Се разделивме...но сакам да се смириме

Дискусија во 'Разделби' започната од Djevrie, 12 март 2011.

  1. Djevrie

    Djevrie Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    :( девојки помогнете ми ...навистина незнам што да правам :^)
    Пред извесно време раскинавме...идевем 10 месеци... помегу нас беше се во најдобар ред се додека не се случија некој работи помегу нас :x моите родители не ја одобруваа врската но јас направив се,со цел да бидам со него .. тој исто така живееше во друг град се гледавме секогаш кога ке можевме...не сакаше моногу да излагаме по кафулиња или дискотеки...секогаш бевме кај него или кај мене ...но во последните два месеци од нашата врска почнавме постојано да се караме.Се каравме за глупости бидејки тој им веруваше на неговите другари а многу послабо на мене :@ :fubar: ...беше наивен и за секоја кавга велеше дека јасум крива...но и на сето тоа ни збор не велев со цел да не се разделиме...Неколку дена пред неговиот роденден ми се јави и почна да се кара со мене бес причина и се разделивме ;( ;( ;( после сето тоа се слушнавме неколку пати ...и повеке ништо....ама јас не можам да го заборамам и сакам да се смиримее :@ ;(
     
  2. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.536
    Пол:
    Женски
    се разделивме...ама сакам да се смириме

    Знам дека не ти е лесно. 10 месеци не се малку. Сепак за секое лошо има некое добро. Можи едноставно барал причина да се скарате, од причина дека живеете далеку едено од друг, не сте се гледале многу често. Исто така не сте ислегувале во јавност( можеби и не сакал да биди виден во јавност со тебе). Сепак е многу тешко да се биде во врска на далечина, многумина велат дека со денешната технологија не постои никаква одалеченост меѓу луѓето, но грешат, тоа што ќе ти го кажат очите и говорот на телото интонацијата на гласот изразите на лицето, во живо, со ништо не можи да се замени. Исто така последниве месеци и самата кажуваш дека сте се карале многу, па можеби едноставно видел дека врската не ви оди никаде, дека му досло преку глава од расправии , плус и другарите имале големо влијание. Штом повеќе му верувал на другарите ,и не сака да се појавува во јавност со тебе, не заслужва да биди со тебе. Можеби му се допаѓа и друга девојка од неговото место на живеење,можеби не сака да те повреди.Можеби пак и се сомнева во твојата верност. Сепак ретко врските успеваат на далечина, и твоите родители можеби со право не ја одобруваче твојата врска ,бидејќи можеле да претпостават дека се ќе заврши вака(сепак се постари и поискусни). Можеби ако се смирите ќе ти биди потешко, еднас скршеното колку да го лепиш не е исто, како претходно. Не мислиш дека залужваш некој кој пред се ќе има поголема доверба во тебе и ќе биди поблиску до тебе, секогаш кога ќе ти треба, некој за кого ќе не мора да чекаш одреден период за да го видиш?? Знам дека ти е тешко, ама според мене треба да се помириш со раскинот и да продолжиш понатаму, со тек на време ќе го заборавиш. Секоја врска нова лекција, со секој раскин ново созревање. Не вреди да се мачиш. еден ден ќе сфатиш дека и тие два месеци не си требала да ги трпиш. Знам дека ти треба некој ко ке те утеши, а не да ти ја сервира суровата реалност в лице, во ваков момент , ама тоа е се што можам, спрема она што го имаш наведено погоре.
     
    На Djevrie му/ѝ се допаѓа ова.
  3. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.460
    Aко нема доверба нема ништо ! :x

    Што убаво имаше во вашата врска викаш дека сте се карале не ти верувал бил наивен добро де тој со другарите е во врска или со тебе ? :^) Значи тие може да му ја наполнат главата за минута.Со оглед на тоа дека не сте биле постојано заедно она драгоцено време кое сте го поминувале заедно сте се карале би требало караниците да бидат ретки во тој случај и не ја одобрувале вашата врска .... Толку нервози вредат ли ? ! Ќе си најдеш подобар кај што ќе знае да цени и ќе бидеш посреќна :)
     
  4. Djevrie

    Djevrie Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    фала многу за советите ;)
    Искрено и јас тоа го заклучив па ете и раскинавме :devil:
    Искерно излагавме и на јавни места ама сето тоа беше многу поретко :fubar: А нај што ми е чудно сега тоа што неговите другари ми се додворуваат мене,и зборат за него лоши работи.... па нели до вчера бев јас лоша ...ццц :devil:
    поздравче ;) :)
     
