1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Се разделивме но тешко е...

Дискусија во 'Разделби' започната од white-chocolate, 5 јуни 2010.

  1. EnnieFabulous

    EnnieFabulous Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    399
    Фала ви женски, многу ми значи вашата поддршка.. :*
     
  2. Bokicka

    Bokicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    690
    А што се случи срцка? Ненадминливо ли е? Нема смирување? Што е работава?
     
  3. EnnieFabulous

    EnnieFabulous Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    399
    Така наеднаш испадна..Го фатив во лага, уште па му се пушташе една, а што е најтрагично му е бивша муваторка и тој и неа и се пушташе Ми објаснуваше, не ме пушташе да си одам ..Вечерта се скаравме и јас се направив сингл на фејсбук, бидејќи бев во преголема лутина..Тој ми пишуваше на мсн, ме молеше..Но бев премногу лута. Таман мислев утредента да му се јавам, го гледам направен сингл на фејсбук. :@ Попладнето кога се враќаше од на работа, дојде дома да разговараме. Му реков дека сум многу повредена од неговите постапки. Му ги вратив картите за на Бјело дугме што ги чував (што ми ги подари тој за да одиме заедно) Си отиде и оттогаш не ми се јави. Ми кажуваа дека вечерта бил излезен и многу бил весел, потоа утредента гледам на фб некој другар му пишал конечно си слободен и тој на коментарот ставил лајк :@ :@ не ми се има јавено! Каде исчезна човекот што го познавав?... ;(
     
  4. stella83

    stella83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    129
    Ја мислам дека целото тоа весело расположение и лајкот на статусот на фб е само фасада за другите луѓе, машко како машко не сака да покаже слабост пред другите, дека пати за една девојка. Со тоа што одглумил дека не му е гајле се направил фраер пред другите. Нас тоа ни е глупаво, ама они така си размислуваат. Значи таа глума не е мерило дали тој те сака или не. ТИ најубаво си го знаеш тоа, едноставно некои работи можат да се осетат. Незнам колку долго сте оделе, ама сепак ако не си му значела немало воопшто да дојде кај тебе следниот ден да разговара. Сепак треба да помине време и ако му се вистински чувствата ќе сфати и ќе дојде да поразговате. Е сега, зависи и ти колку си спремна да го примиш назад. Можеби во меѓувреме ќе си најдеш нешто подобро. ;)
    Никогаш не се знае.
     
  5. EnnieFabulous

    EnnieFabulous Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    399
    Заедно бевме 2 и пол години и навистина нашето беше нешто многу посебно..Ме чуди тоа што и се пушташе на типката! Никогаш не бил таков, повлечен си беше, не е некој женкар, шмекер да речиш. И никогаш не е таков да прави маска пред луѓето. Секогаш ги истакнува чувствата и не му е срам да покаже што точно чувствува..дали е тажен или е среќен. Незнам навистина зошто вака??? ;(
     
  6. stella83

    stella83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    129
    Според мене проблемите што се составен дел од секоја врска се тестови за да се види колку е врската силна и колку луѓето што се во врска си значат еден на друг. Тоа е еден вид подготовка доколку врската прерасне во брак. Понекогаш е потребно малку време за да се увиди тоа, но понекогаш треба малку повеќе време.

    По себе сум приметила кога некој проблем ќе погледнеш од извесна временска дистанца го согледуваш пообјективно (без разлика дали тоа е позитивно или негативно). Ова време што не си заедно со типот искористи го да си го посветиш на себе си. Штом вашата врска била таква значи му значиш, само што на некои луѓе им е потребно повеќе време за да сфатат дека токму личноста ја изгубиле е токму вистинската за нив.

    Немој да се секираш, што треба да биде ќе биде. Знам како ти е сега, затоа што и јас неодамна раскинав со дечкото со кој одев 3,5 год. Она што го применувам јас ти го давам како совет за тебе. Се надевам дека ќе излезе се најдобро!
    позззз :f:
     
    На Feminkabezshminka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. HoneyBun

    HoneyBun Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски
    Имам 16 години.Со мојот прв дечко раскинавме пред десетина дена.Навистина ми е тешко бидејќи тој ми беше прва љубов,а сега сум разочарана...
    Одеднаш тој се смени почна да станува ладен и се повеќе и повеќе да се дружи со другарите (за кои кога беше скаран со нив пред мене велеш сешто за нив а сега му се браќа на фб ).Кога се видовме тој ми кажа дека сака да биде слободен и дека не сакал целиот свој живот да го помине со една девојка (тој ми е прв дечко и јас сум му прва девојка).Истотака ми рече дека не бил сигурен во своите чувства.ПО сето тоа јас му реков дека е крај.По неколку часа ми пишуваше на фб и ме молеше да му се вратам.Се каеше рече дека ме сака,дека неможе без мене.Јас му реков дека ми треба време да размислам.Наредниот ден ми рече дека му треба време и пак не беше сигурен дали ме сака.Од тогаш немаме контакт.
    Јас мислам дека го сакам сеуште ама знам дека не вреди за мене знам дека не ме заслужува и затоа барам совет како да го заборавам.Инаку учиме во ист клас :worried: и навистина незнам како ќе го заборавам.А толку многу се сакавме :|
    Како да го надминам,мислам дека чувствува нешто за мене но сепак нешто не му дава да биде со мене.Но сакам да го заборавам ....
     
