Сакам да го живеам животот како другите на моја возраст, да се забавувам и дружам бидејќи тоа не го можев претходно. Не се надевам дека ќе се вратат, ама се плашам да останам сама.
Вака сега, според мене такви другарки не ти требаат назад. Се случува некогаш во животот да останеме сами. Но сигурно има некој со кој би можела да се (з)дружиш и да им докажеш дека не ти се потребни такви патетични девојчишта. Издржи го периодов. Биди јака. Цврста. Не им покажувај слабост. Се ќе помине и сами ќе се вратат назад. Тогаш тенчи им ги живците за сето ова време. Не ја заслужуваат твојата искреност и добрина. Поздрав.
Покажи им дека си среќна. И најди нешто што те прави среќна. Уживај. Живеј. Не е крај на светот ако тие се испонашале така идиотски. Ќе видиш, се ќе биде во ред.
Нели спомна дека имаш сестра, ете ти една најдобра другарка, подобра не можеш да најдеш. Излегувај со неа и нејзините другарки за почеток, па со тек на време ќе се сменат работите, можеби ќе најдеш други другарки, дечко. Такви другарки воопшто не ти требаат, јас да сум на твое место и да сакаат по некое време, не би ги прифатила назад.
Па, и подобро е понекогаш да бидам сама отколку со такви личности Веќе се расипа нивното другарство, сега се свртуваат кон мене, но гледам колку што е можно повеќе да ги игнорирам. И во право сте, ке уживам и ќе живеам, сега го имам сето време на светот за се што јас сакам да правам. Ви благодарам
Подалеку од тие личности. Како што се оддалечив јас. Пробаа да ја уништат мојата среќа по незнам кој пат. Среќа што лесно не се предавам. Верувај навистина не ти требаат!
нА 10О КМ ОДДАЛЕЧЕНОСТ ОД НИВ,НЕ ТИ ТРЕБААТ ТАКВИ ВЕЈЌИ НА ВЕТЕРОТ.ТИЕ НИШТО ТЕБЕ НЕ ТИ ВРАЌААТ,ТУКУ ДУРИ СЕГА СИ ГО ПОКАЖУВААТ ВИСТИНСКОТО ЛИЦЕ.
тие не ти се другарки тие не ти биле никогаш другарки ние секогаш се лажеме дена ни се другарки откачи ги не ги регистрирај ,формирај ново друштво и кулирај ...вистинска приателка или приател секогаш треба да е со тебе и во добро и во лошо
не обидувај се да зборуваш со нив тие не го заслужуваат тоа најди си ново друшто и не верувај на секого НЕПРИЈАТЕЛОТ КЕ ТИ ЗАБОДИ НОЖ ВО ГРБОТ НО ПРИЈАТЕЛОТ ПРАВО ВО СРЦЕТО не комуницирај ни со нив ни со бившиот верувај еден ден ке ги откачи и тие повторно ке сакаат да ти се другарки а кога ке дојде тоа не прифаќај
Имав јас куп вакви "другарки" кои не ни чекаа да раскинеме,доволно беше да се скараме малку за тие да го искористат тоа како прилика.Сите ги тргнав од мене и од него подалеку и сега ми е мирна глава.
Леле, да и мене така ми правеа. Еднаш ја тргнавме врската од фејсбук и тиа одма отидоа кај него Сега после толку време многу поубаво ги гледам работите. Нивното другарство не траеше ни еден месец. Кога гледам за што сум се нервирала ми иде да се лупнам саглам. Ги послушав советите од овде, си бев среќна пред двете што највеќе беа така завидливи и што сакаа да ме прават љубоморна, нонстоп се смеев, се глупирав со школските, а тие ме гледаа со смуртени фаци. Едната од нив ја откачив начисто, таа што правеше највеќе збрки пошто заклучив дека не вреди ни да и се одмаздувам, а другата пробува пак да ме провоцира ама не и потпаѓам. Еднаш во школо дури и бев злобна малце ама сега гледам дека многу добро си го заслужила. Секој ден ми доаѓаа во клупа еј погоди кој дојде синоќа, па ова и она праевме, излегуваше ли, ние бевме таму и таму па дечко ти бивши маса ни резервираше, па глупости тресел, па убаво си поминале, бла бла...Таа што ја откачив уште ми се и правдаше дека другите ми го праеле ова цело време а не таа. Аха да, а јас нафта пијам Некој овде имаше напишано дека и до ден денес им прави муабет да им ги тенчи живците и ги провоцира. Тоа планирам и јас. Да ме гледаат дека сум среќна и веднаш се пуштив во потрага по нови другарки, не се ограничувам веќе само на овие, што ли сум мислела Од септември уште поубаво ќе ме запознаат. Посебно тие двете. Ви благодарам на сите тука, многу ми помогнавте
Абе такви се женЦкиве , ко да не се виделе машко.Да не видат дека си среќен , исполнет , вљубен.Ко куче на месо трчаат.Има многу примери на умоболни девојки кои ќе направат се за да ти го земат од пред нос.На повеќето им успева.
Си ја најдов темата за мене. Имав супер пријателка 5 години. Се дружевме, си помагавме. И бев рамо за плачење, ја тешев кога раскина 4 годишна врска. И бев потпора, и билдав самодоверба, ја охрабрував. Си фатив дечко, и бидејќи заедно беа на факултет и запознав. Се здружија. Нашите дружби се сведоа на дружба сите тројца и престана да ме бара сами да се гледаме. Раскинав јас, и она ноншалантно па добро, тоа е. Продужи да си се гледа со него, си пијат кафе секој ден, па и со нејзините другарки сега е бфф. Ја барав неколку пати секогаш велеше ајде важи, и не си го исполна тоа што го кажа ниеднаш. Е веќе ни јас не ја барам. Нека му плаче него следен пат. Може он ќе знае подобро да ја посоветува или да и помогне (смајли што превртува со очи) Те ионака се што се трудев за неа беше залудно. Бегам од вакви фејк френдс сега.