  5. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.318
    Според мене, до ова дошло баш од таа причина што цело време сте биле само ти и тој, кај него или кај тебе.За здрава врска, неопходно е да се мешате меѓу луѓе, да менувате места на излегување, а не секогаш истото.
    И мене ми е убаво кога си седиме кај него сами, гледаме филм и слично, ама некогаш осеќам огромна потреба да искочиме негде со друштво и му кажувам.Кога сте ти и тој сами затворени долго време, почнува да те нервира, ти сметаат глупости, ти станува напорно.И тоа е нормално.
     
    На babyblond му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Butterfly-itgirl4s

    Butterfly-itgirl4s Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    281
    немој да пагјас на форите со ти се пустаат ти го гледаат паметот а на него се му пренесуваат пази се од такви зборат за него ама мегусебно кој знае со си зборат,најдобро дистанцирај се на кратко ке им дадес на сите на знаенје дека усте го сакас па мозе и па ке се смирите добра е паузата секогас ни го открива карактерот исто и тој според тоа сега сто ке го прави како слободен ке видис сто му фали .ах незнам со скрекја и не се нервирај многу :*
     
    На Djevrie и babyblond им се допаѓа ова.
  7. Djevrie

    Djevrie Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    Многупати сум се сочила со слични ситуации да разговарам со негови пријатели а да бидам погрешно сватена од негова страна...сега несум во контакт со него ниту со неговите пријатели па да видиме што ке биде панатаму :fubar: :call: позз
     
  8. bubicko

    bubicko Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    10
    потполно те сваќам и јас сум моментално во врска во која имам многу кавги за се и сешто,убавите работи се се поретки,сексот исто така,иако што врската ми е од 15 месеци секој ден собирам сили за да раскинеме постои во мене надеж дека сакам некои работи да се сменат и да бидат како порано иако незнам дали тоа е можно...мој предлог штом си се решила да ставиш крај издржи по дождот доаѓа сонце.Искрен поздрав
     
  9. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.637
    Велиш дека се разделивте...стегни заби и преболи го! Ако тој им верува на другарите наместо на девојката, ако не сака со тебе често да излегува во јавност, ако сте одалечени еден од друг тешко дека уште еднаш ќе успеете. Не барај го повеќе, не биди во контакт ни со него ни со неговите другари. 10 месеци не се малку, ама како велат: „да вредеше, уште ќе постоеше“ :) Затоа, бидејки не сте од исти градови мали се шансите да се среќавате низ град, во дискотеки или кафулиња, па полесно ќе ти биде да го преболиш и да си најдеш друг!
    Со среќа! ;) :*
     
    На Djevrie му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ivushh

    ivushh Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    8
    ја видов оваа статија и решив да побарам помош..
    Вчера се разделив со дечкото одев година и 3 месеци воопсто не се малцее ...разделбата мене многу ме боли го сакам многу..многу работи имаме поминато заедно секогаш бевме заедноо..
    Последниот месец почнавме да се караме многуу да не е иста љубовта како шо бешее...само се расправавмее ии вчераа тој ми кажа дека најдобро е тука да застаниме можи препрано сме влегле во врска уште имало време за сериозни врски незнам шоо..многу ми е тешко тој се понаша како да му е сеедно се вели дека ме сака..ако ме сака ќе бевме заедноо..тешкоо ми е нејкам да сум без негоо нејќам да сфатам дека не сме поќе заедноо.. го прашав дали ќе се смириме само период е ова ми вели незнам само незнам слушам и остај ме :( :( :( :(
     
  11. blagica1991

    blagica1991 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2010
    Пораки:
    380
    Допаѓања:
    196
    srce site maski se kreteni i jas sinoeke raskinav so deckoto :)) ustvari ako moze da se kaze decko ... :)) sekogas za se sto ke se sluci sme krivi nie devojkite ... lesno e da obvinis nekoj no koga ke go nema koj ke bide kriv :) ednostavno kolku i da e pogresen pravecot vo koj leta pticata taa sekogas ke se vrati vo svoeto gnezdo ako e tvoe ke si dojde :) ako ne ke sigurno ke najdes nekoj koj ke te saka i pred se ceni , koj ke pravi da se cuvstvuvas kako princeza... nekoj den ke se smees za ovaa slucka :) veruvaj mi ... se ke mine :)
     
