тоа оти сите нели си бараат искреност и таа се налути.Овде не гледам причина за лутење оти таа и додека се дружела со мене зад грб ми зборувала дека сум заостаната и незнам што и како ама касно сватив.Како и да е сега јас сум со крената глава и прекрасно друштво кое не би го менувала за ништо на светов, а таа кога ќе ме види од тоа што незнае како да се однесува почнува да се смее како луда со цел внимание да привлече или пак ми се смее и кога сум со некоја нејзина другарка од завист не им дозволува да зборат со мене.Ама ако така и ти е кога ќе ти ги кренат акциите па не си ги знаеш границите, кој што си дробел тоа и ќе си јаде. А ти воопшто а да не се грижиш,знам дека сега ситуацијава ти изгледа нерешлива ама верувај се ќе се среди :*
     
  12. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.721
    Допаѓања:
    4.220
    Пол:
    Женски
    Мома охриѓанка - :D Во право сте сите. Сега ми вели дека јас сум дволична и никаква, на сите сум им зборувала зад грб, не треба да имам лице да му зборувам и што ли уште не. А, точно е тоа што го рече Херр; кога поминувам јас во нивна близина почнуваат да се смеат гласно или да си ја искажуваат божемната љубов, да се гушкаат демк многу се сакаат. Патетика. Фала богу, ја имам сестра ми и таа ми помага, па вечер излегувам со нејзините другарки и баш се надевам дека ќе ги видам сите негде, да видат дека не сум сама и дека не тагувам за него. Ќе се снајдам некако. За месец - два, тој оди за странство, ќе ги видам после тоа :devil: :*
     
  13. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Можеби е редно да се тргнеш од нив, и да свртиш нова страница во твојот живот,без нив.Или пак со нив, но на строга дистанца.
    За твојава речница,значи самата си велиш (твоја речница: Знам дека не се вистински другарки ама зошто го прават тоа?)
    -Мислам дека и самата го даде одговорот,ете зошто го прават тоа, тие не ти се другарки
    За друга твоја реченица: тој велеше дека се курви и дволични
    -Мажите за занимација им одговараат таквите девојки,затоа и нека не те чуди што е сега со нив
     
  14. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Девојко, не ти требаат такви лицемери. Продолжи понатаму и сврти нова страница, а тие што сакаат нека прават, не им обрнувај внимание.
    Излегувај, дружи се и уживај. Не се вредни за да се нервираш за нив. :)
     
  15. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    Прво тие не ти се вистински другарки. Да ти беа другарки ќе беа покрај тебе, а не да излегуваат на кафе со него. Не се дружи веќе со нив, најди си ново друштво, нови другарки. :) :)
     
  16. bumbuleya

    bumbuleya Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    105
    Страшно! :tmi:
    Па тие не ни се твои другарки, а не ни биле |(
     
  17. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Драга ти овде не губиш ништо ами си се спасила од 6 дволични души кои кога тогаш ќе ти го завртиле грбот. Имаш 16 години, ќе најдеш вистинска пријателка и вистинска љубов. Сега за сега никако немој да се затврап дома и да тагуваш за една група имбецили. Викни некоја комшика пријателка роднина и удри на шетање низ градот. Забавувај се и не се нервирај за некои безкичмењаци..
     
    На WarriorAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ninasimon

    ninasimon Активен член

    Се зачлени на:
    21 март 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Najgolema bolka bi mu bilo dokolku prodolzis so svojot zivot kako da ne postoel.A sigurna sum deka kje proba da ti se vrati,natamu e tvoe?
     
  19. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.721
    Допаѓања:
    4.220
    Пол:
    Женски
    Тие веќе почнаа да си забиваат нож во грб една на друга, а тој, да, посака да се вратиме. Вели дека неможел да ме преболи, пробал дрога, пиел многу, пушел, дека ќе сум изгубела некој што навистина ме сакал, дека никој нема да ме сака и да се грижи за мене како него, ќе сум се каела затоа што го оставам, ќе бидам свесна што сум имала, ме жалел, дека ќе видам што се ќе ми се прави во животот.
    Другарките пак се собираат и не ме викаат секако, ама изгледа не ми е веќе гајле толку :lol: Изгледа пак ќе се свртат накај мене :^) Како и да е, ми недостигаат тие, ама ќе морам да си најдам нови.
    Бившиот, ако можете да си замислите ми вели дека сум расипана и никаква затоа што излегов викендот откога ние раскинавме и сеуште ми пишува колку ме сакал, ми праќа некои песни иако не се гледаме и му кажав дека крај е мојата конечна одлука.
    Некогаш ме фаќа носталгија, ама кога ќе размислам подобро не сакам пак да бидам со него пошто знам дека он нема да се смени, ќе си остане ист, љубоморен и пак нема да има разбирање.
    Подобро е без такви особи ;)
     
  20. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    10.832



    Те читам и читам и читам и пак не можам да сватам,како може да се надеваш дека ќе ти се вратат "другарките"?Па кои другарки девојче?Тогаш или ти немаш свое ЈАС и ДОСТОИНСТВО па плачеш,тагуваш и пак УПОРНО се надеваш дека ќе ти се вратат или пак се плашип да не останеш САМА?
    Мислам овде не сакам да глумам јас нешто,али едноставно не знам оти не разбереш еднаш дека не ти се другарки,ни вистински ни невистински-едноставно не те сакаат во нивна близина.Па тогаш со кој ум трошиш нерви и мисли дека сепак ќе ти се вратат?Боже па јас подобро САМА и би умрела отколку да МОЛАМ НЕКОЈ ДА МЕ ДРУЖИ!!!Сврти им грб и терај дајље и за ништо ам баш за ништо да не ти е гајле!!! :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На london-girl му/ѝ се допаѓа ова.