Зар ти и после сето ова си помислуваш повторно да сте заедно??? Избриши го од животот ма тој те изиграл, те понижил пред друштво, си плачела пред сите. Мој совет ти е што подалеку од него. Заборави го како никогаш и да не сте се сретнале. Недозволувај да те прелаже и повторно да бидеш со него знај дека повторно ќе ти го направи истото. Биди храбра
Цела година тој беше потполно посветен на мене. Затоа и сум збунета. Не, не ми претставувала никаква опасност бидејќи тој не и обрнуваше внимание на неа, ниту како другарка, ниту пак како нешто повеќе. Кажав дека едноставно јас ја забележав дека постои и си ја најдов како обична причина за да бидам љубоморна. Тој секако дека имал и други другарки ама не им обрнував внимание, едноставно се гледаше дека со сите нив разговорот му беше здраво и пријатно. Исто и со неа. Јас почнав да претерувам во врска со тоа. Ме сакаше, неможам да кажам не. И јас излажав неколку пати и направив некои работи што не би требало да се направат во врска. Тој простуваше и ми прогледа низ прсти за се. Ме сакаше и го докажуваше тоа на секој возможен начин. И вечерта после тоа што јас му се налутив зошто ме нарече со нејзиното име, како да исклучи се што некогаш чувствувал за мене. Тоа и ме буни највеќе. Дали е возможно некој кој те гледа како се во неговиот живот да те заборави за една вечер ? Одеднаш се случи се и мислам дека сеуште неможам да се освестам. 50% од мене сеуште се во врска со него. Незнам што ми се случува ни мене. Како помала размислував подобро, искрено. Се беше совршено цела година и тој не погледна друга. Цела година не сакаше да излегува сам со другарите. Цела година бевме заедно 24/7. И таа вечер... Можеби и неговите другари му наметнале нивно мислење. Знаете, сите се без девојки и излегуваат заедно а тој беше постојано со мене. Можеби му требало слобода. Можеби бил незадоволен од една страна и успеал да одглуми цела врска. Но, не верувам дека луѓето се способни да глумат заљубеност толку долго време. Се однесува како да незнае што сака едноставно. Прво, ме праша да се смириме и не ја спомна неа. После, ме праша да се смириме и да биде со мене и со неа. После, прекина со неа и ме праша пак да се смириме ама овој пат тајно. После, ми кажа дека сака да се смири со неа бидејќи го молела. Па дека нема да се смири, па дека сака да имаме отворена врска, па дека не сака. Значи ЗБУНЕТА СУМ. И не размислувам со здрав разум, навистина. Затоа ве молам за помош, како да го заборавам, или пак сеуште ме сака но едноставно му требало слобода. Благодарам за советите девојки но, и понатаму ќе ми требате.
Мене ми е неверијатно чудно цело време викаш дека не и обрнувал внимание, и до еднаш те нарекува со нејзино име, и те кани на журка, колку да го видиш со нејзе туку-така???? некако ми е ненормална работава! а, можеби пред тебе се преправал демек на здраво и чао е работава, ама зад твој грб???? зашто не може он ако бил само на здраво и чао, да се бакнува со нејзе, и тоа пред тебе, за ти да видиш.........не знам, дефинитивно не знам
Ни јас незнам... Се е преку една вечер, буквално. Сигурна сум дека немало ништо зад мој грб, ќе приметев. Постојано бевме заедно, неразделни. И да сакал, немал време за неа.