  12. ivushh

    ivushh Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    8
    знам ама тешко ми ее... многу го сакамм и нејќам се така да пропадни ..млада сумм имам време ама него го сакамм кривоо ми ее :( :(
     
  13. Djevrie

    Djevrie Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    I mene mi e krivo sto raskinavme... i mene isto mi rece deka ova e samo period i deka ke se smirime...ama ne e taka eve nekolku meseci sme razdeleni ama nisto ne se promeni...i jas go sakam ama so tekot na vremeto se trudam da go zaboravam...
    I ajde ke si najdeme podobri ne se nerviraj mnogu pozdrav4e :) ;)
    [mod-kirilica:1hc1k2az][/mod-kirilica:1hc1k2az]
     
  14. eli12

    eli12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2011
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    8
    Биди похрабра,главата горе,па не пропаднал светот без него,ајде малку порелаксирано,излегувај со другарките,дружи се со позитивни луге,прави работи што те прават срекна,ако те сака вистински ке се покае и ке се врати,и без нервози,и да не се врати ке си најдеш друг ,некој што ке те сака и цени,поз :sun:
     
  15. Incroyable

    Incroyable Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2011
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    30
    Бевме заедно година дена..
    И се одеше во најдобар ред.
    Се каравме, секако но последниов период многу малку.
    И постоеше таа. Дотичната си ја најдов како обична причина за да бидам љубоморна на нешто.
    Можеби претерав, можеби само моите очи глего даа така.
    Но, тој почна да прави ситници за неа што не ги прави за мене. Почнав да се лутам, и му реков уште една грешка и ќе ти се налутам навистина.
    2-3 дена потоа го видов со неа, како ја прави истата грешка и се скаравме. Ми се извини и го избриша нејзиниот број од мобилен. Вечерта излеговме и тој ме нарече со нејзиното име, и единствено оправдување што ми го кажа беше ми титна, па мислев на неа - што фактички беше знак дека и го имал вратено бројот.
    Излетав налутено и тој пробуваше да ми се извини и да ми објасни што се случило 15тина минути но, престана. Си отидов дома а тој сосема безгрижно отиде во дискотека. Ми се јави после забавата, ми се извинуваше.
    А, сабајлето јас требаше да му се јавам за да правиме муабет. Тој беше ладен, буквално МРТОВ ЛАДЕН и ми рече добро направив грешка сакаш биди со мене, несакаш немораш. Си отидов.
    Вечерта бев излезена со другарки но, тие требаа да си одат па му пишав две три пораки за да дојде да не останам сама. Тој ми пиша само неможам уживај. Утредента дознав дека цела вечер бил со неа и со нејзиното друштво но, ништо не се случило помеѓу нив.
    Помина цела недела и кога и да му се јавев тој беше ладен никаков, и ми објаснуваше дека не сака да има веќе ништо со мене, дека не ме сака како порано.
    Наредниот викенд ме викна да сум поминела на местото каде што беше тој за да се видиме и јас фала богу бев пресреќна бидејќи мислев сака да се извини.
    Но, тој ме викна за да ги видам заедно, како се бакнуваат и се прегрнуваат.
    Почнав да плачам пред него, пред неа, пред сите познаници а него око не му трепна.
    Дури и на фејсбук се стави во отворена врска со неа.
    Светот ми се распадна. Го сакам повеќе од се.
    А фактот што највеќе ме боли е тоа што се се случи одеднаш, кога се беше совршено.
    Престанав да му се јавувам и да му пишувам пораки.
    Пред некој ден тој ми пиша дека му е жал, дека му е криво, дека зезнал што го направил тоа со неа.
    И дека сака да се смириме, секако.
    Ама какво смирување ? Да оди со мене тајно а, со неа да поминел два месеци бидејќи глупаво ќе било веднаш да ја откачи и да се смири со мене.
    Чисто од принцип ќе била она. А јас сум му била се.
    Некако се убедивме и прекина со неа. Не сум ни сигурна дека прекина, мислам дека ме излажа.
    Но, еве сега ми вика јас може и да се смирам со неа од причина што ме моли и вика дека има чувства за мене и глупаво ќе биде пред сите да не се смирам. Ама може и да не се смирам.
    Сепак јас и ти да одиме тајно и да си имаме други периодов па кога ќе дојде лето да бидеме заедно.
    Ете ова, токму ова ми го вели.
    Знам, дека ако имам тронка гордост нема да се смирам. Но, го сакам.
    Што да правам ?
     