  8. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.072
    Допаѓања:
    6.645
    Пол:
    Женски

    Јесте дека имате по 16 години,животот е пред вас и можете да запознаете многу други а да не бидете цел живот со една девојка/момче...За ова бил во право.
    Малку незгодна ситуација е што сте во ист клас...
    Е сега,не ми е јасно..? Прво тебе ти требаше време,а сакаше да се смириш и утредента него му требало време?? Не разбирам.
    Најлесно ќе го заборавиш така што почесто ќе излегуваш,ќе се смееш и ќе уживаш.Или направите муабет повторно,дали размислил или нешто слично.. :^)
     
  9. HoneyBun

    HoneyBun Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски
    Незнам ни јас навистина... Еднаш ме сака еднаш не е сигурен.Јас бев сигурна во моите чувства,но тие почнуваат да избледуваат,а немаме никаков контакт...И решив да го заборавам и да продолжам напред :) Само ми треба совет како да го направам тоа :sweat: Бидејќи е многу тешко,а и се се случи одеднаш како гром од ведро небо.Незнам,сепак сме сеуште деца,но прво раскинување и ми е ештен тешко.Знам дека нема никогаш да бидеме заедно,но сепак имам некаква надеж.
    А инаку сеуште сме пријатели на фб,но не си пишуваме и мислам дека сите негови чувства спрема мене се исчезнати.Знам дека многу ретко успева првата љубов (моите родители се заедно од 15 години ) но сепак јас многу го сакав него,не сакав ваков крај.Тој не се ни обидува да ме врати (кога раскинавме ми рече дека знае дека ова е грешка :fubar: но сепак ја направи)
    За жал заврши и нашата голема љубов :(
     
  10. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    394
    Ако сметаш дека навистина нема шанси повторно да бидете заедно не гаи лажна надеж.Потруди се да го заборавиш,па пред тебе е животот.Треба сега да уживаш и да се забавуваш има време и за љубовни проблеми,нели напомена дека сеуште сте деца.Мисли на други работи,па има милон работи што може да се прават. Излези со другарките,забавувај се само не мисли постојано на него.Не дозволувај да живееш во илузија прифати ја вистината и само храбро напред.
     
  11. HoneyBun

    HoneyBun Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски
    Незнам што се случува со мене :doh: Ете се враќам од град го сретнав него и се направивме како и да не постоиме и сега дома ми доаѓа да плачам и да врескам :worried: Толку мн лоши работи од него... Толку болка,тага и солзи од еден човек... И пак страдам... Одвај чекам да помине овој период .. Неможам ме убива... Се околу мене се спомени од него... А тој ладен како ништо да не му значев во живото... Ухххх кога ќе престане се ;(
     
  12. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Сама си ги кажа работите како стојат. Со што направил ти него да го сакаш? Поради солзите, тагата и болката ли го сакаш?
    За да бидеш заљубена во некој требало тој тоа да го заслужи со добро однесување почит, доверба и љубов спрема тебе.
    Спомените околу тебе фрли ги, изгори ги! Било што само да не те потсетуваат.
    Периодот ќе помине само кога ти тоа ќе го решиш. Кога ќе си размислиш дека не заслужил со ништо да го сакаш.
     
  13. HoneyBun

    HoneyBun Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски
    Девојки што мислите зошто би ме избришал од пријатели :^)
    Еве случајно видов и мн се зачудив :?:
    Некако се почувствав како да ми олесни,но сега ме зачуди зошто е така :D
     
  14. EnnieFabulous

    EnnieFabulous Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    399
    Хани, ако сте оделе долго и ако сте биле поврзани нормално е тој да не може да се помири со тоа дека веќе те нема во неговиот живот, колку и да велел дека не знае што чувствува. Веројатно и бришењето од фејсбук е поради тоа што можеби сака да те заборави, а тоа не може да го направи додека си му во околината. Можеби така во моментот му дошло. Или па можеби сака да ти покаже дека ‘еве готово, те бришам од фејсбук и од животов‘, има многу такви примери. Најдобро тој си знае. А верувај и нема да може да те заборави така лесно, бидејќи учите заедно. Не очајувај, фејсбук-гестовите се последната работа за која треба да се очајува, иако понекогаш, за жал, баш тие гестови покажуваат многу работи...