некако децково ми стое како неиззивеано дете а ти усте повеке цим после бруката сто ти ја приредил сакас да бидес со него.немој да се навредувас ама да ти се смеат сите во о4и ти стоис и де4ко ти се бакнува со друга а другите ја знаат приказната и буквално си прават смески на твоја сметка.ај смири таа зеска глава и размисли малку знам дека е теско ама верувај се е навика а за одвика треба време епа немој за време на одвиката да си направис и други навики како на пример да го молис и да се понизувас ке се навикне фраерот ке си продолзи со неговите игри а ти како некоја мивка ке зборат за тебе ке ти се смеат буквално у лице,алоо полека нека не те заслепуват некои работи немал време за неа.викас туку така одеднас па и да е така немозес веке нисто да направис те направил магаре пред сите и ти усте сакас со него.ја би ти казала полека но сигурно да си оладис па да видеме кој ке трца немој да мислис дека секогас ти ке губис промени се од корен и поцни од поцеток џабе ти се совети тука или утехи или лјубовта пред се ти па си го сакај ама стави се себе на прво место.седни и размисли изврти ја ситуацијата у твоја полза.со срекја
Не сакам да те разочарам,но колку и да неможел и да немал време,за неа ќе нашол и време и место и причина за да се оправда кај тебе.И јас со дечкото со кој што бев во врска бев постојано заедно и си мислев дека немал време ни да помисли на друга,а тој златниот имал време не за една туку за две.Затоа не се убедувај самата во тоа,не верувај дека немал време за друга.А ти,ако имаш барем малку достоинство и ако ги прифаќаш советите кои ти ги дадоа девојките,ќе го откачиш фраерот кој очигледно сака да си игра и со двете и ќе продолжиш понатаму без него.Млада си,паметна,верувам дека си убава,секој дечко би дал се за да има девојка како тебе.Не дозволувај никој да те понижува,да гази по тебе...
Моја другарка идеше со еден дечко ни месец , се привза кон него многу иако беа кратко заедно , и отеднаш тој сакаше да раскинат . Не знаеше што е причината што така ненадејно му текнало, само рекол може не те сакам доволно, а пред тоа правеше се за неа и постојано и викаше те сакам . И беше сосема нејасно дали таа во нешто погрешила или па он си прави што сака само... Што да ја советувам? , уште мисли на него , незнае како да го заборави иако комуницираат како другари.. :/
Озбилно нз што да правам пред еден месец се разделивме, ама јас сеуште го сакам. Сакам да се смириме но тој делува како да не сака да се смириме аа уште ме сака. Ве молам кажете ми што да правам?? !!!
Вака значи незнам од каде да почнам.. Имав врска долга 2.5 год но врска која истовремено беше со разделби и смирувања и сега повторно дојде крај по трет пат каде што јас се обвинувам бидејќи последното време се однесував многу љубоморно заради Фб а немаше поголема причина за тоа и бев многу нападна. Секогаш мислев дека нешто крие од мене но упорно ме убедуваше дека такво нешто не постои дека ме сака и такви ствари. Меѓутоа разделбите од претходно си го направија своето односно недоволно доверба со тоа што немавме ни односи зошто сакав да бидам со него кога ќе бидам потполно сигурна без трошка каење и тој тоа го знаеше. Крајот се случи неочекувано неможев да си поверувам дека е крај само заради таа причина. Го убедував дека ќе се смени дека се ќе биде подобро но не сакаше, сакал да биде малку слободен без обврски да му се јави на некој и такви работи. Знам дека ме сака многу и јас него но едноставно викам дека не се пронајдовме во вистинско време..Ме советуваа дека ако ме сака ќе ми се врати ако не можеби има подобар но го сакам него Сакам само да прашам дали да му пишам јас по некое време откако ќе се издува или да оставам на времето и и на него ако ме сака ќе се врати што било случај и во претходните разделби. Прво се разделивме заради недоразбирања по еден месец ме молеше се смиривме, Вториот пат се случи истото и се смиривме по 6 месеци пак по негова иницијатива и овој пат ете заради која причина и затоа повторно незнам дали да му пишам јас зошто знам дека сум виновна или па да почекам да видам дали тој ќе ми јави ???? плсс и неед хелп Беше само негова одлука да се стави крај јас секогаш се борев за врската и верував дека ќе биде подобро и подобро ако сакаме ќе успееме меѓутоа тој секогаш ставал крај и после повторно тој молел затоа се двоумам дали сега јас да бидам таа што ќе превземе иницијатива да се смириме зошто верувам дека ќе успее ако се смени начинот на кој одевме но несакам да молам мислам дека сум напорна и дека уште повеќе го отргнувам од мене А кавгите секако произлегуваат од двајца но повеќе од мене само заради тие глупости што секогаш му викав за фб поминува многу време на него што прави толку дека сакам пасворд да ми кажи и никогаш не ми го кажа и заради тоа помислував дека има нешто секогаш барав да ми докажува дека ме сака и имаше премногу притисок од мене и нервози а во глобала ако го немаше сето тоа мислам дека беше се во ред