  16. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.057
    сама си кажа ако имаш тронка гордост и памет нема да дозволиш некој да те влече за нос,зошто очигледно е дека тоа го прави со двете!
    а ако те сакал вистина нема ама ич да се мисли за неа,и како се тоа ќе изгледало пред другите,тоа се амо изговори,оти гледа дека ти му попушташ,наседнуваш на лагите негови и така успева и двете да ве лаже цело време
     
  17. Incroyable

    Incroyable Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2011
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    30
    ... Мислиш дека некогаш кругот ќе се сврти и ќе сака навистина да бидеме заедно.. ?
     
  18. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.820
    Пол:
    Женски
    Дечково не сака ниту една од вас две, најискрено тој си игра со двете, затоа што изгледа и му се може, толку глупости ти изнатрескал што се чудам како воопшто и размислуваш да се смириш со него. Може сум груба ама очигледно е дека тој тебе не те сака, не ми се верува дека е збунет и дека се кае, дозволил да го видиш со друга, дозволил да плачеш а бил мртов ладен, ти предложил тајна врска, немало да биде фер према неа...а према тебе ...каков треба да биде према тебе...Вашава врска од една година се прашувам и како издржала, типов е манипулатор и не му дозволувај да си игра со тебе и да те прави будала...некој што те сака не му е гајле што мислат другите...се си мислам дека те чува како златна резерва...
    Тој што те сака вистински не сака да те дели со друг...Всушност и се ми се чини дека никогаш нема вистински да се смирите...Знаеш што треба да правиш, не ти треба наша помош...откачи го..
     
    На Incroyable му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.202
    Допаѓања:
    41.189
    Incroyable

    Eдно нешто не ми е јасно :?:
    1 година заедно, ама кога почнале овие двајца да се плеткаат!
    ти викаш правел некои ситници за нејзе а за тебе не!
    што мислиш под тоа?
    Cакаш да кажеш демек си знаела дека има некојан девојка која ти представува опасност и ништо не си превземала?

    |( де бре девојче, кај ти е гордоста?
    прво, извини вака, ама дечко ти не те сака-морам да бидам дирекна
    дури мислам дека спрема таа другата има повеќе чувства
    тој да те сака тебе, не би ти рекол направив грешка ако сакаш прости ми ако не ок :?:
    мислам 1 година сте во врска?
    колкав сте? 15-16???
    на тие возрасти вакви глупости се дешаваат, ама ако дечково е 20 години, свака му част
    уште и те викнал да видиш како се бакнува со нејзе???? :|
    леле, мислам подобар начин на раскинување со тебе не можел да смисли!
    Aбе ајде ти си му била се!
    да да, сигурна сум, затоа ова горе наброеново ти го направил!
    ајде тоа што си плачела пред нив ок, поминало
    сега глават горе, и макни го од твојот живот
    зашто не те сака, не те цени и не те заслужува

    Мислење од Incroyable » пред 1 минута
    ... Мислиш дека некогаш кругот ќе се сврти и ќе сака навистина да бидеме заедно.. ?

    :^)
    мене машко да ме понижи ко тебе што те помижил овој
    извини ама од го*но подоле те направил
    не би сакала очи да му видам, камо ли да мислам кругот дали се вртел а уште помалку да се надевам дека ќе бидам некад со него пак
    па очи нема да сакам да му видам бе, не уште да се надевам
    ама секој со паметот, и со гордоста ;)
     
    На thelittle17, barbie-hilton и Incroyable им се допаѓа ова.
  20. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.833
    Допаѓања:
    29.865
    Пол:
    Женски
    Incroyable и да се смириш со него, размисли што потоа?!?
    Каква ќе биде таа врска? Ќе можеш ли повторно да имаш доверба во него? Ќе можеш ли да заборавиш што се ти направил и како те понижил? И да се смириш таа врска е однапред осудена на пропаст. Само ќе се залажуваш и ќе си го губиш времето. Подобро расчисти сега, отколку покасно, зошто колку повеќе оолговлекуваш и чекаш потешко ќе ти биде.
     
    На Incroyable му/ѝ се допаѓа ова.