Драга мими, нема потреба за паника. Истото ми се случи и мене, пред извесно време.И ние идеме 2ипол години скоро, од никаде ми кажа дека сакал да е малце слободен дека со девојка не можел да проживее се, а сепак дека ме сакал. Јас и покрај тоа што многу го сакам му кажав дека мене како другарка никогаш нема да ме има,и дека ако раскинеме сега никогаш нема да се смириме. Значи покажи малце гордост, решителност, став дека можеш понатака без него. Ке си ја преиспита одлуката(како што ја преиспита овој мојов). Сепак 2 ипол годни не се малце, тука има љубов! Бај д веј ако еднаш сте се скарале па пак сте се смириле и после пак сте раскинале, верувај дека не е крај ни сега. а и да е, не е ни прв ни последен. Знам дека јас сум најмалце таа што треба во моментов да збори за храброст (бидејќи и јас сум во слична ситуација) ама мора веќе еднаш да застанеме цврсто на нозе и на момент да ги доминираме чувствата. За твојата љубомора и за пассот за на фб можам да ти кажам дека ти е огрооооооооооомна грешка . Довербата ти е прв и основен столб во една врска! Мораш да се смениш ТИ, или пак да ја поттиснеш до одреден степен таа работа, ако веќе си решена да останеш заедно со него(секако дколку би се смириле пак). А ако дечкото навистина те сака како што ти кажал, ќе те побара он прв, ако не, главата горе и продолжуваш понатака!! Се најдобро
Драга мими, нема потреба за паника. Истото ми се случи и мене, пред извесно време.И ние идеме 2ипол години скоро, од никаде ми кажа дека сакал да е малце слободен дека со девојка не можел да проживее се, а сепак дека ме сакал. Јас и покрај тоа што многу го сакам му кажав дека мене како другарка никогаш нема да ме има,и дека ако раскинеме сега никогаш нема да се смириме. Значи покажи малце гордост, решителност, став дека можеш понатака без него. Ке си ја преиспита одлуката(како што ја преиспита овој мојов). Сепак 2 ипол годни не се малце, тука има љубов! Бај д веј ако еднаш сте се скарале па пак сте се смириле и после пак сте раскинале, верувај дека не е крај ни сега. а и да е, не е ни прв ни последен. Знам дека јас сум најмалце таа што треба во моментов да збори за храброст (бидејќи и јас сум во слична ситуација) ама мора веќе еднаш да застанеме цврсто на нозе и на момент да ги доминираме чувствата. За твојата љубомора и за пассот за на фб можам да ти кажам дека ти е огрооооооооооомна грешка . Довербата ти е прв и основен столб во една врска! Мораш да се смениш ТИ, или пак да ја поттиснеш до одреден степен таа работа, ако веќе си решена да останеш заедно со него(секако дколку би се смириле пак). А ако дечкото навистина те сака како што ти кажал, ќе те побара он прв, ако не, главата горе и продолжуваш понатака!! Се најдобро
леле пеперутка скроз исто значи и тој така ми рече дека сакал да проживее малку да се почуствува слободен да го проживее она што секој 20 годишник би сакал бидејќи од 18 е со мене и јас истото го сакам морам да признаам да не се врзувам уште сега но сакам да бидам сигурна дека повторно ќе биде тој тука по некое време и дека се ќе биде во ред и секогаш ме потиснуваат мисли што ако си најде друга и такви работи потоа ќе ми биде криво што не сум се борела.. А за довербата го убедував дека ќе се сменам ќе се трудам да се контролирам но вика знам колку само првата недела и после пак исто и вика само сами се малтретираме и свесни сме дека не оди понатаму но сакам да му докажам дека не е така дека може љубовта да победи со тоа што ќе ги надминеме сите овие работи ако се потрудиме. Знае дека сум и многу горделива и дека нема јас да го побарам го барав го молев но веќе не сакам да бидам напорна еве поминаа веќе две недели скоро и ништо не ни контактираме а и тој е тврдоглав и има инает само што незнам што понатака имам многу измешани мисли еднаш си викам ај па не е ни прв ни последен па во друг момент сакам да бидам со него и се сеќавам на моментите али засега ќе оставам така како што е па судбината ќе видеме каде ќе не однесе Фала многу за советот ќе пишам ако има нешто ново а и може да те барам за совет во лп ЧД